RE: Вештачко оплодување V дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (9.6.2014 18:15:56)

Znaci da ne ste mi vie neznam sto ke pravam fala vi na informaciite ja tolku mnogu se naplasiv sto ne spiev nekolku dena budala ako e nesto strasno nema da go davaat na site nego toa e strav si e strav [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.6.2014 9:09:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: macika4

Znaci da ne ste mi vie neznam sto ke pravam fala vi na informaciite ja tolku mnogu se naplasiv sto ne spiev nekolku dena budala ako e nesto strasno nema da go davaat na site nego toa e strav si e strav [sm=smiley1.gif]


Macika4, не се плаши, знај дека многу девојки поминуваат низ овој процес низ целиот свет, но сепак можеби треба да ја поминеш целата постапка да помине стравот. Среќно[sm=smiley1.gif]




lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.6.2014 12:24:52)

Здраво девојки. Ми се јави ембриологот и ми кажаа дека всушност од 22 извадени јк, 18 биле зрели но од нив се оплодиле 12. Сега останува да се чека до утре дали и колку ке се делат и за кој ден ке биде ембриотрансферот ако се делат. Среќна сум но истовремено се обидувам да бидам реалистично оптимистична и да не се радувам многу предвреме.

Ах мацика, уживај додека си во фазата на боцкања зш чекањево влага во психа. Да се живи и здрави „Пријатели“.

Имајте убав ден




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.6.2014 12:54:49)

Супер Лолла, те очекуваме со убави вести!![sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




весник -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.6.2014 18:05:18)

здраво девојки!!!! тука сум и јас ве читкам цело време иако не пишувам.сега само пијам јасмин и ќе пијам до 16-ти па потоа сум пак кај докторот.Е сега се прашувам дали повторно ќе ме гледа овој понеделник на ехо,бидејќи првиот пат ме гледаше на ехо.Ми рече дека тогаш ќе ми ја дадел шемата за боцкање.Јас си водам вообичаен живот.си пијам по 1 до 2 кафиња на ден,си пушам по 2-3 цигари и така.Пишете ми според вас дали грешам што пијам кафе и што не сум ги оставила цигарите??? поздрав до сите.




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.6.2014 20:17:02)

Ne no probaj postepeno da gi namales cigarite nagloto ostavanje e stres za teloto a za kafe pogore pisav jas oti da ne se pie po veke od 4 solji na den pomalku ne e stetno




macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.6.2014 21:44:40)

blaze si ti lolla stigna do transverot da ti se ostvari sto sakas a i da znaete deka cekanjeto e najtesko ali se gura nekako




macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.6.2014 22:13:50)

Vesnik ja ne pusam cigari veke 6 meseci kafe ne pijam i pak nisto ako saka da bide ke bide ,znaci mislam deka moze da ima nekoja uloga i toa ama stvarno e najubavo vise da ne se zamarame kolku poveke razmisluvame dali treba ova dali treba ona poveke stresovi imame i ne se dobiva nisto zatoa jadi umereno pij umereno i setaj zasto vaka samo se narusuva zivotot ,ja sega koga stignav do ivf svativ mnogu raboti deka si go zapostaviv zivotot kako da begav i celo vreme brzam da napravam nesto i pak ne dobiv nisto osven sto ne bev opustena i se stegav taka da samo opusteno [sm=smiley1.gif]




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.6.2014 23:10:37)

Sestra mi I zet mi I dvajcata pusat. pa eve ona e bremena za vtoro dete sega bez nikakov problem ostana bremena dva pati nie so mmne pusime pa pak nisto mm gi ima ostaveno cigarite pred edno mozda10 godini. I sega ne gi podnesuva




lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.6.2014 8:45:36)

Здраво девојчиња! За цигарите, јас не пушам веќе скоро две години по 13 годишна стрвна пушачка кариера. Се откажав со таа книгата од Алан Кер Стоп за пушењето, значи кога ја завршив последната страна ја допушив последната цигара и пола кутија фрлив во канта и толку беше оттогаш. И животот ми стана 100 пати подобар од толку многу аспекти. За моја огромна среќа немав ниту една криза (и ден денес не ми се верува како успеав), се поправив 2-3 килца ама после си ги симнав. А за бенефитите можам до задутре да пишувам, најјако беше што после 1-2 месеци ме фати јако чешање на нозете кое се испостави дека е од подобрената циркулација која претходно била отежната од цигарите. И само уште ова ке пишам, дека се е во главата, се е во потсвеста и во желбата и треба да се мисли на тоа дека веќе нема да се дозволи едно прцле како што е цигарата ми го контролира животот и дека сум посилна од тоа. Извинете за долгиот опис.

