LoveableMe RR -> RE: Летување во Грција (24.2.2015 10:38:11)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87 Иако летниот одмор е далеку, да прашам има некој искуства од Торони и Сарти на вториот крак? Ќе ми биде од корист брзиот одговор, сакаме да уплатиме оваа недела да го искористиме попустот. Ви благодарам однапред. Ilina87, во Торони само сме поминале, не сум била, Сарти сум била, но со мали дечиња не знам колку е паметно. Местото е мало, како во залив, кога пристигнуваш од лева страна е плажата, куќите и гратчето се од десна страна, многу е убава плажата долга пространа е, има чадори за изнајмување, но има и места сам да си носиш и да се сместиш. Она што не ми се допадна што треба ептен на крај да одиш на плажата, затоа што некако има како спуштање кон водата, како благ пат и кога ќе влезеш во вода е длабоко, не е да речеме како на некои места плитко, па одиш одиш и длабоко, ќе треба малку повеќе внимавање со мали деца. И често има бранови, проблем за бањање за деца, за возрасни е ок. Во близина има и други места, со кола може да се прошета наоколу. Во самото место има неколјку супермаркети и мали продавнички за дрангулии... Се надевам ти помогнав[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|