|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  24 25 [26] 27 28   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Температура кај децата
29.11.2011 23:55:05   
Natuska85
Маки давај и по често да цица,јас го мачкав и со ракија,пола пола со вода и го туширав,одма му се смали.Еве сега го чепкам цело време не е топол,фала Богу.Сабајле рано и ние одиме на лекар.

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот maki1)
Непосредна врска до пораките: 626
   RE: Температура кај децата
30.11.2011 1:54:32   
maki1
Natus eve nie uste se lecime,pak krena 38.6 i istaviv pak cepce,greota e cela e crena vo obrazite.Neznam od kade ne najde ova ,stvarno ne e feruser posted image user posted image user posted image .Ajde neka projde vecerva samo pobrzo i mirno.

_____________________________

Pantai Rai

-Heraclitus

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 627
   RE: Температура кај децата
30.11.2011 8:59:46   
Felly RR
Девојки, еве тука има тема за таква случка со скршен топломер, таму ги префрлив постовите.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот maki1)
Непосредна врска до пораките: 628
   RE: Температура кај децата
30.11.2011 10:20:54   
maki1
Ja pregleda pedijatar i izleze deka uvoto i e crveno i ni dade antibiotik.Sega go ispi,konecno temperaturata i se simna i sega zaspa.Odam i jas da dremnam ,posto ke bide dolg den i uste podolga nok.

_____________________________

Pantai Rai

-Heraclitus

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 629
   RE: Температура кај децата
30.11.2011 10:32:38   
Natuska85
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Натушка, ако нема никакви други симптоми (затнат нос, кашлање) тогаш може да е тој еден вирус кој ги фаќа најголем дел од децата до 2 години. Има вискоа температура, никакви други симптоми. Трае 72 саати и после најчесто се исфрла по телото, како црвени ситни точки. Не паничи, мери му температура, ако е над 38.5 давај парацетамол (јас давам ефералган, тоа највеќе има ефект на моите деца) на 6 саати и можеш да го мачкаш со исцеден лимон со 1 лажичка сода бикарбона. Не ставај оцет на нозе, и на глава, тоа педијатирите не го препорачуваат. Туширај го, после спиење оти тогаш најмногу се качува температурата. Гледај да не лежи спие предолго оти тогаш исто многу се качува температурата. Давај течност колку што може повеќе. Ако нема никакви симптоми не го носи на лекар. Однеси го на лекар само ако почне да кашла или ако температурата трае повеќе од 72 саати. Инаку Радица ти е прва смена и во 7:30 сабајле нема жив човек таму. Јас бев денес околу 7:50 одма завршив, и во 8:10 кога си одевме во чекална веќе беше митинг.

Пиши како сте!


Блу-блу јас од сега пред да го носам кај Радица со тебе прво ќе се консултирамuser posted image .Баш ова излезе дека е,друго се е во ред,ја проверивме и крвта супер еuser posted image   и Радица исто ми кажа ако се нафрли утре задутре по телото да не паничам. Ми кажа пиковит сирупче  да му давам и витамин ц два пати на ден.Фала ти и за информацијава со гужвата исто и ние сабајле рано бевме во 7.30  и брзо завршивме.


_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 630
   RE: Температура кај децата
30.11.2011 12:46:08   
blue_blue
Натушке, any time user posted image  и за искуство и за гужвата кај Радица, ја докторирав на гужвата лани user posted image  точно знам сега кога да идам и секогаш брзо завршувам, а да ти кажам и се поретко идам. Ем децава ми се здрави (стварно е важно кој и како ги лечи од ден 1) ем сам си научуваш што е како е, па сега знам више што ќе ми каже Радица.

Ајде бидете добро па што треба (ако треба) пишувај

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 631
   RE: Температура кај децата
3.12.2011 11:51:57   
Natuska85
Ние од сабајле пак кренавме темпертаураuser posted image .Таман помислив дека се оправивме поминаа3-4 дена нема ништо и оп сабајле станува за цицање кај 5 и рацете камен ладни(првпат такви).И по некое време стана ептен топол му мерам 37,9.Му дадов ефералган,па по некое време го мачкав и го истуширавме,мерам 38,7 и јас преплашена цела кај 6.30 го однесовме на дежурен во румунска.За таму што да ви кажувам,едвај ги разбудивме докторката и сестрата со лупање по вратата,му прегледа грло,го ислуша цела сонлива и ми вика па дај му и дијазепам пола од 2мг.Се вративме му дадов по некое време мерам 39 user posted image user posted image user posted image .Пак го масирав со ракија и го истуширавме.Поспа саат време,па ми поврати се што пиеше од сабајле и се освежи некако.Сега јадеше малку кашичка и пак ја поврати.Сега пак дреме ама мислам дека има околу 37-37,5 негде на чепкање а умалаксан е никаков,дали од диазепамотuser posted image .Се мислам дали да го носам на дежурен денесuser posted image user posted image user posted image .Крвна слика пред 3 дена правевме,зар може пак да ни вадат крв???

