|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници, што јадевте денес?
8.12.2014 17:57:24   
lolla RR
Само јас си пишувам тука, ама нема врска...

Во саботата: бучкуруш, сабајлето беше супер: смуди од бадемово млеко, банана и аронија со боровинки, доручек: палента со малсиново и сиренце и јогурт. За ручек небаш, бевме на гости и имаше некоја риба бљак ама ајде мина. Па за вечерта си направивме потпечени лепчиња со кашкавал и маслинки и зелка салата. И кафе пиев ама не ми идеше.

Вчера - убаво: сабајлето смуди со бадемово млеко, капини и аронија, полн тањир овошна салата од круша, јаболко, кива, мандарина. Доручек: омлет со праз и сецкана туршија со сиренце, беше многу вкусно. Ужина - јатки. Какао. Ручек: лосос салата со кромид, марула, лимон, маслиново и авокадо = фантазија. Вечерта пиканки и краставица

Денес: чајче од коприва, семе од коприва, јаболко, круша, манадарина. Доручек: јуфки со урда со пиперки и јогурт. Ужина: тиква печена, пола авокадо со мед и јатки. Ручек: интегрален ориз со проќељ во релна и туршија. Вечер ке видиме, се надевам нешто лесно, доста е за денес.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 151
   RE: Трудници, што јадевте денес?
8.12.2014 19:28:31   
Hopeful RR
Не си сама, еве ме и мене user posted image Баш сега заврфшив со јадење и ми текна да се пријавам. Деновиве сум на работа, и малце тешко се координирам сама со себе, па не сум баш за фалење.

Завчера почнав со цеден лимон, јаболки, банана, и потоа овес со семки и суво грозје. За ран ручек јадев салата од спанаќ, марула и чери домати, со сирење и две мали лепчиња. Грицкав некои јатки, улета некој чипс, пиев вода и чај цел ден, а вечерта со мм отидовме во кафана, кај што мезев мешана салата, фурнаринки, малку биено сирење на скара, пинџур и маалку макало од лук.

Вчера почнав со масло од лен, цеден лимон, две јаболки. Потоа овес со бадеми, лешници, семки од тиква, сончоглед, лен, суво грозје и банана со вода. За ручек нарачувавме, и јас јадев три минијатурни вегетаријански сендвичиња со кашкавал, домат, краставица и маслинки, а како прилог со тоа дојде и помфрит со сос. Вечерта дома две лепчиња со козјо сиренце и розев домат. Во текот на целиот ден вода и чај.

Денес пак масло од лен, цеден лимон, јаболко и вода. Подоцна и овес со бадеми, лешници, семки, суво грозје, мед и вода. За ужина каснав две варени гевречиња, а пред малку јадев мимоза салата со авокадо и интегрално лепче од Јонташи - омилени ми се. После тоа си дозволив и неколку колачиња Домачица темна user posted image Сега ќе си направам кафе и мислам дека за денес е доволно!


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 152
   RE: Трудници, што јадевте денес?
8.12.2014 19:43:09   
lolla RR
Јас сум за некое ново масло за насабајле, при крај ми е аргановото, па може да пробам ленено, не сум го користела досега. И да ј пиши кои се тие Јонташи лепчиња, не сум чула за нив, звучат примамливо.

Другиве трудни кај ни се? Ептен им се уарни продолжениов викенд, ајде давајте идеи за неделава за ручеци.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 153
   RE: Трудници, што јадевте денес?
8.12.2014 19:50:37   
Hopeful RR
Маслото од лен е топ, а и не е скапо како аргановото. А Јонташи се некоја фирма од Влае, мислам, и имаат испорака само на неколку места - јас ги купувам во СП маркет во Тафталиџе 2. Имаат леб од хељда, просо, со семки и од ориз. Ги има и на Facebook, ѕирни ги, мислам дека има и испорака до дома. Прават и други вегански јадења - хумус, фелафел, пити и слично, ама се уште не сум ги пробала. И ајде девојки, и јас сакам нови идеи за труднички ручек user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 154
   RE: Трудници, што јадевте денес?
8.12.2014 21:47:16   
Bethany
Јас сум женски станала многу заборавна. Денес требаше да го напишам бројот на телефонот од мм, воопшто не можев да се сетам.
Потоа пробав да се сетам на мојов број и требаше ми време... Муабетот ми е, ако не пишам веднаш денес, до утре веќе ми е мака да се сетам user posted image

