|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Трудници, што јадевте денес?
23.10.2014 16:03:07   
lolla RR
Женски, баш би сакала да знам што јадевте денес, и да пишете во која недела сте. Супер ми личи за идеи за доручек, ручек, вечера, ужина итн...

Јас денес:

- на станување: чај од коприва, едно ипол јаболко, цеден сок од 1 лимон и портокал, една лажичка семе од коприва со мед, една лажичка таан, една лажичка арганово масло и 4 урми
- доручек: конзерва сардина со рендан морков и кромид и кисели краставички, 1 кришка леб
- какао и ред темно чоколадо
- ужина: пуканки и една калинка
- ручек: се крчкаат полнети ајварски пиперки со интегрален ориз, салца, праз, кромид, пченка, грашок и кари , салата зелка
- ужина: варени коштани
- за вечер планирам кришка леб со кашкавал во микро и таратор ако ми се малку коштаните.

ГН 21+3
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Трудници, што јадевте денес?
23.10.2014 16:10:43   
Mihaela 2010
Bravo lolla za temava..ova kako koga pisuvame za nasite malisani sto jadele denes..aj i za nas eve tema
Pa vaka
Sabajle edna banana
Dorucek edno vareno jajce so edna kriska briosh leb i puter, sirence i maslinki...cajce od majcina dusicka so med
Kafe
Podocna si iskrsiv orevcinja i si potkasnav malku povekje
Supa
Sega ke rucame pire i stekce
Podocna ke varam ili pecam tikva
Za vecer me teraat palacinki pa edna bi lapnalauser posted image
14 + 1

< Поракaта ја уредил Mihaela 2010 -- 23.10.2014 16:13:27 >


_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Трудници, што јадевте денес?
23.10.2014 16:26:58   
Hopeful RR
Добра идеја е темава, таман да се инспирираме user posted image

Јас сум 9+1, и досега изедов:

на гладно цеден сок од 1 лимон
1 јаболко
две гранчиња грозје
7-8 суви сливи
1 банана
еден тон вода
1 кришка леб од Пастел со црвена пченица (мммм!)
1 Јогобела овошно јогуртче

Сега го чекам мм да направи супа од тикви, плус печени благи компири и марула салата. Ќе пукнам по кисели феферонки, ги изедов сите и немам нови! За вечера којзнае, зависи од апетитот user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Трудници, што јадевте денес?
24.10.2014 10:30:47   
blond
Јас вчера дека кај мајка ми бев на гости, од сабајлето млекце и житарици плус лажица мед, за ручек компири со месо имаше спремено, ама некако не ме бендисаа и малку апнав, за вечера ништо, мачнини имав и си легнав со неколку изгризани бисквити. Вчера цел ден ништо од овошје.
Утрово една мала кришка еурокрем, па сега банана е на ред. До вечер не се знае што ќе биде :)

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Трудници, што јадевте денес?
24.10.2014 22:17:40   
Bethany
Јас денес:
Банана, па нес кафе со повеќе млеко:)
Пола ѓеврек и чаша јогурт
Мандарина
Кришка леб со кашкавал и маслинки
Шпагети болоњезе
Зелка салата
Мандарина
И тоа последното во 5 часот, оттогаш ништо, страв ме да ставам нешто в уста.
Грицкам соленки и пијуцкам ладно млеко, ете тоа :)

Морам да спомнам дека водата не ми прија, ми се гади и од неа, а толку многу ја пиев. Чаеви исто така, посебно нана чај кој наводно помагал при мачнини, јас ако се напијам ко камен да сум изедела.
Вчера пиев кока кола, која не ја пијам скоро никогаш, ама ете прочитав некому помагала па пробав. Не вреди. Пробав и со кисела вода, не помага. Тоа е - што е.
Се уште не открив што ми одговара а што не.желудникот ми се собрал (што и не е така лошо user posted image ), па неколку залаци и веќе ми станува тешко.

< Поракaта ја уредил Bethany -- 24.10.2014 22:24:07 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Трудници, што јадевте денес?
25.10.2014 10:51:45   
lolla RR
Бетани, пиј 3 на ден Б6, могу помага. и чај од ѓумбир.

Мене вчерашното мени ми беше:

- на станување: чај од коприва, едно ипол јаболко, пола кива, пола банана, цеден сок од 1 лимон, една лажичка семе од коприва со мед, една лажичка таан, една лажичка арганово масло и 4 урми
- доручек: пола пастрамајлија, пола кифла со кашкавал и чашка јогурт
- какао, шака ореви и лешници со мед
- ужина: пуканки и една калинка
- ручек: една ајварска пиперка со интегрален ориз, салца, праз, кромид, пченка, грашок и кари , салата зелка
- ужина:чаша јогурт со смоки

Денес: КАЛОРИСКА БОМБА

- на станување: чај од коприва, едно јаболко, салата од пола авокадо, пола банана и лажица кокосово масло, цеден сок од 1 лимон, една лажичка семе од коприва со мед, една лажичка таан
- сега: јаболко
- за доручек и ручек: домашна направена пица со зеленчук и интегрално брашно
- во текот на денот, какао и салатка од марула

