RE: За или против планиран Царски рез! (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


vezilka RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (22.12.2014 12:22:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR

Се правиме сите феминистки а се што гледам по ваквите теми е чиста мизогенија. Очигледно во борбата за еднаквост и права на жената жените се најголемиот непријател на себе.


Абе те обожавам, точно и прецизно во целта.

И повторно не ставија на осуденичко столче оти сами не можеме да одлучиме што е најдобро. тоест не знаеме, не сме толку уки. Или можеби сме се разуздале поише па же не враќаат сега назад, кај ни е местото. Кваката е во тоа што и досега си посоеше процедура за царски која велеше дека тој ќе се изведува само со индикација за тоа, и сите интервенции кои се извеле без индикација, по документи се чисти, и плус платени и подмирени. Така да мене стварно не ми е јасно што е шпоентава на новиов правилник, нов правилник со истата содржина како и стариот, само џева да се дигне. Која е причината оти сакаат џева да дигнат?




lolla RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (22.12.2014 12:26:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

А договорен царски без индикации им се видело скапа ставка во државниот буџет, па оставаат кој сака на договорен царски да оди на приватно, да си плати пари....


Е ТУКА ЛЕЖИ ЗАЈАКОТ, ставката е поголема, треба анестезиолог, доктор обавезно, повеќе денови, повеќе лекарски прибор... му дошло на министерот дали некоја сака природно или не. Ако веќе ова се ограничува, треба да се смени односот на персоналот кон родилките и во секое време да може да се побара аналгезија/анестезија. Тоа е мојот став, кратко и јасно.

Само не знам како ке мине ова на уставен, се кршат најосновните човекови права на избор, ама се се може кога се има соодветни услови.

Немам искусено ни тоа ни тоа, но сум да се има избор ... секогаш... за се.




vezilka RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (22.12.2014 12:47:46)

Ама право на избор жените ни досега немале во врска со ова.




Melanija RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (22.12.2014 12:47:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Така да мене стварно не ми е јасно што е шпоентава на новиов правилник, нов правилник со истата содржина како и стариот, само џева да се дигне. Која е причината оти сакаат џева да дигнат?


Како и секогаш да одвлечеат внимание, демек нешто менуваат на подобро а се обратно исто како последново кој да плаа породилно.

lolla нема човекови права никогаш не ни било изборно,ова е глупост.Един плус трошок е држење на креветот,антибиотик вибрамицин како само избор и толку.Ниту плус инфузија,ниту проверка на крв. А да што ги дохрануваат

А какви тоа индикации,па може во дел од секунда да се случи чудо,па нели скоро почина роделка од царски???
Нека не остават на мира нас мајките и така никакви права ни поволности немаме,ќе чуваме деца зошто нема работа или во градинка каде немаат пари за плус персонал.
Но од друга страна има со мал ризик нема да одобруват тоа едино ме плаши




Kvisko -> RE: За или против планиран Царски рез! (22.12.2014 12:57:10)

Избор секогаш и за се треба да се има.
Ова со нови правилници кои се исти како и старите се само одвлекување на внимание од побитни прашања и за д се каже дека нешто работат.
На крај сите испаднаа виновни и лекари и пациенти само министерот е најпаметен, најубав, најмногу знае, најногу работи.
Глупости живи.




lolla RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (22.12.2014 13:05:33)

Меланија, од пријателки и општо знам дека без врски и онака остваат царскиот да е последна инстанца, значи и со болки со денови со максимална изнемоштеност на мајките. Така да, имате право, што е поентава на целата узбуна што се дигна, кога и досега си било така за обичните смртници?????? А за оние со сина крв, пак не верувам дека ова ке важи.




tea 88 -> RE: За или против планиран Царски рез! (22.12.2014 13:33:56)

