RE: Три главни скрининзи во бременоста (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


nadez vera ljubov -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (19.2.2015 12:31:58)

zenski jas bev na prv skrining vo vtornik kaj elena petrova vo remedika mi rece se e ok plodot odgovara kako za 13 nedela imase i nosna koska a nuhalen nabor e 1.8 mi rece do 3 e normalno me prasa dali sakam da mi zemat krv za priska ja rekov da i mi zedoja sega mi se javija od remedika deka rezultatot e gotov razgovarav so doktorkata elena mi rece odlicen e .sledniot petok sum kaj petanovski na kontrola na pregled sto trael pola saat taka mi pisuva .




Felly RR -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (23.2.2015 22:13:01)

И јас минатата недела бев на прв скрининг, и мерките се во ред. Го видовме бебуш како си го цуца палчето, како се врти и игра цело време. Докторката вели - ова играорец изгледа [sm=smiley36.gif] ептен беше разиграно за на камера [sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (3.3.2015 15:14:40)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Инаку правев 2 во скриинг во Плодност, 23 недела сум, девојче носам и ептен се израдував, се е во ред си напредува бебушката, а правев и ехокардиографски преглед и се е во ред, докторката ми остави ептен убав впечаток, посветува многу внимание.

ИЗВОРНА ПОРАКА: gina
jas na 12 sum vo sistina za skrining ama neznam dali ce mi napravi i mene ehokardiografski pregled ili treba pak da odam

ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Ехокардиографскиот преглед е посебен преглед и обично го прави детски кардиолог така да ако мислиш да правиш треба посебно да си закажеш.

ИЗВОРНА ПОРАКА: gina
e sega go prasav za posebno exo na srceto mi rece koga ce pojdam na skrining ce go vidat a ako ima nesto odma go vikale Dimcev a ako ne odma ce ti recat za dve nedeli pak da pojs e sega si mislam ako nema potreba eve i mat. mi kaza deka negleda nesto deka spored nego e ok pa si vikam ako treba povtorno da se odi pa da ne odam pa pak ce treba da platam 4000 pa mnogu mi se nemozam a matocniot deneska dolgo vreme me gladease na exo 30 min. detalno se mnogu mi posveti vnimanie daj boze da nemam potreba da se odi exo na srce

milicka 30 kolku se plaka za exo na srce

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

gina, супер вести, само нека продолжи така убаво да расте и напредува синко [sm=bravo.gif]

Ехокардиографијата во Систина кај Драшко (најдобар е за тоа) е 2600, и јас одлучив да ја правам на Гак. Да е нешто што може да открие проблем што може пренатално да се реши - ок, ама се работи за чисто информативен скрининг, колку да се знае дали има нешто па евентуално да се делува веднаш по раѓање. Затоа решив да ги заштедам тие пари. На обичниот втор скрининг се беше во ред, дури бев и кај Димчев заради амнио, ако се сеќаваш, и тој кажа дека е се ок, така што си викам ај, не мора па се во Систина да правам. Матичната ми закажа на Гак кај Адела Поп Стефанија, и таму сум тек крај на март. Можеш и ти да си закажеш така, фино е да се направи и тоа, зошто да не.





Milicka 30 -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (3.3.2015 16:17:30)

За ехокардиографскиот преглед искрено мислам дека нема потреба пошто на скринингот др ме гледаше околу 40 мин, ама кога веќе бев таму решив да го направам инаку беше 2000 ден.
Гина супер за бебушот само нека си расте [sm=bravo.gif]




gina -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (3.3.2015 16:59:39)

fala vi devojki
Hopeful a vo koja nedela ce pravis exo na srceto pa i jas za ponataka ce zakazam na Gak




Hopeful RR -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (3.3.2015 17:19:52)

gina, мене ми рекоа дека треба во 23-24, па после уште еднаш пред породување, но матичната ми најде термин тек кога ќе бидам 31, здравје, и рече не е проблем. Очигледно се пренемагаат за да идеме по стопати на еден ист скрининг, така што ако го правиш еднаш, направи го понакрај на бременост, ако сакаш двапати, можеш еднаш сега и еднаш на крај.




gina -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (3.3.2015 19:07:11)

dali e ova istoto tret skrinig za ponataka ili pak tretiot skrining e drugo




Hopeful RR -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (3.3.2015 19:23:06)

Мислам дека трет скрининг е друго, ама не сум сигурна. Ехокардиографија не е задолжителна, но препорачлива.