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 632
   RE: Температура кај децата
3.12.2011 12:07:05   
arh_diz
Natuska Dokolku mu e crveno grloto ili kasla (potkasluva) nemoj da go tusiras.Probaj so masiranje da mu ja simnes temperaturata

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 633
   RE: Температура кај децата
3.12.2011 12:24:34   
Maca25
Натушка, ова од искуство - на дежурен во румунска за висока Т и малку црвено грло најчесто препишуваат антибиотик. Додуша тоа на нас ни се случува кога и да ја однесеме на дежурен. Види како ќе се однесува до  понеделник, па кај вашата докторка однесете си го. Или пак ако имаш број од неа јави и се, кажи и што се случува, сигурно некој совет ќе ти даде. Давај му на user posted image повеќе течности и се ќе си биде ок. user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 634
   RE: Температура кај децата
3.12.2011 12:30:34   
mila mama
Може да ти е успан од дијазепамот, Натушка 37,5 не е температура, дури и 38 не е страшно. До 38,5 не се дава ни парацетамол. Се смета дека на темп. 38 се изградуваат најмногу антитела во организмот што помагаат за борење со настинката. Не се секирај, кога ќе помине дејството на дијазепамот, ќе се опули. Давај му течности многу често и по малку за да не ти повраќа. Дури и по 1-2 лажички вода на секој саат помагаат да не качува температура. Ама секој саат па дури и на пола саат по 1 лажичка вода. Дој го почесто, на секој саат ставај го на града, така ем ќе пие помалку ем постојано ќе се влажни со течности и грлцето, а на тој начин и ќе се разладува. Ако качи температура над 38,5 пак, избањај го во вода 2 степени поладна од температурата на телото. После облечи го, но не многу, а со памучни алишта за да му диши кожата.

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 635
   RE: Температура кај децата
3.12.2011 14:11:11   
Natuska85
Мамички фала ви,ја симнавме некако 36,7 ама многуу е умалаксан,дали од диазепамотuser posted image user posted image user posted image .Зар толку време го држи,сабајле во 7 му го дадов????И пак ми поврати чајче што пиеше цело го поврати,па пак му дадов ама три-четири голтки само.Што да му дадам да јаде кога ќе стане????Имам едни овошни јогуртчиња на хумана,дали да му дадам од тие малку или само овошје,ништо нема јадено од сабјле нормално ли е???не сака и да цицаuser posted image


_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 636
   RE: Температура кај децата
3.12.2011 14:15:11   
AnnaMolly RR
И јас мислам дека не требало дијазепам. Тој се дава дури над 39,5 ако качи (мене барем така ми рекоа). Филип до сега најмногу имал 38,9 и му давав само ефералган, го туширав, го масирав со алкохол и му давав многу течности. Нека помине дејството од дијзаепамот и ќе видиш дека ќе си живне. Не се паничи, знам како е кога бебуш првпат крева висока температура. ЧЕсто пиење течности, туширање (ако има црвено грло или кашла само со мокро шамиче бриши го по лицето), масирање со алкохол (50% алкохол - 50% вода), по потреба оцет на чорапи (исто така разреден) и многу гушкање и ќе помине.
user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 637
   RE: Температура кај децата
3.12.2011 14:18:15   
AnnaMolly RR
Дај му кисело млекце или јогурт со лепче (не знам дали глутен сте вовелеuser posted image , ако не, само кисело млекце со лажичка). Мислам дека можеш и тие овошни јогутчиња, а исто така и супа. Свари му домашна супа од зеленчук, само малку потечна. Убаво нека си се најаде. Многу ве гушкам и известувај не како е!

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 638
   RE: Температура кај децата
3.12.2011 16:50:43   
anedespo
Ako mu davas brufen za temperatura, moze od toa da povraka. Odnosno sigurno mu e od toa. A ako ne pielo brufen togas moze i od jako vospaleno grlo da povraka.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 639
   RE: Температура кај децата
3.12.2011 16:58:03   
Natuska85
не сум му дала бруфен.А знае некој да ми каже ова електролитите(орс) на хип како се даваат???

