|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Новата Кембриџ програма, подобра од предходна...
10.9.2014 9:16:19   
vezilka RR
Многу ме интересира дискусијата по ова прашање. Јас не сум многу упатена, но од тоа што имав можност да го видам има неколку забелешки. Прво мислам дека книгите се лошо преведени, над некои прашања, ние возрасни моравме да помислиме што бараат, што вееувам дека е резултат на лош превод. Потоа на некои од вежбите не им ја разбрав целта, веројатно ја има, оти секоја вежба по дифолт мора да има цел, но ете, јас не ја разбрав така по дифолт, што ми вели дека и децата нема да разберат за што ја правеле. А може и тоа да е резултат на лош превод и адаптација на учевникот. И уште едно нешто не ми е јасно. Како што ми кажаа, тие книги се правени за ученици на три нивоа на постигнати знаења. И тоа така навидум е ок, оти јасно е дека сите деца не постигнуваат исти резултати. Но еве случај кога една учителка, за да си ја олесни работата по групи со учениците решила физички да ги подели по редици, според успех, па сега имаме редица петкаши, редица тројкаши и пред повторување. Мене ова ми делув многу деградирачки и не педагошки па ме интересира дали на наставниците им се оддржала некоја обука како да работат со новите програми или се остане да се снаоѓаат секој по свое наоѓање?

Ајде, ме интересираат мислења и на родители, и на наставници.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
10.9.2014 10:47:14   
miana
АЈде јас ке одговорам на темава.
Керками е второ одделение и учи нели по новата програма..Најпрво, книгите се лошо отпечатени, со дупли букви ( ако можам ке поставам слика ) што болат очи кога гледаш во нив.
Има грешки во правописот! Мислам дека пренатрупани ни се децава со материјал...Керками па секој ден е втора смена и секој ден има по пет часа ( еден ден 6 ) па доаѓа дома и веднаш почнуваме да учиме и решаваме домашни задачи... Немаат детство..Инаку програмата ке видиме како ке се покаже...Можеби е подобро вака, иако мислам дека нашите деца се премногу мали за вакви задачи па ние мака мачиме објаснувајки и цртајки им што треба да се направи... Јас признавам дека неможам некои задачи да ги разберам а не па керками!

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
10.9.2014 12:49:21   
vezilka RR
Ете миана ме потсети и на уште еден проблем. Вторачињата, првото го учеа по друга програма, а годинава треба да се понашаат ко да учеле и лани по Кембриџ. Пак ќе кажам не знам колкава е разликата меѓу двете програми, но посекако има оти инаку немаше да ја менуваат, нели. Како миана вие се снаоѓате со тоа? Знам кај внука ми во одделение имаше дечиња кои на крајот од годината не знаеа сеушѕе да читаат, а годинава треба да ја почнат како да знаат.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
10.9.2014 13:27:43   
miana
Мора да се снаоѓаме некако.. Учиме со неа секој ден, само тоа е решение на се!!! Инаку наставниците посетувале летово обука за да предаваат по новите програми..
Викендов моравме да учиме песничка со три строфи ( а децава незнаат да читаат сеуште, керками има 6 ипол години иначе а е второ одделение ) и јас по цел ден решавам домашни задачи, го повторувам цел материјал што е учен и го објаснувам ( сигурна сум дека не разбрала на часот како што о треба ) се испрашуваме и тоа е тоа.. И описните оцени не ми се допаѓаат, ама кој ме прашува па мене нели.
Мора напорно да се работи со децава, значи мора секојдневно по два три часа да се работи и учи со децава.. А што ли ке прават оние дечиња што нема кој да учи дома со нив? Еве кај нас имам кажувано за во класот на керками дека има едно девојче што живее со неписмена макеа ( не е писмена женава значи ) и мрднат татко, и керками кажува дека само тоа девојче не ја знаело песничката... Па кој ли ке учи со тоа дете? Па имаат ли време сите родители да седат и барабар со децата да учат? Ако нема родител да седи и работи со децата, ништо, децава неписмени ке си бидат по новава програма ( јас така мислам ) Со новава програма не извештачија тотално..Незнам дали ке успее ова или нашиве деца ке бидат третирани како лабораториски глувчиња, па ако не иде ке вратат по старо веројатно... Мене искрено ми се допаѓа рпограмава, но многу ме плаши..Ова не е за толку мали и недоразвиени мозочиња..А и си размислувам па мора овие деца да бодат попамети од нас user posted image

< Поракaта ја уредил miana -- 10.9.2014 13:28:48 >

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
10.9.2014 13:55:17   
Felly RR
Во врска со новите програми, еве краток опис, кој што го извадов од Бирото за развој на образованието.