Моето мени денес:
На станување неколку мандарини, домашен мед, турско кафе
Појадок: блендирана банана и боровинки со овес, мед и јогурт
До ручек: пак банана една малечка, мандарина и житни плочки од Виталија
касни ручек: калорично- печени крменадли со пире од компир и марула салата
и сега пијам чај од ѓумбир.
Ништо повеќе не јадев после ручекот, ама сега ќе јадам киви, ми се јаде кисело нешто и немам желба за друго, а ќе бидам гладна сигурно и највероватно ќе грицкам пак тие житни плочки и јогурт ќе пијам.

Инаку, најомиленото ми е едно интегрално стапче со семки од една пекара тука, тоа би можела да јадам нон стоп, утре тоа ќе си купам за доручек.


< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 10.12.2014 12:44:46 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 155
   RE: Трудници, што јадевте денес?
9.12.2014 21:53:18   
Bethany
Јас денес:
на станување неколку мандарини, па турско кафе
Појакок: интегрален стап со семки, и јогурт
Па бидејќи бев по патиштата цел ден, изедов едно кило мандарини и кроасан и малку соленки, и не знам што уште
Ручек од се по малку: ориз со зеленчук, поховани пилешки прсти, печен компир, поховани тиквички и модар патлиџан и свежа салата
Вечера: препечено лепче со ајвар, сирењце и маслинки
И може ќе си јадам некое киви, ми треба нешто освежително после денот поминат во кола

Лолла, денес во Зегин земав кокосово масло, 100% природно, како за почеток, за мачкање и ќе го ставам во овошни каши.
Има на тегличе едно рецептче за новогодишни кокосови колачиња, па може и тие да ги пробам.
Еве ќе ви го напишам, лесно е, сигурно и вкусно, а здраво.

- 4 лажици ладно цедено масло од кокос,
- 4 лажици какао во прав
- 3-4 лажици мед или малтекс
- 4 лажици мелени бадеми, лешници или ореви.
Рецептот е за десет колачиња. Сите состојки се мешаат додека да се добие хомогена смеса.
Се полнат калапчиња од хартија со форма на снегулка, новогодишни форми или се прават бомбици.
Се стават во фрижидер (замрзнувач) 10 минути и се добиванајвкусните здрави благи кокосови колачиња user posted image



< Поракaта ја уредил Bethany -- 9.12.2014 22:06:33 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 156
   RE: Трудници, што јадевте денес?
10.12.2014 10:02:34   
Mihaela 2010
caj,banana
tost i casa jogurt
podocna kafe
za uzinka nosam dva portokali, za grickanje pukanki,i uste eden tost imam u slucaj nakaj 2-3 da mi se prijade i ostatok jogurt

za rucek orivce so pilesko,tursija ili vezenki pipercinja

kafe

za vecera mozebi ovosjence nekoe
i blagicko se razbira vo umerena doza

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 157
   RE: Трудници, што јадевте денес?
10.12.2014 10:29:21   
Hopeful RR

Инаку, за вчера, срам ми е да ви пишам што се изедов. user posted image
Ај сабајле ок - јаболки, овес со брусница, ама после јадев симит погача и јогурт, па една мало лиснато со вишни, па пола геврек со 2 зденки, па две лепчиња со нутела, па чајни колачиња, неколку Милкини - се џанк до џанк. Дека на работа цел ден, и јадев се што ќе видам пред мене, ко нездрава некоја. Ај ок барем вода и чај што пиев цел ден, ама сепак.

