"Врските" во вашиот живот?! (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Сексуалност



Порака


mother 29 -> "Врските" во вашиот живот?! (31.10.2009 14:27:42)

Врски кои секоја жена мора да ги проба во животот
Пред "оној вистинскиот” со кој ќе го поминете животот, секоја жена би требало да има неколку попатни љубови. Постар фраер кој ќе и пренесе искуство, секси тип за една ноќ, летна љубов која ќе и остане во убаво сеќавање, лошо момче кој ќе ја научи да ја почитува добрината.

Па да тргнеме со ред.   

Прва љубов   
Секоја жена се сеќава на својата прва љубов и таа е како своевиден темплејт за идните врски. Без разлика на тоа колку време поминало од Вашата прва љубов, првиот бакнеж, првите пеперутки во стомакот никогаш не се забораваат.
Оттогаш, сигурно многу сте научиле, но првата љубов е нешто посебно што никогаш не бледее.     

Лошо момче   
Тој Ве "вози”, лаже, не одговара на повици, но Вие и понатаму се "палите” на неговиот заводнички поглед и прегратки кои Ви ги дава "во капки”. Можеби ќе треба да помине време да сфатите дека непочитувањето не е секси. Во секој случај, лошото момче ќе Ве научи да го цените добриот фраер, кога ќе Ви се појави во животот.

Летна романса    
Тој ќе Ви прати сангрија и ќе Ве заведе на плажа на зајдисонце. Со него ќе заборавите на обврските, на проблемите. Тој ќе направи да го поминета најромантичното лето, без обврски, без планови, без услови и засекогаш да остане во сеќавање како убава летна авантура.   


Врска на далечина   
Далечината ќе го пробуди кај Вас романтичарот кој сонува и пишува љубовни писма. Со него ќе споделувате доцни ноќни разговори. Со него, уште повеќе ќе уживате коха конечно ќе се видите. Само внимавајте романтичната врска во Вашата глава да не е илузија која ќе се згасне кога ќе откриете дека има уште неколку такви љубови.    

Постар фраер    
Тој е сериозен, софистициран и има доволно пари кои е спремен да го потроши на Вас и да Ве размази. Но, во секој случај, имал пари или не, постариот фраер ќе му даде нова димензија на Вашиот живот. Искусен, смирен, со веќе дефинирани цели, ставови и желби ќе Ви угодува како на принцеза. И нему нема да му биде лошо, со Вас ќе заборави на неговата поранешна жена и на кризата во средните години.    

Сексуален предатор   
Со него сте само поради сексот. Целата Ваша комуникација надвор од спалната соба, прекинува. Но, затоа во креветот е вистински мајстор. Со него, фрчат страсти и точно знае каде, кога и како да Ве допре.    

Недостапен
Мажот кој е недостапен, било да е оженет, живее далеку или е емотивно недофатлив, кај Вас ќе го пробуди ловецот и ќе се надевате дека токму Вие ќе бидете таа среќница која ќе успее да го трансформира. На Ваша несреќа, веројатна нема да успеете, но секако ќе биде интересен предизвик.    

Фраер за една ноќ   
Овој тип едноставно ќе Ви овозможи уживање и тоа ќе биде сексуално ослободувачко искуство, без никакви обврски. Со него ќе уживате без грижи дали ќе Ви се јави следното утро. Во тој момент ќе се чувствувате секси и полни со самодоверба. Уживајте во страствената ноќ и ослободете се од вината.

Тип кој Ве сака повеќе, отколку Вие него     
Тој ја користи секоја можност да Ви покаже колку Ве сака. Во друштво зборува колку сте посебни и горд е на Вас. Не е лошо да се биде со некој, кој толку многу Ве обожава.    

Флерт со девојка   
Било да се работи за бакнеж, страсни ноќи или само флерт, не е лошо да пробате и да видите зошто се дига толкава прашина околу тоа. Бидете за момент Katy Perry.   

