RE: Температура кај децата (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


Defne90 RR -> RE: Температура кај децата (28.3.2014 19:11:06)

Еве ние денеска сме малку подобри што се однесува до температурата.Помалото од вчера нема качувано и се надевам дека веќе нема ни да ја качува а поголемото денес околу 12 качи 37,7 и му дадов сирупче ја намали и нема качувано веќе.Ае се надевам дека полека ќе поминува затоа што веќе почнав да паѓам во очај овие две недели од таа температура.Инаку јас секогаш кога ќе видам дека имаат температура секогаш им давам сирупче затоа што ако не им дадам и да не е многу висока за пола саат знаат да ја качат и до 39 па и повеќе.Мислам,секое дете си е различно па затоа и не исто сите ја поднесуваат високата температура.А инаку јас си им давам блок макс затоа што кај нас парацетамолот не секогаш делува.




Defne90 RR -> RE: Температура кај децата (1.4.2014 1:13:03)

Леле колку мразам само кога пишувам во оваа тема,ама што да се прави,изгледа јас сум најстална овде.Еве го пак сега помалото со температура.И му дадов и блок макс ама никако да ја симне,стварно не знам веќе што да им давам да пијат значи еве трета недела само со температури се расправаме по дома.Веќе пукнав,оваа температура секојдневие ми стана.




Felly RR -> RE: Температура кај децата (1.4.2014 20:49:28)

Ох, Дефне , пак ли[sm=smiley13.gif] Ајде веќе еднаш да ја затвориме темава, па доста и е да биде активна за оваа сезона.[sm=smiley13.gif]
Повторете ја крвната слика, може е некоја бактерија па потребен е и антибиотик.




Defne90 RR -> RE: Температура кај децата (2.4.2014 1:27:14)

Па да на брис беа позитивни на стрептокока на грло.Сега баш пијат сирупче сумамед и двајцата па после 5 дена откако ќе го испијат повтроно одиме на контола за брис.А инаку денеска некаде ниедно нема температура,се надевам сега веќе крајно време е да оздрават и ние конечно да почнеме да уживаме во пролетта.Ае дај боже да се затвори темева за оваа сезона со овој пост.




Dilina -> RE: Температура кај децата (18.9.2014 19:11:19)

Дали е точно дека температура до 37.5 нетреба да се симнува? На таа температура организмот се борел со антителата и нетребало тогаш да се спушта. Само ако отиде над таа бројка... Сте слушнале вакво нешто? Јас да си знам да си бидам спремна. Како дете не сум имала мн температура и не се сеќавам мајка ми како правела....




blue_blue -> RE: Температура кај децата (19.9.2014 9:29:20)

Diliana, педијатрите советуваат до 38.5 да не даваш ништо затоа што со давање лек за спушатње темепература му одмагаш на орагнизмот сам да се бори со болеста - читај правиш детето повеќе да се мачи. Јас лично ова го почитувам, но се случува да дадам парацетамол и кога нема темепература поради неподнослива болка во уво. Ти ќе си видиш со твојот педијатар и сама после ќе си процениш. Има различни ставови кај различни родители - секако сите се добронамерни за детето, само се различни. Ќе прочиташ и овде дека некои мајки даваат одма бруфен (Блок макс) за спишташе температура макар и на 37.2....така да секој со својот став најарно си знае за своето дете




Mihaela 2010 -> RE: Температура кај децата (19.9.2014 9:35:36)

Se slozuvam so blue blue...i nasiot star pedijatar ne sovetuval nikako da ne davame ispod 38.5...da pustime organizmot sam da se izbori..i jas paracetamol imam davano za bolka na uvceto..inaku pedijatarot isto ne ima sovetuvano koga ima T da davame tri dena konstantno na 8 saata imalo- nemalo, neznam kolku e ova ispravno nekogas sme primenuvale nekogas ne.




Felly RR -> RE: Температура кај децата (19.9.2014 10:58:31)

Дилина 37.5 воопшто и не се смета за покачена Т, тука мислам дека е границата. Како што пишаа другите рингерајки дури и до 38.5 се практикува да не се дава сируп за Т, туку се пробува да се симне Т на други начини. Дај Боже и да енмате проблеми со Т, ама и секој си го знае детето. Некои деца веднаш креваат висока Т, па подобро уште на почеток да се даде, додека пак некои може да имаат константна но не многу висока Т, па може прво да пробуваш со туширање, со лесна облека и сл.




miana -> RE: Температура кај децата (19.9.2014 12:26:09)

