|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
29.10.2014 15:29:44   
miana
Ние утре имаме отворен ден во градинка, од 09-10 часот, темата е - Здрава храна, родителите заедно со децата ке изработуваат декорации од овошје и зеленчук.
Ептен се радувам, едвај чекам.
Ке правиме, пингвин, пилиња и еже :)
незнаев кај да напишам па напишав тука, ставете на соодветно место.



_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
29.10.2014 23:51:13   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Ние утре имаме отворен ден во градинка, од 09-10 часот, темата е - Здрава храна, родителите заедно со децата ке изработуваат декорации од овошје и зеленчук.
Ептен се радувам, едвај чекам.
Ке правиме, пингвин, пилиња и еже :)
незнаев кај да напишам па напишав тука, ставете на соодветно место.



Kaj kerka mi ovaa aktivnost e predvidena vo Vtornik. I jas so dusa cekam da si gi dokazam kreativnite sposobnostiuser posted image


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
30.10.2014 14:11:41   
AnnaMolly RR
И ние во вторник ќе имаме работилница, на тема железнички сообраќај. Секоја година ова време има работилница, ама очекував да биде на тема есен или слично. Не знам од кај им текна железничкиов сообраќај :)
Ќе правиме вовче од тоалетна хартија и капачиња од шишиња.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
30.10.2014 17:07:53   
Felly RR
Kај нас обработуваат тема Сообраќај, па пред некоја недела беа на прошетка до блиската раскрсница, каде имале и кратко предавање од сообраќаен полицаец, за некои основни сообраќајни правила. Па ја завртиле цела раскрсница, и правец назад. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
31.10.2014 15:45:34   
miana
Еве ги нашите изработки

user posted image

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
31.10.2014 17:59:22   
pepuska
Ние ја пропуштивме работилницата ни ја вратија во 12 и30 затоашто плачела нејќела да спие а работилницата беше од 14 и 30 часот па не се вративме во 14 и 30, денес мислевме да однесеме изработка но се разболевме .

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
12.11.2014 23:47:18   
mommy_angels RR
Kaj nas vospitno obrazovnite aktivnosti izostanuvaat user posted image zashto decava seuste nemaat vospituvacka.Negovatelkite se trudat kolku sto im dozvoluva vremeto,arno ama eve treti mesec tablata so aktivnosti e prazna,sto uzasno me nervira.Kerka mi samo mi kazuva deka ruckaat i si igraat so kocki,ona sto go pravea i lani vo jasli.Koga reagirav kaj odgovornata na objektot mi vika sto da pravam,ne vrabotuvaat nova,a im barav.Tolku bila nejzinata nadleznost,ama sto i da ocekuvam od licnost koja namesto HIERARHIJA mi vika vo gradinkata postoi ANARHIJA (ova mi go kaza koga i rekov deka ke se zalime na najvisoko nivo zasto direktorkata e nedostapna za nas).E toa deka postoi anarhija e i poveke od jasno,ama mi preci faktot deka vo celava situacija stradaat decata.Se nadevam deka naskoro ke se resi situacijava i malive racinja ke pocnat da crtaat i igraat edukativni igri.
E sega moram da pofalam i eden proekt koj se odviva na nivo na cela gradinka zaedno so edna firma za recikliranje.Sekoj cetvrtok ni e Eko den i nosime plastika za recikliranje.Prekrasna akcija

< Поракaта ја уредил mommy_angels RR -- 12.11.2014 23:49:56 >

(Одговор на членот pepuska)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
13.11.2014 8:25:28   
Snowhite RR
Кај Михаил оваа година имаат различни активности, пред некој ден саделе во дворот кромид и јаготки, исто им даваат за дома, на пример да однесат овошје, па после зеленчук, па сега домашни животни. Минатата недела исто им рекоа за во понеделникот да научат по една гатанка, па таму ги кажувале. Исто секој ден по некоја нова песничка или приказна ми кажува, или некои работи кои им ги кажуваат таму, некој вид на бонтон.
Е сега мене малку ме нервира ова со домашниве, мислам убаво си е тоа, само што јас немам време да барам тоа што треба да однесат, а мора
Исто и кај Јана не натераа да однесиме папка обична бела, демек нешто ако цртаат да им го стават во папката. Па негователката се смее, вика тие се мали уште за цртање, побрзо листот во уста ќе го стави отколку да црта, ама ајде нека се занимаваат, ќе видиме на крај што ќе сработатuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
13.11.2014 12:03:41   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR


Е сега мене малку ме нервира ова со домашниве, мислам убаво си е тоа, само што јас немам време да барам тоа што треба да однесат, а мора


