RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


scared RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (20.1.2016 11:05:50)

LoveableMe на еден друг форум прочитав членка која има закажано скречинг во систина во амбулантски услови без анестезија. Ке биде само на дел од ѕидот на матката и чинело 4000, доколку се прави на цел ѕид на матката, тогаш е со анестезија.
Инаку Ивановски ке и ја прави постапката.




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (22.1.2016 13:15:06)

Еве директно од Систина се враќам, дијагностичката хистероскопија со скречинг ми е закажана за оваа среда. Анестезиологот ми побара ако имам да донесам, да не плаќам 5000 денари, крвна слика, крвна група, ХИВ, хепатиц Б и Ц не постари од 1 месец, ме прашуваа за алергии дали имам на лекови и храна, дали пушам и тоа.

Ми кажаа да го прекинам аспиринот два дена пред интервенција, да бидам гладна и жедна, стандардно како и за секоја друга оперативна постапка.

Ми кажаа дека кратко трае, со целосна анестезија е, дека истиот ден ќе ме пуштат и дека цената ќе биде околу 30.000 денари.




Pinky30 -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (22.1.2016 15:03:14)

So lesno LoveableMe daj boze da e se vo red i da imas ovoj pat golem uspeh



Znaci se zavisi od bolnica od bolnica...Bas denes se slusnav so sestrata na Petanovski i mi kaza samo vaginalni brisevi da imam i ne mi kaza deka trebaat hepatiti,hiv,krva slika i grupa...Ama bajagi visoka cena imaat Sisitina...Vo remedika dijagnosticka Histeroskopja so skrecing e 16.000 den.e sega zavisi ako se otstranuva nesto plus normalno...SOLE tolku plati za ovaa usluga vo remedika.




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (22.1.2016 15:09:36)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pinky30

So lesno LoveableMe daj boze da e se vo red i da imas ovoj pat golem uspeh

Znaci se zavisi od bolnica od bolnica...Bas denes se slusnav so sestrata na Petanovski i mi kaza samo vaginalni brisevi da imam i ne mi kaza deka trebaat hepatiti,hiv,krva slika i grupa...Ama bajagi visoka cena imaat Sisitina...Vo remedika dijagnosticka Histeroskopja so skrecing e 16.000 den.e sega zavisi ako se otstranuva nesto plus normalno...SOLE tolku plati za ovaa usluga vo remedika.


Да Пинки30, знам дека се поскапи за се, прашав дали ја прават со гас, ми рече не, со некоја посебна вода....така што не знам зошто ама ете таму повеќе чини....Мислам дека ќе ти бараат документ за крвна група и крвна слика, побарај да се видиш со анестезиолог за да дознаеш унапред и да си ги направиш на државно ако треба, да не плаќаш таму доколку ти побараат..

Мене ќе ми ја прават на 21-ден од циклус бидејќи и тоа демек имало успех, а можело и веднаш после циклус, читав доста научни испитувања на нет и ги поддржуваат двете варијанти и по циклус, а и на 21-ви ден, или во периодот од 21-28 ден од циклус, при редовни циклуси. Истиот ден почнувам и со супрефакт, значи одма со ИВФ протокол.




Hopeful RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (22.1.2016 21:16:21)

Loveable Me, со лесно и со среќа! [sm=bravo.gif]
Те мислам и ти праќам позитивна енергија [sm=smiley1.gif]




lolla RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (23.1.2016 14:29:51)

Ловабм ме со лесно мила и да е со позитивен исход. Дај боже по тоа да изненади и со природно!!!




