RE: РР Кафемат (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Felly RR -> RE: РР Кафемат (25.6.2014 22:10:18)

Јас ќе си земам едно од тие корнетчињата насмеани, а и торта мора да се касне - Нека е среќен роденденот на мајка ти принцеса!!!




AneLav RR -> RE: РР Кафемат (26.6.2014 7:19:44)

Добро утро јас повторно прва и ранобудна. Ајде овој пат прво да послужам појадок па подоцна ќе частам кафе
[img]http://www.redwoodgarden.ca/images/DSC_0068.jpg[/img]




Felly RR -> RE: РР Кафемат (26.6.2014 8:23:03)

Што убаво си спремила ане!!! На убаво да ни тргне денот!!! Еве кафето нека биде од мене.
[img]http://www.vietnamesecoffee.org/wp-content/uploads/2013/10/coffee.jpg[/img]




AneLav RR -> RE: РР Кафемат (26.6.2014 9:00:06)

Ајде јас ќе се послужам и од кафето, второ веќе. Благодарам Фели го дополни мојот појадок.




LoveableMe RR -> RE: РР Кафемат (26.6.2014 9:15:14)

Лелее, абре жени лето доаѓа треба да се внимава на линија, ова со доручеков мх мх, а после кафенце обавезно.... ќе се поправиме од лапачка[sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: РР Кафемат (26.6.2014 9:28:00)

Dobar vi den zenski,kako ste utrovo?
jas samo placam,ic ne mi se ide na rabota,ama eheeee do 15 avgust ke s veslam i te kako...
ke si zemam jas od kafencevo




Tanjat7880 -> RE: РР Кафемат (26.6.2014 11:20:17)

Dobar den I od mene,pa kade si ti Mihaela,bev na um da te baram vo "izgubenite",mnogu apstinirashe za moj vkus[sm=smiley36.gif]
Jas sum pred sedum stanata I sega prv pat sednuvam,go shetav gradot po vrukjinive I edvaj si dojdov doma,mnogu toplo...znaci zemam od se,i kafe I dorucek mi treba I tortata od princesa,neka e zdrava I ziva majka ti I ushte dolgi godini da castish vo nejzino ime




Defne90 RR -> RE: РР Кафемат (26.6.2014 12:26:35)

Ајде добар ден и од мене,видов и јас појадоци и кафиња овде па викам да се честам и јас.[sm=smiley1.gif]
И кај нас жештини надвор нхе се излегува.Со А си седиме дома и си слушаме музика и си гледаме цртани.[sm=smiley1.gif] А работа преку глава,постојано по нешто се наоѓа,човек да не знае од каде да почне.[sm=zmeden.gif] Туку пијам набрзина кафето и отидов да го средувам хаосот низ дома,оти мене ме чека.[sm=zmeden.gif]
И така нема каде да се оди по овие жештини,тоа до вечер кога ќе подзалади,там,ан до тогаш да се ослободам од обврските.[sm=smiley1.gif]
Имајте убав и пријатен ден.[sm=smiley1.gif]




miana -> RE: РР Кафемат (26.6.2014 12:42:31)

Здраво и од мене...и јас ке се послужам со ова ладново кафенце ако може [sm=smiley1.gif]
Дај отвоете ја плажата веке, доста се вариме во ова кафематов..Ајде да почнат да фрчат коктелчиња малце...




miana -> RE: РР Кафемат (26.6.2014 13:01:45)

Ај и тука може коктелче

[img]http://www4.slikomat.com/13/0626/rh1-beach-.jpg[/img]




elenak -> RE: РР Кафемат (26.6.2014 13:29:19)

Браво бе мианке за коктелчево, како би го тоа јас него вистински шмркнала, мхммм[sm=smiley36.gif] Ама кога нема си се свежам со цедевитка. Што се нервирам со ова правење ручек значи, па и различно мора секој ден да се јаде[sm=smiley13.gif] Не се готви дома оти е жешко ама не се готви ни надвор, и таму е жешко.[sm=smiley36.gif] Туку што се мора, мора се, отидов јас.