За денес си ветив да не се глупирам толку - почнав со две јаболки, сега пијам чај од коприва, и ќе си направам овес со јатки, семки, суво грозје и брусница без шеќер. Имам едно авокадо на работа, може тоа ќе го искомбинирам со нешто посериозно, ќе видам.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 10.12.2014 12:47:10 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 158
   RE: Трудници, што јадевте денес?
10.12.2014 12:49:57   
Melanija RR
user posted image делови и постови кои се однесуваат на инфо за хранливи материи,избор на ленено семе и сл. ги префрлив во темата Хранливи материи препорачливи во бременоста која се надевам ќе продолжите да ја полните со убави совети ,дел се воопшто за здравје но во овие теми е за вашето здравје и вашите user posted image

Искажувањата за млекото ќе најдам каде да ги префрламuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 159
   RE: Трудници, што јадевте денес?
10.12.2014 17:34:55   
lolla RR
Хоупфул, нормално е да се има некој оф ден. Јас си давам такви денови, ке видам после дека ми е тешко од тоа јадење и не ми текнува едно 10 дена пак user posted image

Бетани,ке ги направам колачињата викендов и баш ке пишам какви се само помалку какао ке ставам,многу ми личи 4 лажици.

За денес стандард:

- сабајле: чај од коприва, семе, цеден лимон и портокал, банана
- доручек: сендвич од дома со интегрално лепче, путер, кашкавал, маслинки и кисели краставички
- ужина шака ореви
- ручек: манџа од црвена и кафена леќа со буковец, кромид и лук блендан во неа. Салата цвекло со зелка, лути феферони и 10тина маслинки
- кришка со нутела
- сега ке правам чајче од липа а за вечер гвакамоле пак, или од леќата пак

За гвакамоле сакав да пишам дека ми е многу вкусно и лесно за навечер:
За мене и мм треба: 1 авокадо ама убаво зрело, се пасира со вилушка, потоа во него се додава ситно сецкан патлиџан или домашна домата, се сецка на наситно лукче мало чешне и пола главичка епптен мало кромитче. Потоа малку сол хималајска и се цеди околу четвртина лимон или повеќе по желба. Да отстои 10 минути во фрижидер треба и после се мачка обилно на лепче или крекер или онака чисто кој сака може. Мнооооооооогу е вкусно. Јас решив барем 3 пати неделно да јадам авокадо заради мастите.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 160
   RE: Трудници, што јадевте денес?
11.12.2014 10:27:21   
Hopeful RR
Вчера надокнадив со понормална исхрана user posted image

Почнав со две јаболки, потоа овес со јатки, семки, суво грозје и брусница, чај од коприва и вода.
За ручек јадев две варени гевречиња и салата од авокадо и патлиџани, комбинацијата ми е прекрасна.
Доцна ужина од две мандарини и банана.
За вечера тестенини со доматен сос, кромид, зачини и пармезан, и мешана салата.

Денес, почнав со банана и јаболко, сега си направив чај од коприва, подоцна пак овес со чуда.
За ручек се уште не знам, да видам кои ми се опциите на работа user posted image , а за вечера, да видам кои се опциите дома user posted image

Инаку и јас обожавам авокадо, можам секој ден да го јадам во каква било форма!
Инаку lolla, и јас се залетав по хималајска сол, ја ставав во се, ја терав мајка ми да ја користи, но откако од проверени извори дознав дека воопшто не е јодирана и била на граница да биде забранета, престанав да ја користам, или комбинирам и со обична сол, затоа што јодот ни е неопходен. Инаку гвакамоле рулз! user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 161
   RE: Трудници, што јадевте денес?
12.12.2014 12:27:09   
Mihaela 2010
denes
caj od nane
banana i jabolko
za dorucek malo vareno gevrece so casa jogurt i edna zdenka
kafe
podocna eden potrokal,malku soncogled

za podocna imam ovosje
rucek supa,pire i kolbavcinja i salata
za vecer ovosen jogurt
izmegu kafe