SOLE -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (23.1.2016 18:21:38)

LoveableMe i Punky ајде со среќа и со лесно на двете, не се плашете бидејќи за убаво е, и верувајте дека ова ке ви помогне и наскоро ке честите [sm=bravo.gif] [sm=rozacrtici.gif] [sm=duda.gif][sm=duda.gif]




Pinky30 -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (24.1.2016 23:11:53)

LoveableMe so lesnoooo ajde i da se raduvame i nie a i site sto sme na ovaa maka[sm=bravo.gif]




kapina -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (25.1.2016 22:34:31)

i na mene ke mi prave dr lazarevski grebenje na matkata pred ivf taka rece on samiot sega histeroskopija ke mi prave dr trajkovski na gak vo petok imam zakazano kaj nego pa ke videme sto ke rece site doktori drugi sto ja znaat mojata istorija rekoa da ja naprave i lazarevski isto rece da i ke videme sto ke bide




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (26.1.2016 9:51:30)

kapina, мораш убаво да дефинираш со докторите, не може и гребење на матката и хистероскопија, бар од он што го пишува научната фела. Ако имаш проблем некаков, тогаш се прави хистероскопија, се отстранува тоа што треба и после се оди на ИВФ.

Доколку нема што да се третира како проблем, тогаш се прави скречинг, кој активира одредени гени и активности во организмот, што може да придонесе за успешно ИВФ.




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (28.1.2016 11:10:18)

Женски еве ме, добро поминав вчера, малку повеќе се задржав, ама ради гужви, протоколи, дури доцна вечерта ме пуштија од Систина. Прво кога отидов, им ги предадов документите на оддел со испитувања (и тука заштедив 5000 денари, внимавајте убаво на овие работи), потоа ми дадоа еден гел антибактериски да се истуширам и ме ставија во соба да чекам, дури не дојде докторот. Интервенцијата беше подоцна, па бев гладна и жедна цел ден. [sm=zmeden.gif]

Интервенцијата кратко траеше, со антестезија, се разбудив на стол, ме седнаа на кревет и ме однесоа во една соба, каде ми ставија инфузија и еден апарат за мерење притисок, кој ми мереше притисок на секои 5 минути тоа се гледаше на монитор, откуцување на срцето и сл. Инаку бараат скроз да сте депилирани долу, без лак на нозе и раце, без накит. Кога го прашав докторот, ми рече ништо се е во ред, само скречинг направивме и така пишува и во отпусната листа. Ми дадоа трицеф, два пати дневно 5 дена да го пијам.

Потоа лежев уште некои 3-4 саата во соба, ми донесоа сокче и вода и ме пуштија дома, абе умрев за јадење, барем една супа да почастеа. За тоа лежење во соба наплаќаат 6.500 а јадење не добив, мислам треба да ја намалат цената. Интервенцијата чинеше 21.00, плус ова 6.500 за собата, плус 1.100 денари докторски услуги, ме чинеше околу 28.000 илјади. За плаќање нема на работи без камата како на други места, имаат само со Дајнерс мислам на 12 рати, но имало и некоја провизија ми рекоа.

Сега денес и вчера имам благо течење црвена боја, докторот ми рече 2-3 дена траело. Ајде кики83, СОЛЕ или било кој што правевте пишувајте колку ви траење крварењето.




MademoiselleNina -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (29.1.2016 6:20:41)

LovableMe, ajde so lesno i so srekja. Ovoj pat da bide uspesno Ivf. se nadevam nemas bolki i funkcioniras normalno.




kapina -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (29.1.2016 8:02:28)

Lovebleme samo za grebenje na matkata plati 28000 ili ne

Jas sega za sega ivf ne pravam ponatamu sega histeroskopija samo kaj ivf so nizok prolaktin nema sansi do esenta ivf ne planiram da pravam e togas duri ke mi prave doktorot grebenje na matkata sega samo si gi spremam dokumentite da ne izleze nesto poleka poleka brisevi spermogram pap test i vo megu vreme ke pravam mr na hipofizata i tie 16genetski mutacii sto se na imunologija i niv ke gi ispitam i duri togas ivf ke pravam




Hopeful RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (29.1.2016 12:59:01)

Капина, сега ќе правиш хистероскопија, а кога ќе бидеш за пред ивф сакаш и скречинг? Не знам дали те разбрав добро...
Каде планираш хистеро, на Гак кај Трајковски? Мислам дека нема потреба и хистеро, и скречинг, препрашај го добро и него, и Лазаревски...

Во секој случај, со среќа и пиши ни како се одвиваат работите!




