Elce -> RE: Со второ дете е секогаш полесно??? (30.11.2013 21:50:02)
|
Лага.Многу е потешко особено ако се мала разлика,барем јас така мислам сега,моите се разлика 2 години и 1 месец.Можеби малку полесно е во однос на стравовите ама пак ги има барем кај мене.Првите две недели имав помош од мм и бев среќна,потоа бидејки на второво дете му крвареше папчето прими вит К, и толку негативно тоа го доживеав после исчитани многу страни на интернет бидејки леков го поврзуваат со канцер во детска возраст,јас осетлива после породување и еве четири месеци поминаа јас неможам да заборавам и се наогам во некоја постпородилна состојба да не речам депресија.Од кога се роди второто дете, а тоа е сонце постојано насмеано,првото стана многу немирно,нервозно,постојано привлекува внимание,го тепа,го гребе,знае и да го бакне ама во следниот момент ке изрази некое незадоволство и ке го удри со главата,а тоа повлекува постојано да викаш по него НЕ,немоја така,а со тоа и напнатоста и нервозата мегу нас возрасните,претходно во нашиот дом,тон не повишувавме.Кога ке го земам да го дојам,големово одма, вика ми се кака,ајде одма трчам да го однесам да кака,пелените ги фрливме пред 2 -от роденден,за сега повторно да ми мочка во гаќи,кажува ми се мочка но веќе почнала да мокри.По цел ден сум сама со нив мм на работа,ненаспана и со огромни кафени кругови околу очите.Да не ми се случеше тоа со второво дете,иако сите ме убедуваат дека нема да има последици во иднина,можеби ке ми беше полесно барем психички немаше да се оптеретувам со тоа,физичкиот дел се издржува.На почеток се нервирав дека неможев да седнам да јадам,нели обврски цело време,сега си викам кога ке стасам тогаш ке јадам.И кај нас сега на 4 месеци детево спие кратко,дали да измијам садови тој период или да ставам ручек да се готви или на поголемово да му посветам внимание?Се надевам дека ке биде полесно понатаму,ако биде :)
|
|
|
|