Јас сум во чекачка фаза, се надевам дека денес ке ми јават дека има за враќање и дека моите ембриони се во ред (пуштајте позитивни вибрации). Пијам еден куп апчиња, еве досега испив 5 па во 12, па во 2, па во 8 па во 10 па пред спиење кринон.

А за неплодноста, навистина го менува животот од корен, секој пат кога земав отпусно писмо од ГАК после инсеминациите ме фаќаше многу жал што ние мораме да го одиме овој пат а толку многу родители си излегуваа со новороденчињата. И искрено ми требаше време да научам да се радувам за сите други, но валда е фаза низ која секоја исчекувалка мине. Дај боже секоја двојка што тргнала по патот на иуи, ивф и безброј прегледи на нашата драга интима (ми се смачи само некој доле да ми чепка) да си дочека своја принова, зашто едноставно Господ е голем па цврсто верувам и се надевам дека ке биде за сите (порано или подоцна).

Извинете за предолгиов пост, имајте убав ден




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.6.2014 10:53:27)

Весник, баш убаво што пиша, те мислев каде се, до каде стаса. Мацика4,Лола, месечина83 и сите исчекувалки и во процедура, знајте дека ништо нема правило, само главата треба да е лабава тоа е сигурно за сите. Каде ни е lily98?

Lolla, пуштаме бубамари до тебе[sm=pikapoka1.gif]
Kolacence, се ближи денот за тест[sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif]




lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.6.2014 11:36:11)

Девојчиња ми јавија дека ембрионите засега се развиват добро и дека ембриологот со докторот одлучиле да биде трансферот на 5ти ден т.е. во сабота. Леле ми падна мал товар од душава, само нека продолжат да се развиваат добро. Утре ке биде еден ден пауза од јавувања, па ке ми се јават повторно во петок. Аххх, чекањето продолжува, па уште две недели после тоа.

Lovable me, многу ми се допаѓа листата над овој список и секоја чест што одвојуваш време да ја ажурираш.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.6.2014 11:56:38)

Lolla[sm=smiley20.gif][sm=smiley20.gif], среќно во сабота!




Kolachence -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.6.2014 23:03:20)

Bremena sum devojcinja. :) :) :)




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.6.2014 23:55:40)

Colacence Cestitki kade go pravese invitroto I dali ti bese prvo IVF inaku da kazam vitaminot b12 bil dobar za delbata na embrionite jas planiram da go pijam oti pri prvoto IVF imav3 embrioni no dvata ne se delea pravilno I samo eden mi vrarija




lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.6.2014 9:15:28)

Kolacence, огрооомни честитки [sm=bravo.gif]

Ти посакувам бременост како по книга, многу се израдував посабајлечки.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.6.2014 9:15:40)

Kolacenceeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee, честитки, леле колку убава вест, сподели како беше постапката, кај кој доктор, како го помина периодот од трансфер до тестот?[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]

*******2014*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]

14.05 - lolla - почеток со терапија
02.06 - mesecina83 - почеток со терапија
07.06- macika4 - почеток со терапија
16.06 - весник - почеток со терапија
.06 - lily98 - почеток со терапија


=========================
09.06 - lolla = 09.06 пункција /14.06= ET


[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]
25.06 lolla = ТЕСТ

=========================

[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]

ПОДДРШКА
[img]http://s.rimg.info/b2f7df1390160efd03076835d4d3e16c.gif[/img]

firenca didi, Adelle,gina,mesecina83,Bogdancanka RR, koki12, skopjance, mimiiiiiiiiiiiii, taci14 ,Herco, trust, kapina, cacim, babyhope, LoveableMe RR, I LOVE, baby77, Anna78, kate.., dzvezda, bubble, SOLE, butterfly00, snekki, milasteve, almushka, Yaya,skriena, brm_bm, mery
=====================

