|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Вредност на TSH за успешно ИВФ и забременување
31.7.2013 15:19:20   
LoveableMe RR
Здраво рингерајки,

Се повеќе слушам дека вредноста на ТСХ хормонот на тироиднатa жлезда треба да е околу 2.0 или 2.5 за успешно ИВФ. Ве молам сите кои сте имале успешно ИВФ да пишете колкава ви била вредноста на ТСХ кога забременивте. user posted image

Добредојдени се и оние трудници кои забремениле на друг начин, нека споделат и тие искуства колку им бил ТСХ и нив во забременувањето. user posted image

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 12.1.2015 10:00:54 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
31.7.2013 15:47:45   
kapina
Mojot tsh bese pod dva koga pocnav so podgotovkite za IVF zatoa najmnogu mi pomogna pokraj lekovite I sprejot od algite fuccuss vesicolosus koj go poracuvav od svajcarija. A I vo bugarija ne pravat ivf ako tsh ne e pod dva

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
7.8.2013 14:11:55   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: cacisk

Mene mi bese 2.30.Iako e vo granicite vo normala sepak podobro bilo da bide ispod 2. Tebe kolku ti e?


ИЗВОРНА ПОРАКА: latica

Под 2 треба да биде ТСХ за сигурност


(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
7.8.2013 14:12:53   
LoveableMe RR
Мене ми е 3,4, пијам Еутирокс 75, па се надеваат дека ќе ми го симнат до септември. Инаку, "ништо од бизнисот"user posted image

Значајно ми е да слушнам мислења од рингерајкиве, затоа што знам дека вредност околу 2.0 е добра за забременување. Ајде рингерајки бидете активни со своите искуства, да си помогнеме едни на други.

< Поракaта ја уредил LoveableMe -- 7.8.2013 14:14:45 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
7.8.2013 14:27:22   
babyhope
Мене на анализите од хормоналниот статус на ГАК ми е 2,5 и јас мислев дека тоа е сосема Ок. Пред извесно време случајно направив тироиден статус на Патофиза во Државна и излезе дека ми е на горна граница, само сега напамет не се секавам колку беше. Знам дека е битен хормон но дали ако е 2,5 како кај мене, а не 2 е потенцијален ризик за неуспешно ИНФ или спонтан абортус user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
7.8.2013 14:53:44   
latica
Сега зборував со една другарка која имаше неуспешно ин витро, (заради бактерија неоткриена) но среќичка после си забремени природно и ми рече вака. Сите дилеми кои ги имаш кога ќе го добиеш ваучерот ќе разговараш со докторот кој ќе ти прави ин витро. (Конкретно ја прашав за ешерихијата на маж ми ) и ми рече вака. Кога ќе почне стимулацијата тој тогаш ќе направи спермокултура, за ако има нешто да пие антибиотик 1 недела, па 1 недела пауза, па пак спермокултура за да се исклучи тоа. Значи и вие со ТСХ хормонот, пошто он се регулира со подолготрајна терапија според мене треба сега да се консултирате со ендокринолог, ако треба да се почне со терапија со време, за да не биде после зшото вака се случи. Мислам дека не треба да оставаме ништо на случајност оти гледаме дека пропусти има и ќе има. Не си играме играчка. Каков тежок процес минуваме на крај за ситница да се случуваат лоши работи.
Треба да знаеме дека посебно Тиреоидната жлезда е координатор на сите процеси во организмот, се од неа доаѓа .
Се извинувам за долгиот пост ама сакав да споделам повеќе за сите
Поздрав

(Одговор на членот babyhope)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
7.8.2013 15:05:19   
Melanija RR
Така е latica треба за се да подпрашаме не да оставиме се на докторите,да несаат некои доктори да се коментира но кога јас би правела ИФБ би сака за се да ме информира и што мислам да си кажам.
ТСХ е важно за забременување и може сега да е ок да се добие ваучер а после 3 месеци да не е .ИФВ не е шега мора да се внимава.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот latica)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
7.8.2013 15:17:40   
latica
Така е тој е најважен хормон од организмот и најважна жлезда. Јас на пример во септември лани имав еден период на дисбаланс на хормони за кои се установи дека е заради стрес, ама го натерав гинекологот да ми даде упат за МР на хипофиза за да бидам сигурна дека не е најлошото

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
7.8.2013 18:51:15   
Tajci_pp
Mojot TSH iznesuva 2.83 me interesira dali treba da se konsultiram so doktorot bidejki postapkata sakam da ja pocnam od septemvri inaku nekolku pati imam izvrseno merenje na TSH i sekogas vrednostite se tuka nekade.I ako moze nekoj da mi kaze koi se posledicite koi moze da gi predizvika TSH.

