RE: Вештачко оплодување V дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.5.2014 10:50:50)

Добив сабајлево, никогаш не сум и се израдувала волу хаха. Е сега сабота е ама сепак ке се јавам на сестрата од ремедика што ме води зш така ми рекоа. Ух почнува да расте возбудата.

Имаје убав ден




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.5.2014 12:41:36)

Cekaj de koga ke dojdat tie dvenedeli do testot togas ke vides kakva ke e vozbudata




lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.5.2014 17:17:05)

капина којзнае како к биде тогаш[sm=smiley1.gif]

Во понеделник на 3ден сум на хормони испитување за терапија да ми одредат. Знае ли некој дали и ехо ке ми прават тогаш?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.5.2014 17:58:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

капина којзнае како к биде тогаш[sm=smiley1.gif]

Во понеделник на 3ден сум на хормони испитување за терапија да ми одредат. Знае ли некој дали и ехо ке ми прават тогаш?


Лолла, зависи, докторот за тоа же одлучи, можно е. Позз




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.5.2014 20:06:44)

Da ke te e gledat na ehoto na meneme gledaa




lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.5.2014 9:24:38)

Добро утро девојчиња! Како сте денес? Мери, уште денес па утре тест колку ме држи сеќавање. СО среќа - да е позитивен.

Мене вчера на 3ден ми мереа естрадиол, излезе 22,8 и др одлучи да одам со 3 пурегона дневно мускулно во бут позади. Ехо не ми правеа (џабе се средував [sm=smiley36.gif]). Во петок пак мерење естрадиол па ехо па ке видиме што натаму. Колку дена се ставаат овие пурегониве? 10? Или зависи од ситуацијата?

Ве поздравувам, имајте убав ден и само уште ова - нормално ли е уште сега да сум толку емотивна? Што ке биде до крај?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.5.2014 9:31:27)

lolla, супер уште малце па пункција. Ставањето стимулација и бројот на инекциите ги одредува докторот, мислам до крај на неделава ќе ги примаш, евентуално и понеделник, ама сепак зависи докторот како ќе одлучи, по ехото ќе знае колк уда ти дозира до крај инекции за стимулација.

Раздразливоста и емотивноста се придружни појави на ИВФ постапката, поради големиот број на хормони кои се внесуваат во телото. Кажи му на мажле да издржи овој период и да потрпи до тестот за бременост[sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley1.gif]




mery -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.5.2014 11:22:53)

Devojki fala vi mnogu za podrshkata. Mene tek denes pocnaa da me fakaat emociite, den pred testot. Juhuuu. Da vi kazam ja trebase da dobijam vo petok, dali e ova znak na bremenost ili od terapijata sto ja primam. A ja imam redoven ciklus na 28 dena.
Lola ti posakuvam srekaaa...




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.5.2014 14:20:16)

lolla и mery, ви посакувам среќа и на двете! Ајде утре еден [sm=rozacrtici.gif][sm=rozacrtici.gif] тест да не израдува сите, дај боже, и пункција со што повеќе јајциња [sm=smiley36.gif]

Ве гушкам! [sm=smiley31.gif]




macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.5.2014 21:31:50)

Da si kazam i jas bev na razgovor kaj dr.Dimitrov vo Remedika i na 6 juli mi kaza da odam na eho pa od toj den da pocnam so superfakt i da vi kazam pravo mnogu mi e strav od dejstvata na tie hormoni od nisto drugo nemam strav ni punkcija ni transfer ali od tie hormoni se na toa mislam ...Dali imal nekoj nesakani dejstva od tie hormoni ?




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.5.2014 21:40:32)

Macika ne se plasi nema nisto strasno od tie hormoni na mene i brisot mi izleze ureden fala bogu nemase nisto sega ostanuva samo ureoimikoplazma da ispitam koga ke imat reagensi ovde vo strumica mm ovie denovi ode na spermogram da naprave se ubeduvame i na urolog da ode oti pred godina i pol imase los spermogram i zatoa pravevme ivf i sega pak sobirame dokumenti pred nekojden razgovarav so edna moja bratucetka i oni pravele ivf vo sistina kaj dr popovic i na38 godini e uspeala od prvpat da ostane bremena od prv pat i sega si ima detence 3 godinki i




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.5.2014 21:52:41)

ИЗВОРНА ПОРАКА: macika4

Da si kazam i jas bev na razgovor kaj dr.Dimitrov vo Remedika i na 6 juli mi kaza da odam na eho pa od toj den da pocnam so superfakt i da vi kazam pravo mnogu mi e strav od dejstvata na tie hormoni od nisto drugo nemam strav ni punkcija ni transfer ali od tie hormoni se na toa mislam ...Dali imal nekoj nesakani dejstva od tie hormoni ?


