Тања РР -> RE: Температура кај децата (2.6.2010 22:20:44)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори Жаклина, нормална реакција од вакцината. Не е страшно, само далерон и толку. И чим цица нормално, се е во ред. Тоа што спие познато ми е, децата мои се утепуваа спиење после вакцина и педијатарот ми кажа дека тоа е нормално, вакцината ги успива. Инаку совет за нареден пат, јас вака правев: штом се вратите од вакцина, одма една лажичка парацетамотл. Не чекај да дигне. Барем парацетамолот не е толку токсичен и не го нарушува имунитетот, па еднаш месечно ако му дадеш една лажичка за да не качи температура не е толку страшно. Матичната ми кажа дека не мора така да правам, дека температурата е нормална, ама дека нема ништо лошо така што сум направила, а мене ми беше шубе да знам дека сепак ќе качи, јас да можам да спречам, а да не спречувам. Виктори има сега некои најнови истражувања за тоа дали парацетамолот е оправдано да се дава рутински после вакцинација. Се смета, но не е целосно потврдено, дека можно е таквата практика да го намали ефектот на вакцината. Имено, температурата по вакцинација децата ја креваат како одговор на нивниот имун систем врз примените антигени (во случајот вакцините), a парацетамолот ја намалува способноста на организмот да продуцита потполн имун одговор на вакцината. Не ми е целта да те исплашам, сакам само да те информирам тебе и другите мамички дека ако нема потреба подобро е да го избегнат парацетамолот веднаш по имунизацијата.
|
|
|
|