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (29.1.2016 16:02:20)

Женски, ова уште ми тече денес, се надевам ќе претстане така ми кажа докторот, ако не, ќе го барам утре.




Pinky30 -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (29.1.2016 22:38:16)

Loveableme so lesno skrechingot ajde ovoj pat da se vgnezdat i da ne se pustaat vo narednite 40 nedeli.Super cim dobro si pominala me raduva...ajde sto poskoro na visoka beta da se raduvame siteeeee




kapina -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (29.1.2016 22:51:15)

Da pred ivf skretching a sega samo histeroskopija ke pravam kaj dr trajkovski




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (5.2.2016 12:13:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pinky30

Zasto Petanovski mi kaza deka histeroskopija i grebenje na matkata ke mi pravi pred da dobijam 3-4 den...a od kaj ke znam tocno dali na denot ke dobijam znae i da mi docno...no ovie dva meseci mi e na ist den....vas vi pravea 7-8den od dobieno ili....? Lejla kolku plati vo Remedika za ova ti? Nesto imaat nov cenovnik i prasavme ni rekoa toa shrecing bilo eden vid kiretaza taka go racunale i rekoa 25.000 den...i deka ke odime so zamrznati embrioni i mora istiot mesec da mi gi vratat otkako ke se napravi setoa ova


Pinky30, докторот прво те гледа на ехо, па потоа одредува на кој ден ќе прави скречинг. Да, најновите испитувања се дека ако се прави скречинг од 21-28 ден од циклус, придонесува за подобар ендометриум. Знам СОЛЕ ја правеше истата интервенција кај Петановски, ама на почеток на циклус и ја чинеше 16.000 денари.

Тебе ти предлага пред циклус, веројатно зошто ќе одиш со смрзнати и сигурно има разлика, СОЛЕ одеше со нов ИВФ после тоа, или можеби затоа што ти ја знае историјата и смета дека тогаш е подобро да се направи.

Препрашај убаво за цена, кажи дека си слушнала за тоа дека ја наплаќаат 16.000 денари и кажи му и на докторот, нема што тебе да ти наплатуваат друга цена за иста работа. Во секој случај, среќно и со лесно![sm=bravo.gif]





Pinky30 -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (21.2.2016 18:35:57)

Jas konecno dobiv ciklus so kasnenje povtorno od 8 dena..Pa na 3 den pocnav so Ya3 i na 21-vi den treba da se slusneme so Petanovski i da dogovorime histero i skreching [sm=bravo.gif] mi se paga na 9.03 da se vidime sigurno taa nedela ke mi zakaze pa so gospod napred




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (22.2.2016 12:34:06)

Супер Пинки известувaј не кaкo ќе тече пoстaпкaтa. [sm=bravo.gif]




MademoiselleNina -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (22.2.2016 17:02:09)

Pinki super vesti, ajde pa ova da ti donese uspeh. [sm=bravo.gif]




Pinky30 -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (2.3.2016 11:23:23)

Na 08.03 treba da se vidime so Petanovski i 09-10 ke mi pravi histeroskopija i skreching...Na 09-03 mi se paga 21 den od ciklus...Pijam Ya3 na Bayer od treti den od ciklus...Pa so Gospod napred da se isplati...Inace malce sum uprpana strav nekoj me fatilo[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif] se kako sto se nablizuva taka mi fufka..No mora da se izdrzi za da se uspee....




LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (2.3.2016 15:00:32)

Pinky30, ти посакувам успех и заедно да се радуваме [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




MademoiselleNina -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (2.3.2016 20:49:27)

Pinky30 - каков страв, од што?
Ти еднаш правеше хистеросопија, така?
А од Ya3 како ти е? тие се контрацепција? или нешто друго?




Pinky30 -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (2.3.2016 23:13:34)

Nina nikogas nemam praveno Histeroskopija i Laporoskopija ... zatoa me fakja strav nekoj neznam sto mi stana....a Ya3 da tie se kontraceptivi za da mi go pogodi praviot moment za Histero i Skreching zosto odma posle dobienoto ke mi vrakjaat od zamrznatite embrioncinja...Inaku ok se osekjam od ovie kontraceptivi...




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>