RE: Вештачко оплодување VI дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (4.12.2014 15:32:53)

sabrina, твојот пост ќе го префрлам во соодветната ТЕМА и ќе ти пишам таму, јас имав сличен проблем како тебе[sm=jezicek.gif]




orchid7 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (4.12.2014 16:58:05)

Добредојде Ана, тука сме да ти ја дадеме целата поддршка која ти е потребна!
Сабрина, стискаме палци крварењето да престане а бетата да е висока!
Соле, нормално тука сме и за тебе [sm=smiley1.gif] ти посакувам квалитетни јк и успешно оплодување!

Мене ми е 5ти ден по ЕТ и денеска искочив од дома на прошетка. добро се чувствувам, но повремено имам грчеви кај матката. од утре па до понеделник планирам релаксирани прошетки а веќе од вторник се враќам на работа. Мислам дека таа втора недела ќе помине побрзо него оваа [sm=smiley1.gif]




MademoiselleNina -> RE: Вештачко оплодување VI дел (4.12.2014 17:41:21)

Поздрав до сите исчекувалки и најдобри бодрачки! Не пишувам, но ве читам редовно.
За утре имам закажано пункција во природен циклус. Ем се плашам, ем се радувам. Дали некој имал пункија без анестезија? Дали боли и дали е многу страшно?
И после колку време кажуваат дали извадиле јајце клетка?

[sm=zmeden.gif]




orchid7 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (4.12.2014 17:59:12)

Jas imav punkcija bez anestezija bas pred edna nedela. Ne e strasno, nitu bolno, kratko trae i odma kazuvaat dali i kolku jk ima. Nemoj da se sekiras, brzo ke pomine, pa potoa ke te cekame so info za oplodeni jk i transfer!




butterfly 00 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (4.12.2014 17:59:27)

Здраво. Јас имам правено на природен без анестезија и воопшто да не се плашиш зошто чувството е како да те боцне игла и одма кажуваат зошто си будна, поздрав




gina -> RE: Вештачко оплодување VI дел (4.12.2014 18:05:28)

bravo devojki za hrabrosta [sm=bravo.gif] bez anestazija i vi posakuvam na site sreka na punkcija i koi se so terapija




MademoiselleNina -> RE: Вештачко оплодување VI дел (4.12.2014 18:08:51)

Фала за одговорите, некако сум исплашена бидејќи речиси една година имавме пауза од сите активности поврзани со лекари, и сега почнуваме одново. Но се надевам дека се ќе помине добро и успешно.




SOLE -> RE: Вештачко оплодување VI дел (4.12.2014 18:56:57)

zdravo zenski, eve me mene so novo info [sm=smiley1.gif] denes bev vo Remedika doktorot rece deka e zadovolen ima jajce kletki, vika se e super endometriumot debel, estradiol 1600, puregon si dokupiv uste za denes I za utre, stop inekcijata ke ja primam vo sabota vecer pa zdravje punkcija vo ponedelnik sabajle samo so Gospod napred [sm=bravo.gif]

Nina ti posakuvam uspesna punkcija utre, se da bide vo najdobar red [sm=bravo.gif] pa posle zaedno ke cekame [sm=modricrtici.gif][sm=rozacrtici.gif]

Anna78 tebe ti posakuvam so sreka stimulacija [sm=bravo.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (4.12.2014 19:13:03)

MademoiselleNina и Ana78, кај кој доктор сте? Среќно, Нина јас сакав цело време без анестезија, но не ми даваат дека имав многу, ич не се секирај не е страшно, сите пријателки што правеа викаат малку пецкање и тоа е тоа. SOLE, супееееееееер, ајде те чекаме деновиве со нови вести[sm=jezicek.gif]

*******2014*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]


25.10 - mili4kask - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
01.11 - sanjaaaa - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
04.11 - orchid7 - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
00.11 - mimiii - почеток со терапија ((Лазаревски, Систина)
13.11 - SOLE - -почеток со терапија (Петановски, Ремедика)
26.11 - butterfly00- почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
01.12 - MademoiselleNina - природен циклус (//////////)
2.12 - Ана 78 - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/12 - Kaya трансфер со смрзнати ембриони (Димитров, Ремедика)
/.01 - весник - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)
/12 - LoveableMe RR- трансфер со смрзнати ембриони (Димитров, Ремедика)
15.01 - Pinky30 - почеток со терапија (Глигор Тофовски, ГАК)

=========================
[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]

20.11- mili4kask = пункцијa 23.11= ЕТ
28.11 -orchid7 = пункција 30.11 =ЕТ
28.11- sanjaaa = пункција 01.12= ЕТ
05.12 - MademoiselleNina = пункција 07.12= ЕТ
06.12 - mimiii = пункција 08.12= ЕТ
08.12 - SOLE = пункција 12.12= ЕТ

