Sunshine88 -> RE: Знаци на бременост II (26.1.2017 15:30:26)
|
Ајде едно вака малку глупо прашање..[sm=smiley9.gif] Вие што сте бремени или си имате веќе детенце, кажете ми, сите велат дека симптомите се исти и ПМС и за бременост, и јас го знам тоа, и од искуство знам дека може да се помешаат. Но, бидејќи еве повеќе време се обидувам да останам бремена, а со симптомите се скарав пред некој месец(ме прелажаа) кажете ми за болката во јајниците, каква е, како може да се разликува, зошто јас сметам дека оваа болка што јас ја имам во ПМС не може да е нормална за бременост. Болка од која што ми се кочи цела нога. Иако гин, вика дека не е можно во ПМС да се кочи. Нормално ми почнува болката некаде со овулацијата, потоа може ден два да не боли и потоа не прекинува....Друго, градиве секој месец различно, некогаш не ги осеќам, последнива два душа ми извадија, сега па брадавиците некако ко повлечени и рапави ми се...Главоболки преку ден минимални навечер едвај издржливи. Мокрам стално многу во ПМС. Имав пишано, пред некој месец бев и со повраќање. Па мислев сепак да не има некоја каква таква разлика во симптомите??? Не ми е целта да ми кажете дали може да сум трудна или не...(коа ќе ми касни ќе си напраам што треба[sm=smiley36.gif]) туку сакам искуства. Би сакала и јас лично да осетам, што побрзо, ама до тогаш ќе гњавам вака други луѓе.
|
|
|
|