mami2 -> RE: Температура кај децата (7.11.2011 1:28:45)
|
Поголемото дете не креваше висока т како бебе, па само со Ефералган проаѓавме. Сега и двајцата знаат да качат до 39. Ефералганот е првиот избор, ама летово земав во Охрид чепчиња Бенурон, одлично делуваа. Инаку почнав и со традиционални методи и лекови, како ме фаќа паника се што ќе слушнам испробувам. Покрај стандардното туширање користам и: Сок од лимон со сода бикарбона - мачкам на зглобовите кај што пулсира на раце и нозе Алкохол со вода - ги топам со рака по телото смеса од оцет, вода, ракија, матена белка и толчен лук- на доколенки чорапи. Ова изгледа шашаво (а и така мириса), два пати сум ставила, им делува одлично како со сируп да симнуваат. Жената што ги чува ги мачка со бело вино, вика дека вака симнувале висока т во Заводот каде што работела, Другарка моја и ги мачка табаните со сенф, не сум пробала, ама кој знае. Свекрва ми мене ми ставаше тркалца компири во чорапи со оцет- делуваше. Овие се методи кога не е поминато доволно време за повторно давање на лек, може да пробате и вака да се спушти еден степен, два температурата. Сега си пробувам и вакви методи, за разлика од порано кога бев скептична и гадлива. Маца и Петра побрзо да оздрават децата.
|
|
|
|