|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  8 9 [10] 11 12   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прва нова храна на бебето
20.4.2010 15:58:19   
topce
ние од јули почнавме да и даваме патлиџан и цело лето си го јадеше.
едноставно обожава салати, 8 месеци имаше отприлика ама не гледам зашто и порано да не почнете само ако си од Македонија јас би почекала природно да созреат па после пак ќе и давам.
а за цвеклото го јадеме од една година и 2 месеци и не појави реакција и покрај тоа што имаме некоја недефинирана алергија во носот, дури и алергологот ни рече дека чим го јаде супер за нејзе ама обавезно да е варено или ако е зимница тогаш со обичен оцет не со есенција.

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 226
   RE: Прва нова храна на бебето
24.4.2010 17:00:35   
Палешка РР
Ме интересира по колку време после јаболкото смеам да дадам морков? Миа повеќе од пет дена јаде и пие јаболко и луда е по него user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 227
   RE: Прва нова храна на бебето
24.4.2010 17:03:29   
MamaOhrid
Мислам дека веќе можес, бидејќи јадела јаболко 5 дена. Се практикува 5-7 дена еден ист вкус. Така да можеш морков, а после јаболко и морков. 

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 228
   RE: Прва нова храна на бебето
24.4.2010 20:15:16   
Палешка РР
Фала Мамаuser posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот MamaOhrid)
Непосредна врска до пораките: 229
   RE: Прва нова храна на бебето
30.4.2010 13:19:57   
Палешка РР
И од оризот на HIPP повраќаме user posted image Значи повеќе не смеам ништо што содржи адаптирано млеко user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 230
   RE: Прва нова храна на бебето
30.4.2010 13:24:05   
Adrijana
denes Eva se najade gotova kasa od hipp od praska, ama kako slatko si ja izede, so kef ja naranivuser posted image
utre za rucek imame oriz so spanakuser posted image

_____________________________



(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 231
   RE: Прва нова храна на бебето
12.5.2010 12:32:15   
Leonida
Веќе неколку дена пие по малку сок од јаболко, денес и дадов сок од круша и не го сакаuser posted image
Имам една дилема. Дали после секој нов вкус што ќе го конзумира како сок, треба да се даде каша од истото или се даваат прво повеќе видови на сок, па потоа каши?

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 232
   RE: Прва нова храна на бебето
12.5.2010 12:50:02   
MamaOhrid
Леонида, јас кога почнував со друга храна му давав кашички, а не сокчиња. Прво јаболко 4-5 дена, после морков 4-5 дена, после јаболко и морков заедно. После круша, па јаболко и круша заедно. Па банана, па јаболко и банана заедно. Па кајсија, па банана и кајсија ... И така започна се да си јаде. Исто така кога зајадуваше друга храна му давав и млечна кашичка на Hipp, Baby First Milk Pap која се приготвува со вода.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 233
   RE: Прва нова храна на бебето
12.5.2010 13:17:46   
Палешка РР
Јас кога почнувам со ново овошје прво и го давам како сок (само денес и дадов 2-3 лажички банана-прв пат)
2-3 дена како сок, потоа 2-3 лажички каша и постепено зголемувам. Ако си почнала со сок од јаболко, сега почни со кашичка, па потоа сок од морков, па кашичка, потоа помешај ги, потоа круша, банана итн. Миа е многу проблематична за нови вкусови и опстипација, но со ваков редослед немаме проблем. Ајде успешно јадење user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот MamaOhrid)
Непосредна врска до пораките: 234
   RE: Прва нова храна на бебето
12.5.2010 14:46:13   
Maria
Андреј за три дена ке полни 4 месеци,но се двоумам да почнам со сокчиња и кашички,затоа што напредува повеке одколку што треба.На последната контрола пред две недели имаше 8 450 гр.user posted image Што мислите,дали да почнам?

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 235
   RE: Прва нова храна на бебето
12.5.2010 14:47:56   
ripce
Мое мислење... консултација со матичниот д-р, тој/таа најдобро ја знае здравствената состојба на твоето дете, и може да ти каже дали може да почнеш со дохрана.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 236
   RE: Прва нова храна на бебето
12.5.2010 14:48:43   
big_mama817
јас сметам дека треба да почнеш баш убаво за него што напредува машала но сепак треба да почне да се навикнува и на нова храна снаа ми од братучед исто така малата добро одеше во килажа но сепак од 4 месеци почна да и дава печено јаболко сокчиња од јаболкоuser posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 237
   RE: Прва нова храна на бебето
12.5.2010 14:51:53   
matushka
Јаs na Mateja prvata ovoshna kashicka mu ja dadov tocno na 4 mes. Inaku nekoi pedijatri vikaat da se pocne so dohrana od 4-ti mesec, drugi da se poceka do 6-ti. Kako i da e, mozes da mu dades edna, dve lazicki kasha od jabolka (svarena) cisto kolku da osteni nov vkus, pa sekoj den malku po malku da en naviknuva.

