vezilka RR -> RE: Како проблемот со забременување влијае на бракот? (28.8.2013 0:12:09)
|
Патот до бебче за некои од нас е, или бил тежок. За нас тоа изгледаше вака, од монентот кога решивме дека сакаме бебе, до моментот кога го добивме, помина малку помалку од две години. Тоа и не е долг пњриод, ама богами, трнлив, тежок и трауматичен. Ние за таа година и половина направивме околу 20тина испитувања кои обично се распоредени во пет години и од половина од нив добивме по некоја дијагноза. Тоа значи многу разочарувања, солзи и нервози. Гдина и половина, најчесто муабет си правевме во чекалната од ординацијата на докторот, наместо на романтична вечера. Три дена после свадбата, наместо на свадбено патување, јас заминав на хистерокопија. Кога почнавме да правиме дете, престанавме да водиме љубов, оти беше невозможно да водиш љубов во однапред одреден ден и саат со надеж дека ќе ја фатиме овулацијата. А пак во наредните фамозни 15 дена чекајќи го денот кога можеме да го направиме тестот, имаше толку напнатост, што немаше место за многу љубов. И, да, тоа влијаеше врз нашиот брак. Не зближи на еден, не одалечи на друг начин. Ни го зема сексот, кој дури сега скоро си го вративме назад. Ни го зема муабетот за други важни и неважни работи, за кој исто така ни требаше време да си го вратиме. Не ни ја разниша љубовта, но не однесе во едни други води.Во води, во кои понекогаш и тој што знае да плива, може лесно да се удави.
|
|
|
|