RE: За или против планиран Царски рез! (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


kikitina -> RE: За или против планиран Царски рез! (29.1.2014 12:07:45)

Prvoto go rodiv so iten carski, bolkite ne gi ni osetiv, osven onie ne tolku strasnite podgotvitelni sto se veli. Za vtoro ako dade gospod ke odam na zakazan carski od prosta pricina da ne mi se sluci isto kako so prvoto, oti nikoj , ama bas nikoj ne moze da mi garantira deka ke bide se vo red ako se odlucam za priroden poragaj, oti site na klinika sto gi prasav zosto mi se odlepila postelkata i dali nekako moze toa da se kontorilra, site krevaa ramenici. Inaku ne sum protiv zakazan carski rez, sekoja zena treba sama da odlucuva za svoeto telo.




miana -> RE: За или против планиран Царски рез! (29.1.2014 12:27:33)

ИЗВОРНА ПОРАКА: blond

Живи и здрави, за второ планирам царски. Зошто? Затоа што со првото ми велеше докторот, мало е бебето, до 3200 макс, иако ехото покажуваше околу 3700 кога влегов во деветти (докторот што ми ја водеше бременоста, ме породи). И така цел ден со ненормални болки, 1 ден поминат од краен термин, за на крај да завршам со итен царски и со зборови на докторот кон мм: ќе гледаме да го спасиме бебето. А мм го прашал: А жена ми? Др рекол не знам ќе видиме. Бебе се роди 4050кг, јас сум ситна по градба, тесни колкови, не сакам да помислам што се ќе се случеше ако ме качеа на бокс. Можеби и двајцата ќе останевме осакатени.
Не сакам пак низ тој пекол да минам, повеќе од 10 саати да си со ненормални болки, ем гледа дека не бива и пак на сила природно та природно.
Евентуално би пробала со природно ако ехото покажува на ден на пораќај тежина на бебето помалку од 3500кг. Ама можеби.
Многу сакав природно, ама по она што го поминав, на секунда до природен пораѓај, а во сала да те носат и да не знаеш што се случува и зошто итен царски, не фала.
Братучетка моја се одлучи за второ со закажан царски, со првото исто беше закажано. од пусти страв од природен пораѓај. Па не е помалку мајка од останатите, нели?

Не сакам пак низ тој пекол да минам, повеќе од 10 саати да си со ненормални болки, ем гледа дека не бива и пак на сила природно та природно.


Јас со првото дете имав 15 часа невидени болки, со лазење по ходници и урлање ( види тема втора бременост - имам пишувано детали ) а со второто дете јаките болки почнаа 15 минути пред погарај а претходно 1 час имав смешни болки и затоа се зачудив кога ми кажаа дека сум 8 прста отворена ...Такада муабетот ми е дека не треба да ве плаши првата бременост.. Задолжителен царски најчесто одат оние кои со првата бременост ги породиле царски. Пак ке повторам дека не е мерило првиот пораѓај и од таа причина отворив тема ВТОРА БРЕМЕНОСТ за да идните мајки со втора бременост видат колку е полесно и сите искуства со втора бременост.
Да не се сватиме погрешно, јас немам ништо против царски рез или пак против оние кои што по свој избор ке се породат на тој начин, само си кажувам дека јас лично не би подлегнала на операција за нешто кое што може да оди полесно и природно.




niki -> RE: За или против планиран Царски рез! (30.1.2014 21:45:38)