Некој сличен на Вас    
Со овој тип имате многу заеднички работи, делите исти пријатели, интереси, кариера. Врска со "самите себе” може да биде добра, додека не почнете да се иритирате еден со друг со толку многу сличности.    

Модерен маж   
Тој знае да ја вклучи машината за перење алишта и знае да ги подели шарените од белите алишта. Не му е тешко да зготви за заедничките пријатели и ќе Ви помогне околу чистењето на станот. Не е лошо да видите како е да се биде во врска со ваков маж, но внимавајте, покрај него Вие би можеле да се почувствувате како посилната половина.    

Пријател кој Ви станал љубовник   
Тој ги видел сите Ваши мамурлаци, знае за незгодните детали од Вашето минато и добро му се познати сите Ваши љубовни промашувања. Врската со поранешниот пријател е најудобна врска, бидејќи најдобро се познавате.    

Оној вистинскиот   
И конечно вистинскиот. Смислата на врските и експериментирањата е потрагата по оној вистинскиот. Сите раскинувања, солзи, добри и лоши искуства водат кон него. Со него, разговорите се лесни, привлечноста е магнетска и двајцата ги сакате истите работи од животот. Тој можеби има малку од сето гореспоменато, но тој едноставно е совршениот микс.



ме инспирираше статијата да проговориме за нашето минато,врски ,љубовници,фраери,......кој од овие сте ги "поминале"?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

ајде ..размислете,пребројте и пријавете[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




ostoun -> RE: "Врските" во вашиот живот?! (31.10.2009 14:30:31)

Па некои биле и повеќе во едно[sm=smiley36.gif]




mother 29 -> RE: "врските" во вашиот живот?! (31.10.2009 14:35:11)

јас не пријавувам :врска на далечина,некој сличен на мене(нема шанси -два лава[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image])ке се потепаме во сексот кој да доминира[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image],флерт со жена,недостапен (ако е оженет).
и толку,другите ми поминале низ раце[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] 




penelopa -> RE: "врските" во вашиот живот?! (31.10.2009 20:06:05)

Јас пријавувам: Прва љубов, летна романса, врска на далечина и се разбира ВИСТИНСКИОТ[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] 




Bogdancanka -> RE: "врските" во вашиот живот?! (1.11.2009 12:06:08)

Јас пријавувам-Врска на далечина и оној вистинскиот[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




delfinka -> RE: "врските" во вашиот живот?! (1.11.2009 15:21:23)

kazi reci od se po nesto
ok ne bas od site kategorii,no se toa sto e najslatko e vistinskiot moj partner




Enika -> RE: "врските" во вашиот живот?! (1.11.2009 16:23:05)

prijavuvam: vrska na dalecina, prva ljubov, loso momce(ama ne opishan tuka nego dushovadnik, vrshenje na psihicka tortura do maksimum) i normalno vistinskiot:D




betpet -> RE: "врските" во вашиот живот?! (1.11.2009 18:29:38)

јас викам идеалниот што во примерите го нема:
да те сака , почитува, да ти помага, заеднички да работите се, да не се срамува од тебе, да не те посрамоти во друштво, да те поддржува во тие разговори кои се многу важни за големината на жената,животот да ти тече со разбирање и љубов, ноќите да се вредни за нивното постоење, да го посакуваш и тој тебе исто, по некогаш да ти свари кафе кога ке дојдеш уморна од работа,проблемите на кои наидуваме заеднички да ги одлучуваме, да се разговара на секоја тема која е веднаш прифатлива, и др позитивни нешта.
Тоа е идеалното, но сепак потркрепено со вредното-пари.




mami -> RE: "врските" во вашиот живот?! (1.11.2009 22:40:28)