Главните карактеристики на адаптираните наставни програми по предметите математика и природни науки се:

Спирална наставна програма – Учениците учат одредена тема, но подоцна во наставата се навраќаат на истата тема и повторно ја изучуваат на повисоко ниво и во поинаков контекст. На ваков начин им се овозможува на учениците да го консолидираат и градат знаењето коешто го научиле.

Научни истражувања – Целта на оваа карактеристика е да се насочат учениците на вистинскиот пат за да станат идни „научници“. Програмите вклучуваат истражувања кои ги охрабруваат учениците да поставуваат прашања и самите да доаѓаат до одговори преку поддршката од наставниците. Ова е докажана метода со којшто часовите по предметите математика и природни науки стануваат интересни за учениците, а сознанијата остануваат научени. Исто така, наставните програми им овозможуваат на учениците да развијат критичко мислење, да размислуваат и да ги користат доказите.

Решавање на проблеми - Учениците многу лесно ќе научат дека математиката и природните науки се важни и ќе им помогнат во решавање на проблемите во секојдневниот живот.

Наставната програма по предметот математика е поделена на пет подрачја: Броеви, Математички операции, Геометрија, Мерење, Работа со податоци и Решавање проблеми, а ќе се реализира со фонд од 5 часа неделно, односно 180 часа годишно. Оваа наставна програма се фокусира на принципи, шеми, системи, функции и односи така што учениците можат да го применат математичкото знаење и да развијат сеопфатно разбирање на предметот.

Наставната програма по природни науки е застапена во четири содржински области: Научно истражување, Биологија, Хемија и Физика, а ќе се реализира со фонд од 2 часа неделно, односно 72 часа годишно. Вака адаптираната наставна програма се фокусира на развивање на интересот на учениците за стекнување на научно знаење.

А дали се подобри или не, најверојатно ќе треба да оставиме некој период, да помине, па да видиме какви резултати ќе има.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
11.9.2014 9:19:51   
Yummy Mammy
Kerka mi e prvace. Mene licno knigite za I odd mnogu, ama navistina mnogu mi se dopagaat. Mnogu se prosto i ednostavno napisani. (Ne primetiv nekoi dilemi okolu prevodot.) Se e slikovito i predvideno da se uci niz igri i istrazuvanja. Kerka mi i drugarkite koga gi prasuvame sto rabotele denta na uciliste, ni kazuvaat "eee, bebeski raboti"... e kakvi se tie bebeski raboti?... "pa taka, brojkite napisani, nie samo da gi povtorime odozgora, toa e lesno! Ili da broime do 30, gluposti!" Znaci, ova se zborovi na kerka mi. Ne deka moeto e Ajnshtajn, tuku generalno decata sto odele vo gradinka se spremni za ovaa programa. Problem imaat decata sto bile cuvani doma so babi i dedovci.

A drug problem sto se provlekuva e postojano menuvanje na programite. Sega problem ke imaat decata od II odd nagore, tie ke treba da nadoknadat. Do lani nisto ne ucele, prvoto oddelenie bilo isto kako pretskolska grupa, i sega vo vtoro odma skok vo programata.