=========================

07.12 - mili4kask = ТЕСТ
14.12 -orchid7 = ТЕСТ
15.12 -sanjaaa = ТЕСТ
22.12 -MademoiselleNina= ТЕСТ
23.12 -mimiii = ТЕСТ
24.12- SOLE= ТЕСТ

2014 година

nataly86 [sm=9nebesa.gif] Lina*[sm=9nebesa.gif] Каrma[sm=9nebesa.gif] biljana87[sm=9nebesa.gif] Anonimen[sm=9nebesa.gif] babylove**[sm=9nebesa.gif] avgustina2 [sm=9nebesa.gif] Kolacence [sm=9nebesa.gif] lolla [sm=9nebesa.gif] mesecina83 [sm=9nebesa.gif] lily98 [sm=9nebesa.gif] stefanie[sm=9nebesa.gif] Hopeful [sm=9nebesa.gif]sonce79 [sm=9nebesa.gif] tea88[sm=9nebesa.gif] Nestrpliva28 [sm=9nebesa.gif] Мilicka 30[sm=9nebesa.gif] profe [sm=9nebesa.gif] skriena[sm=9nebesa.gif] gina [sm=9nebesa.gif] NovaN [sm=9nebesa.gif]






mimiii -> RE: Вештачко оплодување VI дел (4.12.2014 23:41:13)

Zdravo devojki,ve sledam mnogu vreme iako ne sum koj znae kolku aktivna,podrska e ovoj forum golema za sekoja koja se bori so neplodnosta.Veke osum godini se borime no seuste ne sme uspeale,imam dve neuspesni invitra pominata sega sum vo podgotovka za treto potocno vo sabota imam punkcija pa se nadevam deka ke uspeeme i nie eden den da dobieme dete.Problemot vo pocetokot bese ologospermia toa se resi kolku tolku no sega veke pogolem problem pretstamuvam jas bidejki imam 36 godini a so toa i se pomal broj na jajce kletki moze da se izvadat,pred ovaa invitro napraviv i histeroskopija i izleze deka sum imala mala pregrada se nadevam deka i toa bilo nekoj problem za neuspesnite invitra.Sakam da vi dadam podrska i mnogu sreka na site koi se vo podgotovka i site da se raduvame eden den...




Anna78 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (5.12.2014 9:26:41)

Фала ви девојки на поддршката. Инаку, сега сум во Систина кај д-р Лазаревски. Не правев дополнителни испитувања ништо не ми рекоа затоа и не испитував, а гледам многу на форумов испитувале и чудно ми е што не ми рекоа мене да испитувам, но веројатно знаат лекариве што како.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (5.12.2014 9:32:41)

Ana78, среќно ако требало ќе ти кажеле, уживај. [sm=smiley1.gif]

Мимии, добредојде, тука сме за поддршка совет, мислење. Кај кој доктор си за ИВФ? Ти посакуваме што повеќе фоликул и и убави ембриончиња. Зборуваш за хстероскопја, па сакав да те замолам во оваа ТЕМА да пишеш запсотапката, кај кој доктор ја правеше, како претходно не ти бла откриена преградата и сл. Поздрав





sanjaaaa! -> RE: Вештачко оплодување VI дел (5.12.2014 10:07:30)

Anna78 среќно со терапијата, да ти се создадат многу квалитетни јк и да дојдеш до успешно ивф!
Добредојдовте mimii и MademoiselleNina, и на вас ви посакувам успешно ивф, среќно на пунција исто и на Соле!!
Терапијата ќе помине, пунцијата и ЕТ исто, но најтешко е исчекувањето! Денес ми е петти ден од трансфер, ми се чини цела вечност!! Порано кога го гледав списокот на LoveableMe RR на исчекувалките им завидував, си викав што убаво им е за неокој ден ќе дознаат дека се бремени! Но сега ова исчекување ми изгледа многу тешко. Деновите во поголем дел ги минувам во лежење или седната на тросед со испужени нозе. Си одам до тоалет, до кујна да си земам јадење, кратко можам нешто да замијам и пак исто. Никакви промени неосекам се ми е исто, нормално! Само негативни мисли ми идат низ глава. Но ќе издржам уште овие денови од вторник ќе продолжам со работа, таму нема многу да размислувам за тоа. Не ми е тешка работата, на компјутер, така што мислам нема да биде проблем. Иако сум за второ дете, исчекувањето не е лесно. Кога ќе се сетам низ какви малтретирања поминав, не ми е сеедно каков ќе биде резултатот! Ајде како Бог никој не, тој ќе ни помага на сите!!
Сега ја очекуваме mili4kask да почне со позитивен резултат, да не охрабри сите нас што следиме по неа за тест!!! Среќно на сите!!