Melanija RR -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (4.3.2015 11:54:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dothy

Zenski vtoriot skrinig koja nedela go pravevte?

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana

Dothy обично се прави од 20-23 недела јас правев во 22 недела

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dothy

Fala lukajana, jas sum 20ned, sakav narednatA da odam aka dr-ot ne mi e tuka aka ponarednata poagja jas 22ra sto znaci nema da kasnam. :-)

ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

Dothy ne i jas ce pravam vo 22 nedela koga zakazuvav bas gi prasav i mi rekoa od 20-24 nedela moze da se pravi




kika*mika -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (23.3.2015 12:53:37)

Zenicki da povtoram jas , tretiot skrining okolu 28 nedela bese taka ? za srceto ?




Hopeful RR -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (23.3.2015 13:09:08)

Ехокардиоградфија на срце е посебен преглед, кој не е задолжителен, но е препорачлив. Обично викаат добро е да се направи два пати - еднаш околу 23-24 недела и еднаш накај 30 недела, во секој случај и двата прегледи се чисто информативни, за да се знае дали да се делува веднаш по породување, во случај да има некаков проблем. Јас ќе ја правам во 31, тек тогаш имаше термин. Мислам дека третиот скрининг се прави многу подоцна, скоро пред раѓање. Најдобро, прашај си го докторот, тој знае повеќе од нас.




Melanija RR -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (27.3.2015 13:32:15)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Јас денес отидов на фамозната ехокардиографија, која не се ни деси. Имав закажано кај Адела Поп Стефанија, ама не била тука и ме прегледа друга докторка, која малце се испонаша. Прво се зачуди зошто воопшто доаѓам во 31 недела, и викам - немаше термин, тек сега најде матичната, па после еее не може ехокардиографија, тоа е до 24 недела, сега не се гледало, па после упатот не ми важел... хаос! И ми вика, ај добро, легни да те видиме. И излезе обичен преглед, ги измери, се е ок, соодветно си растат, беа поставени попречно мада рано е и да се свртат, и ми рече контрола за 3 недели, на која не знам дали ќе одам. Се разочарав комплетно и од односот, и плус преку ред се буткаа луѓе за наплата, гајле им е што трудница стои на нозе, и некако за џабе излезе сето ова.

Ме чуди како тоа не може да се видат срцињата кога ехокардиографија се прави и во доцна бременост, пред породување? Си го измислија Мој Термин за себе да си олеснат, а ние да се чудиме тука, ништо не функционира. Ми вика, контролата ти е закажана, а нигде не ми стои кога и каде. Исто беше и минатиот пат на Гак, после вториот скрининг - дојди на контрола, закажана си, па после пу пу не важи. Не знам што да кажам, стварно.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Malecka23

Hopeful a koja doktorka te primi i go znaes imeto?
Inaku jas kolku sto znam toj skrining na srce sto go vikaat i vo 32ra se pravi.Koga bev vo Remedika taka i mi kaza doktorkata ne znam zasto vaka.Ete vcera bev na GAK i sosema dr prikazna od ona sto ti denes si go videla funkcionira moj termin i te kako ama mozebi zasto imase i pomalku guzva.Ne se nerviraj so Gospod napred ke si bide se dobro pa ke se guskate so batkovcite[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Докторката е Елена Николовска, на замена за Поп Стефанија. Инаку Мој термин функционираше за денешниот преглед, се во ред, точно и без проблем, но ме збуни кога ми рече да дојдам на контрола за 3 недели. Ја прашав како да закажам, преку матичен или не знам како, и ми рече закажана си, само дојди си. И кога гледам на извештајот - ни термин ни бутур. Истото беше и минатиот пат - дури пробав и врски да најдам, и ми рекоа мора матичен да ти закаже, нема друг начин.

