Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (7.2.2015 10:46:40)
|
Ме зачуди податоков дека во Плодност се доплаќа за супрефакт, кога јасно е назначено во списокот од Фзо дека со ваучерот се добиваат две шишенца, кои кај 90% од случаите се доволни. cika, јас во Систина платив само 6000 ден партиципација, а за терапијата нормално дека се доплаќа, кај секого е различна, не може се да покрие ваучерот. Мене ме изреволтира што покрива само 30 дози инекции за стимулација, така што и јас докупував фостимон, а терапијата и витамините јасно дека секој сам си ги покрива. Некои од лековите одат на рецепт, и во мојот случај, освен Кринон гел и Фемибион, другото се беше евтино. Pinky30, периодот е релативен, може да фати околу 2-3 недели, но и повеќе, ми се чини дека мене и повеќе ми дојде, не памтам точно. Подобро е поспоро да оди, за да бидат поквалитетни јајце клетките. Метформин не беше ни спомнат кај мене, но препрашај си, не е на одмет. kate.., со среќа денес!!! [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|