LoveableMe RR -> RE: Гребење на матката за поуспешно ИВФ (27.10.2014 11:18:11)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR Женски, еве ме мене пак, се вратив од кај др. Таше во Плодност....ми рече да права ИВФ, ако случајно не успее, тогаш ми препорача scratching, гребење на матката тоа е нова метода, со која се зголемуваат шансите за забременување, иако тоа не е 100% сигурно дека со таа метода после сигурно се останува бремена,но се зголемуваат шансите. Тоа се прави кога ќе заврши циклусот трае кратко постапката, како хистероскопија слично и се оди дома Она што е добро е дека со таа постапка со гребењето, се активира имуниот систем на организмот, ја обновува матката и на тој начин се зголемуваат шансите за успех. ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful Инаку ова со гребењето го прочитав случајно, и ако се мисли на истото, се работи за благо гребење при ЕТ. Односно, при самиот трансфер, се загребува малку ендометриумот за да се поттикне имплантацијата, и се покажало како успешно. Не знаев дека и кај нас се прави. Оваа постапка оди заедно со користење т.н. EmbryoGlue, некоја смеса со хијалуронска киселина која исто така помагала за имплантацијата. Овие податоци ги најдов како дел од едно онлајн предавање на еден германски специјалист, кој покрај овие фактори, ја наведе баш и хистероскопијата како постапка која се покажала дека го зголемува процентот на успех. Немаше ни збор за септум, туку во контекст на буричкање низ матката, што иако не е јасно што прави само по себе, се покажало дека доведува до успешно ивф. Добро што го спомна ова, баш сакав да го пишам независно од темата.
|
|
|
|