уф..добра статија, додека ја читав се вратив низ времето и гледам дека сум поминала преку сите- освен флерт со девојка и модерен маж..се наежив, ми текна што се сум дозволувала, каква се кучка сум испаѓала и колку ми било убаво со оној за една нок[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]закон статија морам да признаам, сепак, оној вистинскиот- кој моментално не ми збори и седи до мене и чита некое списание- не би го менувала за ништо, и драго ми е што го запознав доволно добро за да се вљубам во него




profesorica -> RE: "врските" во вашиот живот?! (2.11.2009 7:36:43)

Пријавувам:

Прва љубов
Летна романса
Постар фраер
Тип кој ве сака повеќе од вие него
Некој сличен на вас
Модерен маж
Пријател кој ви станал љубовник
Вистинскиот

значи пола сум ги доживеала а пола не!али фино е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




peperutka* -> RE: "врските" во вашиот живот?! (2.11.2009 18:34:10)

Мојот сопруг е мојот некогашен најдобар другар и многу ми е ок со него бидејќи се знаеме еден за друг (во смисла на поранешни љубови, искуства и сл), а нешто пред да ја почнеме врската бевме и колеги на работа.
Признавам сум пробала и некои од овие типови лошо момче, тип кој многу ме сакаше за разлика од мене (ми беше пренапорен) а мојот сегашен е вистински, модерен маж (леле ама го исфалив ....)[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




arh_diz -> RE: "врските" во вашиот живот?! (2.11.2009 18:37:36)

prijavuvam
Prva ljubov
Vrska na dalecina
Tip koj ve saka poveke, otkolku vie nego
nekoj slicen na Vas
Moderen maz
Prijatel koj vi stanal ljubovnik
onj vistinskiot




Enika -> RE: "врските" во вашиот живот?! (3.11.2009 0:47:18)

pa ja vo spisokot mozam da dodadam i tip koj ve sakal poveke...bidejki toj sto go smetam za loso momce raka na rce i ne go sakav bash...moze negoviot los karakter se nadopolni da bide uste polos zaso znaese i osekashe deka ne mu gi vzvrakam istite custva!!!




mamicki -> RE: "врските" во вашиот живот?! (7.5.2011 11:41:21)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Врски кои секоја жена мора да ги проба во животот
Пред "оној вистинскиот” со кој ќе го поминете животот, секоја жена би требало да има неколку попатни љубови. Постар фраер кој ќе и пренесе искуство, секси тип за една ноќ, летна љубов која ќе и остане во убаво сеќавање, лошо момче кој ќе ја научи да ја почитува добрината.

Па да тргнеме со ред.   

Прва љубов   
Секоја жена се сеќава на својата прва љубов и таа е како своевиден темплејт за идните врски. Без разлика на тоа колку време поминало од Вашата прва љубов, првиот бакнеж, првите пеперутки во стомакот никогаш не се забораваат.
Оттогаш, сигурно многу сте научиле, но првата љубов е нешто посебно што никогаш не бледее.     

Лошо момче   
Тој Ве "вози”, лаже, не одговара на повици, но Вие и понатаму се "палите” на неговиот заводнички поглед и прегратки кои Ви ги дава "во капки”. Можеби ќе треба да помине време да сфатите дека непочитувањето не е секси. Во секој случај, лошото момче ќе Ве научи да го цените добриот фраер, кога ќе Ви се појави во животот.

Летна романса    
Тој ќе Ви прати сангрија и ќе Ве заведе на плажа на зајдисонце. Со него ќе заборавите на обврските, на проблемите. Тој ќе направи да го поминета најромантичното лето, без обврски, без планови, без услови и засекогаш да остане во сеќавање како убава летна авантура.   


Врска на далечина   
Далечината ќе го пробуди кај Вас романтичарот кој сонува и пишува љубовни писма. Со него ќе споделувате доцни ноќни разговори. Со него, уште повеќе ќе уживате коха конечно ќе се видите. Само внимавајте романтичната врска во Вашата глава да не е илузија која ќе се згасне кога ќе откриете дека има уште неколку такви љубови.    

