RE: Вештачко оплодување V дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Defne90 RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.5.2014 18:59:36)

Брм брм мислам дека треба да се консултираш со твојот стоматолог за секој случај.Ама мислам дека може дека има и инјекции без адреналин кои што не се штетни за бебето.Исто така проблем претставува и крварењето додека се врши интервенцијата на забот,ама сепак мислам дека не е обилно кога се поправа,сепак кога се вадат има повеќе крварење.Јас имам пријателка таа додека беше бремена одеше два пати да ги поправа забите.Ама сепак како што реков прво консултација со стоматологот.Поздрав и секое добро.




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.5.2014 20:13:20)

Brmbrm trebalo e pred IVF da gi sredes zabite jas sega gi sreduvam pa potoa zdravje boze voavgust ili septemvri ke pravam IVF posto juni planiram da gi ispratam dokumentite juli da cekam da mi odobrat avgust da pocnam so IVF. tie denovi koga mi zavrsi ciklusot piev caj od zalfija I lipa da ne e nesto od niv I jas treba da vadam zab no ke odlozam zaradiciklusot




brm_brm -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.5.2014 21:05:23)

Taka e Kapince, no sepak i trudnicite odat na zabar , neli. Daj boze samo da ima [sm=rozacrtici.gif]. a inaku ne mi treba klasicna popravka na zab, tuku zamena na plomba, sto znaci nema da ima bolka.




brm_brm -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.5.2014 21:19:17)

уште едно прашање: зошто на некои по трансфер освен вагиналети прогестерон (утрогестан, кринонгел), докторите им даваат и прогестерон инекции, која е причината,...поврзана е нешто со дебелина на ендометриум, или што?




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.5.2014 22:14:55)

Progesteron davaat na takvi kako mene sto imat preziveano spontan I na tie sto prokrvaruvat vo bremenosta I sto imat nizok progesteronjas sega ako ostanam bremena cela bremenost ke primam progesteron




brm_brm -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.5.2014 22:18:55)

значи зависно од историјата.дека мене ми е прво ивф, може затоа сум само со кринонгел, а прогестеронот колку што се секавам во текот на постапката не ми го испитуваа?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.5.2014 11:09:24)


ИЗВОРНА ПОРАКА: brm_brm

уште едно прашање: зошто на некои по трансфер освен вагиналети прогестерон (утрогестан, кринонгел), докторите им даваат и прогестерон инекции, која е причината,...поврзана е нешто со дебелина на ендометриум, или што?


Прогестерон инекции се дават за задржување на плодот, обично кога ќе се јави крварење и сл. но обично не ги даваат до потврда на тестот за бременост. Тие инекции се даваат само ако има индикации за тоа, уживај.




brm_brm -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.5.2014 11:18:39)

Ок, фала ви. Знаете како е, прво ивф и секојдневно читаш по нешто и се прашуваш зошто јас него користам. Знаете денес ми е 8 ден од ет, а веке осекам дека градите и не ми се толку болни и цврсти, обично ми е така пред добивање, ...а во суштина 8 ден од ет ми е, што значи рано е и за добивање [sm=zmeden.gif]




mery -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.5.2014 11:31:34)

Pomina I transferot, mi vratija 2 jk, I edna sto ostana ke mi ja zamrznat. Sega lezenje, na kraj I dojde redot I na knigata, vreme za citanje. Sega ostana da se molime, I daj boze na site da ni se ostvari zelbata. ve guskam




brm_brm -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.5.2014 12:00:27)

Е па Merry сега да си уживкаш, да си одмараш. Што те советува докторот за наредните денови, терапија,..кај кој д-р го правеше?




