LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.4.2014 11:24:35)
|
Milasteve, еве на линкот најдолу имам напишано што треба да се испита, јас правев на Имунобиологија, некои прават на Трансфузиологија, плус некои прават кариотип и кариограм, но мене ми кажаа дека нема потреба за ИВФ. Кај мене утврдија со испитувањата дека микротромбови во матката попрелуваат ембрионите да се хранат и затоа имав биохемиска ИВФ и ми дадоа аспирин и појачана доза фолна киселина три месеци најмалку да пијам за да има ефект. Знам на Клиника имаат лабораторија за испитување на ембрионите пред ИВФ трансфер, да видат каков квалитет се, дали има аномалии и сл., не знам приватниве дали и тие имаат, тоа од скоро се воведе.....Инаку кога прашав на ГАК колку испитувања има такви поврзани со неплодност, спонтанти и сл. рекоа има еден куп, но докторот ти одредува кои треба да ги испиташ. Важно е некои викаат протеринска исхрана, без шеќери, без тестенини, а богата со месо, јајца (особено јапонска потполошка), овошје, зеленчук помага за квалитет на хормоните во организмот, за јајце клетките и за успешно ИВФ, како и цинкот и витаминот Е, за кој се смета дека се значајни за забременување. Brm-brm, матичниот гинеколог може да ти даде две недели боледување после трансфер, но некои лежат првите дена потоа се движат и одат на работа, твое е што ќе правиш бидејќи нема значење за успешно ИВФ.
|
|
|
|