mili4kask -> RE: Вештачко оплодување VI дел (5.12.2014 11:26:10)

Sole ајде со лесно на пункција, те чекаме со добри вести. Anna78, mimii и MademoiselleNina ви посакувам многу среќа и успех во целата процедура. Санјааа ајде ајде ќе издржиш, тешко е особено кога се чека. Јас во понеделник на бета лабораторијата во Систина сепак работи. Уффф станувам се будам во 6 ипол секое сабајле од што неможам да спијам. Иначе од болките останаа само тие во гради и повремено гадење особено кога е празен желудникот. Стомакот не ме боли. Ајде уште 3 дена ќе издржам. [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (5.12.2014 11:37:21)

Чекањето е најтешко, секогаш е така, но издржете уште малку до тестот![sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




orchid7 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (5.12.2014 12:03:54)

Mili4kask cekame da ne izraduvas so ubavi vesti i so visoka beta da go pocneme ovoj dekemvri!
Sanja tocno znam kako ti e, kako ni e :) Kako knigata na Zarko Lausevic Dan prodje godina nikad, samo kaj nas e Dan prodje, dve nedelje nikad :)
Pozdrav do site, samo hrabro i so pozitivni misli!




mili4kask -> RE: Вештачко оплодување VI дел (5.12.2014 12:11:59)

Orchid 7 веќе немам памет[sm=smiley36.gif] Се надевам дека ќе биде се во ред. Ајде издржи и ти тешко поминува времето многу многу тешко [sm=smiley1.gif]




gina -> RE: Вештачко оплодување VI дел (5.12.2014 12:33:24)

mimii, MademoiselleNina, Anna78 srekno so ivf i bidete samo opustene
Sanjaaa stom pocnes na rabota bidi mnogu vnimatalna treba da se vardis od virusi sega ne ti treba toa, cekanjeto ubiva ama sto de se pravi silni sme nie i toa ke go izdrzite Srekno[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




kapina -> RE: Вештачко оплодување VI дел (5.12.2014 17:05:57)

sakam da prasam kakov vi bese ciklusot posle ivf dali vi kasnse ili ne




MademoiselleNina -> RE: Вештачко оплодување VI дел (6.12.2014 2:37:55)

Еве ме :) помина пункцијата без анестезија, и извадија една ј.клетка. сега чекаме да ни јават... Инаку сум кај Ивановски во систина. Навистина процедурата не е болна, малку е нелагодна но кратко трае.




mili4kask -> RE: Вештачко оплодување VI дел (6.12.2014 9:09:36)

[sm=bravo.gif] На храброста MademoiselleNina за пункција без анестезија. Една ама вредна ќе видиш. Ќе биде се во ред, пиши ни кога ќе ти јават. Среќно!!![sm=smiley1.gif]




butterfly1 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (6.12.2014 10:50:34)

Со лесно нека ви е на сите и сите да си видите [sm=modricrtici.gif][sm=bravo.gif]

Јас сакав да прашам во врска со анестезијата при пункција, на ваше барање ја правите без анестезија? Значи сепак не е толку болно, не знам зашто тогаш фондот ја покрива безпотребно, подобро за тие пари да го зголемат бројот на стимулации.




lolla RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (6.12.2014 11:01:52)

Батерфлај, валда не е болно, ако имаш 1-2 јк, но често жените имаат повеќе од 10-20 јк па тоа се 10-20 убоди. Не е за џабе ставена. Јас кога правев со над 20јк не ми ни паѓаше на памет без анестезија, 10-15 мин ги ваделе јк.

ЕДИТ: Инаку дефинитивно го поддржувам предлогот за повеќе инекции од фондот, 30 се речиси секогаш малку.




MademoiselleNina -> RE: Вештачко оплодување VI дел (6.12.2014 11:54:33)

Туку што ми јавија дека не дошло до оплодување. :( тука прекинува постапката. Се надевам дека ќе ни кажат што бил точно проблемот. Немам претстава што би можело да биде.
Инаку пункцијата не е болна ако фоликулот е сместен на лесно достапнп место, а ако не е тогаш и да е еден се препорачува анестезија.




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (6.12.2014 11:59:43)

Нина, многу ми е жал [sm=smiley13.gif]

Стварно чуди зошто вака, ама се надевам дека не е нешто сериозно и дека што и да е, ќе се знае повеќе за следниот пат... Биди силна, те гушкам [sm=smiley31.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  47 48 [49] 50 51   Следна страница >   >>