А за ова дека на сите им прават во 32 недела, стварно срам да им е. Плус, така лошо и ми изреагира, ко јас да сум кретен што доаѓам тек во 31 недела - аууу па ти која недела си??? Нема шанси, не се гледа ништо сега. Мислам дека така ми рече за да ме откачи пошто близнаци, пораснати, и се жалеше цело време дека ништо не се гледа на ехото...

ИЗВОРНА ПОРАКА: profe

Mi rece di kraj imam uste tri kontroli, a jas sum 26ta nedela. Koi se slednite kontroli? Sto me ceka? :) i citam se pravi eho na srce, vo koja nedel. Maticnata nisto ne mi kaza, a ovde citam za toa.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Профе јас ехокардиографски преглед правев со вториот скрининг, така ми закажаа инаку до 27-28 недела можеш да го направиш, матичниот ми вика дека срцето на бебето најубаво се гледа во 28 недела.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

profe, јас вчера бев за ехокардиографија на Гак и ме откачија, наводно во 31 недела не се гледало и се правело најдоцна до 24 недела, што нема врска, затоа што други рингерајки баш овој период правеле. Мислам дека ги мрзеше, дека близнаци им се тешки за гледањ ена ехо, за што сум страшно иритирана, но без оглед, мислам дека може кога сакаш да направиш.





katey -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (2.4.2015 20:41:09)

zdravo!denes pravev skrining na anomalii vo 22 nedela,doktorkata vo drzavna bolnica se somneva deka imam malku voda vo vodenjakot,mi rece da pravam pregledi kaj maticnata i mikrobioloski brisevi ,dodeka traese pregledot taa mi brcase i prsti ,celava ovaa situacija me zbuni dali nekoj imal slicno iskustvo ?
ve molam za pomos




lukas -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (5.4.2015 23:58:45)

Го видовме бебуш како си го цуца палчето, како се врти и игра цело време. Докторката вели - ова играорец изгледа ептен беше разиграно за на камера [/quote]

FELLY koja nedela si trudna? bas mi e milo...za vtoro taka? so les..




Felly RR -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (15.4.2015 19:45:04)

Лукас, не сум го видела прашањево. Да со второ сум [sm=nosecka.gif], сега сум веќе 20 недела. [sm=smiley31.gif]
Нареднава недела ќе одам за втор скрининг - значи 21 нед ќе бидам, тоа е ок време за втор скрининг, нели?




Felly RR -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (23.4.2015 13:11:33)

Вчера со точно 21 недела, бев на втор скрининг. Докторката гледаше внатрешнни органи - срце, желудник, бубрези, мозок. Малку повеќе време потроши на срцето, не можеше демек да фати убав пресек на предкоморите, па од разлни агли, ај од ваму, ај од таму, па кога го исклучи ехото, и виде - рече, дека уствари ја испомешала неделата. Јас, вика, оти си мислев 23 недела, затоа толку се трудев за предкоморите да ги видам, а за овој период 21 недела се сосема во ред. Бебуш е 389 грама, ама цело време беше пикнат во постелката со лицето, а исто беше и минатиот пат на ехо. Па не знам дали за тоа ми препорача да јадам суво овошје, и тоа до крајот на бременоста, или па онака дека регуларно се препорачува.




mery -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (1.6.2015 13:26:31)

Zdravo devojki, ke moze da mi kazete vie, ja sum 18 nedela a do sega samo na regullarni pregledi -eho (sekoja 4 nedela) sum bila. Dr. ne mi spomnala ni za prisca ni za screening, ni amnio. Tek sega spomna screening okolu 20,21,22 nedela. Zto znaci ova e vtoriot screening, po toa sto citam po forumive.. Dali ova e zaradi toa sto nosam bliznaci? Deka za priscata koga ja prasav, go namrsti liceto i rece, za bliznaci ne se pravat.. ni prv screening ne sum pravela..a koga slusam od drugi bremeni zeni sto ispitale sve, bas se grizam... Pozdrav, i vi posakuvam lesna bremenost na site rr.




