Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (2.2.2015 21:35:47)
|
Loveable Me, со среќа!!! Ајде за две недели да се радуваме на [sm=modricrtici.gif][sm=rozacrtici.gif] и после тоа на [sm=duda.gif][sm=duda.gif] Овојпат ќе биде, сигурна сум! [sm=smiley31.gif] Pinky30, точно знам како ти е, и во ваква ранлива и нежна состојба стварно последно што ти треба е негативен муабет. Факт е дека сите тука сме различни, со различни стилови на комуникација, искуства, знаења и сфаќања на светот и нештата околу нас, и за твое добро, обиди се да не си земаш ама баш ништо при срце. Најголемата доверба треба да ја имаш во докторот и во себе, а тоа што ние тука збориме ич да не ти е гајле. Ниедна од нас не е докторка, и сите сме чуле-недочуле. Се слагам дека има некоја тенденција да се шират празни муабети без причина и да се прави негативна енергија, ама не можеме да влијаеме на тоа другите како пишуваат. Едноставно, пробај да филтрираш што добиваш како информација и што те допира. Не е лесно, но целата оваа ситуација со ивф е и голем тест за личност, ќе те направи појака како човек. Удри игнор и ич да не ти е гајле [sm=smiley36.gif] А за терапијата, ич да не се сомневаш во докторот, секое тело е различно и сигурна сум дека докторот многу подобро од нас знае кому што му одговара. Сите сме со различни терапии и сите имаме различни резултати, да имаше еден проверен метод ќе беше многу полесно, ама тоа е, не сме машини [sm=smiley1.gif] Супер што се симнал естрадиолот, до задутре ќе биде таман симнат за да се почне со стимулација, ќе видиш. Само лабаво, насмеано и главата горе! [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|