Што денес направив за себе? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Bethany -> Што денес направив за себе? (18.11.2013 17:34:27)

Секој ден може да направиме барем едно нешто за себе, за денот да ни биде поубав!
Дали е тоа лакирање нокти, нова фризура, музика за душа или едноставно топла, миризлива бања, што било што ќе не исполни или освежи.

Па да размислиме и да се поттикнеме.... што денес направивте само за себе?




mommy_angels RR -> RE: Што денес направив за себе? (18.11.2013 21:02:23)

Е баш ништо,а и кога ќе подразмислам,не ни можам да се сетам кога последен пат направив нешто за себе-нелакирана,нефарбана,итн,итн. Бурен период позади нас,па со тоа се тешам,ама мора да превземам нешто под итно,почнав да се чувствувам истрошено [sm=smiley13.gif]




AneLav RR -> RE: Што денес направив за себе? (19.11.2013 8:57:39)

Вчера додека спиеја децата си направив една плетенка на страна, ја видов на интернет и се израдував што ми успеа. Повеќе работи за себе не можам добро е и ова што успеав. Темава „што денес направив за себе“ , ама јас за вчера пишувам ама ако направам денес нешто ќе пишам пак[sm=smiley36.gif]




Tanjat7880 -> RE: Што денес направив за себе? (19.11.2013 9:42:55)

Pishuvam za vcera:
-Se izbanjaF,onaka poleka I merakliski
-Se nalakiraF
-Se isfeniraF oti morashe de da se isusham
Posle naporniot I pretrupan vikend ova seto mi dojde cista 5KA[sm=smiley1.gif]




Martins mom -> RE: Што денес направив за себе? (19.11.2013 9:47:41)

Си задов 3 дена од одморот и после тоа го отворам породилното.Се надевам во меѓувреме ќе се породам.[sm=smiley36.gif]Навистина,доста се мачев со мешето до заби[sm=smiley1.gif]




Hunny -> RE: Што денес направив за себе? (19.11.2013 13:04:21)

Веќе три недели, а ја почнав и четвртата, правам нешто за себе. Почнав конечно да внимавам на храната и да ви кажам после подолг период ја видов 5-та во мојата килажа. Не сум дебела, висока сум 172 и имам 58 кг. , ама некако се чувствував тромаво. Не држам диета, само внимавам што јадам и се чувствувам многу поубаво и полесно.




Felly RR -> RE: Што денес направив за себе? (27.11.2013 22:56:33)

Си се исфарбав. [sm=smiley36.gif] Неочекувано, завршив порано на работа, па ми остана време.




zzaa -> RE: Што денес направив за себе? (28.11.2013 0:43:45)

Се излакирав.




deluxe -> RE: Што денес направив за себе? (29.11.2013 18:31:09)

Денес направив мал шопинг и си ги средив веѓите




sandriana RR -> RE: Што денес направив за себе? (30.11.2013 11:35:51)

Си ја олеснив душава со еден контра - став - муабет, на личност што обожува да соли памет, а јас се трудам да не се објаснувам [sm=smiley36.gif]. И многу убаво ми дојде [sm=smiley36.gif]




deluxe -> RE: Што денес направив за себе? (30.11.2013 11:55:08)

Сеуште ништо(доколку не се смета јадење,и пиење кафе) Ама пак затоа одручек сум на третман за разубавување,фризура и шминка[sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Што денес направив за себе? (30.11.2013 19:18:12)

Си купив книга. Многу убаво ми дојде иако сеуште не сум почнала да ја читам. Чудно, како купувањето книга делува смирувачки врз мене.




Bethany -> RE: Што денес направив за себе? (15.12.2013 21:47:53)

Денес излегов на една опуштена прошетка, и колку и да ме мрзеше, всушност многу ми пријаше,
си купив чоколадни стапчиња и сега ќе ги јадам без да бројам залаците [sm=smiley36.gif] (добро ова не е нешто за моето општо добро, ама за моментално задоволство итекако е добро [sm=smiley36.gif])




Палешка РР -> RE: Што денес направив за себе? (15.12.2013 21:59:25)

Стигнав само едно кафе насамо да си испијам и да се избањам...и многу ми е дури...[sm=smiley5.gif]




amelbebe -> RE: Што денес направив за себе? (22.12.2013 13:48:01)

si pravev generalka na teloto od chupanje do brazilska depilacija[sm=jezicek.gif]




Hunny -> RE: Што денес направив за себе? (22.12.2013 18:49:13)

Исто[sm=smiley36.gif] Се чупав, депилирав, фарбав, се избањав и тоа. Што убаво се чувствувам[sm=smiley36.gif]




kapina -> RE: Што денес направив за себе? (22.12.2013 18:54:51)

Nisto na rabota bev




Defne90 RR -> RE: Што денес направив за себе? (23.12.2013 0:06:40)

Nisto cel den rintam i cistam niz domot stignav samo zabite i liceto sabaljeto da si gi izmijat.




Melanija RR -> RE: Што денес направив за себе? (28.12.2013 13:52:23)

Конечно бев на фризер и ја скратив косата, ужасно ми паѓаше па пола коса во аут




Мамичка85 -> RE: Што денес направив за себе? (28.12.2013 14:08:14)

Epa Melanija so zdravje da si ja nosis novata frizura hahah jas se sisav pred edno dve nedeli taka pokratko da ne mi smeta za [sm=duda.gif] inace sum srekna sto vo ponedelnikot napraviv remont na kozmeticar depilacija,pedikir i manikir sega [sm=duda.gif] neka iskacan na mazno duri sum taze hahah sreka sto gi imam niv oti ko sto sum fatena za tie raboti pobrzo ke se unistam otkolku da se sredam [sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Што денес направив за себе? (28.12.2013 16:45:37)

е вчера се издепилирав [sm=smiley36.gif],
а денес ја сменив батеријата во мојот омилен саат и ќе ги налакирам ноктите [sm=smiley14.gif]




Defne90 RR -> RE: Што денес направив за себе? (31.12.2013 0:11:26)

Eve jas sega gi nalakirav noktite pred dvaeswetina minuti,si se izdepilirav gi srediv vegite i ke se podgotvuvame poleka za docekot na novata godina.Pa redno e nesto i za mene da storam.[sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Што денес направив за себе? (1.1.2014 15:33:20)

Ве замолувам да се придржувате кон темата. Секој оффтопик ќе биде избришан.

Значи темата со конкретен наслов бара и конкретен одговор, а чат муабети (желби и честитки) се дозволени во темите како Кафемат.
Се заради полесно снаоѓање и темите да ни бидат содржински. Благодарам.




Defne90 RR -> RE: Што денес направив за себе? (7.6.2014 0:57:22)

Денеска се исфарбав и ептен ми се погоди нијансата,се чупав,се бањав, и тоа.И успеав да се напијам и едно кафе на раат со другарка ми без да вардам малиот да не го истури.[sm=smiley1.gif]




princessa -> RE: Што денес направив за себе? (7.6.2014 9:37:06)

Пред малку си ставив масло од црно семе на косата па за некој саат ќе ја измијам. Со последната фарба што ја користав ме пече уште скалпот па мора да го третирам. А може и уште нешто ќе направам, денот само што започнал[sm=smiley1.gif]




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>