LoveableMe RR -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (1.6.2015 13:55:12)

Mery, честитки, ти беше останата бремена со смрзнатиот ембрион, како сега близнаци? Лелее, се поделил ли? Се најубаво, пријави се за терминот ТУКА.

Се надевам рингерајкиве наскоро ќе ти одговорат на прашањето. Поздравче[sm=bravo.gif][sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (1.6.2015 22:31:28)

mery вообичаени си и сите ги прават првите два скрининзи, така што сега овој 20-22недела е го правиш и ќе видат се што треба кај бебчето




Felly RR -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (2.6.2015 11:51:24)

mery, ако вториот скрининг го правиш кај истата докторка, тогаш може и прв скрининг таа ти направила, само ако не ти го нагласила тоа, може тебе ти изгледал како обичен ехо преглед. Ако одиш точно на 4 недели, сигурно си била во 12 недела, па докторката направила скрининг и ги видела сите потребни мерки.




mery -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (2.6.2015 17:01:16)

Ferry, za vtoriot screening mi rece ke ti zakazam kaj drug dr. vo sistina.. a i mojava e vo sistina, ne mi e jasno zosto treba kaj drug dr... zdravje daj boze da ispadne se kako sto treba.. ve pozdravuvam kiss




lukajana RR -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (2.6.2015 23:36:40)

Mery многу од жените скренинзите ги прават кај матичните гинеколози,само треба убаво ехо и реално скренингит многу и не се разликува од обичен ехо преглед и затоа може не си приметила кога ти е правен,но штом одиш на четири недели на ехо ич не се замарај сигурно убаво ти ја следат бременоста




vanessa30 -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (3.6.2015 11:06:38)

Meri ne se sekiraj, znaci vo 12 nedela najbitno ja merat nuhalna transluvencija (spored dimenzijata se gleda dali postojat indikacii za Daunov sindrom), toa se meri i kaj maticen ginekolog so EHO,Prisca-ta koja se pravi vo ovoj period e analiza preku krv na odredeni parametri soodnosi na hormoni.... , semejna anamneza i dimenziite koi ti gi izmerila ginekologot i se dava verojatnost za postoenje na nekakov Sindrom. Moze da se pravi a i nemora, sega site ginekolozi go praktikuvaat bidejki za 500 den go pravat na klinika - bidejki e vlezen preku fondot, dodeka porano (jas so prvata bremenost) ti go ostavaa kako opcija da go pravis bidejki si se plakase privatno okolu 3000 den mislam deka bese.
E sega vo 21/22 nedela treba site organi da bidat formirani, i zatoa so podobro 4D eho potrebno e istite da se vidat i izmerat, i najcesto za toa treba pogolemo znaenje i podobra aparatura, pa zatoa te prakaat na skrining kaj drug ginekolog.
Ne se grizi stom na seko 4 nedeli te pregledua si gi sledi bebcinjata se e ok.

Pozdrav




sunflower* -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (25.6.2015 21:15:37)

Девојки да не знаете случајно кој др гледа во соба бр.37 акушерска амб за скрининзи во 20-22 нед .во петок?И да ве прашам треба некои посебни подготовки за тоа?Позз.Утре имам закажано па ме интересира дали ќе ми се погоди некој добар др
[sm=smiley13.gif]




sunflower* -> RE: Три главни скрининзи во бременоста (26.6.2015 15:55:25)

[sm=bravo.gif]ЕВЕ ДА СЕ ПОФАЛАМ БЕВ НА ВТОРИОТ СКРИНИНГ, СЕ Е СУПЕР И ОДГОВАРА НА ГЕСТАЦИСКАТА НЕДЕЛА И ШТО НАЈМНОГУ НЕ ИЗНЕНАДИ [sm=duda.gif] Е [sm=rozacrtici.gif]ЛЕЕЛЕЕЕЕ ЦЕЛАТА СУМ ВО ОБЛАЦИИИИИ[sm=smiley36.gif]МНОГУ СМЕ СРЕЌНИ ПОСЕБНО СИН МИ[sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>