Вредност на TSH за успешно ИВФ и забременување (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> Вредност на TSH за успешно ИВФ и забременување (31.7.2013 15:19:20)

Здраво рингерајки,

Се повеќе слушам дека вредноста на ТСХ хормонот на тироиднатa жлезда треба да е околу 2.0 или 2.5 за успешно ИВФ. Ве молам сите кои сте имале успешно ИВФ да пишете колкава ви била вредноста на ТСХ кога забременивте. [sm=nosecka.gif]

Добредојдени се и оние трудници кои забремениле на друг начин, нека споделат и тие искуства колку им бил ТСХ и нив во забременувањето. [sm=nosecka.gif]




kapina -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (31.7.2013 15:47:45)

Mojot tsh bese pod dva koga pocnav so podgotovkite za IVF zatoa najmnogu mi pomogna pokraj lekovite I sprejot od algite fuccuss vesicolosus koj go poracuvav od svajcarija. A I vo bugarija ne pravat ivf ako tsh ne e pod dva




LoveableMe RR -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (7.8.2013 14:11:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: cacisk

Mene mi bese 2.30.Iako e vo granicite vo normala sepak podobro bilo da bide ispod 2. Tebe kolku ti e?


ИЗВОРНА ПОРАКА: latica

Под 2 треба да биде ТСХ за сигурност





LoveableMe RR -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (7.8.2013 14:12:53)

Мене ми е 3,4, пијам Еутирокс 75, па се надеваат дека ќе ми го симнат до септември. Инаку, "ништо од бизнисот"[sm=smiley36.gif]

Значајно ми е да слушнам мислења од рингерајкиве, затоа што знам дека вредност околу 2.0 е добра за забременување. Ајде рингерајки бидете активни со своите искуства, да си помогнеме едни на други.




babyhope -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (7.8.2013 14:27:22)

Мене на анализите од хормоналниот статус на ГАК ми е 2,5 и јас мислев дека тоа е сосема Ок. Пред извесно време случајно направив тироиден статус на Патофиза во Државна и излезе дека ми е на горна граница, само сега напамет не се секавам колку беше. Знам дека е битен хормон но дали ако е 2,5 како кај мене, а не 2 е потенцијален ризик за неуспешно ИНФ или спонтан абортус [sm=zmeden.gif]




latica -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (7.8.2013 14:53:44)

Сега зборував со една другарка која имаше неуспешно ин витро, (заради бактерија неоткриена) но среќичка после си забремени природно и ми рече вака. Сите дилеми кои ги имаш кога ќе го добиеш ваучерот ќе разговараш со докторот кој ќе ти прави ин витро. (Конкретно ја прашав за ешерихијата на маж ми ) и ми рече вака. Кога ќе почне стимулацијата тој тогаш ќе направи спермокултура, за ако има нешто да пие антибиотик 1 недела, па 1 недела пауза, па пак спермокултура за да се исклучи тоа. Значи и вие со ТСХ хормонот, пошто он се регулира со подолготрајна терапија според мене треба сега да се консултирате со ендокринолог, ако треба да се почне со терапија со време, за да не биде после зшото вака се случи. Мислам дека не треба да оставаме ништо на случајност оти гледаме дека пропусти има и ќе има. Не си играме играчка. Каков тежок процес минуваме на крај за ситница да се случуваат лоши работи.
Треба да знаеме дека посебно Тиреоидната жлезда е координатор на сите процеси во организмот, се од неа доаѓа .
Се извинувам за долгиот пост ама сакав да споделам повеќе за сите
Поздрав




Melanija RR -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (7.8.2013 15:05:19)

Така е latica треба за се да подпрашаме не да оставиме се на докторите,да несаат некои доктори да се коментира но кога јас би правела ИФБ би сака за се да ме информира и што мислам да си кажам.
ТСХ е важно за забременување и може сега да е ок да се добие ваучер а после 3 месеци да не е .ИФВ не е шега мора да се внимава.




latica -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (7.8.2013 15:17:40)

Така е тој е најважен хормон од организмот и најважна жлезда. Јас на пример во септември лани имав еден период на дисбаланс на хормони за кои се установи дека е заради стрес, ама го натерав гинекологот да ми даде упат за МР на хипофиза за да бидам сигурна дека не е најлошото




Tajci_pp -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (7.8.2013 18:51:15)

Mojot TSH iznesuva 2.83 me interesira dali treba da se konsultiram so doktorot bidejki postapkata sakam da ja pocnam od septemvri inaku nekolku pati imam izvrseno merenje na TSH i sekogas vrednostite se tuka nekade.I ako moze nekoj da mi kaze koi se posledicite koi moze da gi predizvika TSH.




