Bethany -> RE: Со второ дете е секогаш полесно??? (11.12.2014 14:40:10)
|
Ха, темава [sm=smiley36.gif] Е па живи, здрави, наскоро да видиме. Јас се искрено надевам дека ќе ми биде полесно од аспект на растење на бебе. Со првото сами, нели на се се стресуваш, какаше ли, јадеше, затрепка со очите, кивна, што му стана, да не е болен? [sm=smiley36.gif] Повеќе се притресуваш бидејќи не знаш, немаш искуство. Па во тој поглед се надевам дека ќе бидам порелаксирана, дека ќе сакам повеќе да уживам, помалку да се замарам. А и највероватно ќе немам толку време да се замарам, бидејќи пак ќе треба да балансирам помеѓу две деца. Од друг аспект треба да се најде баланс, двете деца, различни потреби, дупли обврски, тоа сигурно ќе е потешко, верувам посебно првите две години додека бебето не порасне, па после кога малку се осамостали, влегуваш во форма, тие можат сами нешто да се занимаваат и слично. Од финансиски аспект дефинитивно е дека се зголемуваат трошоците. Ајде не во почетокот толку бидејќи имам креветче, кадиче, други пропратни бебешки елементи, ама тргнувајќи од облека, бидејќи е женско, па се друго, итекако ќе се дупли трошоци. Јас сега на Јаков му купувам чизми и патики од 2000 денари, после ќе бидат трошоци пута два, па сега или ќе имаме или ќе мораме да наоѓаме поефтина варијанта. а тек понатаму, еххеее нема крај [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|