mislam deka kaj vtororotki ne e problem stravot od bolka, nemanjeto hrabrost ili nesto slicno na toa, poveke problem e sto so sigurnost se znae kakov e tretmanot vo bolnicite kade si frlena sama pomegu nepoznati zeni so koi edinstveno zaednicko ti e bremenosta i sto nema da imas pri raka nikoj da ti olesni na bilo koj nacin, vo smisol psihicki da te potkrene, fizicki da ti olesni so masaza, so dopir, so ljubov bilo kako, sto ne se sledi tekot na poroduvanjeto tuku si brojka tamu pa po samo za niv poznati pravila vo odreden moment ke te pregleduvaat vaginalno, pa najcesto dur da se porodis ke te pominat nekolku smeni pregleduvaci, sto vo odreden moment ke ti stavat indukcija ili ke te vrzat na CTG vo lezecka polozba i koga kontrakciite te rasporuvaat i celoto bitie ti kazuva deka polesno ke ti bide da si kleknat, navednat, svitkan ti moras da lezis, i mozebi i nema da ti bide polesno no tamu ne postoi fleksibilnost da se proba nesto poinaku od protokolot koj go imaat za raganje, koe ete mozebi a mozebi i nema da pomogne
i se dodeka ne postoi taa fleksibilnost ke ima zeni na koi ke im bide polesno da zaspijat i koga ke se razbudat da imaat bebe i nekako ne mozam da gi osudam
a osobeno me nervira faktot sto sme drzava koja kao poddrzuva raganje pa za treto dete imame i nadoknada, ama kon rodilkite vo bolnicite se odnesuvame kako so kravi vo klanica i sme zastanale na samo dve opcii za raganje i nema mrdanje, svetot odi napred nie stoime, pa zamislete kaj nas uste nema poseta na rodilki i bebinja, i kaj nas seuste novorodencinjata na najbliskoto semejstvo gi pokazuvame preku prozor, tatkoto ne moze da prisustvuva na celiot proces na raganje na sopstvenoto cedo
mislam 21 vek sme malku pohumano doaganje na svet na nasite najmili bi bilo pozelno




Bethany -> RE: За или против планиран Царски рез! (30.1.2014 22:15:59)

Со царскиот рез тоа чувство дека си само бројка нема да го решиш, може само да си зголемиш проблемите, бидејќи операцијата е сепак подруго неголи природно породување. Па и најлоша епизиотомија не може да се спореди со зафатот како царски рез, и уште повеќе со царски рез ти треба некој да ти се најде за помош и поддршка итн.

За тоа флексибилноста изгледа зависи од болница до болница и од доктор до доктор. Еве јас пример се породив во државна и се породив во клечеќа положба, самата докторка така ми предложи, многу брзо се породив. Е сега тој последниот напон додека да се искачам на боксот ми беше ќе стигнам ли да се качам а бебето да не излезе, хехе, ама успеав помеѓу напоните.
Секако тука беше бабицата со инструкции.

Како и да е, не можам да влезам во нечија глава и да и го измерам стравот дали и колку е реален или не, затоа не можам да кажам дека сум против планиран царски. Вероватно секоја една жена ја знае разликата и е упатена, штом самата може да го направи изборот. Мојата снаа се одлучи на планиран царски, вероватно од некој си страв за неа оправдан.
Е сега исходот никогаш не може да го предвидиме, може да биде комплицирано и при природен и при царскиот, некои се и против епидуралната дури, нели немаме баш целосна контрола, ама сепак ако некој добро размислил и изразил желба- пак ќе речам зошто да не?
Јас лично не би одила на царски, ама затоа без епидурална не помислувам (мада да, реално и без епидурал ќе преживеам хехе, ама нејќам да преживувам, сакам да уживам што е можно повеќе [sm=smiley1.gif]).




niki -> RE: За или против планиран Царски рез! (30.1.2014 23:03:23)

ama jas ne zboruvav pogore za koga ke stignes na box tuku za casovite pred da stignes na box koi ne se malku
i jas se porodiv vo dva napona na box i toa vo lezecka pozicija, epten skolski za 5 minuti, ama od 12 do 18:00 dur da me odnesat na box lezev vrzana za CTG i toa moralo na grb so ispruzeni noze, mene toa na primer ne mi bese prirodno i taka mi bese mnogu potesko otkolku koga stoev pa za vreme na kontrakcii koga mozev da se podnavednam, da kleknam, da pravam joga vezbi, bilo sto sto ke mi prija vo tie momenti
isto taka stres mi predizvika sto na primer ne stroeja tamu za vaginalen pregled i vidov kako na prethodnata rodilka i go pukaat vodenjakot so tamu nekoja metalna sipketina
znaci ne mi bea tolku problem moite bolki kolku sto na seto toa bev izlozena na eden kup neprijatnosti tamu koi dodatno me voznemiruvaa i mi predizvikuvaa dodatni stravovi i stresovi
mislam deka mnogu rodilki mnogu popozitivno ke gledaat na raganjeto i ke bidat vo sostojba poveke da izdrzat ako za celo vreme gi sledi eden lekar, pa ako imaat nekoj svoj pokraj sebe od momnetot na vleguvanje vo bolnica do kraj (poroduvanje so pridruzba) ako se odvoeni od drugite rodiliki za da ne si predizvikuvaat panika pomegu sebe
mene na primer me jade griza na sovest za edna zenicka tamu, znaci jas bev porano otidena a taa podocna ama ne smestija vo ista rodilna sala i sega mene mi dojdoa jaki naponi nekako naednas i pocnav da vikam, taa se isplasi i taa pocna da vike ke ragala, jas se porodiv za 5 minuti a taa kutrata se macela 2 casa na box, na kraj nejzinoto bepce izleze izmrcvareno so povredi na glavata, izmaceno i uste dva dena taa ne mozese da si go dobie pokraj sebe zaradi toa sto ne mozea da go opraat od invanzivnoto poroduvanje, i zosto seto toa, zaradi toa sto ni taa ni jas ni nikoj ne moze da pretpostavi kako nekoj ke izreagira vo odreden moment i sto ke proizleze
ednostavno toa sto vo nasite bolnici vazi za prirodno poroduvanje po mene ne e i voopsto ne e humano nitu pak e nekoj blagoslov
bebeto koe se dobiva e edinstveniot blagoslov i toa kako i negovaata majka zasluzuvaat poinakvi uslovi vo koi za prv pat ke se zapoznaat