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 238
   RE: Прва нова храна на бебето
12.5.2010 14:53:44   
Viktori
Јас мислам дека на четири месеци може сокче постепено, по лажичка две на ден, зошто да не. После некоја недела и кашичка исто така постепено.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 239
   RE: Прва нова храна на бебето
14.5.2010 11:33:13   
Палешка РР
Денес пак ќе јадеме банана, преку еден ден затоа што доби краткотрајна опстипација проследена со вриштењеuser posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 240
   RE: Прва нова храна на бебето
14.5.2010 11:52:00   
MamaOhrid
Син ми обожава банана user posted image , но не и опстипацијата што секогаш ја добива од неа. Морам да му ја скратам во менитоuser posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 241
   RE: Прва нова храна на бебето
18.5.2010 9:36:41   
caci=
zdravo zdravo   mojot dragance  ima 3 meseci i 14 dena i kako sto se blizi vremeto       ne znam kako  ke pocnam i so kakva hrana prvo da pocnam ve molam dajtemi nekoj predlog.  a zasega maliov mi e super i super mi napreduvat    po 1000    skoro sekoj mesec   teskisme 6300. ne go dojam  pie nan1. ve molam pomognetemi

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 242
   RE: Прва нова храна на бебето
18.5.2010 9:46:25   
melody
Zdravo caci.Zatoa sto mu davas formula gledaj od 4 mesec da pocnes so dohrana moj sovet ,a mislam deka i pedijatarot istoto ke ti go kaze i toa najprvo sokce od jabolce ednas dnevno.Ke mu dades dve tri lazicki za proba i postepeno zgolemuvaj ja dozata.Posle 5-6 dena mozes da premines na sok od krusa,praska, morkov. i niv davaj gi postepeno da se navikne na vkusot ,a posle mixaj.Isto taka gledaj po malku i pire od jabolkata da pocnes da davas no posle 4 i pol meseci.
Druga rabota ne go ostavaj samo na blag vkus da se navikne nego pocni od 4 i pol meseci i so zelencuk,kompir,morkov oriz se postepeno kako i so jabolkoto.

(Одговор на членот caci=)
Непосредна врска до пораките: 243
   RE: Прва нова храна на бебето
18.5.2010 9:46:55   
Палешка РР
Добредојде цаци user posted image
Еве и мојата ќерка наполни скоро пет месеци, а почнавме со дохрана на четири. Прво со сок од јаболко, а потоа со кашичка. Важно е да знаеш дека секоја нова храна се воведува постепено, прво по неколку лажички - до цел оброк, се дава најмногу пет дена истата храна, а потоа се воведува нова. Состојките кога се даваат прв пат не се мешаат (нпр јаболко и морков) туку секоја поединечно. Новата храна се дава наутро.
Педијатрите имаат поделени мислења со што прво да се почне, овошје или зеленчук. Зеленчукот би имал блуткав вкус, а овошјето е благо, па детето поубаво го прифаќа. Што и да решиш, со среќа нека ви е хранењето со лажиче user posted image