Jas sum za promeni, i mnogu ja poddrzuvam novava programa user posted image no samo vremeto ke pokaze dali e ispravna. Se nadevam deka ne e samo pocetnicki entuzijazam. user posted image

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
11.9.2014 9:23:53   
Yummy Mammy
A druga mnogu, mnogu bitna rabota e kolku nastavnickata e spremna da go smeni metodot na ucenje. Ovaa programa se sveduva na individualniot pedagoski potencijal, koj kolku sfatil na obukite, i koj kolku umee i znae da ja prenese programata. Zasto ova sto e vo ucebnicite za Ivo odd ne moze da se predade kako lekcija i da se pustat ucenicite doma da zavrsat domasna rabota. Se se sveduva na prakticna rabota, igri, istrazuvanja vo priroda. Zatoa ja pozdravuvam promenata, a kako ke se sprovede, ostanuva da vidime.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
11.9.2014 10:06:13   
vezilka RR
Епа Јами, и ако им е толку лесно за да го нарекуваат материјалот бебешки работи, и тоа не чини. Тогаш не им е предизвик и нема да им го задржи вниманието. И аку јас не мислев дека е тежок матријалот, туку дека не е разбирлив, посебно не за нивно ниво. Има зборови кои мислам дека не мора да ги знае дете од прво одделение, затоа мислам дека е до преводот.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
11.9.2014 10:07:33   
miana
Ајде јас да кажам уште нешто...

Прво не е точно дека децата лани не учеле ништо..Апсолутно не е точно, твдрам !!!! Имаа математика, македонски, музико, физичко, ликовно, запознавање на околината и англиски јазик.
Математика ги учеа броевите, учеа да собираат и одземаат со 1, помало, поголемо, еднакво, да бројат и сл.
Македонски керками лани научи преку 15 песнички - стихотворби, што и ден денес ги рецитира јасно и гласно без грешка, ги научи сите букви ( како гласови и да ги пишува).... и сл.
Природа учеа работи од областа - држава, химна, знаме, сонце , вода и сл.
Музичко учеа тактови, песни и сл. ( не се секавам точно , мака ми е што на ја чувам програмата )
Ликовно работеа со водени, темперни, пластелин, фломастер, боици и сл ( значи сите техники скоро )
Англиски учеа песнички, боите, глаголи, предмети...
Не се согласувам со тоа дека лани децата не учеле ништо, учеа и те како! Керками одеше две години во градинка пред да појде во училиште, такашто мислам дека и ова не влијае толку колку што влијае возраста на детето... Сега со полни 6 години вие да и го дадете на керками она што лани го работела мислам дека многу полесно ке и биде..Моето дете на 6 ипол години е второ одделение, 7 години ке наполни во декември... ( знам дека и на Јами мами е биде толкаво догодина ) Епа сега учи десетки, учи до 50 да брои , собира , учи множества, учи десетки ( до сега )
Јас мака мачам да и објаснам некои работи на керками, не се сите деца исти, можеби на моево му треба повеке време да свати отколку на твоето или на било чие, но јас мислам дека керками е многу мала за вакви задачи а јас ке си го тргам!!! Јас треба да работам со неа макотрпно.... И мене реков дека програмата ми се допаѓа, реков дека ке биде тешко нас, ама моето дете е многу мало!!!!! Сигурна сум дека другаркаи на керками што е родена во месец март и сега појде во училиште, многу полесно ке ги совлада овие работи!!!!
Точно дека има некои зборови, термини што мора да им се објаснуваат на децата ( да им се нацртааат за да ги сватат ) тек Ви е почеток..Реков дека ке скенирам и ке ви пратам како се печатени книгите ( со дупли букви ) да видите дека очи болат кога гледате во нив, а моето дете треба да научи да пишува од нив!