vezilka RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (31.1.2014 9:45:20)


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki


ednostavno toa sto vo nasite bolnici vazi za prirodno poroduvanje po mene ne e i voopsto ne e humano nitu pak e nekoj blagoslov
bebeto koe se dobiva e edinstveniot blagoslov i toa kako i negovaata majka zasluzuvaat poinakvi uslovi vo koi za prv pat ke se zapoznaat

a osobeno me nervira faktot sto sme drzava koja kao poddrzuva raga


Токму така, тоа што во нашиов контест се смета сза природно, според мене не нималку природно, имајќи предвид до каде е отидена медицината и што се може да се напави за да и се олесни породувањето на родилката и да го запомни тој мимент како убав. Еве три години се борам сама со себе да се убедам дека породувањето било убав момент од мојот живот, но, јас не можам јасно ни да се сетам на првиот миг кога ми го дадоа детето в раце. Не се сеќавам на него, но се сеќавам на чувството, фала богу заврши. Не беше неизмерна среќа и радост што си го гледам детето, туку фала богу заврши!




Melanija RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (31.1.2014 11:51:02)

Уф мора да се надоврзам на Ники не е стравот од болка туку стравот што се ќе видиш и чуеш, никој покрај тебе.
Еве стоев пред сестра давав податоци пред да ме спремат за царски.Во кревет до мене една трудница вика ,сестрата и вика не се врти го изместуваш ЦТГ-то,туфка уфка мене бебето почна да ми клоца и превртува.Тие 10 мин неможам да ги заборавам.Па што викаш толку де рано ти е,ајде викнете некој да ја провери да стави прст,рака,нога ...што треба [sm=zz_eek.png]
Во тој момент само си го галев стомакот и викав добро што сум царски




mimi 27 -> RE: За или против планиран Царски рез! (1.2.2014 2:57:25)

јас се породив со царски рез поради компликации, а инаку кога отидов во плодност со пукнат водењак ме прашаа како сакам да се породувам и дали сакам епидурална анестезија.. болките започнаа и кја мене траеа 12 часа меѓутоа не бев ниту еден прст отворена и бебето беше многу горе па ме пуштија со последните сили на царски. значи за породилните болки можам да кажам дека се болни ама не за такво викање како што се изначитав пред да одам на породување, сметам дека кај мене во голема мера влијаеа часовите во школата за бремени и самиот факт што во болницата се чусвтсвував сигурно.. болките си се болки посилни од менструалните и секако издржливи, а царскиот исто така не е лоша опција ме правеја со спинална анестезија будна цело време си го бакнав срцето мое .. раната ми е лепена истиот ден станав, од прв ден дома се грижев сама мислам со мм за малата (капење и слично) и после 40 дена веке нормално функционирав .. сум за планиран царски рез со мене двете што се породија беа со закажани царски и замислете нашминкани и насмеани весели со фризурчиња:)




AneLav RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (8.2.2014 13:04:14)