< Поракaта ја уредил Палешка -- 18.5.2010 9:47:50 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот caci=)
Непосредна врска до пораките: 244
   RE: Прва нова храна на бебето
20.5.2010 15:51:45   
Snowhite RR
Доплонителна исхрана Дополнителна исхрана значи додавање цврста, немлечна храна и течности на вашето доенче кое и понатаму треба да продолжите да го доите.   Зошто е потребна дополнителна исхрана? Со растењето и со зголемувањето на активноста на бебето, само мајчинотот млеко не може да ги задоволи потребите од градивни елементи, енергија, железо, други минерали и витамини.Навременото воведување на доплнителна храна која одговара на возраста на бебето му овозможува добро здравје, раст и развиток во периодот на најинтензивно растење.Додавањето на дополнителна храна му помага на детето да ги развива и усовршува нервно-мускулните активности.   Кога треба да му дадете на бебто друг вид на храна освен мајчино млеко? Внесувањето на други видови хранливи продукти свен мајчино млеко се препорачува по шестиот месец.   Обично бебињата во оваа возраст можат да седат, да ја отворат устата, да ја прифатат лажичката и да ја голтнат приготвената храна која не е добро познатотот мајчино млеко.Ако е детето родено предвреме или е болно и има проблеми со исхраната со доплнителна исхрана треба да одложи после деветиот месец.Понекогаш има потреба од внесување на доплнителна исхрана и пред шестито месец, но то ане смее да биде пред крајот на 4-иот месец, за што треба да се посоветувате со педијатар.Истовремено со започнатата доплонителна исхрана продолжете со доењето затоа што мајчиното млеко е најдобар вид на млеко за вашето бебе. Тоа не е само храна, ами истовремено го заштитува и му помага во растот и развитокот. За сите прашања во врска со доплнителната исхрана кои си поставувате како родители треба да разговарате со педијатарот кој се грижи за вашето дете.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 245
   RE: Прва нова храна на бебето
20.5.2010 15:52:47   
Snowhite RR
Основни препораки при воведување на доплнителна исхрана
Иако се препорачува додавање на цврста храна по шестиот месец, не заборавајте дека секое дете има сопствен развој. Ако првиот обид за хранење со лажичка не ви успее, тоа не е причина за разочарување и откажување. Следниот пат трпеливо, спокојно и насмеано понудете му мало количество (1-2 лажички) од приготвената храна која не треба да биде многу студена, ниту претопла. Многу се важни и средината и условите во кои го храните. Кога е време за оброк, најдобро е да го сместите во безбедно столче или да го држите во прегратка , добро исправено. Потребен е спокон и тивок пристап, трпеливо прилагодување кон ритамот на голтање на секое лажиче храна, како и прекинување со хранење кога тоа не сака повеќе. Не присилувајте го да го изеде се што е ставено во чинијата. Апетито на детето е променлив, а зависи и од количината и калориската вредност на претходниот оброк.Кога ќе поченете со додавање на храна на бебето, правете го тоа внимателно и постапно.Секоја нова храна во почетокот давајте ја во мали количини, а потоа зголемете ја количината до полн оброк.При внесувањето на хранителен продукт за прв пат, во текот на следните 24 аса треба внимаелно да не се појават знаци за неподносливост како: повараќање, пролив, кожни исипи.Почекајте барем 5-7 дена пред да му го дадете следниот вид на храна.Во почеткокт (во шестиот и седмиот месец) се миксира, а подоцна треба да ја пасирате или ситно исечкате затоа што детето треба да научи да ја џвака храната.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 246
   RE: Прва нова храна на бебето
20.5.2010 15:56:46   
Snowhite RR
Кои видови на храна и како да се подготват?
Добро е да ја започните доплонителанта исхрана со сокови и каши од овошје и зеленчук. Продуктите треба да бидат зрели, свежи и здрави. Користет сезонски плодови или плодови кои вообичаено ги употребува семејствоото. Пред да започнете со подготвување на оброкот добро измијте ги плодовите и рацете, а потоа излупете ги. Од овошје се започнува со јаболко, праска, кајсија, дуња, банана, цреша и вишна, круша, грозје. Портокал, лимон, киви и цитрон, како и јагода, боровинка, малина, капина и ибизла ,ожат да предизвикаат алергиски промени и не треба да им се даваат на децата до крајот на првата година.Овошјето  треба да се дава свежо и да се користи веднаш после подготувувањето бидејќи витамините на воздух оксидираат и го губат нивното дејство. При подготвување на овошните оброци не треба да се  додава шеќер.Овошните сокови се воведуваат како меѓуоброк во количество од неколку лажички. Вкупната дневна количина на овоошен сок и кај поголемо дете не треба да надмине 100-130 мл, затоа што го намалува апетитот и внесот на други прехранбени производи, а може да предизвика и пролив или болки во стомакот.Првите каши подгответе ги од еден вид на овошје или зеленчук, а подоцна приготвувајте мешан оброк од повеќе производи кои детето претходно ги јадело. Од свеж зеленчук може да се подготви сок (домати, краставици, цвекло, морков) а од обарен зленчук разни видови каши.Се препорачува комбинација од еден подземен(коренесет) и еден надземен (лисест) вид зеленчук (компир со спанаќ, морков со карфиол, тиквичка со морков). Не додавајте сол! Зеленчукот содржи доволно минерали, а вишокот на сол е штетен за бубрезите.Мешункаст зеленчук (грав, грашок, леќа и боранија) им се дава на деца во последните три месеци од првата година. Се препорачува кусотрајно да се обарат, да се процеди водата, да се налее чиста вода и да се сварат. Потоа со пасирање пригответе пире. Избегнувајте да употребувате смрзнат зеленчук.