< Поракaта ја уредил miana -- 11.9.2014 10:20:25 >

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
11.9.2014 10:08:14   
blue_blue
моите се прво одделение и јас како Yummu Mummy мислам дека учебниците по природни науки и математика се убаво напишани/преведени, го привлекуваат вниманието на децата, имаат слики и мене многу ми се допаднаа. По математика има 3 учебника, односно материјалот е поделен на 3 дела и самите учебници се како работни тетратки, значи во нив нема многу текст туку се е преку игра, истражување и осознавање на детето. Природни науки има и работна тертратка. Она што сакам да го објаснам е дека Кембриџ програма не постои, односно некаква си програма за учење одобрена од Кембриџ. Cambridge University Press е издавачка куќа која се фокусира на издавање едукативни материјали, книги, учебници и сл, аво Англија и Америка не постои одобрена програма туку постајат стандарди за секое одделение по мајчин јазик, математика, прородни науки и уметност (музичко/ликовно) кои треба децата да ги достигнат за секое одделение. На пример и одд. јазик треба да знае да препознава букви. А книгите по кои ќе се обезбеди постигнување на тој стандард ги избира училишниот одобор. Е кај нас ова се е пренесено во весници како што е пренесено и се направи фама, демек децава кој знае колку ќе учеле. Книгите се сосем соодветни за прво одд, она што е ново е методот - не учителката да ти каже а ти да пофтараш како папагал туку да мислиш и да откриваш со своја глава. Убава замисла, но како и секогаш ложа реализација. За ова треба наставник кој на овој начин ќе предава, ама тоа не се постигнува со 1 неделен семинар во лето. Во одделението на моите деца еве втора недела тераат и ништо ама буквално ништо не учат, ни еднаш не ги отвориле книгите со образложение дека биле мали и требало прво да се прилагодат. Колку што гледам наставничката си тера своја песна што си ја терала од пред 25 години пошто е повозрасна и многу многу изгледа не планира да се замара. За се реализира оваа програма треба квалитетни наставници, односно цел систем да се смени - да не може секој да биде наставник туку прием на факултет за наставници во школо да имаат само најталентрираните, најбистрите кои ќе дојдат до место на факултет преку ригорозни тестови. Тоа за жал кај нас нема да се случи ни во наредниве 100 години, па затоа родителите ќе работа со децата по 2 саати секој ден, оти таму неписмените и незаинтересирани наставници немаат намера да ги научат (чест на исклучоците). Друга тотално контрадикторна работа е што македонски останува по стара програма, пошто нели немале од Кембриџ да преведат user posted image  и сега македонски во прво одд. нема да учат пишување и читање пошто тоа се учи во второ, а математика ќе учат да собираат до 20 и да бројат до 100 и да собираат по три бројки одеднаш...Чиста глупост. И исто се согласувам сосем со Yummu Mummy дека децата што оделе во градинка сега им е досадно во школо и оваа програма воопшто не е тешка за нив, напротив ако им се предева како што треба само ќе напредуваат зошто тие сега имаат огромна желба за учење и стекнување со знаење

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
11.9.2014 10:28:37   
miana
За оние што мислат дека ланските првоодделенци не учеле ништо, може ако имате прилика од некаде да ги видите ланските книги и да се уверите.

И многу влијае тоа како наставникот предава! Керками лани имаше три пати наставничка на замена и доаѓаше дома со цели песни научени, што дома и треба цел ден да ги учи..Доаѓаше полна со знаење, и пресрекна што таа наставничка им предавала и самото дете викаше - леле мамо учителкава Тања колку убаво ни објаснува, а за жал учителката Тања е нова библиотекарка во училиштето ( старата замина во пензија ) и на учителката Тања не и даваат паралелка. Ова не е само мое мислење туку на сите родители од класот, што значи дека на сите деца им се допаднало предавањето од наставничката Тања.. На сите ни беше ист муабетот, колку децата беа задоволни од учителката и со ново знаење научено од таа учителка.. Епа јас се би дала да и предава таа учителка на керками, ама нема!!

< Поракaта ја уредил miana -- 11.9.2014 10:29:31 >

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
11.9.2014 11:10:06   
Yummy Mammy
Mianke, te obozavam! Ovaa godina ke te predlozam za NAJdramaticen forumdjija! user posted image

Znaci, ti veruvame deka ste ucele lani i 5-kite vi se zasluzeni, stvarno ti veruvame deka mnogu ste se trudele. user posted image Vprocem, zatoa e skolo, a ne gradinka... taman rabota ako nisto ne se uci.

Mislam deka blue_blue ja dolovi poentata i bilo kakov komentar veke ke bide izlisen. (promenata e vo nacinot na ucenjeto, namesto dosegasnoto repetitivno ucenje, otsega treba da gi ucime decata so razbiranje i istrazuvanje!)

