Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Веќе ни е познато гостувањето на Еца во Журнал каде зборуваше за соработката меѓу РР и Бебешките приказни.
Како што беше најавено, стартуваше соработката на нашата Рингераја со Бебешките приказни во склоп на емисијата Журнал на сител телевизија. Нашето последно дружење во игротеката Тиквичка го означи стартот на оваа меѓусебна соработка која се надеваме дека ќе прерасне во прекрасно уживање за сите нас.
Дел од оваа соработка помеѓу порталот РР и Бебешките приказни на Сител телевизија ќе бидат и снимањата на рингерајки и рингерајковци бебиња и деца, чии мајки и татковци ќе зборуваат на различни теми за своите деца, а видеата ќе бидат поставувани тука, во оваа тема, за сите ние како членови на РР да може да ги видиме.
Инаку емитувањата ќе бидат на Сител телевизија во склоп на Бебешките приказни кои одат околу 8 часот во емисијата Журнал.
Во тој контекст би сакала да ве информирам дека во вторник на 10.11.2009 околу 8:15 часот на Сител телевизија ќе се емитува снимањето на мој Дамјан, на тема Сликовница.Сите што сте во можност гледајте не,а за оние што нема да бидат во можност да не гледаат ќе биде постабвено клипче од You tube.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
да ...не снимаа дома кај нас.Разговаравме на тема:Сликовница!!! колку Дамјан го влече читањето, колку е заинтересиран, кои сликовници му се омилени и така.Интересно.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
Да да обавезно во понеделник ќе потенцирам . кој може и од работа на зулу нека гледа а јас работам на случајот како да обезбедам клипче за на ју тубе.ќе биде!!!
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
Утре( вторник) 10.11 гледајте го Дамјан на професорица во Бебешки приказни на Журнал. Прилогот е за сликовниците и нивното влијание врз развојот на фантазијата и говорот кај децата. Колку слика, а колку текст, застапеност на колоритот наспроти текстот, задржување на вниманието зависно од возраста. Почеток околу 8 15. Мами те молам намести за снимање и тоа снимено сосе најавата во која ќе се спомне рр и што може да се најде на порталот како и за нашата соработка.
Да, да утре ќе гледаме обавезно, а еве и еден јавен апел до сите мамички, тука да дискутираме која тема е добро да ја обработиме, кој би сакал да го каже своето искуство, некој проблем што го имал со своето дете и начинот на кој го надминал. Еве јас се договорив да направиме прилог за Алергија на млеко и млечни производи и јас ќе го кажам моето искуство. Ајде мамички да помогнеме со своите искуства, давајте предлози, пријавувајте се...
Убави испаднавте не се секирај ко Швеѓани да сум снимала
Инаку договорив уште една тема со педијатар за температури, вируси, промена на надворешна температура како влијае, дали е вирус или бактерија, кога сируп, кога чепче а кога само туширање и разладување. Кои испитувања се неопходни.
Мамички сите имаме искуство на оваа во овој период посебно актуелна тема. Која сака да го сподели своето и да ги посоветува понеискусните?
а баш ме интересира, дали ќе бидат вклучени само членови од Скопје или е можно снимање по другите градови?Бидејќи имаме доста активни членови кои можат многу да кажат а се од друг град, кочани или слично.
Мила на мама???
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
хаха и јас така викав, хаха ама ме стави во небрано Мила на мама и морав се шегувам, супер е, не е ич страшно.а оваа темава за температура не да ќе ти легне Мотхер29 уф уф!!!
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
Леле кај ме најдовте за камери сум А плус сум во некој хаос спремам дупли роденден на моите дечиња и тешко ќе најдам време ај понатака да се стабилизирам со хаосот во мојот живот.
За другите градови теба малку организација зашто ако одам на пр. во кочани треба покрај Мотхер 29 да снимам уште 2-3 прилози од Кочани и околината да ми биде оправдано патувањето. Прва ми е во план бетпет и храбрата Теодора, а за другите патувања ке се договараме, здравје има време.