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 162
   RE: Трудници, што јадевте денес?
13.12.2014 18:03:07   
Bethany
Денес:

Од сабајле неколку мандарини, пола банана, чај од јаболка и цимет
Жужу и чаша јогурт
Турско кафе

Банана И нес кафе 3во1
Ручек: растурена сарма со феферони и кисели краставчиња

За вечера највероватно тропски мусли од виталија ( мои омилени) со јогурт

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 163
   RE: Трудници, што јадевте денес?
13.12.2014 18:43:03   
kokicekokice
Pojadok:Kachamak so sirence I jogurt
Uzina:chaj od nane, kivi, 1 golem tanjir kisela zelka salata so blag bukovec(of of kako me osvezi)
Rucek:orivche so pilesko, meshana salata(zelka, cveklo, morkov)
Uzina:kafe, pechena tikva, mandarinI
Vecera:Se mislam pomegju Oves so malini ili varena pchenica

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 164
   RE: Трудници, што јадевте денес?
13.12.2014 18:49:06   
Mihaela 2010
Caj
Jabolko i banana
Dorucek tost i casa jogurt
Kafe
Soncogled
Kakao
Mandarina i banana
Rucek kompiri i pleskavica i vezenki
Nes
Ovosen jogurt

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 165
   RE: Трудници, што јадевте денес?
13.12.2014 19:43:50   
gina
lazica med, casa voda
tost so kaskaval edno jabolko,banana.kafence malku posle dolgo vreme
leka,kompir,kiseli krastavicki
dve mandarini,mal tost
tajnir juvki so sirenje
i za kraj ovosje

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 166
   RE: Трудници, што јадевте денес?
13.12.2014 20:33:19   
lolla RR
Не сум пишала неколку дена: бев примерна до денес

- на станување: јаболко, 2 киви, смуди од банана, вишна, урма и аронија, лажичка арганово масло
- доручек и ручек: бајаги домашна пастрамајлија со интегрално брашно и свинско мевце, кисели краставички и лути феферонки
- 3 мандарини, какао, лажица ленено масло
- вечера: пропржен замрзнат зеленчук со праз и лук,салата марула, десерт 2 лажички нутела

Доста е за денес, па и за утре би рекла user posted image


(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 167
   RE: Трудници, што јадевте денес?
14.12.2014 16:24:43   
lolla RR
Houpful, заборавив да пишам за хималајската сол. Не сум знаела тоа за неа, ние ја користиме сигурно 2 години, прво таа на Нутривита, а сега некоја на Биокосмос. За таа нутривита во проспектот што ми го дадоа се сеќавам пишуваше дека природно си има јод внатре, а на оваа од Биокосмос на амбалажата си пишува јодирана хималајска сол. За парите уште да не е јодирана, би било срамота, мада па и онака внесуваме солени работи, кисели краставички, леб, некои пецива, сирење.... валда не е толку страшно, барем се надевам.

Исто да прашам, можно е тоа лененеото масло да има после една лажица толку брзо лаксативно дејство user posted image , ме разбуди во 3 саат ноќеска и денеска не се напив. Ке пробам утре пак.

------------------------------------------------------------------------------------------------

Еве за Лененото масло една убава статија од мигусто.

Маслото од ленено семе се состои од една третина масло, додека остатокот се протеини, влакна и растителен лепак. Ова масло е богат извор на основните масни киселини, односно содржи алфа-линоленска киселина, омега 3 и омега 6 киселини (овие 3 киселини се означуваат со едно име – ЕФА). Но она што го прави ова масло навистина посебно е фактот што во маслото од ленено семе, овие три киселини се правилно распоредени.