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
11.9.2014 12:04:02   
Felly RR
ВО сите постови погоре што ги прочитав, гледам само наставниците ги земате во предвид, кога станува збор за содветна реализација на програмата. А не мислите дека многу голем удел имаат и условите во кои се реализира програмата??? Не е исто еден наставник да работи со 15 деца и со 25-27 како што е кај нас во просек.
А еве колку за споредба - податоци од едно истражување кое беше објавено на theguardian.com, за бројот на ученици во пресек на еден наставник.
САД - 15
Велика Британија 13,4
Италија, Франција, Австрија, Шпанија - 10-11 деца
Од вкупно 30 земји кои беа на листата само 2 беа со над 20 ученици.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
11.9.2014 12:22:28   
blue_blue
Felly, потполно си во право. Треба и солидни, спремни наставници и соодветна средина и услови за работа. Не само помали паралелки зошто секако и тоа е проблем наставникот да успее на сите да им посвети внимание, да може на понапредните да им даде понапредни задачи, на оние на кои им треба помош да им помогне, туку и самата физичка средина, мислам на просторот за работа - училницата кој барем во нашето училиште воопшто не е прилагоден на потребите на прво одделенци. Ако ништо друго да има повеќе простор за нив, да има кај да си седнат на нешто меко, да имаат кај да стават ранци, да имаат соодветни тоалети...токму тоа ми беше поентата, убава замисла ама лоша изведба пошто целиот систем (сосе наставници, простор за работа, нагледни средства, број на деца во одделение, менаџмент на школо, mindset и се останато) не го бива.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
11.9.2014 12:26:48   
blue_blue
a, да - и треба услови за изведување на потребните истражувања и ескперименти и соодветна опрема за тоа. Како наставникот на пример да им покаже како настанува пареа ако за тоа нема ниту соодветни нагледни средства ниту услови во кои може тоа да го изведе

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
23.11.2014 23:53:39   
caciana
Kolku sto sum razgovarala so majki cii deca ucat po kembridz,mislam deka nastavniot materijal e zbien I prenatrupan.Se odi edna godina na pred.Znaci decata od treto odd.po kembridz ucat ist material so decata od Cetvrto odd. po stara programa.Vistina e deka decata denes se inteligentni I napredni za razlika od nas,no sto e mnogu mnogu e.Dete od 6 godini da uci broevi do 100user posted image user posted image Mnogu e...

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
24.11.2014 9:04:07   
AneLav RR
Јатрвата ми е одделенска и води мешана паралелка. Кажува дека програмата е ептен тешка и набиена. Инаку оваа програма е извадена од концепт за нејзината вистинска намена. Таа била наменета за посебно талентирани деца и требало понадарените деца да се одвојат и да учат по оваа програма. Ама бидејќи ние сме многу паметна нација и експериментални глувци ќе видиме како ќе изчлезе ова на ктрај.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
24.11.2014 12:37:13   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

ВО сите постови погоре што ги прочитав, гледам само наставниците ги земате во предвид, кога станува збор за содветна реализација на програмата. А не мислите дека многу голем удел имаат и условите во кои се реализира програмата??? Не е исто еден наставник да работи со 15 деца и со 25-27 како што е кај нас во просек.
А еве колку за споредба - податоци од едно истражување кое беше објавено на theguardian.com, за бројот на ученици во пресек на еден наставник.
САД - 15
Велика Британија 13,4
Италија, Франција, Австрија, Шпанија - 10-11 деца
Од вкупно 30 земји кои беа на листата само 2 беа со над 20 ученици.

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Felly, потполно си во право. Треба и солидни, спремни наставници и соодветна средина и услови за работа. Не само помали паралелки зошто секако и тоа е проблем наставникот да успее на сите да им посвети внимание, да може на понапредните да им даде понапредни задачи, на оние на кои им треба помош да им помогне, туку и самата физичка средина, мислам на просторот за работа - училницата кој барем во нашето училиште воопшто не е прилагоден на потребите на прво одделенци. Ако ништо друго да има повеќе простор за нив, да има кај да си седнат на нешто меко, да имаат кај да стават ранци, да имаат соодветни тоалети...токму тоа ми беше поентата, убава замисла ама лоша изведба пошто целиот систем (сосе наставници, простор за работа, нагледни средства, број на деца во одделение, менаџмент на школо, mindset и се останато) не го бива.