Јас и покрај тоа што имав „дебела врска“во ГАК докторот инсистираше природно да ме пораѓа затоа што двете бебиња ми беа главично свртени. Чувствував страв и знаев дека ќе боли потајно сакав да се породам со царски. После вештачки пукнат водењак и некои 12 часа поминати со инфузија за провокации , јас не осетив ниту најмала болка ниту пак контракција. Се отварав но немав болки. И после упорноста на докторот мораше да ме пораѓа со царски со спинална анестезија.Ме обзеде некое чувство на страв и ми доаѓаше да плачам како што се наближував до операционата но за среќа се супер се заврши. Си ги видов двете бебиња веднаш штом ги извадија, бев будна и супер поминав. После тоа ниту болка ниту некоја друга мака видов, буквално ништо, раната убаво си зарасна.И да ви кажам за епидурална анестезија без разлика дали имате или немате врски треба да се погоди моментот кога ќе ви ја стават, а за жал кај нас се уште нема доволно обучен персонал за епидурална па можам и да кажам и за спинална анестезија.




kromitce -> RE: За или против планиран Царски рез! (10.2.2014 11:22:49)

zdravo na site...jas i so prvoto i so vtoroto dete se porodiv so carski. Prviot pat najnormalno gi dobiv prvite bolki doma i vednas zaminav za bolnicata vo Cair. tamu 1o casa bev na boks iako doktorite znaele deka nema da ima moznost za normalno poroduvanje ( ova go doznav utroto koga dojde do smena na doktorite bidejki doktorkata sto dojde prva smena mu se iznavika na dezurniot doktor pa zasto me stavil na boks koga nemalo sansi da se porodam normalni, pa sto cekal do sega), za da se se zavrsi so carski rez bidejki bebeto em bilo golemo em zavrteno so glavata nagore. E so vtorovo dete se bese kako sto treba, i kilazata na bebeto ne bese pregolema a i namesteno bese kako sto treba. Moja zelba bese da se porodam normalno, no doktorot so koj razgovarav da me porodi insistirase da bide so carski so ogled na toa sto veke imav eden carski, pa i vozrasta si igra nekoja uloga ( inaku imam 38 god). povtorno se porodiv vo Cair, no sega bez stres bez prasanja od tipot sto ke mi pravat, sto ke bide, kaj me nosat i sl. se si projde kako sto treba so opsta anestezija (inaku imav pravo na izbor dali sakam opsta ili spinalna), zazdravuvanjeto kako i po sekoja druga operacija.
sepak dokolku imam pravo da biram sepak bi go odbrala normalnoto poroduvanje, dokolku nepostoi moznost za normalni i mora so carski...definitivno bi go isplanirala i bi zakazala.





bucko mal -> RE: За или против планиран Царски рез! (10.2.2014 11:55:14)

Jas nemam nisto protiv carskiot rez,sekoj neka si pravi kako sto misli deka za nego e najdobro.
Jas vtoriot pat otidov na zakazan carski,koj bese izveden so spinalna anestezija.Tolku mnogu se plasev od spinalnata tolku mi doajgaa crni misli,tolku panicev i na kraj izleze mnogu lesno i ednostavno.
Pred da vlezam vo operaciona sala imase cel tim so strucni lica koi me pripremaa psihicki.Vnatre vo operacionata sala kaga vlegov kako na gosti da sum,muabetenje,nekoja smeska ke padneshe,m
azle do mene i taka za pola saat se se zavrshi.Posle toa mi dava lekarstva nitu bolka oset_iv nitu nisto,cetiri dena vo bolnica se izodmoriv.Koga se vrativme doma odma pocnav so sekojdevnite raboti,sekako poleka nemozev da trcam[sm=smiley1.gif]
Za edna nedela pocnav da vozam i kola i zivotot si prodolzi najnormalno.
A za prviot carski poarno da ne pisuvam da ne isplasam nekoja trudnica.Se porodiv vo cair pred deset_ godini.Pred operacijata ne oset_iv bolku ama posle lele mislam poludev,so meseci nemozev da se oporavam.Me osakatija za cel zivot,kolkav vertikalen rez imam na stomakov i den denes ne mi e zarasten.




miana -> RE: За или против планиран Царски рез! (10.2.2014 12:33:21)

Ова ми влезе во очи денес и еве ке ви го ставам тука да го прочитате...
извор - моездравје.ком