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Трудници, што јадевте денес?
25.10.2014 11:06:10   
Mihaela 2010
Edna banana
Dorucek dve prepeceni lepcinja so puter, sirence, malku ajvarce, pavlaka..odcse po malku si apnav sto imase na masa
Nes kafe
Ke iskacame niz Ramstor mi se uvrtel vekje mesec dena klub sendvic pa toa ke si rucamuser posted image
Popladne tikva za uzina za vecera neznam nemam plan

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Трудници, што јадевте денес?
25.10.2014 11:52:54   
Hopeful RR
Вчера сабајлето јадев овошје, за ужина лепче со сирење, а за ручек гравче со печени пиперки и зелка салата - мајка ми направи, а мм отиде да земе. За вечера грицкав семки од тиква и сончоглед, и печена тиква со мед.
Денес, на станување изедов две јаболки и 3-4 суви сливи, а сега завршив со супа од тиква и една кришка леб. За ручек се понуди свеки, мм да отиде да донесе, па ќе видиме со што ќе изненади user posted image Овие два дена ручек на готово!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Трудници, што јадевте денес?
25.10.2014 13:43:25   
lolla RR
Houpful, дај пиши рецепта за таа супата од тиква и дали стои 2 дена на ладно?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Трудници, што јадевте денес?
25.10.2014 14:04:03   
Hopeful RR
Стои, оваа ја правеше мм завчера user posted image
Ние немаме осет за количина тиква, и ја правиме од око. Овојпат имавме големо парче тиква од пазар, како џиновска кришка. Се сецнува на помали парчиња од околу 7-8см и се пече како за јадење. На страна се запржуваат две поголеми главици кромид и лук по желба, и се додава излупената тиква, исецкана поситно. Се пропржува малце и се додава врела вода. На тоа се додава коцка за супа (бројот на коцки зависи од количината вода) и зачини - бибер и ѓумбир. Се вари додека не проврие, се блендира и се остава да крчка уште некое време. Ако е густа, се додава вода, и тоа е тоа. На крај може да се пропржат семки од тиква и сончоглед и да се стават одозгора, ептен добар момент даваат. Јас додавам и балсамико, да отвори малце со киселото user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Трудници, што јадевте денес?
25.10.2014 14:17:40   
lolla RR
Фала ти хоупфул, ме настрви ептен сум по тиквите, ја правам неделава. А кажи ми после ја грееш пред јадење утредента пример, или добра е и ладна?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Трудници, што јадевте денес?
25.10.2014 15:47:27   
Hopeful RR
Ја греам, обично не сакам ладни јадења user posted image штознам, може и ладна е добра. Јас па ич не јадев тиква додека мм не ми направи супа и пројадев, ептен е добра! Ако сакаш, можеш да и додадеш павлака. Направи ја и те чекам да ми пишеш! user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Трудници, што јадевте денес?
27.10.2014 11:33:18   
lolla RR
Вчера:

- смуди од аронија, боровинки, банана и урми
- 1 јаболко
- доручек: пржени јајца со лепче, ајварче, маслинки и салата од варена брокула
- ужина: зелен чај, 2 јапонски јаболки, 1 калинка
- ручек: манџа телешко мевце со боранија и моркови
- ужина: 2 јапонски јаболки, 1 калинка
- чај од нане
- вечера: две крики лепче со вајкрем, сиренце и јогурт

Денес:

- чај од коприва, семе од коприва, 2 јаболки, 1 круша, 1 банана
- геврек
- какао
- пак нешто тесто за до крај на работно време
- ручек: исто од вчера и некоја салата ке биде

Оваа недела ке тежнеам да јадам повеќе зеленчук.


(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Трудници, што јадевте денес?
27.10.2014 12:43:31   
Hopeful RR
lolla, ептен ме инспирираш со идеиве user posted image
Гледам дека имаме ист концепт за доручек, смути од овошје и чуда, со тоа што сега откога спомна аронија, ме фати грижа на совест дека сум ја подзаборавила - ми стои цело кило смрзнато, а не ги јадам... user posted image

Вчера не знам точно што се изедов, знам дека сабајлето многу овошје, и овес со вода, суво овошје, мед и семки, а за ручек крем супа од зеленчук, макарони со чери патлиџанчиња, лук и козјо сирење, заедно со марула/рукола салата. Вечерта грицкав плазма бисквити user posted image

Денес, досега изедов банана и две јаболки, и сега две кришки леб со јогурт (си направив попара, како баба некоја), а за ручек планираме печени компири со салата.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Трудници, што јадевте денес?
28.10.2014 14:25:43   
lolla RR
Синоќа вечера: лепче со сиренце и јогурт и унгарска салата од марула, тенки кришки од кисело јаболко, ореви, мед и оцет.