(Одговор на членот latica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
8.8.2013 1:17:38   
Melanija RR
Една и пол година пред да забременам испитував хормони на 3 ден на Клиничка биохемија TSH ми беше 4.04 uIU/ml vrednost Normal 0,400-4,50.
Кога забременив незнам колку ми бил ,па к го испитував во бременост и пак ми беше во нормални граници.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Tajci_pp)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
8.8.2013 9:07:31   
latica
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tajci_pp

Mojot TSH iznesuva 2.83 me interesira dali treba da se konsultiram so doktorot bidejki postapkata sakam da ja pocnam od septemvri inaku nekolku pati imam izvrseno merenje na TSH i sekogas vrednostite se tuka nekade.I ako moze nekoj da mi kaze koi se posledicite koi moze da gi predizvika TSH.


НА овој линк може да најдете нешто повеќе
доктори.мк

Модератор:забранети се надворешни линкови

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 8.8.2013 10:04:39 >

(Одговор на членот Tajci_pp)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
9.8.2013 16:08:27   
LoveableMe RR
Според тоа што читам, ТСХ под 2.0 е најидеален за забременување без последици по бременоста, губење на плод, спонтан абортус, деформации на плодот и сл. Најдобро е да биде во граници на нормала до 4.0, но за ИВФ посебно препорачуваат 2.0 или под 2.0 заради тоа што во првите месеци има покачување, па за да го држат под контрола или за да дојде во граници на нормала, мора да биде почетно низок, инаку ако е повисок, после тешко се спушта во нормала за брзо време обично околу 2 месеци се потребни со тераапија за да реагира тироидната жлезда.

Веројатно како случајот на Меланија, за природно забременување не мора да биде под 2.0, Позз

(Одговор на членот latica)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
10.8.2013 17:21:51   
Tajci_pp
Navistina ne mi e jasno ova so tsh od sekogas mi e okoli 2,8 i ednas bev na pregled za tiroidnata zatoa sto imam tri spontani i specijalistot mi rece deka tiroidnata nema vrska so spontanite e sega kako e so e neznam malku sum zbuneta zatoa sto se spremam za ivf no vo sekoj slucaj nema da ostavam nisto na slucajnost sepak e razgovaram so mojot ginekolog.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
11.8.2013 18:45:39   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tajci_pp

Navistina ne mi e jasno ova so tsh od sekogas mi e okoli 2,8 i ednas bev na pregled za tiroidnata zatoa sto imam tri spontani i specijalistot mi rece deka tiroidnata nema vrska so spontanite e sega kako e so e neznam malku sum zbuneta zatoa sto se spremam za ivf no vo sekoj slucaj nema da ostavam nisto na slucajnost sepak e razgovaram so mojot ginekolog.


Тајчи, мене во Систина ми рекоа ако TSH не ми е под 2.5, нема шанси да ми прават ИВФ. Ако сметаат кај тебе не е тоа проблем, види со вагинални инфекции. Претходно на една рингерајка пишав дека Панчевски во Систина им има помогнато на мои другарки со спонтани, тој го фалат бил многу добар конкретно за тоа. Не ти пречи ништо една консултација може човекот природно ке ти помоне да останеш бремена, без ИВФ. Поззuser posted image

< Поракaта ја уредил LoveableMe -- 11.8.2013 18:46:08 >

(Одговор на членот Tajci_pp)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
12.8.2013 9:58:47   
babyhope
Ти благодарам LoveableMe за отварањето на оваа тема. Ова ме поттика да прочитам повеќе за вредностите на овој хормон и успешната бременост и секако дека се поврзани. Јас не знам стварно како е можно да се прават вакви пропусти од страна на гинеколозите кои третират стерилитет. Значи ако човек сам не бара и не се информира за проблемите нема кој да му образложи и објасни комплетно. Сега имам едно прашање. Дали мислите дека на Патофиза ќе ми дадат терапија за симнување на TSH (кое ми е во граница на нормала - т.е 4 но не е под 2,5 ) ако им објаснам дека се работи за постапка за ИНФ?

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
12.8.2013 10:58:33   
cacisk

ИЗВОРНА ПОРАКА: babyhope

Ти благодарам LoveableMe за отварањето на оваа тема. Ова ме поттика да прочитам повеќе за вредностите на овој хормон и успешната бременост и секако дека се поврзани. Јас не знам стварно како е можно да се прават вакви пропусти од страна на гинеколозите кои третират стерилитет. Значи ако човек сам не бара и не се информира за проблемите нема кој да му образложи и објасни комплетно. Сега имам едно прашање. Дали мислите дека на Патофиза ќе ми дадат терапија за симнување на TSH (кое ми е во граница на нормала - т.е 4 но не е под 2,5 ) ако им објаснам дека се работи за постапка за ИНФ?


Babyhope ako TSH e 4 mislam deka bi mozela da pocnes so nekoja pomala doza na terapija. Ne sum strucnjak no 4 iako e vo granicite na normala ne e bas malo. Bi trebalo da se posovetuvas so doktor okolu ovaa vrednost. I posebno ako pravis IVF mislam deka podobro e da go simnes barem okolu 2-2.5. A T4 i T3 kolku ti se.Poznavam edna komsivka koja TSH so 3.8 prima mala doza na terapija.