Царски рез само при медицинска оправданост

Според насоките на Светската здравствена организација, секоја земја би требало да има најмногу 15 отсто пораѓања со царски рез годишно. Азиско истражување кое анализирало преку 100.000 пораѓања покажало дека жените кои сеcarski rezпородиле со царски рез без оправдана медицинска потреба се за 2.7 отсто посклони кон компликации отколку оние што родиле по природен пат.
Родилките кои се одлучиле на царски рез почесто и пообилно крвареле и биле изложени на 10 пати поголеми изгледи да бидат примени на одделот за интензивна грижа. Истражувачите од Светската здравствена организација предупредуваат дека царскиот рез би требало да биде решение само кога се јавува медицински оправдана потреба, бидејќи на тој начин се зголемуваат изгледите за компликации за мајката и за бебето.
Жените и нивните лекари кои планираат да изведат царски рез треба да разговараат за можните ризици и да донесат одлука врз основа на информациите – тврдат авторите на студијата и додаваат дека трендот на познатите личности како Викторија Бекам или Кетрин Зета Џонс треба да престане. Инаку, оперативниот вагинален пород е двапати поризичен отколку природниот , а царскиот рез е 10 пати поопасен.




LoveableMe RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (18.12.2014 10:33:19)


"Новото упатство за гинеколозите

Породување по природен пат, а не по желба на родилката со царски рез!

17 декември 2014 - 22:04
Новото упатство за гинеколозите кога можат да прават царски рез.Тоа значи дека родилките нема повеќе да се породуваат по желба и да бараат да им се изврши ваква интервенција само ако има медицински индикации.

Како што информина zdravstvo24.mk досега се случувало жените често да бараат да бидат породени на верски празник или на датумот кога се венчани. Согласно медицината базирана на докази – само по себе барањето на мајката не е индикација за царски рез.

Во праксата податоци на ФЗОМ за 2013 година се алармантни. Секоја втора охриѓанка и стружанка биле породени по пат на хируршка интервенција. Доста висок е и процентот на ниво на држава. Директорот на чаирската гинекологија д-р Мендух Јегени вели дека овие бројки можат да се намалат.

-Знаете, има и такви уште не влегле во ординација, а велат сакаме да се породиме со царски рез. Друга уште не останала бремена а кажува како сака да се породи. Секако, тоа не е во ред...Има барања ама ние одлучуваме дали може така-објаснува д-р Јегени.

Од 20.463 раѓања лани, 6350 биле со царски рез. Предностите од вагиналното породување , според гинеколозите се неспорни, но може да се интервенира хируршки кај постари родилки, близначка бременост и ХИВ позитивни.

И додека во земјава има драстично зголемување на породувањата со царски рез, во земјите од регионот ваквите интервенции се намалуваат.

Овој процент во Македонија е 29%, а во Словенија и Хрватска е за десет проценти помал."

Извор: daily mk




Cvekelencule -> RE: За или против планиран Царски рез! (18.12.2014 13:12:41)

Еве јас сум примерв за планиран царски рез во 38 недела и тоа за трето дете а двете ми беа природно пошто за второро одвај преживеав и јас и мојата ќерка.Со мојата докторка се договоривме само да влезам во 38 недела да не ме фатат болки за подоцна,и си поминав супер многу поубаво него за природните породувања за првото раѓав три дена со прснат водењак за на карај да завршам со вакум и скршена клучна коска , а за второто беше катастрофа големо бебе се заглави и не било до завртено и ја уништија десната рака има pleksus brahialis во превод парализарана рака и многу нервози и солзи и да не должам многу .Не сум воопшто против закажан царски рез поубаво царски рез него ли вакво катастрофални грешки поздрав до сите многу се запишав




LoveableMe RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (18.12.2014 13:32:20)

Cvekelencule, кај тебе било медицински оправдано, морало така и баш ми е жал што со претходните дозволиле така да се измачиш, но сега ќе запнат за сите што сакаат доброволно царски рез, ќе ги тераат да раѓаат без царски.

А што ако жената има уплав или одбива природно? Дали тоа не е поголем стрес за организмот и за бебето кога мајката во паметот не е опуштена и не сака да прифати природно породување?

Викаат странските искуства биле подобри, подобро природно, ама да видиме праксата што ќе покаже....