Hopeful go svativ tvojot komentar , ne se odnesuvase voopsto na tebe tuku pogore na istava strana imase eden post i sporedba na carskiot so zabite. Toa sakav da kazam deka ne moze tie dve raboti da se sporeduvaat . Edno e estetika drugo e zivot.
A toa dali nekoj zloupotrebuval ili ne, dali pocituval propisi ili ne pa sigurno toa se doctorite sto go dozvolile toa , pa potoa pacientite. A sekako ako e podobro tolku prirodnoto poroduvanje togas i doctorite neka se zaprasaat malku zosto poveketo se za carski. Ili zosto odat na privatno za ifv , za poroduvanje(nekoi i se zadolzuvaat za toa), ako e se taka rozovo na drzavnive i profesionalno.




mama_06 -> RE: За или против планиран Царски рез! (22.12.2014 13:46:41)

Се додека епидуралната анестезија има третман како ,тајна напивка за кралиците`` или дебело да те чини, јас сум за планиран царски рез. Иако два пати се породив спонтано,без анестезија никогаш не би рекла дека е тоа најдобриот избор. Зошто? За првото се пораѓав 12 саати, за на крај да го извадат со вакуум. Имав 12 конци и грозна епизиотомија. Не можев да функционирам добри 2 месеци. За тоа време секоја што се породи со царски веќе џогираше.
За второто исто толку долго траеше породувањето, критично беше што бев со пукнат водењак а немав напон. Немаше,мислам дека уште нема,ехо на гинекологија кај нас и само на едно цтг бевме неколку родилки. Тие трауми на никој не му ги посакувам, иако се заврши се` во најдобар ред.




blue_blue -> RE: За или против планиран Царски рез! (22.12.2014 14:27:15)

темава ко да забега..баш ко што пиша некој погоре - ај да даваме нахрада за најмајка пошто најмногу се измачила, а исто проштав некаде уште една небулоза - демек не си се ни породила ако не било природно?!?!?! демек што знаеш ти што е породување?...мојот став го кажав, а имам само уште едно прашање по однос на она - докторите знаеле што е најдобро не било ова желботека...епа ако тие истите доктори знаат што е најдобро зошто бе има пластична хируригија? истата била измислена од медицниски причини - нели да се покрие изгроеница или што ти ја знам, ама зошто бе ја дозволиле и ја изведуваат за улепшавање? Која е медицинската оправданост на естетска хирургија - не ми се свиѓа носот?...и тоа е операција и тоа често со многу посериозни ризици па ете ја, дозволена е за пари....само ова со царскиов скапичко е да иде преку фонд па ќе измислуваме глупости....Нормално е бре дека никој нема да се стрча на царски од што се лигавел и немал друга работа....ама дајте остајте ги жените да одлучат, да имаат право на глас секако во консултација со лекар на кој му веруваат. Ако му верувам на лекарот и ако сум сигурна дека тој и тимот прават се што е во мој најдобар интерес ќе го сослушам ама сама ќе одлучам што ќе ми се прави....исто онака како што имам право да одлучам да одбијам или прифатам било која друга хируршка интеревенција и како што можам зошто така сум проценила без ниедна медицинска индикација да одам на пластична операција. само пошто таа фондот не ја покрива, Министерот таму ми дозволува да одам иако нема медицинска оправданост а ваму треба цел топ документи за да може да се породам со царски...Лудило




Kvisko -> RE: За или против планиран Царски рез! (23.12.2014 11:24:25)

blue_blue потполно си во право. Само пак ќе кажам не е ова за нипто друго туку е повторно покажување кој е најпаметен и кој колку работи и сработил. Па испаѓаат сите виновни само тие што ги предлагаат сите измени најправи.
Ова мене ми е исто како со законот за абортус. Малтретирање и понижување на жени и семејства во најранливи моменти.
За се треба поштено да се изнамачиш во државава за да го добиеш и на секој чекор само сопки се ставаат.