Melanija RR -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (8.8.2013 1:17:38)

Една и пол година пред да забременам испитував хормони на 3 ден на Клиничка биохемија TSH ми беше 4.04 uIU/ml vrednost Normal 0,400-4,50.
Кога забременив незнам колку ми бил ,па к го испитував во бременост и пак ми беше во нормални граници.




latica -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (8.8.2013 9:07:31)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tajci_pp

Mojot TSH iznesuva 2.83 me interesira dali treba da se konsultiram so doktorot bidejki postapkata sakam da ja pocnam od septemvri inaku nekolku pati imam izvrseno merenje na TSH i sekogas vrednostite se tuka nekade.I ako moze nekoj da mi kaze koi se posledicite koi moze da gi predizvika TSH.


НА овој линк може да најдете нешто повеќе
доктори.мк

Модератор:забранети се надворешни линкови




LoveableMe RR -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (9.8.2013 16:08:27)

Според тоа што читам, ТСХ под 2.0 е најидеален за забременување без последици по бременоста, губење на плод, спонтан абортус, деформации на плодот и сл. Најдобро е да биде во граници на нормала до 4.0, но за ИВФ посебно препорачуваат 2.0 или под 2.0 заради тоа што во првите месеци има покачување, па за да го држат под контрола или за да дојде во граници на нормала, мора да биде почетно низок, инаку ако е повисок, после тешко се спушта во нормала за брзо време обично околу 2 месеци се потребни со тераапија за да реагира тироидната жлезда.

Веројатно како случајот на Меланија, за природно забременување не мора да биде под 2.0, Позз




Tajci_pp -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (10.8.2013 17:21:51)

Navistina ne mi e jasno ova so tsh od sekogas mi e okoli 2,8 i ednas bev na pregled za tiroidnata zatoa sto imam tri spontani i specijalistot mi rece deka tiroidnata nema vrska so spontanite e sega kako e so e neznam malku sum zbuneta zatoa sto se spremam za ivf no vo sekoj slucaj nema da ostavam nisto na slucajnost sepak e razgovaram so mojot ginekolog.




LoveableMe RR -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (11.8.2013 18:45:39)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tajci_pp

Navistina ne mi e jasno ova so tsh od sekogas mi e okoli 2,8 i ednas bev na pregled za tiroidnata zatoa sto imam tri spontani i specijalistot mi rece deka tiroidnata nema vrska so spontanite e sega kako e so e neznam malku sum zbuneta zatoa sto se spremam za ivf no vo sekoj slucaj nema da ostavam nisto na slucajnost sepak e razgovaram so mojot ginekolog.


Тајчи, мене во Систина ми рекоа ако TSH не ми е под 2.5, нема шанси да ми прават ИВФ. Ако сметаат кај тебе не е тоа проблем, види со вагинални инфекции. Претходно на една рингерајка пишав дека Панчевски во Систина им има помогнато на мои другарки со спонтани, тој го фалат бил многу добар конкретно за тоа. Не ти пречи ништо една консултација може човекот природно ке ти помоне да останеш бремена, без ИВФ. Позз[sm=smiley1.gif]




babyhope -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (12.8.2013 9:58:47)

Ти благодарам LoveableMe за отварањето на оваа тема. Ова ме поттика да прочитам повеќе за вредностите на овој хормон и успешната бременост и секако дека се поврзани. Јас не знам стварно како е можно да се прават вакви пропусти од страна на гинеколозите кои третират стерилитет. Значи ако човек сам не бара и не се информира за проблемите нема кој да му образложи и објасни комплетно. Сега имам едно прашање. Дали мислите дека на Патофиза ќе ми дадат терапија за симнување на TSH (кое ми е во граница на нормала - т.е 4 но не е под 2,5 ) ако им објаснам дека се работи за постапка за ИНФ?




cacisk -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (12.8.2013 10:58:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: babyhope

Ти благодарам LoveableMe за отварањето на оваа тема. Ова ме поттика да прочитам повеќе за вредностите на овој хормон и успешната бременост и секако дека се поврзани. Јас не знам стварно како е можно да се прават вакви пропусти од страна на гинеколозите кои третират стерилитет. Значи ако човек сам не бара и не се информира за проблемите нема кој да му образложи и објасни комплетно. Сега имам едно прашање. Дали мислите дека на Патофиза ќе ми дадат терапија за симнување на TSH (кое ми е во граница на нормала - т.е 4 но не е под 2,5 ) ако им објаснам дека се работи за постапка за ИНФ?


Babyhope ako TSH e 4 mislam deka bi mozela da pocnes so nekoja pomala doza na terapija. Ne sum strucnjak no 4 iako e vo granicite na normala ne e bas malo. Bi trebalo da se posovetuvas so doktor okolu ovaa vrednost. I posebno ako pravis IVF mislam deka podobro e da go simnes barem okolu 2-2.5. A T4 i T3 kolku ti se.Poznavam edna komsivka koja TSH so 3.8 prima mala doza na terapija.