Со среќа macika4![sm=bravo.gif] Да, има ефекти, ќе го полудиш мажле од емоции и раздразливост[sm=smiley1.gif][sm=smiley36.gif], не се секирај, со лесно позз




macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.5.2014 23:05:36)

Uhuuu ako e taka ubavo ke e pa ne samo maz mi nego i so svekrva ke mi e pointeresno hehehe




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.5.2014 23:13:26)

Neznam jas nemav takvi problemI nisto posebno ne osekav nekoi promeni na raspolozenieto nemav




lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (28.5.2014 9:32:41)

Macika со среќа во постапката.

Да ви кажам што ми се случи вчера во ремедика. Чекам за да ме боцкаат а во собата на сестрите немаше никој, претпоставувам дека беа во гужва. Доаѓа после некое време една лута лута и јас па будала ја прашав дали може за боцкање и ајде као седи. Во меѓувреме си влегуваа мажи да носат некоја опрема внатре - многу непрофесионално за во соба од 9м2 каде се боцкаат жени. Сестрата ифрит лута почна да ги фрла кутивчињата од инекциите на масата ги трескаше и по грешка фрли едно од ампулите во корпа. Кога се свести си ја отвори корпата си го зема и продолжи да го полни да ме боцка. А за боцкањето ах мори мајко, мислам целата љутина ми ја истури, ме доболе до срце а сум поминала све и свашта. Но ај тоа ке истрпам, но таква непрофесионалност, без ракавици, расфрлање на скапи лекови и зимање од корпата тоа што и падна, мислам дека не смее да се толерира. А ја па глупача, си седев и гледав, викам ај да не ја љутам плус, ама ако се случи уште еднаш дефинитиво ке ја пријавам.

Попладнето си го поминав во плачење буквално не можев да ги сопрам солзите и сега сум подуена и црвена во очите :(. Мислам голем удел имаше и однесувањрто на сестрата покрај хормоните нели. Се јавив да се пожалам и ми рекоа дека ако сакам санкции да пишам меил за да ја казнат таа сестра, ама не сакам да бидам причина за нејзино казнување. Плус ме прашаа дали сум ивф пациент демек да не преувеличувам малце. Така да денес ке одам некаде на друго место да ме боцкаат најверојанно. А од ремедика сум крајно незадоволна од организацискиот дел, особено од дел од сестрите кои не се никогаш во таа собата. Дел од сестрите се културни но останатит се десет пати полоши од клиника. Само нека биде успешно па се ке се заборави.

Мери како си? Што има ново? Имајте убав ден девојки.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (28.5.2014 10:42:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: macika4

Uhuuu ako e taka ubavo ke e pa ne samo maz mi nego i so svekrva ke mi e pointeresno hehehe


macika4, пишуваш необјаснета неплодност кај тебе, зошто е така? Ги имате правено сите испитувања (брисеви, хормони за тебе, ХСГ, лапаро-хистеро, спермограм и спермокултура за него и сл.)? Свеки да не те нервира? [sm=smiley36.gif] Позз

Лола, јас не би простила, веднаш би се пожалила, па приватно е не е државно, па и државно да е ќе се пожалам, а не да дозволам сестрата да се однесува како на пазар...одма до директорот една жалба[sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (28.5.2014 14:01:35)

lolla, ни јас не би и простила, макар и да е овој еден пат. Како бре ќе зема од корпа со ѓубре и ќе те боцка со тоа??? Па свесна ли е што се може да се случи, скраја било? Такво однесување не е хумано, не е професионално, медицински неодговорно, а тек па што е во приватна болница. Пиши мејл, ич не се замарај да ја жалиш...




mery -> RE: Вештачко оплодување V дел (28.5.2014 17:47:26)

devojki go zemav rezultatot od adrialab i 7 mi e, nikoj ne gi znae vrednostite ni doktorite od sistina, ima nekoja napravno tamu bhcg? bev vozbudena mnogu direkto na eho vo sistina, i doktorkata mi rece ima nesto se gleda ama e rano endometriumot mi bese 22 mm, ke treba za 2-3 dena pak bhcg i eho. lele ke puknam...




