Гребење на матката за поуспешно ИВФ (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> Гребење на матката за поуспешно ИВФ (27.10.2014 11:17:38)

Гребењето на ендометриумот ги зголемува шансите за успех по претходни неуспешни обиди за ИВФ

Ендометриското гребење "endoscratch" е постапка која почна да се изведува во Лондон во 2010 година и покажа дека ги зголемува шансите за успех при ИВФ. Како функционира? Најзначаен чекор е да се оствари бременост кога ембрионот се имплантира во матката. За тоа да се случи, треба обвивката на матката да е подготвена и синхронизирана со развојот на ембрионите. При третман со ИВФ, стимулацијата на јајниците и лековите може да ја променат состојбата на матката и да ја намалат нејзината рецептивност за да ги прифати ембрионите.

Иако сеуште не е сосема јасно зошто ендоскречингот ја подобрува имплантацијата, некои докази укажуваат дека процедурата ја менува структурата и функцијата на ендометриумот и ја прави порецептивна за ембрионите. Се смета дека таквото гребење ја провоцира матката да се регенерира и да се сихнронизира со развојот на ембрионите. Како се изведува постапката?

Гребењето на ендометриумот е брза и безбедна процедура која се изведува 1 месец пред отпочнување на третманот за ИВФ. Се внесува спекулум во вагината и тенок катетер во матката со цел да се нанесе мала повреда на обвивката на матката. Процедурата трае неколку минути и пациентката може да ја напушти клиниката веднаш по интервенцијата. Кај некои жени се јавува мала нелагодност при процедурата, но досега не е побарано давање седативи при постапката, а кај некои е препорачано да земат нурофен или парацетамол 1 част пред постапката.

Процентите покажуваа дека кај жени со проблем на неуспешни ИВФ третмани, по оваа постапка успешноста во Лондон при следен третман на ИВФ кај тие жени шансите за бременост пораснале за вчудоневидувачки 48.4%.

Извор: CARE Fertility




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (27.10.2014 11:18:11)

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Женски, еве ме мене пак, се вратив од кај др. Таше во Плодност....ми рече да права ИВФ, ако случајно не успее, тогаш ми препорача scratching, гребење на матката тоа е нова метода, со која се зголемуваат шансите за забременување, иако тоа не е 100% сигурно дека со таа метода после сигурно се останува бремена,но се зголемуваат шансите. Тоа се прави кога ќе заврши циклусот трае кратко постапката, како хистероскопија слично и се оди дома Она што е добро е дека со таа постапка со гребењето, се активира имуниот систем на организмот, ја обновува матката и на тој начин се зголемуваат шансите за успех.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Инаку ова со гребењето го прочитав случајно, и ако се мисли на истото, се работи за благо гребење при ЕТ. Односно, при самиот трансфер, се загребува малку ендометриумот за да се поттикне имплантацијата, и се покажало како успешно. Не знаев дека и кај нас се прави. Оваа постапка оди заедно со користење т.н. EmbryoGlue, некоја смеса со хијалуронска киселина која исто така помагала за имплантацијата. Овие податоци ги најдов како дел од едно онлајн предавање на еден германски специјалист, кој покрај овие фактори, ја наведе баш и хистероскопијата како постапка која се покажала дека го зголемува процентот на успех. Немаше ни збор за септум, туку во контекст на буричкање низ матката, што иако не е јасно што прави само по себе, се покажало дека доведува до успешно ивф. Добро што го спомна ова, баш сакав да го пишам независно од темата.





LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (27.10.2014 11:19:52)

Од она што го знам досега, во Македонија ваква процедура изведуваат во Плодност Битола и во Ремедика Скопје, а за другите клиники не знам. Планирам да прашам за цена и за начинот како тука се изведува, па ќе ви пишам.

Ако некоја друга рингерајка има информации за ова, нека пише, ќе биде добредојдено за сите.[sm=bravo.gif]




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (28.10.2014 9:13:59)

ИЗВОРНА ПОРАКА: sanosan bebe

LoveableMe RR јас правев sratchng на матка на почетокот на септември заради тоа што имав три неуспешни инвитра од кои едното заврши со спонтан во 6-та недела. На матката немав ништо и кога ме гледаа на 4Д ехо и кога ми ја направија хистероскопијата. Ова го правев зашто сите други резултати се во ред, ембрионите кои ги враќаат се извонредни(повеќе доктори ми кажале така и ермбтриолози). Ова кај нас сега засега мислам дека го работи само Таше од Плодност, и јас го правев таму иако за се друго сум пациент во Ремедика. Постапката трае 15-20 минути и е со целосна анестезија. се прави веднаш после завршување на циклус, не се пие никаква терапија, ни пред ни потоа и се препорачува инвитро по два месеци(бар мене така ми беше кажано). Инаку целата потапка ме чинеше 49.500 денари иако првичната цена која ни ја кажаа беше 36.000 денари.





LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (28.10.2014 9:19:01)

Многу пари за тоа, а? Јас мислев поевтино е? Како поскапо да испаѓа од хистероскопијата?

Јас сум веројатно сличен случај како тебе, уредно 4Д ехо, квалитетни ембриони, уредно ХСГ, а пак не можам да го задржам плодот. Па затоа не ми се даваат пари и време и за хистероскопија, ако е се во ред и за ова, иако хистероскопија на државно ќе правам ако правам, ама малку ми е чудно што тука ова гребењето го прават и потоа викаат пауза од 1 до два месеци, а во странство тоа го прават 1 месец пред ИВФ. Затоа малце ме чуди.....

Баш ќе прашам колку чини таа постапка во Ремедика и ќе пишам. Кога планираш да правиш ИВФ повторно? Дали д-р Таше освен интервенцијата ти препорача нешто друго за следното ИВФ?




lolla RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (28.10.2014 14:47:39)

Lovable, браво за темата, секогаш е добро да сме си во тек со најновите достигнувања и процедури кои помагаат да се дојде до целта.

Јас вака лаички само би додала дека треба да се запознаеме дали оваа метода е за секоја жена, на пример има лица кои не реагираат добро на мали повреди на телото и на пример настануваат атхезии, келоиди итн. На пример мм, од гребнатина му се направи келоиден израсток на кожата, едноставмо затоа што кожата реагира така, не зараснува како што треба туку се натрупува ткиво. И си размислувам дека треба да се внимава нели за одредени лица, коесигурно и докторите го практикуваат.





LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (28.10.2014 15:03:12)

Lolla супер, а каде прочита дека го прават во новата клиника? Кај нив на сајт или..? Фала ти, позз




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (28.10.2014 15:54:31)

"Новите докази покажуваат дека гребењето на ѕидот на матката предизвикува реакција на обновување, која може да ги зголеми стапките на имплантацијата на ембрионите. Процесот предизвикува фактори на раст, хормони и хемиски реакции. Новата обвивка на матката која расте по процедурата, се смета дека е порецептивна за да ги прифати ембрионите и со тоа да ги зголеми шансите за бременост.

‘Gene switching’ - научниците веруваат дека гените се одговорни за имплантација на ембрионите, кои понекогаш не се свичуваат во текот на процесот на имплантација. Затоа се смета дека ендометриското гребење предизвикува свичување на гените кои се одговорни за имплантација и со тоа се зголемуваат шансите за бременост.

Најдобро време за изведување на оваа постапка е ''денот 21’ пред отпочнување на ИВФ третман. При стандарден менструален циклус од 28 дена, ‘денот 21’ доаѓа после овулација, неколку дена пред почеток на менструалниот циклус на жената. Кај жени со нередовен циклус, клиничкиот тим ќе ги советува кога е најдобро време за оваа постапка.

Пациентката пред постапката ќе направи тест за урина, да се утврди дека нема бременост, може да јаде и пие нормално пред процедурата, а потоа треба да стави улошка и може да продолжи со секојдневните активности и треба да пие антибиотик препишан од лекарите во тимот.

Оваа постапка не се наплаќа доколку пациентката се пријавила во нашата клиника за ИВФ. За сите останати, кои доаѓаат само за постапката на ендометриски гребење, цената е £ 175.00 (фунти или околу 14.000 денари)

ИЗВОР: Midland Fertility Services, UK




lolla RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (28.10.2014 16:11:39)

На нивната фб страна прочитав пред некое време, а верувам има и на нивниот сајт.




SOLE -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (28.10.2014 18:58:28)

Loveable a dali ova endometriumsko grebenje na 21vi den od ciklus go pravat vo ReMedika?




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (31.10.2014 9:51:06)

Се јавив во New Born Clinic, па се интересирав за цени и ми кажаа дека гребење на матката чини 18.000 денари. Ми рекоа ако сакам да закажам кај докторите и таму би прашала како се изведува на кој ден, па и тоа ќе ви пишам.

Сега планирам да прашам и во Ремедика колку чини оваа процедура, па да направиме соредба.




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (28.1.2015 16:03:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Anna78

Девојки еве ме се вратив од скречинг, добро поминав, траеше една две минути ништо страшно, малку болеше но издржливо. Сега треба да помине барем еден циклус, а можеби и два ќе види докторот па ќе ми каже кога трансфер со замрзнати ембриони.
Позз [sm=smiley31.gif]


Anna78, колку ти наплатија и дали ти дадоа нешто да пиеш? А како ќе утврди кога трансфер? Според ендометриумот, тест преку крв или...?




