Палешка РР -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (29.5.2010 15:14:55)
|
По се изгледа дека бремените жени не мора да се откажат од својата секојдневна шолја на кафе ако на неа се навикнале пред бременоста. Според известувањето на шведските истражувачи, конзумирањето на помали количини на кофеин во текот на бременоста не влијае на родилната тежина на детето ниту на должината на бременоста. Најновите студии не покажуваат никакво влијание од земањето на умерени количини на кофеин врз смалувањето на тежината на новороденчето или на динамиката на феталниот раст, вели др. Свен Натингис од одделот за медицинска епидемиологија на Каролинскиот институт во Столкхолм - Шведска. Др. Свен заедно со соработници, истражувал група од 900 бремени жени. Од жените биле земани податоци во првиот триместар, и повторно во текот на третиот триместар на бременоста. На двете интервјуа трудниците давале податоци за тоа колку кофеин земале пред и во тек на бременоста. Понатаму детално се земени сите податоци за конзумацијата на кафе, чај, чоколади, безалкохолни пијалоци или било какви лекови и препарати кои евентуално би содржеле кофеин. Учесниците биле проучувани за евентуалните хронични болести, прехрамбени навики, работни навики, образование, година на раѓање, тежина, висина, земање на алкохол и пушење на цигари. После обработката на податоците кои се однесувале на тежината на новородените деца и временскиот период за кој се децата носени, лекарите дошле до заклучок дека изложувањето на кофеин нема негативно влијание ниту врз едно новородено дете. Единствено кај мајките кои паралелно со конзумирањето на кофеинот употребувале цигари (никотин) биле нотирани податоци во врска со забавен фетален раст и раѓање на деца со ниска родилна тежина. Поранешните студии на др.Свен покажале врска помеѓу конзумирањето на кофеин во првите неколку месеци од бременоста со зголемениот ризик од спонтан абортус. Таквата поврзаност до неодамна била тема на жестоки расправии, вклучувајќи опозиција од научници кои наведуваат дека не постојат цврсти докази за негативното влијание на кофеинот во индицирањето на спонтаниот абортус. Како заклучок, овие студии укажуваат дека кофеинот треба да се избегнува во периодот на раната бременост, додека во подоцнежната бременост земањето на умерени количини на кофеин не би требало да го зголеми ризикот за било каква компликација до крајот на бременоста. Извор:Дневник
|
|
|
|