(Одговор на членот babyhope)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
12.8.2013 12:52:01   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: babyhope

Ти благодарам LoveableMe за отварањето на оваа тема. Ова ме поттика да прочитам повеќе за вредностите на овој хормон и успешната бременост и секако дека се поврзани. Јас не знам стварно како е можно да се прават вакви пропусти од страна на гинеколозите кои третират стерилитет. Значи ако човек сам не бара и не се информира за проблемите нема кој да му образложи и објасни комплетно. Сега имам едно прашање. Дали мислите дека на Патофиза ќе ми дадат терапија за симнување на TSH (кое ми е во граница на нормала - т.е 4 но не е под 2,5 ) ако им објаснам дека се работи за постапка за ИНФ?


Бејби хоуп, јас исто имам вредност како тебе и еве земам терапија, тоа се вика блага хоипотиреоза, не даваат лекови ако не планираш ИВФ, но за ИВФ мора Еутирокс. Јас не реагирав на Еутирокс 25, па ми зголемија на 50, па сега ми е 3.4, а треба да дојде под 2.5. Од Систина ми рекоа строго на Ендокринологија за таа работа и не згрешија. Барај ја д-р Бранкица Крстевска, работи секоја среда исклучиво со трудници и за забременување, сите ја фалат ептен е гужва кај неа или кај д-р Жанета, Ендомед. на патофиза на една другарка целосно и ја утнаа дијагнозата, така што јас не би ти препорачала таму.

Позз

(Одговор на членот babyhope)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
13.8.2013 21:55:28   
Tajci_pp
Dali moze broj od endokrinologija i dali mora da se ispita tamu ili moze i na drugo mesto posto sum od prilep a i neznam kako e so zakazuvanje na klinika pozz

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
13.8.2013 22:00:47   
kapina
Tajci sega veke opstiot maticent lekar ti zakazuva. Pregled na endokrinologija ne e so javuvanje na tel zakazuvanjeto taka mi kazaa na mene lekarite

Jas mnogu sum zadovolna od doktor iskra kaj nea odam tamu na endokrinologija. Zenata celo vreme bese dostapna. Sega koga pravev ivf I cela godina Tsh mi e okolu2


< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 13.8.2013 23:03:13 >

(Одговор на членот Tajci_pp)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
14.8.2013 8:00:55   
kapina
inaku mojot tsh pred ivf e bil 1,89 a t 4 mi bese pokacen do 161 e normalno a na mene bese 175

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
14.8.2013 21:16:03   
Tajci_pp
Deneska maticnata mi zakaza na endokrinologija edinstven termin koj bese sloboden bese 27 avgust kaj doktor Viktorija Percan site drugi termini bea za septemvri i posle septemvri navistina napravija haos so ova elektronskovo zakazuvanje maticnata mi ja zgresi dijagnozata i sega neznam da ne mi pravat problem so takov upat.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
14.8.2013 22:46:14   
kapina
Neznam jas imam zakazano za3septemvri kaj iskra na endokrinologija

(Одговор на членот Tajci_pp)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
15.8.2013 10:41:51   
cacisk
Iako moeto TSH e vo "granicite na normalata" 2.50 resiv ako mozam sama pred IVF da go simnam so pomos na prirodni preparati. Neli ako TSH e "pokacen" prvo i osnovno e deka treba da vnesuvame poveke jod. Edna komsivka mi dade eden recept napraven so med i orevcinja (mali, zeleni) koi site znaeme deka sodrzat mnogu jod. Od vecra pocnav da go pijam sekoe utro po 2 supeni lazici i e mnogu vkusen. Plus si kupiv Selen tableti koi isto taka se dobri za vnesuvanje pri zgolemeno TSH. Moze ova nema da pomogne mnogu no vredi da se proba.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
5.9.2013 22:41:43   
Tajci_pp
Zdravo RR deneska zavrsiv so ispituvanjata na tiroidnata i prolaktinot se e vo najdobar red tiroksinot mi e 1.6 a prolaktinot 11.6 taka da doktorkata Brankica Krstevska mi dade zeleno svetlo za in vitro sega ni ostana uste transfuzija i mikrobioloski brisevi dokolku se e vo red postapkata ke ja zapocneme sledniot petok pozdrav i sekoe dobro.

(Одговор на членот cacisk)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
6.9.2013 11:44:55   
LoveableMe RR
Tајчи, најдобра вредност имаш за забременување на двата хормона што ги наброја, ајде само напред, ти посакуваме успех. user posted image

Мојот ТСХ е 0,351 и мојата докторка исто ми рече имаш пас од мене да правиш ИВФ и бременост да планираш. Позз

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 6.9.2013 15:16:56 >

(Одговор на членот Tajci_pp)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?