Defne90 RR -> RE: РР Кафемат (26.6.2014 14:55:29)

Aa И мене добро би ми дошло ова коктелчево на миана.[sm=smiley1.gif] Убаво од тебе што се сети да не разладиш по овие горештини.[sm=smiley1.gif]

И јас сум иста кога станува збор за ручек,прво му ја мислам што,ајде па кога ќе измислам,прво да се темпира кога да се прави за да не му е оладен на мм кога ќе се прибере од работа,ама па и не може до толку ни да се истамани сепак се зависи од децата дали ќе ме остават да го правам на мир или не.[sm=zmeden.gif]Па и секој ден различно,јадење и да остане од претходниот ден,не се повторува никако и тоа е тоа.[sm=zmeden.gif] Ама жени сме па мора да се помириме со тоа на крајот на краиштата.[sm=smiley1.gif]

Ајде и јас отидов,полека да го спремам и јас ручекот,дури мм не си дошол од работа.Поздравче женски [sm=zz_wavespin.gif]




Dilina -> RE: РР Кафемат (26.6.2014 17:27:48)

За коктелчево ќе се спотепаме јас осеќам [sm=jezicek.gif]

Туку да ве поздравам и јас. Денес касно станав и одма се фатив за работа по дома, демек само садови ќе миев од едно до последно расчистував, ама незнам што ми е претерувам у последно време наместо сега да искористам и да одмарам...
Надвор е пекол, не ни помислувам да идам некаде... Само вие и РР сте ми оддишка во последниве денови и во пеколов. Освен мажето ако се се сожали и да си остане дента дома, но мора и тој, у најжешкото на работа...

Сега поканчиња да си напраам, може не е време ама сафра, кога ќе ми потечат лиги за нешто..... среќа тој што ги измислил пуканките за у микро.. ајде почастете се па после по еден сладолед [sm=bravo.gif]
[img]http://www.seriouseats.com/images/2012/02/20120224-popcorn-variations-01.jpg[/img]

[img]http://carolynee.net/wp-content/uploads/2014/01/1296688-yogurt-and-chocolate-ice-cream-in-a-bowl-close-up-300x210.jpg[/img]




AneLav RR -> RE: РР Кафемат (27.6.2014 8:09:50)

Јас честам појадок, а некој нека гинаполни шолјичкиве со кафенце[sm=smiley1.gif]
[img]http://www.woodstock-inn-ny.com/wp-content/gallery/breakfast-slides/1breakfast-spread.jpg[/img]




Dilina -> RE: РР Кафемат (27.6.2014 9:23:49)

[img]http://expres.ua/gfx/recept/kawa5.jpg[/img]

Ajде на кафе мамички навалете, еве од Ане доручек од мене кафенце, па да си почнеме со обврските. Ние денес на лекар, во исчекување сум едвај чекам да видиме што е како е се надевам ќе пројдеме ок....

Ајде убав ден, па се дружиме покасно :)




Defne90 RR -> RE: РР Кафемат (27.6.2014 10:25:22)

Добро утро,еве ме и мене како и секогаш расположена за првото утринско кафе и богат појадок.[sm=smiley1.gif]

Јас денеска право да ви кажжам немам никакви планови околу тоа што ќе правам и како ќе го исполнам денот.Хи хи денеска работам без план онака како ќе му дојде.Дури не знам ни што ручек да ставам за после.Некако ептен мрзоволна сум.[sm=zmeden.gif] Може дека не сум наспана баш убаво.

Ајде јас да го фркнам кафето,се надевам од него ќе се рассонам.[sm=smiley1.gif]

Па женски поздравче и имајте убав и пријатен ден.[sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: РР Кафемат (27.6.2014 10:29:46)

Добро утро, добар ден и од мене.
Јас ќе си земам од кафето, денес сум дома, никаде не планирам да излегувам и ништо не правам, денес добив и сум во поштеда [sm=smiley36.gif]
Не знам дали кај вас имаше, или како сте кажувале, или се сеќавате, кога бевме во основно школо и кога имаш циклус и кога не вежбаш на физичко, си кажуваш на наставникот : во поштеда сум. Леле колку ми е смешно тоа сега кога се сетам.

Ајде убав ден и од мене. [sm=smiley1.gif]




AneLav RR -> RE: РР Кафемат (27.6.2014 10:39:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

[img]http://expres.ua/gfx/recept/kawa5.jpg[/img]

Ajде на кафе мамички навалете, еве од Ане доручек од мене кафенце, па да си почнеме со обврските. Ние денес на лекар, во исчекување сум едвај чекам да видиме што е како е се надевам ќе пројдеме ок....