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 640
   RE: Температура кај децата
3.12.2011 20:21:35   
mami2
Натушка, јас ОРС на Хип ги давам кога имаат стомачен вирус со повраќање и пролив, по лажиче-две на десетина минути. Не им давам ако немаат пролив бидејќи содржи апсорбенти (морков и ориз со електолити) и ја стега столицата. Во другите ситуации давам електролити на Хумана или Рехидромикс. Ако ти пие чај без проблем ќе ги прифати вкусовите на банана или коморач. Давај му лажичка на минута-две, за да не испие голема количина па да ја поврати. Големово бидејќи до пред некој период не пиеше друга течност освен вода и млеко му давав само зелен Рехидрмикс кој нема вкус, а некогаш со тоа го спремав и АД млеко.
Инаку моиве имаат чудна температура. Малава пред пет дена навечер качи 38,4 и толку, утредента 37,4 и прекина. Јас си мислев дека истера заб, па качи. Ама од вчера исто качува и големиот - еднаш дневно до 38,4 и ја симнува за пола саат по Ефералганот. Дали има некој вирус, а немаат други симптоми, не можам да препознаам за што се работи.

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 641
   RE: Температура кај децата
5.12.2011 9:41:19   
blue_blue
Натушка, како е user posted image  денес? се опорави ли малку?

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 642
   RE: Температура кај децата
12.12.2011 14:21:24   
Felly RR
И ние сме со температура.user posted image И ставив чепче, ама по 5 минути се искака. user posted image


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 643
   RE: Температура кај децата
27.12.2011 19:55:09   
AnnaMolly RR
Женски, еве Филип качи температура по операцијата и го фати грозница. За температура знам што да правам, ама ова со грозницава ме буни. Тој целиот врел, а ми вика дека му студи. Го завиткав во јорганче за да се стопли, па за едно 20 минути му помина. Дадов парацетамол и му се симна и т.

Добро ли постапив? Што да правам во случај на грозница?


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 644
   RE: Температура кај децата
27.12.2011 20:05:58   
Viktori
Со грозницата ништо, дури во нормален случај не мора ништо да му даваш. Грозницата природно ладење на организмот, а ќе видиш како реагира. Кога моите имале грозница најчесто фум ги виткав во ќебе и на спиење. Па после што биде тоа. Или ќе им помине или парацетамол.

< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 27.12.2011 20:06:56 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 645
   RE: Температура кај децата
27.12.2011 21:58:45   
Tanjat7880
AnnaMoli,groznica pri pokacena temperatura e cesta pojava koja ne znaci ama bash nishto,paracetamolceto ke "mu gi zgree koskite"i ke pomine,jas koga ima groznica ne go tushiram,starite vikaat vo takva situacija da se macka so rakija(taa gree)user posted image jas toa ne sum go probala..kako i da e ke pomine,pozdrav

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 646
   RE: Температура кај децата
2.1.2012 22:20:36   
kikicka
Евеја и мојата ја избањавме ама некако ми е топла ја мерам де 37.2 па 37 5 и му амислам али по се изгледа пред спиење ке и ставам чепче лупоцет ваљда ке се заби овака ми е добра ама ко видеме вечер и утре.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 647
   RE: Температура кај децата
2.1.2012 22:53:26   
anedespo
Moze samo da e svrukena i nisto poveke. terapija davaj samo nad 38 so 5. Treba so se sama da se izboruva.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 648
   RE: Температура кај децата
3.1.2012 10:18:37   
kikicka
цела вечер ми екенкава ја нишкав цела вечернанозе сабајле накај 6ипол пак имаше 37.2 таквакенкава за млеко малку идадов па ја пресоблеков мрсолава е цела заб е дефинитивно и тоа горе кога ваде тогаш качува темп.можно ли е така?

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 649
   RE: Температура кај децата
15.1.2012 14:18:25   
Andriance
Lellelelel lugje i Andrej vcera za prv pat mi kaci temperatura..37,7..znam deka ova i ne e temperatura i ne se dava nishto..ja taka i postapiv..padna na 37,4 se nacica ubavo, malku go raskomotiv,pesnicki i dojde vreme za spienje..T bese 36,5... eve sabajle merime 37.pa posle cicanje 36,5...

na kolku vreme da meram?? i kolku e ustvari normalno temperatura, 36?? ajde kazete mi koga eventualno da primenam tushiranje i mackanje so alkohol? ( onoj 70% shto e ili nekoj drug?)

i uste nesto....ne znam od shto krevaat temperatura?? nego goi ceskaat nepcinja, vekje i se malku beli, pretpostavuvam deka moze da e od toa?? ama me interesira zaradi shto drugo krevaat temperatura?

_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 650
Страница:   <<   < Претходна страница  24 25 [26] 27 28   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  24 25 [26] 27 28   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?