Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Мила прв пат откако е родена дигна температура. Не се испаничив многу ама чудно е. За еден саат дигна 39, плачеше. Се јавив кај педијатарот. Ја истуширав и дадов парацетамол и го поврати. Ја измасирав со алкохол и вода и едвај ја намолив да го испие сирупчето. Сама побара вода и си ја испи. Во следниот саат т. се симна на нормала. Сега нема т. весела е си игра. Утре правец на лекар. Ви се случило вакво дигање ненадејно и исто такво спуштање???
Mila na mama кај мене синчето од кога е родено сега има 7 год. нон стоп така дига температура одма 39.5-40 но него сируп не му ја снижува ние сме само со ефералган чепчиња.педијатарот вели таков му е организмот-тоа ти е
_____________________________
Децата се најголемо богатство Марио 31.10.2002 Ана Марија 01.11.2005 Трајче 20.09.2009
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25 Цела ноќ се боревме со висока температура. Нина иако имаше 39.5 температура беше насмеана и си играше. Цла вечер се туширавме, масиравме, пиевме чајче и се пресоблекувавме. Денес е малце подобра, ама уште има висока темп. Сега одиме на лекар
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29 ДОБРО ..не пие далерон,чепчиња не ставате,на толку висока тем.само со туширање?!
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami Мацо, и ние минатата недела кога качи темп поминавме само со туширање и масирање- ми го поврати сирупот- ама го масирав со свинска маст во која имаше растопено вит Ц и андол..малку го грепкаше и плачеше ама ја симнавме брзо
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29 39,5 е многу температ,јас лично не би ризикувала само со мачкање..може грчеви да фати
ИЗВОРНА ПОРАКА: Весна Еве што научив од неодамна... кога ги маситате со свинска маст не ставајте премногу за да не им ги запушите порите на кожата и исто не ги покривајте премногу за да може самиот организам да ја ослободува температурата. И знам дека мајка ми покрај маста ми ставаше и натопени чорапи со оцет и навистина многу бргу и ефикасно делуваше.
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica леле и мене ми е страв за температура над 39, тоа под ито чепче треба пошто нормално го повраќаат сирупот.
ве молам,овде нека продолжи дискусијата
< Поракaта ја уредил mother 29 -- 6.11.2009 14:29:46 >
сега има чепчиња диазепам за грчеви, дури и ги препорачуваат доктирите, на толкава температура се ставаат и тие....ние немаме ставано,фала богу толкава температура до сега не сме кренале.јас на 38,5 му ставам чепче од 150 мл ..ич не му ја мислам..ја симнува и му олеснува..ама секој за себе со своето дете!ете ако е овде хапи мама,таа постручно да ни каже?! поарно ке дадам лек,отколку после да си ја тупам главата...какви ли се само последици можат да се направат од долготрајна и висока температура!?леллелл
< Поракaта ја уредил mother 29 -- 6.11.2009 14:39:53 >
да,точно така,при висока температура има можност за грчеви и се дава диазепам.при температура над 38-38,5 или сируп(ако не го повраќа)или чепче-со тоа што чепчето побрзо ја симнува температурата.Тушширање со млака вода,послабо облекување,покривање никако,затоа што организмот треба да се лади т.е температурата да излегува од телото,е сега мачкање со алкохол Чалкохолот прави стегање на крвните садови,а овде целта е да бидат проширени,значи крвта да циркулира површно и да се лади.
Еве вака да ви напишам јас за моето искуство со температура. До 38.5 не давам сируп, а истото го прават и докторите во Козле.Имаше со мене мајка која детето и имаше Т, и сестрите и донесоа алкохол и и рекоа масирај го детето, отворивме прозорци да биде свежо во собата и само по боди да го сотави. Сестрите имаа забрана од докторите да даваат сируп за намалување на Т доколку таа не е над 38.5, па сега видете. Јас лично сум против давање сируп или чепчиња испод 38.5, но секој со своите стваови нели, не можеме сите исто да размислуваме.
јас сум читала дека алкохол мачкање и аналгин давање никако на мало дете/бебе.а инаку јас нас 39 давам сируп но до сега го повраќал , па со чепчињата се ослободувавме.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
бевме денес на лекар, има само црвено грло и ништо друго. Температурата е од настинкта и грлото. И правеа крвна слика, се е ок. Сега малце и се намали тепм па малку поспавме
Дијазепам чепчиња се даваат на деца кога имаат висока темп з да ги ослободи од грчеви кои се добиваат од темп. Мислев да и дадам ноќеска, но немаше потреба, нина беше многу весела и покрај темп и не се осеќаше дека нешто не и е ок. За среќа брзо и се симнуваше темп од ефералганот и од туширањето. Докторката ни рече да продолжиме вака, со чепчиња и чајчиња, а ако не се смири до сабота вечер да и дадам некое сирупче
< Поракaта ја уредил Maca25 -- 6.11.2009 18:12:00 >
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Дамјан синојка ми качи температура-37.8, и беше нервозен, потоа ја поврати вечерата па одвај го намолив да пие млеко, му ставив оцет на нозете и заспа.Ноќта качи 38 и му дадовме далерон.Сега има пак некоја темп. и мм го однесе на лекар.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
Инаку синока му се качи докај 40, мачкавме оцет на нозете и саајлево уште беше топол, па бевме на лекар, го прегледа, грлото е ок, не прати дома со зголемена доза на витамин Ц и останатите витамини, и да јаде денес повеќе овошје и зеленчук и утре пак на контрола. Вика дека е обичен вирус, кој го повратил бидејќи само што го завршивме сирупот во саботата, а времево за никаде.
A da probas so brufen da mu ja simnes temperaturata? Sigurno ke mu ja simne i ke mu ja namali omalaksanosta. Na moite deca samo toa im pomaga paracetamol nikako. Isto taka sega ima i eferalgan sirup za temperatura i mnogu e ok
требаше да правиме крвна слика, ама матичната сака прво да се излечи убаво па после, да не го трауматизира сега додека е неарен уште и крв да му зимаат...А вака, весел беше сабајле, малку само кенкав,ама кога си ја виде тете сабајле на врата се му помина Бојана, досега со далеронот му се симнувала, имам дома и чепчиња ама ми е шубе да му ги ставам...секогаш прво пробувам со сите бабини лекови, па после хемија
Бруфен само еднаш му имам дадено на Мартин и Педијатарот не искара бидејќи бил доста штетен.Не се препорачувал на возрасни а камоли за деца.Ајде гушки за Лука и мами крвна слика сега треба да му првите за да бидете сигурни дали е вирусно за да видите да не му се покачани леукоцитите.Ај нека оздрави што поскоро.
Ај да не и се мешам на твојата матична во работата ама нели ЦРП крвна слика, урина се прави пред да се постави дијагнозата за да знаеш дали е вирусно или бактериско и да знаеш што терапија да дадеш.