Melanija RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (28.5.2014 17:58:18)

mery јави се во Адриалаб тие знаат, мислам дека над 5 е позитивно:Јас немам искуство ,покасно имам правено преку крв а бетата се дуплира секој дневно




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (28.5.2014 18:06:11)

Nad 5 e positiven testot no 7 e mnogu nizka vrednost treba da ispitas pak na 48 casa dali se dupla pravilno betahcg ako se duplira e ok no ako Padne znaci biohemiska bremenost




mery -> RE: Вештачко оплодување V дел (29.5.2014 10:33:33)

Da vi kazam, pojasno vie mi objasnuvate odkolku doktorite I sestrite.. Sega ke treba da ispitam hcg pak utre, dr mi rece vo sistina da napravam, a ja pak najlogicno mi e da ispitam pak vo adrialab za da napravam razlika so prviot rezultat, sto vikate vie?A normalno li e da docni veke 6 dena I ni traga od menzisot? Ne znam sto da pravam, mnogu sum pod stres.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (29.5.2014 10:38:03)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mery

Da vi kazam, pojasno vie mi objasnuvate odkolku doktorite I sestrite.. Sega ke treba da ispitam hcg pak utre, dr mi rece vo sistina da napravam, a ja pak najlogicno mi e da ispitam pak vo adrialab za da napravam razlika so prviot rezultat, sto vikate vie?A normalno li e da docni veke 6 dena I ni traga od menzisot? Ne znam sto da pravam, mnogu sum pod stres.


Ако ме прашаш мене, најдобро земи упат и испитај на Државно, посигурно ти е да не даваш пари на приватно 800 денари да фрлаш џабе. На ГАК вредностите сите ги знаат, дури и докториве по приватниве клиники. Може да ти доцни ако си бремена, а може и од кринoнот обично доаѓа кога ќе прекинеш со ставање. Не се мисли, трк на државно за кратко ќе имаш резултат и да не се секираш. Позз




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (29.5.2014 12:42:30)

mery, се слагам со LoveableMe, стварно нема потреба да фрлаш пари или да чекаш и да се мислиш. Веднаш по упат и дај боже да биде [sm=duda.gif]




весник -> RE: Вештачко оплодување V дел (29.5.2014 13:14:08)

Здраво девојки! Еве да Ви кажам до каде сум.Првиот преглед помина,ја запиша целата документација.Приемот ми се допадна,баш онака како што треба а не рекла казала.Да појаснам,кај Др.Лазаревски сум во Систина.Ме виде на ехо,ми рече дека јајници и матка ми се во ред,сум имала мала преграда во матката ама смета дека нема да ми биде никаква пречка.Инаку сум оперирана од миом надворешен на матка и имам правено хистероскопија,па им направи забелешка на тие од клиника дека таа милиметарска преграда требало да ја отстранат уште тогаш.Али ајде не е страшно.Ми даде јасмин таблети (си ги купив сама од аптека) Пишете дали и вие сами си ги купувате тие таблети.Ми рече дека ќе треба да ги пијам од 2 ден циклус па се до 16 јуни кога ми рече да одам повторно да ми направел шема.Тој вели дека некаде до 6,7,8 јули требало да завршиме се.Бидејќи проблемот е во лошиот спермограм.Пишете ми што мислите за овој мој поминат ден и што ми е следно.Докторов не е зборлест али па и не бев на кафе муабет ,нели??? Поздрав до сите!




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (29.5.2014 13:24:55)


ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

......Да појаснам,кај Др.Лазаревски сум во Систина........Ми даде јасмин таблети (си ги купив сама од аптека) Пишете дали и вие сами си ги купувате тие таблети.Ми рече дека ќе треба да ги пијам од 2 ден циклус па се до 16 јуни кога ми рече да одам повторно да ми направел шема.Тој вели дека некаде до 6,7,8 јули требало да завршиме се.......Пишете ми што ми е следно.Докторов не е зборлест али па и не бев на кафе муабет ,нели??? .....


Весник, баш сега те помислив каде си и до каде стаса со прегледи итн. Кај Др. Лазаревски не сум била, јас одам кај друг ов Систина, но сите викаат дека не е многу зборлест и само си работи[sm=smiley1.gif]! Јасминот не оди на товар на Фондот мора сама да ги купиш. Она што ќе водиш евиденција кога ќе ти дадат инекции да внимаваш бројот одобрен од фондот да се совпаѓа со бројот што те боцкаат во Систина, евентуално ако се надмине бројката (ако каже докторот плус да треба да се стават), ќе треба да докупиш. Следно? Постапката си тече, после ќе почне боцкање, ехо, земање крв за естрадиол итн....се фати на орото, мораш да го доиграш[sm=smiley1.gif].

Како што пиша, мислам реално е до 6-8 јули да завршите се, после само ќе чекаш денот да дојде за тест за бременост.[sm=bravo.gif] Позз, известувај не, особено дали ќе имаш реакции на хормоните.[sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  54 55 [56] 57 58   Следна страница >   >>