Постар фраер    
Тој е сериозен, софистициран и има доволно пари кои е спремен да го потроши на Вас и да Ве размази. Но, во секој случај, имал пари или не, постариот фраер ќе му даде нова димензија на Вашиот живот. Искусен, смирен, со веќе дефинирани цели, ставови и желби ќе Ви угодува како на принцеза. И нему нема да му биде лошо, со Вас ќе заборави на неговата поранешна жена и на кризата во средните години.    

Сексуален предатор   
Со него сте само поради сексот. Целата Ваша комуникација надвор од спалната соба, прекинува. Но, затоа во креветот е вистински мајстор. Со него, фрчат страсти и точно знае каде, кога и како да Ве допре.    

Недостапен
Мажот кој е недостапен, било да е оженет, живее далеку или е емотивно недофатлив, кај Вас ќе го пробуди ловецот и ќе се надевате дека токму Вие ќе бидете таа среќница која ќе успее да го трансформира. На Ваша несреќа, веројатна нема да успеете, но секако ќе биде интересен предизвик.    

Фраер за една ноќ   
Овој тип едноставно ќе Ви овозможи уживање и тоа ќе биде сексуално ослободувачко искуство, без никакви обврски. Со него ќе уживате без грижи дали ќе Ви се јави следното утро. Во тој момент ќе се чувствувате секси и полни со самодоверба. Уживајте во страствената ноќ и ослободете се од вината.

Тип кој Ве сака повеќе, отколку Вие него     
Тој ја користи секоја можност да Ви покаже колку Ве сака. Во друштво зборува колку сте посебни и горд е на Вас. Не е лошо да се биде со некој, кој толку многу Ве обожава.    

Флерт со девојка   
Било да се работи за бакнеж, страсни ноќи или само флерт, не е лошо да пробате и да видите зошто се дига толкава прашина околу тоа. Бидете за момент Katy Perry.   

Некој сличен на Вас    
Со овој тип имате многу заеднички работи, делите исти пријатели, интереси, кариера. Врска со "самите себе” може да биде добра, додека не почнете да се иритирате еден со друг со толку многу сличности.    

Модерен маж   
Тој знае да ја вклучи машината за перење алишта и знае да ги подели шарените од белите алишта. Не му е тешко да зготви за заедничките пријатели и ќе Ви помогне околу чистењето на станот. Не е лошо да видите како е да се биде во врска со ваков маж, но внимавајте, покрај него Вие би можеле да се почувствувате како посилната половина.    

Пријател кој Ви станал љубовник   
Тој ги видел сите Ваши мамурлаци, знае за незгодните детали од Вашето минато и добро му се познати сите Ваши љубовни промашувања. Врската со поранешниот пријател е најудобна врска, бидејќи најдобро се познавате.    

Оној вистинскиот   
И конечно вистинскиот. Смислата на врските и експериментирањата е потрагата по оној вистинскиот. Сите раскинувања, солзи, добри и лоши искуства водат кон него. Со него, разговорите се лесни, привлечноста е магнетска и двајцата ги сакате истите работи од животот. Тој можеби има малку од сето гореспоменато, но тој едноставно е совршениот микс.



ме инспирираше статијата да проговориме за нашето минато,врски ,љубовници,фраери,......кој од овие сте ги "поминале"?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

ајде ..размислете,пребројте и пријавете[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


Ovie site da gi pominam- trebalo uste da sum nemazena, ili vo najdobar slucaj sega da go privrsuvam medeniot mesec [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] (imam 38 g.)




lukas -> RE: "Врските" во вашиот живот?! (7.5.2011 14:10:21)

Пријавувам:

Прва љубов
лошо момче
Летна романса
Постар фраер
Тип кој ве сака повеќе од вие него
Некој сличен на вас
Модерен маж
Пријател кој ви станал љубовник
Вистинскиот





Olivia -> RE: "Врските" во вашиот живот?! (8.5.2011 3:28:21)