Житарици:

·      Од житните каши збогатени со железо прво се внесува оризот кој лесно се вари, а не предизвикува алергии. Потоа детето моше да јаде и каша од овес, јачмен, пченка. ·      Пченицата може да предизвика алергиски реакции и затоа производите од оваа житарица се внесуваат последни. ·      Житариците можете да ги измешате со овошна или зеленчукова кажа и да приготвите комплетен оброк.  

Месо и риба:

Месото се воведува во исхраната на доенчето во седмиот месец. Пригответе прво месни супи со кои се меша зелнечукот, а потоа миксирана месна каша. До крајот на првта година месото се дава варено, додека подоцна може да се употребува и динстано и печено месо.На детето му се дава прво бело месо од кокошка, немасно јагнешко или телешко месо.Во осмиот месец на доенчето може да му се приготви и црн дроб (јагнешки, телешки, пилешки) бидејќи е богат со железо, витамини и минерали. Но ако не сме сигурни дека црниот дроб потекнува од животно кое хрането со природна храна, не се препорачува негова употреба во исхраната на детето.  

Сувомеснати производи, паштети и сл. Не се употребуваат во исхрана на доенчиња и мали деца.  

Рибата може да ја воведете во исхраната после осмиот месец. Рибата мора да биде свежа. Се подготвува на тој начин што прво се вари, се отстрануваат мног внимателно коските и се додава пасиран зелнчук или житарици. Во семејствата оптоварени со алергија, риба му се дава на детето после првата година.  

Јајце:

Варена жолчка од јајце можете да му приготвите на детето во седмиот месец, додадена во зелнечукова каша или во сок. Варена белка од јајце безбедно, но претпазливо се додава во исхраната во втората година.  

Мед:

Мед не се препорачува во исхраната на децата во првата година од животот. Никако не го употребувајте за натопување на цуцлата која не треба воопшто да му ја дадете на вашето дете.

  Кога може да се додаде кравјо млеко и млечни производи?

Неадаптирано кравјо млеко не се препорачува пред деветиот месец. Кравјото млеко нема доволно железо, но содржи повеќе протеини и минерални соли кои претставуваат оптоварување на бубрегот.Секогаш пред употреба сварете го и чувајте го во фрижидер до приготвување на оброкот.Можете да употребите во детската исхрана јогурт и младо, несолено сирење.Во семјствата оптоварени со алергиски болести, кравјо млеко не треба да му се даде на доенчето до првата година. Ако сметате дека на вашето бебе му е доволно вашето млеко, советувајте се со педијатар за дополнителна млечна формула која треба да биде приготвена од протеини на соја.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 247
   RE: Прва нова храна на бебето
20.5.2010 15:58:09   
Snowhite RR
Здрави навики за исхрана – здрав живот

·      Најважна задача на семејството е кај детето да развие навики за правилна исхрана.
·      Веќе на возраст од една година тоа треба да се храни заедно со целото семејство. Затоа, внимавајте и на своето однесување на маса!
·      Разновиднaта, свежо приготвена храна, пријатна, мирна семејна атмосфера помага детето да стекне здрави навики за исхрана.
·      Не заборавајте дека дебелината или недоволната телесна тежина подеднакво можат да го загрозат нормалниот раст и развој на детето и да бидат причина за хронични болести во животот.
·      Редовно посетувајте го педијатарот за да го следите растењето на своето дете и да разговарате за најчестите проблеми на возраста во која е вашето дете.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 248
   RE: Прва нова храна на бебето
20.5.2010 16:03:08   
Snowhite RR
Ох се отепав од пишувањеuser posted image user posted image user posted image но се за рр мамичките кои почнуваат, почнале или треба да почнат со дополнителна исхрана. Ова е од една брошура која ми ја дадоа кога се породив. Се надевам дека ќе ви помогне во разрешувањето на вашите дилеми околу дохранувањето на вашите најмили. Некои работи можеби се поклопуваат со другите постови од оваа тема, а некои не беа спомнати никаде, па така ова нека е како едно резиме на оваа тема. Среќно!user posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 249
   RE: Прва нова храна на бебето
20.5.2010 17:29:27   
Rossana
Ti blagodaram SnowHite, ova ke go zacuvam vo kompjuterot zatoa sto znam deka ke mi treba za vo idnina. user posted image user posted image user posted image za tebe. user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 250
Страница:   <<   < Претходна страница  8 9 [10] 11 12   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  8 9 [10] 11 12   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?