miana -> RE: Новата Кембриџ програма, подобра од предходната, или не? (11.9.2014 10:07:33)
|
Ајде јас да кажам уште нешто... Прво не е точно дека децата лани не учеле ништо..Апсолутно не е точно, твдрам !!!! Имаа математика, македонски, музико, физичко, ликовно, запознавање на околината и англиски јазик. Математика ги учеа броевите, учеа да собираат и одземаат со 1, помало, поголемо, еднакво, да бројат и сл. Македонски керками лани научи преку 15 песнички - стихотворби, што и ден денес ги рецитира јасно и гласно без грешка, ги научи сите букви ( како гласови и да ги пишува).... и сл. Природа учеа работи од областа - држава, химна, знаме, сонце , вода и сл. Музичко учеа тактови, песни и сл. ( не се секавам точно , мака ми е што на ја чувам програмата ) Ликовно работеа со водени, темперни, пластелин, фломастер, боици и сл ( значи сите техники скоро ) Англиски учеа песнички, боите, глаголи, предмети... Не се согласувам со тоа дека лани децата не учеле ништо, учеа и те како! Керками одеше две години во градинка пред да појде во училиште, такашто мислам дека и ова не влијае толку колку што влијае возраста на детето... Сега со полни 6 години вие да и го дадете на керками она што лани го работела мислам дека многу полесно ке и биде..Моето дете на 6 ипол години е второ одделение, 7 години ке наполни во декември... ( знам дека и на Јами мами е биде толкаво догодина ) Епа сега учи десетки, учи до 50 да брои , собира , учи множества, учи десетки ( до сега ) Јас мака мачам да и објаснам некои работи на керками, не се сите деца исти, можеби на моево му треба повеке време да свати отколку на твоето или на било чие, но јас мислам дека керками е многу мала за вакви задачи а јас ке си го тргам!!! Јас треба да работам со неа макотрпно.... И мене реков дека програмата ми се допаѓа, реков дека ке биде тешко нас, ама моето дете е многу мало!!!!! Сигурна сум дека другаркаи на керками што е родена во месец март и сега појде во училиште, многу полесно ке ги совлада овие работи!!!! Точно дека има некои зборови, термини што мора да им се објаснуваат на децата ( да им се нацртааат за да ги сватат ) тек Ви е почеток..Реков дека ке скенирам и ке ви пратам како се печатени книгите ( со дупли букви ) да видите дека очи болат кога гледате во нив, а моето дете треба да научи да пишува од нив!
|
|
|
|