Hopeful RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (23.12.2014 11:43:36)

Се слагам со вас, девојки. И ми личи на евтина стратегија да се исконструира проблем за да се излезе со наводно решение, нешто како минхаузен синдром. Не дека нема проблем, но не е во размазените жени кои на своја рака сакаат царски, туку во лошиот пристап на медицинскиот персонал. Но, со ваква ПР стратегија, цела јавност добива сосема обратен впечаток - ние тука се пекмезиме, бараме преку леб погача, па сега владата ќе не построи и ќе ни каже како треба. По регулирањето на нашите матки при абортус, сега остана и ова. Наредно којзнае - сигурно ќе не тераат да аплицираме за секс без кондом.
За жал, ќе се заострат ионака строгите процедури и најмногу ќе страдаат сиромашните...




Anuska14 -> RE: За или против планиран Царски рез! (23.12.2014 11:51:43)

Што е со моето законско право на слобода??? Мое тело-мој избор-моја одговорност!!!
Сметам дека на овој начин само ја зголемија тарифата за договорен царски рез и дека само докторите ке си се офајдат.




Cvekelencule -> RE: За или против планиран Царски рез! (23.12.2014 17:11:46)

Докторите не де са офајдат и тоа како што убаво ќе му дојде сакаш царски дај пари .Кога мене можеа да ми земат 50 евра за да ме направт царски со претходна историја ја знае цела јас требаше да ги тужам за претрпен страв и уништување живот на штотуку родено бебе кое до три годишна возраст не виде бел ден од влечкање по болници и на физикална секој ден.А за честење немам зборови не знам што не му се однесе од пиле млеко .само фала му на Господ помина сето во најдобар ред ,јас за второто се породив природно со 20 и кусур конци ама станав одев ама таа душевна болка на никој не му ја посакувам за третово со царски бев имав болки при станување знаеш операција е не мозжи да не боли ама верувајте не можи да се опиши со таа болка која ја носев со второто и викав се ќе издражам ама знам дека детето ми во ред. Така мамички борете се до крај не мојте никој да слушате само вашето срце следете го ако нешто не оди како што треба барајте викајте немојте да молчите оти после никој нема да трга мака освен вас ве сакам и не знете колку ми треба ваков разговор .




kapina -> RE: За или против планиран Царски рез! (23.12.2014 23:21:44)

pa ke se ofajdat i od takvi nezni princezi ke trpat i takvi kako mene so prethodni hiruski zafati na stomakot ke vikat doktorite nema potreba od carski rez samo i samo da zemat poveke pari




Kvisko -> RE: За или против планиран Царски рез! (24.12.2014 11:46:32)

Планиран царски рез е оној каде што претходно се бира дека сакаш царски, не е оној кога ќе дојдеш на пороѓај па тогаш се решава дали треба царски заради медицински индикации.

Е сега ова со предложеново решение верувајте не е во никаква корист на лекарите. Напротив ова е исто како и се до сега и против лекарите и против пациентите. Лекарите повторно како и секогаш до сега испаднаа мрзи, а пациентите размазени.
Ова е повторно ќе кажам лоша манипулација со јавноста. Прво статистиката што ја прикажуваат им е за вкупнито број на царски резови, а решението е удри по џебот на народот и криви ги жените што демек се размазени па сакаат царски резови. Комплетно извртена логика за да се најде начин да се поднаполни празниот буџет и да се дефокусира јавноста од лошите услови во јавното здравство.
Не смее на Универзитетска Клиника да има само едно 4Д ехо, не смее да има стари апарати и несоодветни услови за работа. Не смее да се дозволи сите да се тепаат да се пораѓаат на ГАК и од преполнетост да мора да се затвори клиниката за прием на нови родилки зашто во други градови во Македонија нема па никакви услови за породување .Со условите што ги маат оние на ГАК се стварно супер доктори (сум била и на приватни и на државни гинекологии и во приватните прво ехо-апаратите се подобри сто пати).
Наместо да се обезбеди услови за работа и безбедност при третманот на сите родилки „паметните министри“ повторно како и до сега успеаја да создадат раздор меѓу пациентите и лекарите и повторно за никој нив за ништо да не ги обвини.