Ma sve prijavuvam[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] zs da ne ?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Anonimen -> RE: "Врските" во вашиот живот?! (26.4.2012 7:55:01)

јас пријавувам најпрвин прва љубов,а воедно и врска на далечина.првпат сватив што е тоа љубов кога запознав едно момче,многу срамежливо и скромно,но сепак упорно да ме освои.на прв поглед ми бесе антипатичен,воопшто не ми се допаѓаше и ни на сон не помислував дека ќе се вљубам во него.но ете Тој беше упорен,правеше многу романтични нешта за мене,беше со мене секогаш кога имав потреба од пријател,и во најтешките денови.....така постепено на сите тие работи што тој ѓи правеше за мене,ме натера ЛУДО да се вљубам.и нтој беше вљубен во мене.[sm=smiley27.gif]и така ја почнавме врската.ни беше супер,никогаш се немавме скарано,гледавме колку може почесто да поминуваме време заедно.се беше супер.но по 4ипол месеци мораше да замине на печалба во др земја,таму беше и неговиот татко.дојде време да се разделиме[sm=smiley19.gif].таа последна ноќ,со солзи во очите[sm=smiley19.gif],силно прегрнати,не можевме ништо да си кажеме,ни беше тешко и на двајцата.и конечно одлета.па така .........




Anonimen -> RE: "Врските" во вашиот живот?! (26.4.2012 8:09:42)

па така останавме разделени.се повеќе копнеевме еден за друг,ми недостигаше.и јас нему.ми се јавуваше скоро секој ден.многу се сакавме[sm=smiley27.gif]му бев верна,го чекав да се врати.се врати после 6месеци поминати во туѓина,беше лето.отидовме заедно на одмор.но ете далечината си го направила своето.беше некако изменет,како ТОЈ да не е тој.не во физичка смисла,туку промена во чувствата.ми делуваше некако ладен спрема мене,како да не ме сака толку како порано.иако преку телефон се звучеше добро,сепак кога се сретнавме друго се однесуваше.не сакаше и толку често да се гледаме,иако само за престој во мк имаше 2недели.се чувствувах дека е со мене само заради тоа што ме запозна со неговите,па не знаеше како да ме откачи.не знам[sm=smiley25.gif]сеуште сум во дилема.што и да правев,нему му пречеше.се скаравме додека бевме на одмор.не раскинавме,но си замина без да разговараме за проблеите,и дали ке ја продолжиме врската,и во која смисла.сериозна или....




Anonimen -> RE: "Врските" во вашиот живот?! (26.4.2012 8:23:31)

си замина без збор.не се ни испративме.ми беше многу тешко.и така помина една недела откако си отиде,и ете ти го ЅВОНИ!бев многу среќна што го слушам,разговаравме,ми кажуваше дека ме сака,дека и нему му е тешко да бидеме лути,дека сака да бидеме заедно...дека му недостигам.и така јас се повеќе и ПОВЕЌЕ се вљубував во него.бев подготвена да умрам за него ако е потребно.но ДАЛИ И ТОЈ? од недела до недела,ми се јавуваше се поретко и поретко,се беше зафатен со работа,се изморен,нема време да разговара.јас се посомневав[sm=zmeden.gif].размислив дека можеби не ми е верен,дека има друга,и дека ќе биде со НЕА,а јас ќе останам сама чекајќи го.и така речив повеќе да не му бидам верна.[sm=zmeden2.gif].си фатив друг дечко.но со него уште бевме во контакт.не можев да му раскинам бидејќи го сакав многу.не знаеја ни двајцата во каква врска се.многу вешто го криев тоа.и така се се одвиваше многу добро,но како што велат НА ЛАГАТА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ...ПА...???????????




arh_diz -> RE: "Врските" во вашиот живот?! (26.4.2012 8:47:29)