Голем број на луѓе обично имаат недостаток од 3-те ЕФА киселини, па лененовото масло е одличен суплемент во таквите случаи. На ќелиите во човечкиот организам им се потребни омега 3 масните киселини, бидејќи од нив ги градат мембраните кои ги заштитуваат. Човечкиот мозок главно се состои од маснотии наречени фосфолипиди, кои се прават од масните киселини. Затоа, овие три масни киселини се од клучно значење за функционирањето и составот на мозокот, и делуваат на подобрување на помнењето, расположението, концентрацијата и моќта за перцепција.

Истражувањата покажуваат дека голем број диети не содржат во себе доволна количина на Омега 3 масни киселини, а тоа може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Имено,

Срцеви болести – Омега 3 помага во намалувањето на холестеролот, крвниот притисок, и срцева аритмија.

Артритис – Истражувањата покажуваат дека маслата кои се богати со Омега 3 (како маслото од ленено семе) кај пациентите можат да ја намалат потребата за земање на лекови

Рак – Докажано е дека Омега 3 киселините уништуваат одредени ќелии на рак, без да ги уништуваат здравите и нормални ќелии.

Проблеми со кожата – Омега 3 киселините значително делуваат во превенција на проблемите со кожата како акни, а исто така придонесуваат за намалување на стресот и штетните последици од него.

Маслото од ленено семе е добро за здравјето

Ленот во себе содржи 12% растителен лепак, што го прави лесен и природен лаксатив. Затоа, семето од лен е совршено за оние кои имаат чувствителен стомак.

– Маслото од ленено семе служи како заштитиник од стомачните киселини

– Ги смирува чиревите и другите пореметувања на цревата

– Ги преработува и апсорбира токсините

– Го спречува развојот на токсини во цревата

Маслото од ленено семе исто така содржи и лигнини кои имаат анти-вирусно и анти-бактериско дејство. Семето од лен во себе исто така содржи и лекитин, кој го топи салото и го намалува холестеролот. Од другите состојки на лененовото масло веќе ги спомнавме влакната, протеините, витамините и минералите. Во продолжение следуваат малку повеќе информации за секоја од овие состојки.

Влакна – Маслото од ленено семе содржи топливи и нетопливи влакна, кои исто така во себе имаат растителен лепак. Влакната во маслото го чистат дебелото црево од токсични материи, измет и сува слуз. Овие влакна се и одлична храна за добрите бактерии во организмот, кои ја спречуваат појавата и ширењето на болести.

Протеини – Во 100 г ленено семе има околу 25 г протеини. Овие протеини лесно се варат и ги содржат сите амино-киселини кои му се потребни на организмот.

Лигнини - Лигнините делуваат во борбата против ракот, а имаат и анти-вирусни и анти-бактериски својства. Во ленот има од 75% до 800% повеќе лигнин отколку во било кое друго овошје или зеленчук. Лигнинот е и антиоксидант кој го спречува апсорбирањето на холестеролот од мрсната храна.

Основни масни киселини – Маслото од ленено семе ги содржи трите основни масни киселини: алфа-линоленска киселина, омега 3 и омега 6 масните киселини. Алфа-линоленската киселина е особена важна за луѓе кои се занимаваат со бодибилдинг бидејќи ја зголемува чувствителноста на мускулните ќелии на инсулин. За предностите на Омега 3 веќе зборувавме погоре.

Користење на маслото од ленено семе

Кај нас можете да купите и масло од ленено семе и семе. Ако се решите за масло, задолжително чувајте го во фрижидер, бидејќи инаку лесно оксидира, а тоа доведува до ослободување на слободни радикали. Исто така, купувајте лененово семе во црни и помали шишенца бидејќи има краток рок на траење (до 3 месеци).

------------------------------------------------------------------

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 168
   RE: Трудници, што јадевте денес?
14.12.2014 16:28:09   
lolla RR

Сакав да прашам за идеи за повеќе внесување на калциум, ако имате нормално.

