RE: Температура кај децата (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


Lokica1 -> RE: Температура кај децата (12.10.2010 13:20:52)

Ve molam kazete mi dali ima toplomer so koj ke m oze polesno da se izmeri temperaturata, Jana nikako ne dava da i se meri go butka place, mava so racete ke go skrsi, znam deka imase edni kako lenticka gi stavas samo na celo i pokazuva kolku e temperaturata, proveriv po aptekite kaj nas gi nema, aj please ako znae nekoj kade ima vakov ili slicni neka pishe. Fala Vi. pozzzzzzz




blue_blue -> RE: Температура кај децата (12.10.2010 13:23:56)

Lokica1,

Има, оној што мери температура во уво. Се купува во било која аптека (има и во Зегин) или во Бебе Центар - НУК, Чико. Мислам дека е околу 3000 МКД. Се става во уво и мери температура за 5-10 секунди. Супер е за деца! Треба само да знаеш дека тој покажува за 0.3 до .05 повисока температура дека ја мери во уво, нешто како базална температура измерена во газе.




Viktori -> RE: Температура кај децата (12.10.2010 13:40:13)

Локица1, има и дигитален (ли се вика) до 300 денари е во Зегин, топломер, нормално се става под мишка .. го држиш најмногу минутка....пластичен, нема жива, не се крши.... ако не ти се даваат 3000 или не ти се фрлаат за топломер и овој не е лош, јас со ваков мерев кога беа мали децата, сега со живин.




Octavia -> RE: Температура кај децата (12.10.2010 13:45:39)

За мали деца и бебиња има практични топломери како цуцла, дигитални. Ги има во Зегин, сигурно и во други аптеки, од различни прозиводители. Мерат релативно брзо, може треба минута-две.




nadica -> RE: Температура кај децата (12.10.2010 13:46:57)

јас имам таков како лента што се става на чело ми го пратија од англија за тука незнам дали го има
ама има по аптекиве како цуцла дигитален и тој е добар за мали деца за цена на сум сигурна мислам дека е помалку од 1000 денари




Lokica1 -> RE: Температура кај децата (12.10.2010 14:16:23)

Bas ke proveram denes fala vi mnogu, mnogu mi pomognavte




AnnaMolly RR -> RE: Температура кај децата (17.10.2010 14:35:41)

Мене ми донесоа од Финска топломер за во уво, за неполни 3 секунди мери температура. Има и кај нас такви, најдобри се за бебиња, а и најточни. Имам и дигитален, ама тој не покажува точно, јас на мене пробував. Со дигиталниот ми покажува еден степен повеќе од обичниот. Ама тој за во уво е спас. 




kikicka -> RE: Температура кај децата (17.11.2010 19:59:04)

mamicki daj kazete sto da pravam,stotuku i merev temperatura na malata i pokaza 38 zemav cepce efferalgan i neznam dali da i go stavam? sto vikate vie? pozz[sm=zmeden.gif]




Maca25 -> RE: Температура кај децата (17.11.2010 20:20:57)

Јас секогаш прво ја туширам черка ми, да и го разладам телото, па ако после 15 мин не се симне темп. тогаш употребувам чепчиња или сируп.




kikicka -> RE: Температура кај децата (17.11.2010 21:21:21)

epa eve sega ja banjav pa i staviv cepce pa ke vidime inaku e mesec ipol malecka e zatoa se mislam ali ke vidime kako ke ja pominime nokta i onaka utre odime na kontrola.fala




sinolicka -> RE: Температура кај децата (17.11.2010 22:35:03)

koga ke ja banjas vnimavaj da ne e ladna mnogu vodata da ne i napravis golema razlika ,tusiraj ja pocesto i paracetamol ili eferalgan cepce se dava od 38.5.za da pocnat da deluvat da se namaluva temperaturata e potrebno okolu polovina cas.so lesno da ja pominete nokta




sinolicka -> RE: Температура кај децата (17.11.2010 22:39:46)

lokica koga bevme pomali i matej ne sakase nikako da mu merime temp. i koga ke zaspiese mu merev i najlesno mi bese vo usta si go smukase kako da e cucla .i se falam jas na dr. i ona mi rece samo pod miska ni vo uvo ni vo usta pokazuva poveke




Maca25 -> RE: Температура кај децата (18.11.2010 0:01:14)