LoveableMe RR -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (12.8.2013 12:52:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: babyhope

Ти благодарам LoveableMe за отварањето на оваа тема. Ова ме поттика да прочитам повеќе за вредностите на овој хормон и успешната бременост и секако дека се поврзани. Јас не знам стварно како е можно да се прават вакви пропусти од страна на гинеколозите кои третират стерилитет. Значи ако човек сам не бара и не се информира за проблемите нема кој да му образложи и објасни комплетно. Сега имам едно прашање. Дали мислите дека на Патофиза ќе ми дадат терапија за симнување на TSH (кое ми е во граница на нормала - т.е 4 но не е под 2,5 ) ако им објаснам дека се работи за постапка за ИНФ?


Бејби хоуп, јас исто имам вредност како тебе и еве земам терапија, тоа се вика блага хоипотиреоза, не даваат лекови ако не планираш ИВФ, но за ИВФ мора Еутирокс. Јас не реагирав на Еутирокс 25, па ми зголемија на 50, па сега ми е 3.4, а треба да дојде под 2.5. Од Систина ми рекоа строго на Ендокринологија за таа работа и не згрешија. Барај ја д-р Бранкица Крстевска, работи секоја среда исклучиво со трудници и за забременување, сите ја фалат ептен е гужва кај неа или кај д-р Жанета, Ендомед. на патофиза на една другарка целосно и ја утнаа дијагнозата, така што јас не би ти препорачала таму.

Позз




Tajci_pp -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (13.8.2013 21:55:28)

Dali moze broj od endokrinologija i dali mora da se ispita tamu ili moze i na drugo mesto posto sum od prilep a i neznam kako e so zakazuvanje na klinika pozz




kapina -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (13.8.2013 22:00:47)

Tajci sega veke opstiot maticent lekar ti zakazuva. Pregled na endokrinologija ne e so javuvanje na tel zakazuvanjeto taka mi kazaa na mene lekarite

Jas mnogu sum zadovolna od doktor iskra kaj nea odam tamu na endokrinologija. Zenata celo vreme bese dostapna. Sega koga pravev ivf I cela godina Tsh mi e okolu2




kapina -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (14.8.2013 8:00:55)

inaku mojot tsh pred ivf e bil 1,89 a t 4 mi bese pokacen do 161 e normalno a na mene bese 175




Tajci_pp -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (14.8.2013 21:16:03)

Deneska maticnata mi zakaza na endokrinologija edinstven termin koj bese sloboden bese 27 avgust kaj doktor Viktorija Percan site drugi termini bea za septemvri i posle septemvri navistina napravija haos so ova elektronskovo zakazuvanje maticnata mi ja zgresi dijagnozata i sega neznam da ne mi pravat problem so takov upat.




kapina -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (14.8.2013 22:46:14)

Neznam jas imam zakazano za3septemvri kaj iskra na endokrinologija




cacisk -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (15.8.2013 10:41:51)

Iako moeto TSH e vo "granicite na normalata" 2.50 resiv ako mozam sama pred IVF da go simnam so pomos na prirodni preparati. Neli ako TSH e "pokacen" prvo i osnovno e deka treba da vnesuvame poveke jod. Edna komsivka mi dade eden recept napraven so med i orevcinja (mali, zeleni) koi site znaeme deka sodrzat mnogu jod. Od vecra pocnav da go pijam sekoe utro po 2 supeni lazici i e mnogu vkusen. Plus si kupiv Selen tableti koi isto taka se dobri za vnesuvanje pri zgolemeno TSH. Moze ova nema da pomogne mnogu no vredi da se proba.




Tajci_pp -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (5.9.2013 22:41:43)

Zdravo RR deneska zavrsiv so ispituvanjata na tiroidnata i prolaktinot se e vo najdobar red tiroksinot mi e 1.6 a prolaktinot 11.6 taka da doktorkata Brankica Krstevska mi dade zeleno svetlo za in vitro sega ni ostana uste transfuzija i mikrobioloski brisevi dokolku se e vo red postapkata ke ja zapocneme sledniot petok pozdrav i sekoe dobro.




LoveableMe RR -> RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ (6.9.2013 11:44:55)

Tајчи, најдобра вредност имаш за забременување на двата хормона што ги наброја, ајде само напред, ти посакуваме успех. [sm=smiley36.gif]

Мојот ТСХ е 0,351 и мојата докторка исто ми рече имаш пас од мене да правиш ИВФ и бременост да планираш. Позз




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>