Bethany -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (26.9.2013 22:04:26)
|
Моето дете не оди во градинка, ама јас онака од страна да кажам моето мислење. Се тоа е убаво детето да знае од се по нешто, да не зборуваме за ползите од знаење, ама не разбирам потребата да се жури со нешто. Детскиот мозок впива ко сунѓер, и треба тоа да се искористи, ама јас повеќе би сакала дете да развива сопствената мечта преку игра во тие години, тоа ми е најсоодветен развој. Во ред се сите тие работи, ама тоа се се само информации (странски јазици пример), кои сеедно ќе ги научат, за година или две порано или покасно, нема врска, не се на натпревар , ама тие детски приказни и игри кои произлегуваат од детската мечта се нешто што ми е непроценливо. Западните земји се повеќе ни диктираат таков тренд, се порано да се почнувало со нешто, што е можно порано самостални и независни, и тоа е во ред, ама сметам дека со некои работи веќе се оди во крајност. Сега ќе одам надвор од тема, ама ќе наведам пример само станало тренд да се бебиња од 6 месеци право учат на фингер фуд и самостално хранење. Тоа е бе само бебе, зошто да не биде бебе? И брзиот живот наметнува да и бебињата се приморани побрзо да станат независни, и ја разбирам и таа потреба на оваков темпо на животот, ама лично не ми се допаѓа. Па нејќам се да ми биде помини-замини, се во журба, се да се стигне, постаса, достигне, се под стрес и притисок. Не знам дали ме разбирате, тоа истото сакам да речам и за програмот во градинките. Ете вчера слушнав дека во Англија конкретно се почнува со училиште од 4 години!?! Јас се запрепастив. 4 години? Ај демек законски мора до 5 година најкасно да е веќе започнато со градиво, ама тоа е премногу рано... Дете што се вика што туку излегло од пелени... А за која година и тука ќе одат работите во таа насока.
|
|
|
|