Денес:

- на станување: чај од коприва, семе, цеден лимон и портокал, 2 киви, јаболко
- доручек: омлет со праз и карфиол, пиперка и морков од туршија со сиренце и јогурт
- 2 киви, мандарина, какао, шака јатки и брусницА
- ручек; тавче гравче со феферони, и салата зелка, корков, дајкон цвекло
- за вечер се пече тиква и сакам да исцедам сок од цвекло со лимон, јаболко за денес, утре

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 15.12.2014 10:52:50 >

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 169
   RE: Трудници, што јадевте денес?
14.12.2014 17:14:25   
Mihaela 2010
Ajde da pisam
Od sabajle poln tanjir mandarina, jabolce i banana seckani
Nes kafe
Dorucek sum si praela edna ovcarska pasteta taka ja vikaa baba mi i majka mi ( na blender izdrobiv malku kromid, potoa dodadov sirenje go izgmeciv i dodadov puter, mlku biberce i magdonos I ispekov dve lepcinja na tost abe prsti izlizav) i casa jogurt
Podocna tursko kafe

Mandarina
Rucek spanakj
Malku cokoladce
Za vecer ke pecam cokoladni zuzu


< Поракaта ја уредил Mihaela 2010 -- 14.12.2014 17:15:45 >


_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 170
   RE: Трудници, што јадевте денес?
14.12.2014 17:37:23   
gina
med jabolko
biskviti so mleko
mandarina.caj od nane
rucek pileski gjigercinjaso kromid i salata od svezo cveklo i zelka
semki ot tikva,urmi, cokolatce, pukanki
za vecera moze jogurt i ovosje

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 171
   RE: Трудници, што јадевте денес?
14.12.2014 18:41:00   
Hopeful RR
lolla, и јас ја користам хималајската сол, ама кога ми го кажаа ова, се замислив. Ама да, што викаш - внесуваме сол и јод и преку други извори, така што не е страшно.

Инаку скроз таков ефект има маслото од лен - јас го пијам само сабајле и одма трчам во вц user posted image добро е тоа на Виталиа, сигурно поскапите се подобри, ама па и не мора да значи. Тоа на Фила е исто ок.

Инаку, вчера јадев глупости (кифлички, кашкавали, џанк), ама денес сум за фалење - сабајле лен, смути од банана, овес, ореви, бадеми, семки и суво грозје, потоа јаболко и чај од коприва. За ручек посно тавче гравче со свежа салата од патлиџан, пиперки и кромид, марула салата, цвекло, кисели феферонки и маслинки. Сега мислам ќе си направам кафе, сум заслужила user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 172
   RE: Трудници, што јадевте денес?
14.12.2014 23:42:28   
gina
jas e koristam sol od Hrana i Vino Kaliumova sol-Nasa sol

jas mnogu slabo jadam preeska kupiv leneno seme kako go koristite samo taka go jadete ili go stavate vo nesto ama mi rekoa bilo gadno pa neznam kako ce go jadam a barav seme od kopriva nenajdov vo marketive pa da prasam vo apteka

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 173
   RE: Трудници, што јадевте денес?
15.12.2014 0:53:41   
Elena 29
gina,lenenoto seme mozes da si go stavas vo sto sakas,jas go stavam vo ovesnata kasa,vo zelka ili marula salata,koga si varam leka,pa doturam na kraj.i definiivno ima laksativen efekt user posted image user posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 174
   RE: Трудници, што јадевте денес?
15.12.2014 9:55:58   
Hopeful RR
Најдобро е лененото семе да биде свежо мелено, зашто само по себе има цврста лушпа и организмот не може да ја преработи, па го исфрла целосно. Можеш и во овес со вода, да, но да ги грицкаш семките, не само да се голтаат user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Elena 29)
Непосредна врска до пораките: 175
Страница:   <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?