Snowhite RR -> RE: Прва нова храна на бебето (20.5.2010 15:56:46)
|
Кои видови на храна и како да се подготват? Добро е да ја започните доплонителанта исхрана со сокови и каши од овошје и зеленчук. Продуктите треба да бидат зрели, свежи и здрави. Користет сезонски плодови или плодови кои вообичаено ги употребува семејствоото. Пред да започнете со подготвување на оброкот добро измијте ги плодовите и рацете, а потоа излупете ги. Од овошје се започнува со јаболко, праска, кајсија, дуња, банана, цреша и вишна, круша, грозје. Портокал, лимон, киви и цитрон, како и јагода, боровинка, малина, капина и ибизла ,ожат да предизвикаат алергиски промени и не треба да им се даваат на децата до крајот на првата година.Овошјето треба да се дава свежо и да се користи веднаш после подготувувањето бидејќи витамините на воздух оксидираат и го губат нивното дејство. При подготвување на овошните оброци не треба да се додава шеќер.Овошните сокови се воведуваат како меѓуоброк во количество од неколку лажички. Вкупната дневна количина на овоошен сок и кај поголемо дете не треба да надмине 100-130 мл, затоа што го намалува апетитот и внесот на други прехранбени производи, а може да предизвика и пролив или болки во стомакот.Првите каши подгответе ги од еден вид на овошје или зеленчук, а подоцна приготвувајте мешан оброк од повеќе производи кои детето претходно ги јадело. Од свеж зеленчук може да се подготви сок (домати, краставици, цвекло, морков) а од обарен зленчук разни видови каши.Се препорачува комбинација од еден подземен(коренесет) и еден надземен (лисест) вид зеленчук (компир со спанаќ, морков со карфиол, тиквичка со морков). Не додавајте сол! Зеленчукот содржи доволно минерали, а вишокот на сол е штетен за бубрезите.Мешункаст зеленчук (грав, грашок, леќа и боранија) им се дава на деца во последните три месеци од првата година. Се препорачува кусотрајно да се обарат, да се процеди водата, да се налее чиста вода и да се сварат. Потоа со пасирање пригответе пире. Избегнувајте да употребувате смрзнат зеленчук. Житарици: · Од житните каши збогатени со железо прво се внесува оризот кој лесно се вари, а не предизвикува алергии. Потоа детето моше да јаде и каша од овес, јачмен, пченка. · Пченицата може да предизвика алергиски реакции и затоа производите од оваа житарица се внесуваат последни. · Житариците можете да ги измешате со овошна или зеленчукова кажа и да приготвите комплетен оброк. Месо и риба: Месото се воведува во исхраната на доенчето во седмиот месец. Пригответе прво месни супи со кои се меша зелнечукот, а потоа миксирана месна каша. До крајот на првта година месото се дава варено, додека подоцна може да се употребува и динстано и печено месо.На детето му се дава прво бело месо од кокошка, немасно јагнешко или телешко месо.Во осмиот месец на доенчето може да му се приготви и црн дроб (јагнешки, телешки, пилешки) бидејќи е богат со железо, витамини и минерали. Но ако не сме сигурни дека црниот дроб потекнува од животно кое хрането со природна храна, не се препорачува негова употреба во исхраната на детето. Сувомеснати производи, паштети и сл. Не се употребуваат во исхрана на доенчиња и мали деца. Рибата може да ја воведете во исхраната после осмиот месец. Рибата мора да биде свежа. Се подготвува на тој начин што прво се вари, се отстрануваат мног внимателно коските и се додава пасиран зелнчук или житарици. Во семејствата оптоварени со алергија, риба му се дава на детето после првата година. Јајце: Варена жолчка од јајце можете да му приготвите на детето во седмиот месец, додадена во зелнечукова каша или во сок. Варена белка од јајце безбедно, но претпазливо се додава во исхраната во втората година. Мед: Мед не се препорачува во исхраната на децата во првата година од животот. Никако не го употребувајте за натопување на цуцлата која не треба воопшто да му ја дадете на вашето дете. Кога може да се додаде кравјо млеко и млечни производи? Неадаптирано кравјо млеко не се препорачува пред деветиот месец. Кравјото млеко нема доволно железо, но содржи повеќе протеини и минерални соли кои претставуваат оптоварување на бубрегот.Секогаш пред употреба сварете го и чувајте го во фрижидер до приготвување на оброкот.Можете да употребите во детската исхрана јогурт и младо, несолено сирење.Во семјствата оптоварени со алергиски болести, кравјо млеко не треба да му се даде на доенчето до првата година. Ако сметате дека на вашето бебе му е доволно вашето млеко, советувајте се со педијатар за дополнителна млечна формула која треба да биде приготвена од протеини на соја.
|
|
|
|