Ајде убав ден, па се дружиме покасно :)

Благодарам за кафенцето денес ми треба цела ноќ не сиум спана овие се превртуваа нешто кенкаа стварно не знам што им беше а и од сабајлево се такви неподносливи. Да не должам ми треба кафе...
А во врска со прегледот уживај и све ќе си биде во ред поздрав и да пишеш за убави вести, поинаку да не си ни помислила [sm=smiley1.gif]




princessa -> RE: РР Кафемат (27.6.2014 10:50:40)

Јас веќе го испив кафето, појадував и расчистувам по дома. Незнам како ама мора да го средам хаосот, чекам Д да стане и ќе гледам да го оставам во детска со играчки и да усисам неможе веќе, неможам да гледам. Мм утре мора на акција во градинка а во недела не смее овде да се усисува и дига галама. А бе шајзе[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]. И така. Имајте убав ден сите[sm=smiley1.gif] и убав викенд.




Bethany -> RE: РР Кафемат (27.6.2014 11:02:06)


ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

а во недела не смее овде да се усисува и дига галама. А бе шајзе[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]. И така. Имајте убав ден сите[sm=smiley1.gif] и убав викенд.


Ех камо среќа тука да е така, а не во недела кој буши, кој усисува, прави кој што стигне од рани зори [sm=zz_devil.png]
А па најинтересно ми е, првиот комшија кој инаку живее во Германија, и сто посто таму ги почитува сиот тај закон и ред, кога доаѓа тука најгласен е. Дури одвратно гласен, одврнува музика до даска, ко на свадба, се опијанува по цел ден и кога му кажав да намали музика он толку се повредил јадничак (иронично кажано), да ми дојде на врата со солзи во очите како тој бил повреден. Море, стар човек, ама како би му удрила еден ќотек да си дојде при себе. Не знам што се замислува , ко центар на светот да е.
И така, отидов јас предалеку, ама ме потсети со ова куќниот ред таму и тука.




miana -> RE: РР Кафемат (27.6.2014 11:09:33)

Добар и убав ден ви посакувам на сите....

Денес го земавме првото свидетелство на керками и по повод убавите ни оценки - частам...

[img]http://www4.slikomat.com/13/0627/n7g-kiflic.jpg[/img]


[img]http://www4.slikomat.com/13/0627/jex-ordeve.jpg[/img]

Па да се заблажиме

[img]http://www4.slikomat.com/13/0627/god-kolace.jpg[/img]

Па малку освежење

[img]http://www4.slikomat.com/13/0627/wma-sokci.jpg[/img]

и за крај

[img]http://www4.slikomat.com/13/0627/w4-koktel.jpg[/img]

Крајот го краси делото [sm=jezicek.gif]




princessa -> RE: РР Кафемат (27.6.2014 11:10:35)

Ќути ние тука сме навистина ограничени. Од 12-14 часот секој ден мора да е тишина, па навечер од 20-6 сабајле. А недела цел ден. Ама човек се навикнува а и подобро е така, се знае недела е ден за одмор. И тука се наоѓаат луѓе што не ги почитуваат правилата ма да ако некој ги пријави ќе им дојдат од службата за оддржување на редот и мирот[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif].[sm=smiley36.gif]. А Бетани твојот комшија е изгледа некој тежок сељак. Јас па си мислев дека ако на човек му се стави ред секаде че се почитува.




Tanjat7880 -> RE: РР Кафемат (27.6.2014 12:14:45)

Dobar dennn,devojki na povidok e vikend soncev I topol,konecno!
Ubavo ste spremile sve,eve jas od set_o ponudeno na miana ke si se posluzam[sm=smiley36.gif]




bucko mal -> RE: РР Кафемат (27.6.2014 13:58:44)

Sto ubavo druzenje imalo tuka,super ste spremile koja od koja pogoleme domakinka[sm=bravo.gif]

Jas od se po nesto ke se posluzam,ubav odmor na ucenicite neka si se odmorat ubavo.
Vi posakuvam ubav den a bogami I ubav vikend[sm=zz_wavespin.gif]




Melanija RR -> RE: РР Кафемат (27.6.2014 15:34:15)

Јас на ручек се пријавувам ако спремила некоја[sm=smiley36.gif]
Рингерајки најдов тема за описното оценување /Описно оценување таму се деловите од постовите во врска со оценувањето и мене после прво одд. би е безвезе па кој нејќе 5ки и поттик.Туку даваат ли уште книги за одличните кога зимаат сведителство?




Страница: <<   < Претходна страница  74 75 [76] 77 78   Следна страница >   >>