Денес:

- на станување: чај од коприва, лажица семе од коприва, цеден сок од лимон и портокал
- по 1 саат: 2 јаболки, круша и банана
- доручек: сендвич со млечни работи, кисели краставички и маслинки од дома
- ужина: какао, овошно јогуртче и 1 калинка
- ручек: крем супа од брокула, праз, компир и морков
- за вечер планирам полнети печурки и зелка салата а ужинка чајче и јапонско јаболко

Ми личи ја најмногу кркам од сеите што пишуваат тука user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Трудници, што јадевте денес?
28.10.2014 14:33:52   
Mihaela 2010
haah iskreno da ti kazam lolla vaka koga gledam mnogu bre krkasuser posted image

jas denes- caj od kamilica
pa edna banana,imav sostanok,pa okolu 11 jadev domasni banicki (napraeni od mamauser posted image so jogurtce)
podocna eden portokal
sega kakao
doma nemam rucek pa najverojatno ke krknam edna eva sardina so kromidce i salatice nekoe
za vecera sto ke mi se prijade

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Трудници, што јадевте денес?
28.10.2014 20:39:16   
Hopeful RR
lolla, ти само кркај си, ионака гледам дека се што јадеш е здраво, а очигледно не внесуваш џанк десерти, така што ти само продолжи user posted image

Јас сабајлево го почнав со мандарини, цеден лимон, две јаболки и банана, а потоа и овес со урми и семки од тиква, сончоглед, лен и чиа, попарени со врела вода. Секако, и тон вода и чај од брусница. За ручек не сакав ништо готвено или манџесто, и јадев супа од тиква (lolla, овојпат беше и со додаток на путер и лук, и беше уште подобра user posted image ), две кришки потпепечено лепче, плус салата од марула, рукола, ротквици, млад кромид и две варени јајца. Сега каснав и три мандарини, ја гледам и четвртата, кај да е ќе отиде, а ако огладнам подоцна, планирам ацидофилно јогуртче со суво грозје и семки. Има и еден чоколокум што ме предизвикува, ама мислам дека денес не ми се јаде толку благо user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Трудници, што јадевте денес?
30.10.2014 8:50:02   
lolla RR
Ајде да ја активираме темава:

Вчера:

- на станување, цеден лимон, лажица семе од коприва, салата од пола авокадо, банана, лажичка кокосово масло и чај од коприва
- доручек: пециво со кашкавал и јогурт
- ужина: еден портокал и шака бадеми, ореви, лешници и суво грозје
- ручек: лосос на грил тава, малку печурки и рестован компир со блитва
- какао
- вечера: шоља јогурт и зелка салата со маслинки
- пред спиење: калинка

Денес:

- на станување, цеден лимон и портокал, лажица семе од коприва, 4-5 урми свежи, малку ореви и чај од коприва
- сега мцкам јаболки
- доручек од дома сендвич со интегрално лепче ке биде, а за ручек микс од зелена и црвена леќа манџа со салата зелка и цвекло

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Трудници, што јадевте денес?
30.10.2014 12:07:05   
Mihaela 2010
caj od nane
banana
dve mali tostcinja
kafe
za posle imam domasni od pcenica kolacinja
doma gravce so marula salata
za vecera ke vidime

mnogu voda,doma od ovosje uste nesto,kalinka,jabolce....

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Трудници, што јадевте денес?
31.10.2014 15:17:28   
lolla RR
Денес:

-на станување, цеден лимон со портокал и мандарина, лажица семе од коприва, салата од пола авокадо, банана, лажичка кокосово масло, ореви, 1 јапонско јаболко и чај од коприва
- доручек: кифла со кашкавал и ич не беше убава
- кафе турско
- ужина: 2 мандарини, 1 калинка и 1 јаболко
- ручек: печени благи компири со сусам со салата марула и рукола
- вечер, ке видиме, зависи од апетит

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Трудници, што јадевте денес?
31.10.2014 16:28:06   
Hopeful RR
На станување, цеден сок од лимон и две јаболки. По некое време, овес со семки, суво грозје и урми потопен во вода.
За ручек гравче и зелка салата, а за вечера уште не ми ни паѓа на памет бидејќи на сред ручек ми се подзгади (иако гравчето беше прекрасно) и некако немам апетит сега user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Трудници, што јадевте денес?
31.10.2014 16:53:29   
blond
Сабајле дека се маткав по град неколку саати, јогурт и лиснато јадев, дома спањак со ориз, па пудинг правев, па нешто овошје кркнав, за вечера тарана. Нешто имам одбивност кон овошјето, со зор го јадам....

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Трудници, што јадевте денес?
31.10.2014 16:59:41   
Hopeful RR
А се рачуна и тоа што сме го сонувале? user posted image

Јас ноќеска сонував како мм ми купил симит погача, ама не ме оставил одма да ја јадам со логика - немој, дома ќе јадеме тава од цвекло и ориз! user posted image А јас мразам ориз!!! И во сон дури ми се згади...
Мислам дека знам утре што ќе јадам user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Трудници, што јадевте денес?
31.10.2014 17:13:21   
blond
Е луда си хахахахахахахаха. Тава од цвекло и ориз? Жити се, дај рецепт ахахахаха

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Трудници, што јадевте денес?
31.10.2014 17:19:45   
Hopeful RR
Ќути, се надевам никогаш нема да го дознаам рецептот, а ни вкусот!
Златна симит погача user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?