Anna78 -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (29.1.2015 11:46:11)

Loveable, ништо не ми наплатија и не ми дадоа ништо од лекови. Можеби постапката ја прават кај секој различно, може кај некои повеќе, а кај мене беше само една минута, така ми рече докторот, дека треба само малку кај мене да се изгребе, и така беше, а појма немам како ќе утврди кога трансфер [sm=zmeden.gif] Јас се трудам малку да бидам поопуштена овојпат и ништо да не прашувам, само да го оставам докторот да си ја тера работата, а кога, што, како и зошто ќе биде не сакам да се замарам, така си реков тоа што треба да го знам ќе ми го каже докторот [sm=smiley24.gif][sm=smiley1.gif]
Ти посакувам среќа на трансфер [sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (29.1.2015 15:14:14)

Anna7, супер вести, не се наплаќа а? Па ептен мала процедура е, но сепак приватниве за све наплаќаат, па мислев и за ова. Позз, докторот веројатно според ехо или некој тест ќе одлучи кога трансфер, пиши ни по кои параметри ќе реши, чисто како информација за другите рингерајки. Позз[sm=jezicek.gif]




цвет -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (26.2.2015 22:32:24)

Loveableme znaci postapkava ,grebenje na matkata, ne e tolku strasna ,se plasam da ne ima nekoj posledici?




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (27.2.2015 21:16:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: цвет

Loveableme znaci postapkava ,grebenje na matkata, ne e tolku strasna ,se plasam da ne ima nekoj posledici?


не е страшна, а со неа се зголемуваат шансите за забременување. Каде ќе правиш?




kapina -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (27.2.2015 21:23:33)

Loveableme ti pravese li grebenje na matkata jas planiram da go prasam lazarevski zatoa bas koga ke se javam da mi kaze koga mm da prave spermogram pak oti prodolzi so spermotrendot iako imase odlicen spermogram posledniot pat no taka rece dr lazarevski da si prodolze nemalo steta od niv




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (27.2.2015 21:26:27)

Не сум отишла сеуште на консултација кај Петановски, за евентуало да ми предложи следен чекор. Ако ми каже, ќе ви пишам




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (30.7.2015 12:12:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: SOLE

.....не најдоа ништо значи ми направија диагностичка хистероскопија со скречинг, па да се надеваме дека ова ке ми се исплати со [sm=duda.gif][sm=smiley1.gif]....... платив 16000 ден.............ми дадоа Цитерал од 500 2 пати по едно, Лактогин едно дневно и ми рече да не ги пијам заедно во исто време со цитеролот и Б комплекс.....






kiki83 -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (21.12.2015 15:58:39)

После 3 неуспешни ин витра во разговор со др Татјана од њуборн клиник се договоривме да направиме скречинг на 21 ден од циклус,овој зафат се изведува со целосна анестезија и не оди преку фонфдот на приватно се наплака и чини 18000 денари.
Ми дадоа да пијам циклопрогинова на 31.12 ке правам скречинг




Pinky30 -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (21.12.2015 16:58:12)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kiki83

После 3 неуспешни ин витра во разговор со др Татјана од њуборн клиник се договоривме да направиме скречинг на 21 ден од циклус,овој зафат се изведува со целосна анестезија и не оди преку фонфдот на приватно се наплака и чини 18000 денари.
Ми дадоа да пијам циклопрогинова на 31.12 ке правам скречинг


So lesno da pomines i da pises kako se osekjas posle intervencijata zosto i jas posle 14.01 treba da pravam i isto Histeroskopija so skreching




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (13.1.2016 16:27:30)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kiki83

После 3 неуспешни ин витра во разговор со др Татјана од њуборн клиник се договоривме да направиме скречинг на 21 ден од циклус,овој зафат се изведува со целосна анестезија и не оди преку фонфдот на приватно се наплака и чини 18000 денари.
Ми дадоа да пијам циклопрогинова на 31.12 ке правам скречинг


Сакав да те замолам да ни пишеш како течеше постапката и како помина? Дали ти дадоа нешто да пиеш после тоа? Искуствата се драгоцени, бидејќи е ова нова постапка.




kiki83 -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (19.1.2016 14:52:59)

Јас правев скречинг на 31.12.2015г,постапката помина добро и е со целосна анестезија,после интервенцијата ми дадоа да пијам Flexid и истата ден почнав со супефакт.Немав болки имав само мало крварење.Оваа постапка се плака на приватно не оди преку фондот и ја препорачуваат за успешно ин витро.




Hopeful RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (19.1.2016 21:27:15)

кики83, супер што се поминало во ред. Ајде со среќа и со лесно супрефактот, пишувај ни како ќе се одвива постапката и наскоро да се радуваме на убави новости [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (20.1.2016 9:12:00)

kiki83, дали знаеш дали го прават со гас или само прават скречинг со анестезија и толку? Баш ме интересира[sm=smiley1.gif]




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>