Малку офтопик, ама СНоу спреми се за од година, ќе имате и повеќе работа. Па тамам навикнувај се сега за на училиште.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
12.12.2014 11:43:40   
bucko mal
Denes na M mu bese posleden den vo gradinka-za dva meseci pak ke se vrati. Kako posleden den napraviv nekoi slikicki I sakav da gi spodelam so vas.
Nasite deca ne spijat nadvor na sneg ali pogolemiot del go pominuvaat nadvor igraki so pesok,voda I boi. Nema tuka se namokrilo ke nastine,ili sednalo na pod-ke nastine a da ne zboram za promaja-neznaat sto e toa.
Imuni se na virusi,bakteri,bolesti user posted image samo gospov neka gi cuva oti nisto drugo ne mozam da napravam.

user posted image
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
12.12.2014 14:05:11   
deluxe
ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal RR

Denes na M mu bese posleden den vo gradinka-za dva meseci pak ke se vrati. Kako posleden den napraviv nekoi slikicki I sakav da gi spodelam so vas.
Nasite deca ne spijat nadvor na sneg ali pogolemiot del go pominuvaat nadvor igraki so pesok,voda I boi. Nema tuka se namokrilo ke nastine,ili sednalo na pod-ke nastine a da ne zboram za promaja-neznaat sto e toa.
Imuni se na virusi,bakteri,bolesti user posted image samo gospov neka gi cuva oti nisto drugo ne mozam da napravam.

user posted image
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image


user posted image
user posted image
Sekoja cest za ovaa gradinka.Tokmu vaka treba da izgleda sekojdnevieto na malite deca.Na malo dete najgolema sreka mu e da si igra so pesok,voda,boicki.Sto normalno nie doma ne mu dopustame,no detskata priroda go saka toa.Trgnuvam od sebe deka iako imam mesto vo dvor kade F ke si igra so zemja,jas izbegnuvam toa da mu go dozvolam od strav da ne se zarazi ili ke se izvalka I bla,bla...A kolku e sreken togasuser posted image
Nemam zborovi navistina se voshituvam na vasata gradinka.Treba vakvo nesto I kaj nasuser posted image DA ne im se treseme mnogu na decava,svileni gi pravime nie samite.

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 12.12.2014 14:06:27 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
18.9.2015 14:00:55   
sandriana RR
Не знам дали е најсоодветно место да пишам овде, или има друга тема поблиска до муабетов - имено, вчера Тина си доаѓа од градинка, среќна дека повторно им почнале часовите по музичко, и дека покрај песничките што веќе ги знаат, почнале да учат и нова песничка. Секако, побарав да ја слушнам, и од оние стихови што детево ги запомнило, јас се запрепастив!
Ќе ја парафразирам песничката, оти и детево не ја знаеше целосно, па да ја доловам поентата: "братчето на Вале, Даниел се вика, само мојта мама штркот ја заборава".
Дали тоа работава дојде да се форсира наталитет преку децата во градинките? Дали тоа на децата им создава комплекс на помала вредност? Дали не создава понатаму проблем во меѓусемејните односи во семејствата кои од Х причини се со по 1 дете?
Дали е ненамерен, простодушен пропуст или добро осмислена пропаганда? Или јас нешто умислувам?

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
18.9.2015 15:15:26   
Bethany
Сандриана, не знам дал да се смеам или плачам.
Врло е можно да се праќа некоја порака преку песничките, што образовен систем имаме, не ретко се чудам.

Најинтересно ми беше кога син ми дојде од градинка и цел ден ја пееше (овака некако оди): "Само ти, ти, ти, си ми во срцето. Само ти, ти, ти, ми даваш казна"user posted image Тоа им е изгледа хит во градинката меѓу децата, се уште ја потпевнува. Највероватно дека ја слушнал од децата, ама сепак сметам дека што им се полнат главите со глупости, недостасува нешто поквалитетно да слушнат.


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
9.10.2015 11:10:19   
sandriana RR
Од средна група (4-5 години) веќе започнуваат со посериозни образовни активности - учат да препознаваат и да пишуваат броеви, геометриски форми, како и посериозно да имаат пристап кон цртањето. Сега очекуваме да им воведат и некои прирачници од типот на работни тетратки (ќе чинеле по 210 денари), кои ниту воспитувачката не знаеше конкретно што има во нив.
Физичко и музичко секако имаат по 1 неделно, исто и англиски, сето тоа бесплатно.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
11.2.2016 10:18:46   
sandriana RR
Со броевите напреднале речиси сите деца од групата - ги пишуваат од 1-5, а некои и нагоре, а ги препознаваат секако до 10.
Сега е актуелно описменување - да знаат да си го напишат барем името. Малку ми е нелогично - бидејки има дечиња со 3 букви во името и такви со 10 букви? А не ја учат азбуката, туку само буквите од своето име/презиме (за презимето е незадолжително).
Треба да знаат адреса на живеење и датум на раѓање, и секако, што ми е прифатливо, да имаат усвоен бон-тон: поздравување за добро утро.добар ден, повели-благодарам- те молам интеракција.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 65
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?