mami2 -> RE: Прва нова храна на бебето (3.12.2010 14:54:50)
|
Во врска со воведувањето на грав во исхраната се консултирав со Цвета Динева - нутриционист. Нејзин совет е деке може да се започне од 6 месеци, дека нашите традиционални ставови за „тешката“ сварливост се погрешни што зависи од начинот на подготовка. Ние мајките им даваме на децата многу потешки работи за варење: зденка, крем сирење, пудинг, кравјо млеко, кроасани, смоки, се` што е полно со адитиви и конзерванси... На двајцата им дадов грав од седум и седумипол месеци. Немаа проблем со гасови, грчеви и сл, дури има и многу добар ефект на столицата, ја омекнува и го прочистува организмот. Денес Анастасија јадеше грав со праз, морков, пашканат и малку путер блендирани со водата од гравчето.
|
|
|
|