весник -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.5.2014 13:25:17)

Здраво на сите! Нова сум на форумов.3 години сум во брак и неможам да станам мајка.Проблемот е лошиот спермограм.Е сега добив ваучер од фондот за здравство и на крајот од овој месец имам закажано кај Др.Лазаревски во Систина.Што мислите,дали ми е добар изборот и дали ќе прифати да ми го води тој ин витрото.Бидејќи слушав муабети дека иако сум имала закажано тоа не значело дека ќе ми прифател да ми го води ин витрото тој.Јас кога закажав кажав дека се работи за стерилитет,па би требало да знаат тие зошто баш кај него барав да одам.Имате ли вакво искуство и како се подготвувате претходно за ин витро,мислам на храна,нешто посебно внесувате,цигари во последно време и повеќе пушам некако на нервна база и така.Пишете ми,би Ви била многу благодарна.Па дај боже за убави вести да се допишуваме.Поздрав до сите!




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.5.2014 13:57:15)

Здраво весник, добредојде на форумот, се надевам на пријатна дружба.[sm=smiley1.gif] Ти посакувам среќа со постапката за ИВФ. Штом си закажала кај Лазаревски, нема менување, тој ќе те води не се секирај. Каква терапија ќе ти даде, зависи од докторот тој решава како ќе ти тече постапката. Известуавј не кога ќе добиеш шема за ИВФ.

Во однос на совет имаме тема Важни совети кога сте во ИВФ, исто така имаме тема Стерилитет кај мажот, можеш тука да прочиташ совети за подобрување на спермограмот.

Мери, ајде се придружи на списокот на легачи, со лесно[sm=smiley36.gif]




mery -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.5.2014 14:20:15)

Brm brm nisto specijalno, 3-4 dena miruvanje pa posle peshacenje do 500 m. Aspirinot sto mi go prepisha dr, dali e od tie malite aspirin protekt ili od tie golemite tableti? Ne znam koi treba da gi zemam. Brm brm dali pocna da izlezesh na proshetki?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.5.2014 14:25:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mery

.....Aspirinot sto mi go prepisha dr, dali e od tie malite aspirin protekt ili od tie golemite tableti? Ne znam koi treba da gi zemam.....


Обично даваат аспирин протект 100. Мора да ти пишува во извештајот после трансфер. Позз




brm_brm -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.5.2014 14:36:44)

Mery јас примам, а мислам и сите други аспирин протект 100 мг, а инаку почнав да излегувам од 5-6 ден си се шетам, е јас правам подолги прошетки, но полека одење, па и саат време, но полека.




mery -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.5.2014 14:40:27)


Loveable vo izvestajot pisuva samo aspirin 100 mg 1x 1




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.5.2014 14:44:21)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mery

Loveable vo izvestajot pisuva samo aspirin 100 mg 1x 1


aspirin 100 mg 1x 1= значи аспирин протект 100, едно на ден, позз[sm=smiley1.gif]




skriena -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.5.2014 16:06:42)

zdravo devojki kako ste znam deka me nemase ama sekoj so svojata maka zavrsija moite [sm=rozacrtici.gif]crticki[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]zavrsiv so vonmatericna bremenost treta od koja prva so ivf i zatoa ke ve molam slusajte gi doktorite ako treba zatnuvanje na tubi ili vadenje vadete ne vodete inaet kako mene posto jas so 2 laparo napraveni koga mi velea da gi zatvoran jas ne sakav da slusnam i ako bea zatvoreni moeto ivf ke si bese kako treba sega lezam doma se napraviv operacija i gi izvadiv dvete tubi i se nadevam deka so vtoroto ivf ke uspeam da si imam bepce a imam i zamrznato embrioni taka da ne se plasam samo malku vreme da pomine da se oporavam pozz do site




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.5.2014 16:26:11)

skriena, многу ми е жал... [sm=smiley13.gif]
немој да се обвинуваш себе си за тоа дали нешто си направила или не, едноставно така требало да биде. Добро е што барем знаеш која е причината за да се случи вакво нешто, и веќе си презела се што треба за да не се повтори... Плус и со замрзнатите ембриони се ќе оди поедноставно следниот пат.
Тука сме со тебе [sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (14.5.2014 10:45:22)

skriena, има и други како тебе на форумот со истата ситуација не си сама, не очајувај, ќе дојде твојот ден, слушај ги докторите и се ќе биде како треба. Позз со тебе сме[sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (14.5.2014 10:47:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: brm_brm

Еве да се пријавам овде, 8 ден од ЕТ, а јас веке си ги осекам градите помеки т.е. по нормални како за пред добивање. Се надевам циклусот нема да ме изненади ке мозам да си нправам тест за бременост по моето прво ивф. Вие имате некакви симптоми по ивф,...не знам што да осекам. кој ден од ЕТ да го направам тестот за бременост???


