RE: Летување во Грција (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори



Порака


gorda2 -> RE: Летување во Грција (25.5.2015 15:18:28)

Zdravo! A vo Nikiti kako e? Bila nekoja od vas tamu? Ako imate kontakt od nekoe pristojno smestuvanje, ve molam pisete mi vo poraka...
Inaku prethodnata godina bevme vo Furka na prviot krak, preubavo za so mali deca, nasiot del od plazata bese to die for, kristalno cista voda, siten pesok i do 50 metri plitko, preubavo! Ako ne najdam vo Nikiti godinava, pak tamu bi odela :)[sm=bravo.gif]




mamymamy -> RE: Летување во Грција (26.5.2015 8:58:33)

te molam daj mi kontakt za vo Furka :)




gorda2 -> RE: Летување во Грција (26.5.2015 19:16:01)

AELLO Sea View Apartments - gazdaricata se vika Despina




Боцко -> RE: Летување во Грција (31.5.2015 23:43:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: gorda2
Zdravo! A vo Nikiti kako e? Bila nekoja od vas tamu? Ako imate kontakt od nekoe pristojno smestuvanje, ve molam pisete mi vo poraka...
Inaku prethodnata godina bevme vo Furka na prviot krak, preubavo za so mali deca, nasiot del od plazata bese to die for, kristalno cista voda, siten pesok i do 50 metri plitko, preubavo! Ako ne najdam vo Nikiti godinava, pak tamu bi odela :)[sm=bravo.gif]


Во Никити одиме 4 години по ред. Сместувањето на вториот крак е поскапо од останатите места. Во Никити градската плажа е ОК, но има многу прекрасни плажи во околината во радиус 5-10 км за кои вреди да се пали кола. Никити е поголемо место и има неколку големи супер маркети од познатите ланци. Има и забава за најмладите и има каде да се прошета. Сместувања има разни, сме биле и покрај море и подалеку, но за да знам дали да ти дадам контакт од некои од моите, кажи ми што бараш за да знам дали ќе ти одговара.




gorda2 -> RE: Летување во Грција (2.6.2015 16:41:51)

Blagodaram za ponudata, mi treba da e na plaza ili epten blizu do plaza, da e pristojno smestuvanjeto, po moznost na prizemje i so dvorce za igranje na mali deca i da ne e preterano skapo.[sm=zmeden.gif] Ako ima nekoe takvo smestuvanje, bi bilo ubavo da dobijam kontakt. Pozdrav!




vezilka RR -> RE: Летување во Грција (4.6.2015 13:38:49)

Ние се решивме за Певкохори. Не сум била, вака по слики ми се виде убаво. Кажувајте искуства од таму. Битно ми е дали е плажата убава, со песок, оти ако го нема Никола мислам дека ќе се врати. [sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Летување во Грција (4.6.2015 13:44:10)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Ние се решивме за Певкохори. Не сум била, вака по слики ми се виде убаво. Кажувајте искуства од таму. Битно ми е дали е плажата убава, со песок, оти ако го нема Никола мислам дека ќе се врати. [sm=smiley36.gif]


Убаво мало место, средено супер плажа, мирно, идеално за деците [sm=smiley1.gif]




Kvisko -> RE: Летување во Грција (4.6.2015 14:35:04)

Зависи кој дел од Пефкохори. Има еден дел пренатрупансо кафиќи покрај плажа и е гужва а еден дел е помирен. Ова го кажувам од она што сум го видела викендашки во овој период од годината. За одмор веројатно е уште понатрпано. Сум била еднаш со моите одамна и тогаш беше поинаку.
Инаку плажата е тесна и долга. Некаде се ситни камчиња и нема скоро па ич природна сенка се се чадори.
Има колку што знам и дел за петање за навечер што е пешачка зона.




vezilka RR -> RE: Летување во Грција (4.6.2015 16:03:48)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Ние се решивме за Певкохори. Не сум била, вака по слики ми се виде убаво. Кажувајте искуства од таму. Битно ми е дали е плажата убава, со песок, оти ако го нема Никола мислам дека ќе се врати. [sm=smiley36.gif]


Убаво мало место, средено супер плажа, мирно, идеално за деците [sm=smiley1.gif]


Гпо гледав и ова твоево место Метаморфозис на нет, и ептен ми се допадна, ама по агенцииве никаде го нема. Барем у тие што прашав. Ти преку агенција беше или самостојно?