Anonimen spored tvoeto opisuvanje , mislam deka si bila momentalno vljubena vo decko ti .Mislam deka mnogu pogresno si go razbRala decko ti , nesakal da te ostavi bidejki te zapoznal so negovite roditeli (cista glupost) , a smetas deka dokolku e toj nadvor od Mk ima druga.zivotot nadvor od MK i Mk mnogu se razlikuva




Anonimen -> RE: "Врските" во вашиот живот?! (26.4.2012 8:47:57)

така дојде времето кога тој што го сакам,требаше да пристигне во мк,а јас имав друга врска.сега не знаев што да правам.кого да лажам,со кого да бидам?се двоумев[sm=zmeden.gif].бев само сигурна во моите чувства.точно знаев дека НЕГО сеуште го сакам,и тоа многу,а другиот со кого бев,не ми значеше воопшто.бев само ради забава,побрзо да ми помени времето чекајќи ја љубовта.оставив чувствата да одлучат со кого ќе бидам.се разбира дека со оној вториот се разделивме.криев за моето неверство.се правев пред него како ништо и да не било.излегувавме,се гледавме,одев кај него,тој кај мене...врската сеуште ни беше сериозна.се додека некои "шпиони" кои ме виделе дека сум со друг,не ме наклеветија.јас секако одрекував,но....тој ми раскина.[sm=smiley19.gif][sm=smiley28.gif].и си замина.ми беше многу тешко.плачев ден-ноќ,срцето ми беше скршено[sm=smiley28.gif].требаше да поминат 8 месеци за повторно да го видам.копнеев по него.сите тие месеци бев депресивна.жалев за тоа што го изгубив.други не сакав ни да погледнам.ГО САКАВ САМО НЕГО.




arh_diz -> RE: "Врските" во вашиот живот?! (26.4.2012 8:55:36)

Spiuni ne te razbiram dokolku si go sakala zosto ne sum mu ja kzala vistinata deka si go izneverila.Ti go obvinuvas nego na nevideno ili smetas dokolku ti go izneveruvas nego ke te izneveri i toj tebe.Jas mislam ti nego ne go sakas vistinski stom si go izneverila




Anonimen -> RE: "Врските" во вашиот живот?! (26.4.2012 9:01:25)

лудо го сакав и почнав да полудувам без[sm=smiley34.gif] него.навистина ви зборувам.постојано бев раздразливе.западнав во депресија.се затворав во соба и плачев колку можам да издржам.не излегував,не се друзев со пријателки.се затворав сама меѓу 4ѕида и не комуницирав многу со луѓето.[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif].бев на работ на лудило.морав да побарам лекарска помош.не можев вака да живеам,па посетив психијатар.ми даде да пијам лекарства за депресија,со нив некако бев подобра,но длабоко во срцето сепак имав некоја тежина,болка,тага...што никако не можев да ја оттргнам од мене.длабоко во мене сепак жалев зошто се случи така,ЗОШТО ПОГРЕШИВ [sm=smiley25.gif]?Кога толку многу го сакав,зошто го изневерив?можеби така немаше да го изгубам?можеби сум била во заблуда дека тој ме изневерува?од ден на ден тежината во мене,наместо да се намалува,таа се повеќе се зголемуваше.но имав надеж.се надевав дека ме сака сеуште и кога ќе се врати,повторно ќе бидеме заедно,а можеби и засекогаш.СЕ НАДЕВАВ!Тоа ме одржа во живот.




Anonimen -> RE: "Врските" во вашиот живот?! (26.4.2012 9:13:42)

тој повеќе не сакаше да ми прости и ми кажа дека има друга,а јас да си го живеам својот живот и да не се надевам залудно.ме сакал,но да прости неверство,тоа никако не можел.се бакнавме за последен пат и се разделивме засекогаш.




arh_diz -> RE: "Врските" во вашиот живот?! (26.4.2012 9:16:51)

Znaci treba da go zaboravis i ti i da izvleces zaklucok od se sto se slucuilo.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>