Во уста или во уво покажува внатрешна температура која е секогаш повисока за 0,5. Чепче или пак сирупче на мало бебе се дава само со претходна консултација со доктор кој треба да одреди колкава доза треба да прими бебето. Нас ни се случи кога нина имаше 6 месеци да крене темп. од 39 и мм одма во аптека по парацетамол се стрча, кога ми даваат чепчиња Ефералган од 300 мислам дека беше. Тоа е многу јака доза за едно бебе. Во аптека не го ни прашале за кого е. Потоа се врати и ги смени за Ефералган 80 ( доза препорачана од матичната докторка). До пред некое време користевме само чепчиња затоа што Далеронот го повраќаше.




nadica -> RE: Температура кај децата (18.11.2010 0:13:07)

еве ме мене да си пишам дека надица има температура и се качи до 39со4 [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] па и повраќаше и кашла и дадов сируп и сега се симна под 38
ме очекува уште една непроспиена ноќ така да ќе се дружиме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Maca25 -> RE: Температура кај децата (18.11.2010 0:29:07)

надица има стомален вирус со повраќење, пролив и температура. и нина повраќаше и еве ја 6 ден како има пролив. Температура имаше 2 дена, варираше од 38 до 39,5. Кога ја однесов на лекар, еден куп дечиња со истите симптоми. Докторката ни рече дека глава не може да крене од пациенти со стомачен вирус. Вчера почна и да кашла. Раат да не си!!!




kikicka -> RE: Температура кај децата (18.11.2010 9:15:44)

ah sekako deka od 80 mg jas si kazuvam za kogo e ako ne prasuvaat [sm=smiley1.gif] inaku nokta ja pominavme dobro spieshe i si jadeshe normalno i ne kaci temperatura .pa sega ke vidime vo 12 imame zakazano pa zdravje ke se lecime ako ni e neshto ne daj boze.




Палешка РР -> RE: Температура кај децата (22.11.2010 10:07:46)

И Миа е цела ноќ со температура, едвај ја симнавме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Viktori -> RE: Температура кај децата (22.11.2010 10:22:22)

и Бобо имаше. Петок и сабота и се жалеше дека мешето го боли ама немаше проливче..

Дење не, само навечер.




Viktori -> RE: Температура кај децата (26.12.2010 10:32:42)

А сега Јана има [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
38.7.. а се спремавме да се прошетаме денес...Сега ќе и дадам бруфен па ако и ја симне барем до 37.5 , ќе се прошетаме малку...




*miki mami* -> RE: Температура кај децата (26.12.2010 13:55:32)

Леле што со вирусиве само со темперетура испогореа децава веке ние два дена сме со парацетамол на 4саата ме фати паника века ама таков бил вирусов сите се жалат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Џесика -> RE: Температура кај децата (2.1.2011 23:29:18)

Добро, мене ми е чудно ваква температура немал Борјан, му жеже само вратот и образите, носето, дланките ладни, а има 38.5, можно е да вади 5ка, па до таа висина да крене Т?




Maca25 -> RE: Температура кај децата (3.1.2011 1:10:21)

На Нина секогаш кога има температура рацете и се ладни камен, а вратот и челото и горат.
Можно е да е од заби. Кревал и претходно темп при вадење забит, така? Тогаш ич не се секирај, дај му парацетамолче да се смири и заспие и уживај. Провери го дали му расте заб. Јас на Нина баш денес и проверив дали има некоја 5 (чисти миени раце, помини по сите запчиња, ако ти дозволи и не те гризне [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]).




anedespo -> RE: Температура кај децата (3.1.2011 10:00:04)

Koga im se ladni race i noze toa znaci deka uste kacuvaat temperatura i vo toj moment treba da gi pokries i ubavo zatoplis za pobrzo organizmot da ja postigne temperaturata sto namislil da ja kaci (primer kaj mojot sin obicno e do 39.3-39.9) i togas spontano sama se namaluva za 1 stepen obicno i si stoi tuka dodeka ne mu dades paracetamol. Sum probuvala 300 tehniki za simnuvanje temperatura (ocet, alkohol, ladni oblogi ), megjutoa ishodot sekogas bil ist, samo sto deteto si go izmacuvav , toa se tresese od stud i placese.




*miki mami* -> RE: Температура кај децата (4.1.2011 18:39:26)


Џесика



Добро, мене ми е чудно ваква температура немал Борјан, му жеже само вратот и образите, носето, дланките ладни, а има 38.5, можно е да вади 5ка, па до таа висина да крене Т?

мене педијатар ми има рецено дека неомзе да кренат висока температура од заби[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




big_mama817 -> RE: Температура кај децата (5.1.2011 8:29:01)

може и од запчињата да му е син ми обично кога ги вадеше забите дигаше температура и до 39




Страница: <<   < Претходна страница  14 15 [16] 17 18   Следна страница >   >>