LoveableMe RR -> RE: Летување во Грција (4.6.2015 16:25:27)

Vezilka, ние обично тие аранжмани за Метаморфосис одат преку српски агенции, кај нас мислам има аранжмани на Атлантис, на Одморисе мк, но сите претежно нудат хотели со јадење. Апартмани има само преку српски агенции, нашиве не нудат.

Мои пријатели си најдоа приватно сместување апартманско преку Интернет и супер задоволни беа. [sm=smiley1.gif]




Ilina87 -> RE: Летување во Грција (4.6.2015 19:45:23)

Метаморфосис го нудат неколку агенции. Види на одморисе.мк, но сместувањето е во хотел со вклучен појадок или пола пансион. Но не беше многу скапо иако е хотел, некаде колку апартманско сместување.
Пефкохори е поголемо место на првиот крак, убаво било за навечер, со шеталиште и доста туристи. Плажата не е целосно песочна, повеќе е со мали камчиња. Инаку е долга, а тесна нешто како Полихроно.




mommy_angels RR -> RE: Летување во Грција (5.6.2015 11:50:08)

За сите што одите на првиот крак,не пропуштајте барем еден ден да отидете до Paliouri, нема да се покаете.Плажата не е средена,ама таа вода и тој песок не се испушта [sm=zz_dance.gif]




vezilka RR -> RE: Летување во Грција (29.6.2015 15:33:22)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

За сите кои планираат летово во Грција!

Грчката Влада синоќа порача дека нема да има ограничувања за странските туристи при повлекувањето пари од банките во земјата, пренесува Танјуг.

Истовремено, властите во Атина одлучија дека туристите кои претстојуваат во Грција и сопствениците на кредитни картички издадени во други земји нема да бидат погодени од мерките за контрола на капиталот.
– Секој кој ќе ја посети или планира да ја посети Грција, нема да биде погоден од мерките за контрола на капиталот кои се воведени пред неколку часа и тие нема да се однесуваат на посетителите кои сакаат да извршат трансакции или да повлечат пари со картичка издадена во нивната земја, се потврдува во соопштението од грчката Влада.
Грчкиот Совет за финансиска стабилност синоќа предложи банките во Грција да останат затворени во следните шест работни дена, а од вторник од банкоматите максимално да може да се повлечат по 60 евра дневно.
Премиерот на Грција Алексис Ципрас претходно соопшти дека банките одреден период ќе бидат затворени и ги обвини европските партнери и Европската централна банка дека вршат притисок врз Грција.
Тој најави дека ќе биде спроведена контрола на капиталот, откако Грците, на неговиот ненадеен повик на референдум за барањата на кредиторите за реформи со кои се условува финансиската помош за земјата, одговорија со масовно повлекување пари од сметките. Сепак, тој дополни дека тоа нема да ја поколеба Владата да го спроведе најавениот референдум следната недела.
Во Македонија се уште нма препораки, но земјите од регионот, на своите туристи им препорачуваат, ако летуват во Грција, сепак да понесат поголема количина кеш со себе.

Извор:skopjeinfo.mk




peperutc -> RE: Летување во Грција (9.7.2015 0:30:55)

дали знаете дали мозе на граница да с епомине со пасош месец дена пред истекување




vezilka RR -> RE: Летување во Грција (9.7.2015 14:40:42)

Мислам дека во Грција можеш. Ама подалеку, или авионски ако одиш три месеци пред истек не те пуштаат.




Ilina87 -> RE: Летување во Грција (20.8.2015 16:17:18)

Ве молам искуства од Никити? Какво е местото, плажата? Ми треба брз одговор.




Aneta A -> RE: Летување во Грција (14.2.2018 16:52:39)

Ние оваа година со пријателите ке идеме на Амудиа, минатат година мои колешки од работа беа и се презадоволни тие беа преку ЈК Травел, а оваа година имаат и нова вила ВАГИА е одма до плажа , местото било феноменално мирно и плажата преубава и плитко нешто како у Калитеа, па еве од мене би ви го препорачала тоа место воедно биле преевтино кафе за 1 Евро Ние уплативме и со 20 проценти попуст цената беше преевтина. Поздрааав




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]