Cvekelencule -> RE: За или против планиран Царски рез! (18.12.2014 14:10:43)

LoveableMe RR
не знам што да речам ама времево толку страшно дојде да кога ќе рзабери човек дека си трудна страв да те фати од триста глупости што ги прават докториве сепак чест на исклучоци




deluxe -> RE: За или против планиран Царски рез! (18.12.2014 14:18:20)

Drugarka moja koja zivee vo stranstvo,kazuva deka tamu carski rez pravat ako dojde "noz do koska". Inaku ke the porodat prirodno pa sto sakas pravi[sm=smiley36.gif]Taa so prvoto dete se izmaci,na kraj deteto se rodi pomodreno od papocnata vrvca okolu vrat,ama nikako ne ja operirale.Za vtoroto zapna da se poraga tuka go MK,za DA si dogovori carski rez,poradi traumite so prviot poragaj.No ispadna kako sto treba,si pomina lesno I prirodno,bez nikakvi komplikacii.




Hopeful RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (18.12.2014 14:43:23)

Јас не знам што да мислам на оваа тема. Првпат кога прочитав, се согласив, со логика дека стварно се претерува кај нас со царските - никој не сака природно, а факт е дека ако се условите исполнети и ако е се во ред, подобро е од царски. Но во вакви случаи како Cvekelencule, апсолутно има индикации за царски, до толку што после може и тужба да си добијат за несоодветен пристап. Штета што кај нас се злоупотребуваше ова, и сега муабетов ќе стане толку гласен и јавен, па дури и тие со индикации за царски ќе треба по стопати да ги преиспитаат додека да се породат... Јас сум за природно, ако е се во ред, но не по секоја цена. И при најмало сомневање на ризик, одма сечење.




tincule -> RE: За или против планиран Царски рез! (18.12.2014 14:56:50)

Значи кај нас се злоупотреби овој начин на пораѓање па затоа и дојде до ова сега, секоја втора закажува царски. Самите доктори колку и нас бесчуствителни и без совесни да ни изгледаат верувајте но знаат што прават, ние знаеме и да си испаничиме поготово прворотките и страв и се и беља си правиме поголема на себе. Јас се породив природно имав болки но се издржуваа сум имала и такви менструални па не ми беше ништо ново. Но се што ми беше кажано од страна на стручните лица ги слушав колку и груби да беа и знаете ли колку полесно се породив. Секого фаќа паника и мене ме фати во еден момент и почнав да викам па сестрата ми се развика и се прибрав што одкако се породив и се заблагодарив па беше зачудена и ми кажа ретко кој ја разбира нашата реакција многу жени се лутат и тераат по свое а со самото тоа му отежнуваш на детето и што повеќе паничиш толку повеќе го гушиш бебето и беља ќе си направиш. Јас не сум за царски ако нема потреба, затоа што му правиш трауми на самото бебе со тоа што го вадиш не кога е оно спремно туку кога ти си решил. Се додека нема вистински потреба од царски поради здравствени причини како за бебето така и за мајката, мислам дека нема потреба да се закажува. Ако било убаво така да се породуваме зашто секој доктор инсистира на природно?




Melanija RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (18.12.2014 15:23:27)

Приказните дека било изборно се жими мајка.Така викаат но нема избор,освен ако не е во договор со докторот. Правиме муабет за желба а не зошто е медицински оправдано.
Од искуства како на Cvekelencule се јавува таква желба.Прво нека си ги намалат таквите вистински страшни приказни на трудните ќе сакаат природно.
Останувам на тоа дека трудница треба да оди на ЦТГ и разговор во болницата каде ќе се породува.И таму треба да е тоа поттикнување за природно.Затоа сум за до некаде изборно царски.




Cvekelencule -> RE: За или против планиран Царски рез! (18.12.2014 15:56:40)

Јас да ви кажам искрено ми беше страв на самата помисла дека ќе одам на царски рез и анестезиологот пред да ме земат на церски ама зошто на царски повеќе е поубаво природно ама од кога му ја раскажав мојата приказна со моите породувања кои завршија како завршија ми вика ајде смири сега ќе те заспијаме и ќе го сонуваш најубавиот сон,а претходно ме убедуваа да ми стават епидурална за да бидам свесна ама јас неќев ни да слушнам велев сакам да спијам и да ме рзабудите и да мижите дека е се во ред оти се нема израдувано со моите деца да плачам од радост туку сум плачела од мака




Defne90 RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (18.12.2014 16:18:07)