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

a, да - и треба услови за изведување на потребните истражувања и ескперименти и соодветна опрема за тоа. Како наставникот на пример да им покаже како настанува пареа ако за тоа нема ниту соодветни нагледни средства ниту услови во кои може тоа да го изведе

Значи се на се, може да се заклучи дека програма и не е толку лоша, колку што ние не сме спремни да ја аплицираме, и со кадар и со услови и со предуслови. Како и за се впрочем, ќе се истрчаме за да се исчепатиме. Е арно ама ако не сме спремни за ова, тоа ќе оди на штета на нашите деца.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
9.9.2015 10:44:42   
Snowhite RR
Јас вчера детално ги разгледав сите книги и прво во однос на квалитетот се супер печатени, баш со поголем фонт буквите да можат да се читаат, второ има многу малку текст, а повеќе слики, значи сето ќе се учи и објаснува низ слики. Значи цел материјал што го видов мислам дека лесно ќе го совлада со оглед на тоа што повеќето од тоа го учеа и во градинка, барем почетоков. На пример македонски јазик почетокот е претставување, па да кажат што гледаат на сликите, да нацртаат со кого на пример дошле на училиште, значи колку што забележав е се преку цртање и раскажување, буквите се дури некаде на средина на учебникот. Да напоменам дека букви учеа и во градинка. Математиката прв дел е со споредување, помало, поголемо, покусо, подолго, подебело, потанко итн. Во првиот дел се учи до 10, а дури во вториот дел до 20, а до 100 да брои, што М веќе знае да брои до 100 одамна. Да напоменам и дека собираат на прсти, што ние до сега дома сме пробале и можел да собира така. Колку што знам јас во наше време беше забрането да собираме на прсти. И уште по природни науки се учи за растенија и животни, мислам дека секое дете кое е запишано во прво одделение знае да групира и разликува рстенија од животни, па имаше задачи во природа што може да помирисаат, да слушнат, да почуствуваат, па садење семиња, сето низ игра, потоа делови на телото, што сметам дека дете на 6 години треба да ги знае деловите на телото
Не велам дека секој дел со лесно ќе го совлада, може некаде ќе му биде потешко, може најлесното да му биде најтешко, ама јас мислам дека не е ништо претерано за нивната возраст дури мислам дека треба веќе тоа да го знаат на таа возраст
Според мене мислам дека родителите се тие кои се исплашени од самиот збор Кембриџ и динамичното секојдневие, немање слободно време, носење на проблемите од работа, дома си го прави своето да сите бидеме со став многу тешка програма. А искрено до сега не сум слушнала дека некое дете не ја совладало програмата, се што слушам е само тоа дека родителите се жалат дека програмата е претешка. Можеби во погорните одделенија е потешка, ова што јас го видов во прво е еден степен погоре од тоа што лани го учеа во градинка

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
9.9.2015 13:33:04   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Јас како што сватив ти имаш прваче нели?
Епа ке те прашам идната година ( која и не е толку страшна за разлика од оваа - трето одделение )
Ја сега за сега се бунам само за математика.. Неможе така да се учи и крај!!!
Значи учат брпви до 100 а кеками годинава ке ги учи до 1000, и тоа не да брои, туку да собира и да одзема.. н одат по редослед бе луѓе!!! Ова не е проблем само со мене и моето дете, туку сите родители го имаат овој проблем.. Неможе куќа да се гради од кров сваќате? Е ова е баш тоа !!!!