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Koga ti kaza doktorot da napraves test na mene zamenata za mojot maticen mi kaza na 15 den I taka I bese na denot koga trebase da dobijam betahcg bese 37,1 I sekogas I koga pravev inseminacii na 15den ispituvav betahcg


brm-brm, обично тест се прави подоцна за да биде точен, симптоми нема кај сите се различни, мој совет да не правиш тест пред 14 ден од трансфер, позз




lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (15.5.2014 19:21:15)

Здраво девојки, јас од вчера почнав да се боцкам со Супрефакт од 0,5мг. Вчера ми покажаа како, а денес мм храбро ме боцна. Поздрав на сите




brm_brm -> RE: Вештачко оплодување V дел (15.5.2014 19:26:49)

Срекно Лола, престраши се и пробај сама, верувај дека не е болно. Кај кој д-р си?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (15.5.2014 19:31:54)

Lolla, со среќа[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]! Не сакаш да те боцкаат во Ремедика?

*******2014*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]

15.04 - brm_brm -почеток со терапија
15.04 - mery - почеток со терапија
14.05 - lolla - почеток со терапија


=========================
04.05 - brm_brm = пункција / 06.05 = ET
08.05 - mery = пункција / 13.05= ET
/.06 - lolla = пункција / = ET


[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]
20.05 brm _brm = ТЕСТ
23.05 mery = ТЕСТ
/06 lolla = ТЕСТ

=========================

[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]

ПОДДРШКА
[img]http://s.rimg.info/b2f7df1390160efd03076835d4d3e16c.gif[/img]

Kolachence,firenca didi, Adelle,gina,mesecina83,Bogdancanka RR, koki12, skopjance, mimiiiiiiiiiiiii, taci14 ,Herco, trust, kapina, cacim, babyhope, LoveableMe RR, I LOVE, baby77, Anna78, kate.., dzvezda, bubble, SOLE, butterfly00, snekki, milasteve, almushka, Yaya,skriena
=====================

2014 година
nataly86 [sm=9nebesa.gif] Lina*[sm=9nebesa.gif] Каrma[sm=9nebesa.gif] biljana87[sm=9nebesa.gif] Anonimen[sm=9nebesa.gif] babylove**[sm=9nebesa.gif] avgustina2 [sm=9nebesa.gif]






lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (17.5.2014 10:29:34)

LovableMe, далеку ми е Ремедика за секој ден да одам за Супрефакт меѓутоа за другите инекции за стимулација е за тие ке одам таму дефинитивно бидејки тие се мускулно. ММ е ептен храбар за боцкањево, досеха ме боцна по еднаш во секоја рака ама ми рекоа дека брзо ке поцнат да болат доста па најверојатно ке правам алтернатива и во стомак преку некој ден. Многу сум возбудена, ми доаѓаат секакви мисли но се обидувам да ги следам препораките од тука и да сум релакс.
Брм брм и мери, стискам палци за позитивни тестови ајде имате уште по некој ден чекање.
Поздрав и до сите други

Сакав уште ова да додадам: Се изначитав на интернет и се распрашав по доктори за обликот на мојата матка каде горниот дел (фундусот) е заоблен кон натрешноста. Тоа е состојба од раѓање, ризична за оперирање и не е научно докажано дека е причина за неплодност (можело да биде причина во иднина за предвремен пораѓај во трет семестар... но не е докажано????). Дракулевски ми рече дека не е проблем (штом е толку неприметна да не се забележи на обично ехо) додека Димитров ми рече дека не е научно докажано дали ке прави проблем или не. Искрено малку сум замислена, но како Господ никој не е, па може тоа нема да е проблем кај мене. Останува да видиме.




Страница: <<   < Претходна страница  51 52 [53] 54 55   Следна страница >   >>