Мене најискрено ми нема никаква логика ова со законот за царски рез.Па фала богу,мое тело,мое право.Не ми е јасно зошто се навлегува да се донесува закон за вакви индивидуални работи.Според мене,секоја жена си има право да одлучи како сака да се породи и јас навистина не гледам ништо страшно во тоа а уште помалку зошто некому би му сметал личниот избор на една жена.




gina -> RE: За или против планиран Царски рез! (18.12.2014 16:33:13)

mojata sestra imase tri bremenosti i site tri i bea so carski vo Skopje zatoa sto bea rizicni prvata koja i zavrsi fatalno pod hitno e operisaa zatoa sto se borea za nejziniot zivot i bebeto sto morase da se potpise deka prvo nejze ce e spasuvaat neznam dali bese vo 7 mesec koga placentata i se odvoi od matkata i otece kako balon i otkazuvaa bubrezite, a maloto pozivea nekolku dena ne izdrza i poradi toa so vtoroto ja porodija odma samo sto eden den vleze vo deveti i so tretoto isto i bese kazano deka takov i e organizmot i deka sekogas ce bide vo rizicni trudnici se izvinuvam za se ova sto go napiasav no eve bi pobarala sovet i ako e daleku do mojot poragaj vo juli na jas se plasam i ako nesakam uste da razgovaram na ova so maticniot no dali i jas bi imala rizik kako nejzinite bremenosti dali moze toa da e nasledno i za da ne dojde do komplikacii jas bi sakala so carski poradi se ova sto go pisav pogore dali se gleda i toa deka nekoj blizok imal rizicni bremenosti zatoa sto stvarno sum isplasena uste sega




vezilka RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (19.12.2014 12:20:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR


"Новото упатство за гинеколозите

Породување по природен пат, а не по желба на родилката со царски рез!

17 декември 2014 - 22:04
Новото упатство за гинеколозите кога можат да прават царски рез.Тоа значи дека родилките нема повеќе да се породуваат по желба и да бараат да им се изврши ваква интервенција само ако има медицински индикации.

Како што информина zdravstvo24.mk досега се случувало жените често да бараат да бидат породени на верски празник или на датумот кога се венчани. Согласно медицината базирана на докази – само по себе барањето на мајката не е индикација за царски рез.

Во праксата податоци на ФЗОМ за 2013 година се алармантни. Секоја втора охриѓанка и стружанка биле породени по пат на хируршка интервенција. Доста висок е и процентот на ниво на држава. Директорот на чаирската гинекологија д-р Мендух Јегени вели дека овие бројки можат да се намалат.

-Знаете, има и такви уште не влегле во ординација, а велат сакаме да се породиме со царски рез. Друга уште не останала бремена а кажува како сака да се породи. Секако, тоа не е во ред...Има барања ама ние одлучуваме дали може така-објаснува д-р Јегени.

Од 20.463 раѓања лани, 6350 биле со царски рез. Предностите од вагиналното породување , според гинеколозите се неспорни, но може да се интервенира хируршки кај постари родилки, близначка бременост и ХИВ позитивни.

И додека во земјава има драстично зголемување на породувањата со царски рез, во земјите од регионот ваквите интервенции се намалуваат.

Овој процент во Македонија е 29%, а во Словенија и Хрватска е за десет проценти помал."

Извор: daily mk



Според мене сега ќе стане уште пострашно. Сега докториве ќе се плашат да оперираат од казни и чуда, па жениве ќе оставаат да се мачат до бескрај. И тоа што жени кои сеуште не се ни трудни а велат дека сакаат царски е заради трауматични приказни кои ги слушале. Стравот по мене е доволна причина за царски оти знае да направи проблем. Е сега треба нешто да се направи да се демистифицира стравот од породување кај жените, ама тоа сигурно не е со тоа што ќе се воведе ваков правилник за употребата за царски. И покрај тоа страво кај жените останал, не се решиле тие од него??




vezilka RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (19.12.2014 12:41:57)

Лелеее го читам одново и почнува нерва да ме фаќа. Па во која документација тие прочитале дека царскиот е по желба на пациентката???? Тоа и до се га не беше можно. Секаде пишуваа оправдани причини. А докторите се сложуваа на тоа не дека сакале да ви угодат, туку затоа што за тоа си наплаќаа по минимум двеста евра за направената услуга.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>