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
9.9.2015 18:40:18   
niki
miana konfuzna si
ne razbiram sto e problem so matematika i sto e toa sto treba da ucat pred sobiranje i odzemanje

kerka mi vo prvo oddelenie gi ucese broevite do 100, i normalno ucese i sobiranje i odzemanje, prvo vo prvata desetka a potoa i vo vtorata desetka, pa ucea i nizovi so broevite 2, 3, 5 i 10 sto e osnova za mnozenje
vo vtoro prodolzija so stotki i stasaa do 1000, pritoa prodolzija so ucenje sobiranje i odzemanje, ja ucea i cela tablica mnozenje, isto taka ucea i pari, geometriski formi, kako da gledaat na saat, da merat i crtaat so linijar
vo treto sega ocekuvam da prodolzat so delenje bidejki vo vtoro ucea da odreduvaat polovini i cetvrtini od broevi

i stoznam mene obemno ne mi izgleda
problem vo prvo oddelenie e da se stvori rabotna navika , vo vtoro da se dostigne nivo na urednost i odgovornost kon obvrskite, ponatapomu i samostojnost vo ucenjetoo
se dodeka imaat opisni ocenki e povazno da se raboti na steknuvanje rutina i da se pronajde nacinot na koj deteto efektivno uci, vo koe vreme vo denot, vo koi uslovi na koj nacin so koi pomagala, a ne da se znae kako papagal se sto pisuva vo knigata vo sekoe vreme povtoruvanje e vazno no sekogas e podobro vo kratki intervali i niz igri koi se interesni za deteto ne tipicno so sedenje na masa i so knigi pred deteto
za matematika postojat aplikacii simni i na telefon ili tablet i daj i da si igra... kreativnost e potrebna decata se ko sungercinja obozavaat da ucat novi raboti toa im e zapisano vo genetskiot kod samo treba da im se razbudi ljubopitnosta

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
9.9.2015 18:55:12   
deluxe
Јас годинава прв пат се сретнувам со Кембриџ програмата.Ќерка ми лани ,во 4то одд.си учеа по стара програма.И тоа што забележав лани,кога подучував едно детенце,забележав дека материјалот од трето одделение по Кембриџ е ист со материјалот од 4то по стара програма.навистина за нас изгледа збунувачки,но не е така како што изгледа.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
9.9.2015 21:48:37   
Snowhite RR
Pa zatoa rekov deka mozebi vo pogornite oddelenija e potesko, makar sto ti miana i lani se zalese i bas sakam da te prasam dali toa sto lani bese tesko za kerka ti, taa go sovlada? I jas stvarno ne mozam da te razberam vo sto e problemot, kako nema redosled koga se uci prvo do 10 pa do 20, 100 i sega normalno e da ucat do 1000, prvo ucat sobiranje i odzemanje, pa mnozenje i delenje, pa drugo se ponatamu. Spored tebe koj e toj redosled sto treba da go ima? Ova ti e dobar sovet od niki pobaraj matematicki igri ili aplikacii, taka pobrzo i polesno ke sfati. Jas mu pustav igri na primer daden broj i na slika cador kade e podelen na delovi i vo sekoj del zbirovi i da gi oboi samo tie cij zbir e baraniot broj i gledam slicno takvo imase i vo matematikava. Posle na telefon imam igra so pepa prase kade pazari vo market i na kraj treba da plati i tuka ima moneti po 2, 5, 10 i so niv plaka i tuka mu objasnuvav za desetki i edinici, ne deka go sfati toa ama sega koga ke ucat na uciliste ke mu bide poznato.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
10.9.2015 8:50:13   
blue_blue
по натамошно проучување на математиката за 2-ро одд, а и по еден супер разговор со едната од двете наставнички која многу повеќе ја почитувам, а вчера и уште повеќе ми се зацврсти впечатокот дека жената е на место, заклучив дека или нешо ние не сме ја превеле книгата ко што треба или избраната книга кој знае за која намена е бидејќи концептот по кој се учи да се собира е со добројување а не со собирање десетки и единици...тоа за мене е чиста глупост зошто како ќе собираат со добројување двоцифрени и троцифрени броеви - на сметалка, со прсти, со гравчиња? Наставничката ми кажа дека они мораат така да предаваат - нон стоп им хараат инспекции и ги казнуваат ако предавале на друг начин?!?! ама пошто гледаат дека нема ефект решиле попладне кога не се офцијалните часови да им даваат задачи со собирање десетки и единици и така да ги учат што мене многу ми се допадна што она нашла излез за да ги научи децава...рече и дека наставниците реагирале дека нешто не е ОК со програмава, но никој не ги слушал - советниците и министерот знаеле се како треба...Она вика ние вака со добројување учиме деца со посебни потреби кои не можат да го сфатат концептот на десетки и единици...како и да е јас сум среќна дека наставничкава решила да ги научи децава нормално да собираат и се надевам ќе успее во тоа...до сега ние дома многу ретко сме работеле со децата, така да малку ми е чудно тоа што миана го пишува...можеби дека моите се во целодневна па навистина завршуваат скоро се што треба во школо, а и наставникава се труди навистина

