blue_blue -> RE: Температура кај децата (28.11.2011 15:32:00)
|
Натушка, ако нема никакви други симптоми (затнат нос, кашлање) тогаш може да е тој еден вирус кој ги фаќа најголем дел од децата до 2 години. Има вискоа температура, никакви други симптоми. Трае 72 саати и после најчесто се исфрла по телото, како црвени ситни точки. Не паничи, мери му температура, ако е над 38.5 давај парацетамол (јас давам ефералган, тоа највеќе има ефект на моите деца) на 6 саати и можеш да го мачкаш со исцеден лимон со 1 лажичка сода бикарбона. Не ставај оцет на нозе, и на глава, тоа педијатирите не го препорачуваат. Туширај го, после спиење оти тогаш најмногу се качува температурата. Гледај да не лежи спие предолго оти тогаш исто многу се качува температурата. Давај течност колку што може повеќе. Ако нема никакви симптоми не го носи на лекар. Однеси го на лекар само ако почне да кашла или ако температурата трае повеќе од 72 саати. Инаку Радица ти е прва смена и во 7:30 сабајле нема жив човек таму. Јас бев денес околу 7:50 одма завршив, и во 8:10 кога си одевме во чекална веќе беше митинг. Пиши како сте!
|
|
|
|