2014 година
nataly86 [sm=9nebesa.gif] Lina*[sm=9nebesa.gif] Каrma[sm=9nebesa.gif] biljana87[sm=9nebesa.gif] Anonimen[sm=9nebesa.gif] babylove**[sm=9nebesa.gif] avgustina2 [sm=9nebesa.gif] Kolacence [sm=9nebesa.gif]





lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.6.2014 9:28:09)

Девојки да ве прашам, како оди снабдувањето со Кринон гел од 8%, од ремедика ми дадоа (не спаѓаа под фондот) 5 апликатора, и имам за до петок вечер. Сабота ако е трансферот, дали повторно ке ми надополнат од ремедика или ги има и по аптеките и во која.

Денес ке се потспремам, да издепилирам нозе, ке купам Дове сапунче без мирис и део без мирис за денот на ЕТ и некој ден после и да накупиме храна за по ЕТ.

Денес сум ептен емотивна, не бев волку кога се боцкав како сега, на секоја вест ми се насолзуваат очите.

Едитирано да додадам: Валда од милионот лекарства и антибиотици што ги пијам, долу ми е некако изиритирано местото, ме чешка, сувост и се мислам како да си ја олеснам ситуацијата. Смеам ли Лактогин да купам? Или некое природно олеснување да не има? Фала ви однапред.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.6.2014 9:47:59)

Lolla, емоциите се од хормоните не се секирај. Кринон не даваат никаде, убаво што ти дале во Ремедика, тие одат на приватно и се купуваат, ги има во Виола и во аптеките во самите болници, во Систина на пример. Каде ти е најблиску, таму купи ги. Не знам за чешкањето, пробиотици Б комплекс, а дали плус нешто да ставаш, најдобро прашај го докторот. Сакав да те прашам за исхраната, сама ја најде на нет или ти ја препорача некој. Позз




lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.6.2014 10:02:19)

За исхраната, јас си ја најдов од интернет, ги исчитав сите можни статии од ИВФ центрите во Европа и свет и сите посочуваат на истите работи. Сите препораки се здрави за секој човек па не шкоди и да се проба нели. Од ремедика ми рекоа се најнормално да си правам, не ми препорачаа ништо, освен една сестра ми рече да немаме секс при крајот на стимулациите.

Се замислив за Кринонот но сигурно ке ми дадат од ремедика, ај баш ке прашам утре кога ке ми се јават, ако не ке бара мм по аптеките.




mesecina83 -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.6.2014 10:15:01)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Kolachence

Bremena sum devojcinja. :) :) :)

Cestitki za bremenosta da imas najubavi 9meseci[sm=nosecka.gif][sm=nosecka.gif],ajde pa povleci noga site koi sme zad tebe da ne ogree i nas ovaaa sreka da bideme bremeni bidejki redno bese i nie poleka da se raduvame ,se raduvam za sekoja nova bremenost samo da ne ima se poveke[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Kvisko -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.6.2014 11:41:24)

Kolachence честитки и од мене, Имај убава и лесна бременост. И влечи за нос:)




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.6.2014 12:47:29)

Kolachence, јееееееееее!!!!! [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Ептен ме израдува! Имај најубава и најлесна бременост, и не заборавај да не повлечеш сите за нос [sm=smiley36.gif]

[sm=bravo.gif]




Kolachence -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.6.2014 18:43:55)

Devojcinja site ve vlecam za nosinjata :) Za site da se raduvame. Inaku jas od poodamna sum na forumov. Treto in vitro. Minatiot pat nemase srceva akcija. Ovoj pat da se nadevame deka se ke bide ok. Site tri vo Remedika kaj d-r Dimitrov. Prvite tri dena doma, a posle na rabota, normalno so pripazuvanje. Spored mene mnogu pomogna toa sto nemav mnogu vreme za razmisluvanje.
Lolla crinone ke ti dadat cela kutija vo Remedika, normalno ke si ja platis :)




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.6.2014 19:19:52)

Dali nekoja od vas imapieno b kompleks so folna kiselina jas gi kupiv denes od zegin29 den I prvpat ke gi pijam




Страница: <<   < Претходна страница  58 59 [60] 61 62   Следна страница >   >>