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предх...
10.9.2015 9:38:04   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Pa zatoa rekov deka mozebi vo pogornite oddelenija e potesko, makar sto ti miana i lani se zalese i bas sakam da te prasam dali toa sto lani bese tesko za kerka ti, taa go sovlada? I jas stvarno ne mozam da te razberam vo sto e problemot, kako nema redosled koga se uci prvo do 10 pa do 20, 100 i sega normalno e da ucat do 1000, prvo ucat sobiranje i odzemanje, pa mnozenje i delenje, pa drugo se ponatamu. Spored tebe koj e toj redosled sto treba da go ima? Ova ti e dobar sovet od niki pobaraj matematicki igri ili aplikacii, taka pobrzo i polesno ke sfati. Jas mu pustav igri na primer daden broj i na slika cador kade e podelen na delovi i vo sekoj del zbirovi i da gi oboi samo tie cij zbir e baraniot broj i gledam slicno takvo imase i vo matematikava. Posle na telefon imam igra so pepa prase kade pazari vo market i na kraj treba da plati i tuka ima moneti po 2, 5, 10 i so niv plaka i tuka mu objasnuvav za desetki i edinici, ne deka go sfati toa ama sega koga ke ucat na uciliste ke mu bide poznato.

Проблемот е што они не учеле собирање до 100, ме разбираш? Не учеле собирање со премин и одзимање и равенка со една непозната, а сега одеднаш им дава сето тоа сами да го научат, односно за домашно и ние да си ја лупаме главата, а децава неможат да го сватат.
Лани на 6 години учеа за струјно коло ( во второ одделение ), за некои видови камења, за планети и не ги ни памтам изразите за кои требаше да барам на интернет па да му објаснам на детето.. Алоо па кога сме учеле ние за струјно коло бе? Се секавате? Па самата наставничка вика овие деца ги спремаме директно за на факултет... И она сирота крева раменици.. Го совладала материјалот, ама прашај како ни е на нас дома.. Особено што одеше и само втора смена, и ние кога ке дојдеме од работа претепани и она уморна, мораме секоја вечер до 23ч да учиме и да кинеме живци...
Ете ајде кажи ми ти како на 7 годиишно дете, еве и на 8 годишно дете ке му речеш да ја реши задачава - 39 - 11 + ? = 45 Со прсти ? Ова е равенка со една непозната, што никогаш не ја ни спомнале.. Или пак 39 + ? - 26 = 33
Па ајде ви се молам.. Не сум јас единствената што се буни, верувајте сите родители се бунат.. Не е просто моето дете..Еве зборувам со една пријаелка има три керки од кои едната само ја фати оваа програма.. Вика она во четврто одделение има како постарава керка во 6 то задачи.. Епа извинете, ама не е нормално.... Не се учи само броенње.. И моето дете знаеше да брои до 100 и пред да почне во школо... Се останато може и ке се научи со повеке труд, ама за математика неможе ова вака... Еве утре ке постирам слика од домашното по математика да видите дека не измислувам.. Они брате броеја со прсти до лани, ама немаа задачи со премин.. Овој пат, опааа директно идеме, па кој знае, знае.. Не е лесно, ке видите што ви зборувам, ама бидете реални кога ке стигнете до ова кај што сме ние и кажете си отворено.. Е сега може да има и наставничката тука дел.. Едвај чекам да дојде родителска и да ја прашам како мисли она да тераат годинава?

И во никој случај оваа програма не е подобра од претходната !

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:

Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?