Melanija RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (23.1.2015 21:08:28)

Двајца од Гинекологија приведени заради мито за „царски“

Попладнево се приведени лекар и уште еден вработен од клиниката за гинекологија под сомневање за корупција, пренесе Канал 5. Според пријавата осомничените побарале поткуп за да породат трудна жена од Источна Македонија со царски рез.

На сопругот на трудницата му побарале 20.000 денари. Тој пријавил во министерството за здравство од каде на клиниката испратиле претставници од кабинетот на министерот и од државниот здравствен и санитарен инспекторат потврдија од министерството. Разговарале со сопругот повикале полиција. Од министерството велат дека толеранцијата кон корупција во здравството мора да е нула.

- Никогаш нема да се согласиме било кој доктор, кој и да е, да уценува пациент да добие здравствена услуга за пари. Нема пониско нешто од уцена за добивање здравствена услуга, и токму затоа вака реагираме и ќе продолжиме и во иднина да реагираме на овој начин.

Од МВР велат дека двајцата осомничени ги привеле попладнево на разговор. Ќе ги сослушаат и оштетените но и евентуалните сведоци од гинекологија. Во која насока ќе се одвива истрагата дали и за што ќе бидат поднесени пријави од МВР повеќе информации најавија за утре.

Извор:вести.мк
======================

И сега што е муабетот? Значи пак може царски ама со директен поткуп?[sm=smiley29.gif]




Melanija RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (4.3.2015 22:04:44)

Пу пу пу неважи ,мајтап ли си тераат[sm=zmeden.gif]

-Сменето е упатството.Ќе се обидеме на друг начин да стигнеме до посакуваната цел имајќи ги во предвид реакциите во јавноста.Секако жената може да одлучи да оди на породување со царски рез, а гинекологот е должен да и ги преочи предностите и маните, вели Никола Тодоров министер за здравство.

Повеќе на вечер.мк

====
Поради јавноста?Ние знаеме повеќе од некои што смислуват правила и пишуват закони? На што се должи оваа добра воља? Досега било изборно па и од сега ќе биде. Кој е луд ,кој збунет, а кој нормален???




LoveableMe RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (5.3.2015 11:13:22)


"Жените повторно може да бираат дали ќе се пораѓаат природно или со царски рез

Упатството за медицинско згрижување при царски рез e сменето пред три недели. Секоја бремена жена доколку инсистира на царски рез од страна на докторот треба да и биде посочена предноста на едниот и другиот вид породување.

- Но, доколку жената инсистира на царски рез, таа нејзина желба ќе се почитува"

Извор: zdravstvo24 mk




vezilka RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (5.3.2015 14:29:32)

Абе нешто многу почна да ги интересира јавноста и нејзиното мислење. Неисе битно се направи како што треба, конечно разумна одлука.




Melanija RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (5.3.2015 14:32:31)

Се нешто ќе најдат за да одвлечат внимание од лошите одлуки и настани [sm=smiley6.gif]




vezilka RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (5.3.2015 14:35:49)

Па така ми мириса и мене. мијат раце од мнооооогу полоши одлуки. И мислам дека им е џабе, ама тоа за друга тема. И затоа велам, од било која причина да е донесена одлукава, барем ќе се офајдиме. Иако до некни не бевме способни сами да одлучиме што е најдобро за нас, денес сме....




Палешка РР -> RE: За или против планиран Царски рез! (5.3.2015 22:35:38)

Министеров почна да носи правилни одлуки. [sm=bravo.gif]
Се надевам конечно и најправилната ќе ја донесе [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (6.3.2015 8:11:44)

Поклонот на Влада по повод 8ми Март [sm=smiley36.gif] Ептен се либерализиравме одеднаш [sm=smiley36.gif]
Во секој случај, ова е единственото правилно решение. Избор за секоја жена!




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]