Поголемата керка кога качува Т, качува ептен и нема кај неа мутава температура ..
Малото дете знае да си качи некоја таква мутава до кај 38 со 4,5 и не давам сируп, се бориме..Ако видам дека качува брзо над 38,6 тогаш давам блокмакс. Инаку неколку пати се случило да качи до 38 со 4,5 да не и дадам сируп, да трае тоа цела нок на пример, да ја проверувам и до утрото ке си симне..Е сега има ситуации кога има таква никаква температура 38,4-5 ама а е ептен кенкава, омалаксана, да бара да спие, да е тотално за никаде па одма давам сируп , тогш знам дека ке качи повеке од 38 со 6..Јас знам дека под 38,6 не се дава сируп ..Еднаш еден доктор на детска клиника ми рече дека може да се направи и лош ефект ако се даде сируп под 38,6 детето да ја спушти температурата и под нормалата па да почне да се тресе и да направиме уште поголем проблем.
И приметив дека посилна е малата кога станува збор за температура..Значи она што нашите родители ни давале одма сируп кога ке не носат на вакцина, качиле или не , им била тотално лоша тактика...
Јас знам и за забоболка да им дадам парацетамол и сл, тоа ми го имаат одобрено





Defne90 RR -> RE: Температура кај децата (20.9.2014 11:12:09)

Да точно секое дете си е различно и не кај сите се манифестира температурата на ист начин.Кај нас поголемиот син кога ќе качи температура не може само така да му се симне без сирупче.Само уште повеќе ја качува.И мора да му се даде сируп.Помалото е друга приказна.Сум го чувала и со 38 температура без да му давам сируп и само со ладни облоги,лимон и туширање и му се намалува.Е сега се случува и тоа да не може да ја симне ама се тоа си зависи и од вирусот што го закачило детето.Мада мене матичната ме има советувано до 38 температура да не им се дава ништо на децата и да се проба сама да се симне.ама сепак секој си го знае детето и знае како тоа реагира во одредена ситуација и што му одговара.




Melanija RR -> RE: Температура кај децата (16.10.2014 18:46:15)

И ние почнавме со Т на 14м добро издржавме до сега.Ок ми е до 38,5 да не се даде сируп но зависи дали постепено или одеднаш ја качи.Така мислев но се разочарав од дигиталните топломери до 0,5 ралика во 3 последователни мерења,па на 38,3 и 38,5 дадов Далерон.
Велат првото е точно а засега 2рото било да речете тоа тоа.Што ако тоа 38,5 е 38,8 дур се свестиш може да дојде 39[sm=zmeden.gif] ако од нешто се плашам е тоа Т

И да преку 1,5 ден има Т па не се знае од што,зголемени леукоцити, малку затнас нос, заб набабред и дел излезен и толку.Чекаме уште брис




Dilina -> RE: Температура кај децата (9.3.2015 10:18:47)

Ние сношти прв пат качивме температура и тоа за многу краток период. Пред бањање имаше 38.5 а може и повеќе зошто мерев со лента. Ја избањав со помлака вода и одма и дадов сируп. За еден час се препоти жива вода и цела ноќ немаше ништо.... нели е чудно за толку кратко време да качи и да симне?




lukajana RR -> RE: Температура кај децата (9.3.2015 13:05:04)

Dilina можно ли е да и е од забите да не и избива некое запче,мене Ј така еднаш ми крена т ја однесов одма на лекар немаше ништо вика ке видиме утре,она т имаше само ноќта другиот ден немаше т ама имаше запче,да не ти е на мисла однеси ја на лекар нека ја прегледа за секој случај




Melanija RR -> RE: Температура кај децата (9.3.2015 13:39:11)

Велат од заб се крева најмногу до 38,5 а други пак дека е до 38.Ако нема денес Т тогаш е моментално ,и поминало.Крвна слика се препорачува 24 часа од кога кренала,зошто може во момент да се зголемени леукоцити а да нема ништо.Тоа на М му се случи, затоа непотребно освен сируп за Т друго не се дава.




Defne90 RR -> RE: Температура кај децата (9.3.2015 16:09:22)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

Ние сношти прв пат качивме температура и тоа за многу краток период. Пред бањање имаше 38.5 а може и повеќе зошто мерев со лента. Ја избањав со помлака вода и одма и дадов сируп. За еден час се препоти жива вода и цела ноќ немаше ништо.... нели е чудно за толку кратко време да качи и да симне?

Дилина голема е веројатноста од забите да качила температура.Еве кај мене помелото буквално со секој заб што ќе го извади качува и температура.А други симптоми нема.Така да давај и сирупче и внимавај на температурата.Ама ако ти качи повторно и се појават и други симптоми како кашлање и затнато носе јас ти советувам да си ја однесеш на доктор па да се исклучи тоа дека се работи за вирус.Во секој случај не е страшно само како што реков внимавај да не ја качи пак и сирупче и туширање со млака вода.Иначе мене матичната ми има кажувано дека ако не е повисока температурата од 38 да се проба да се намали само со туширање и да не се дава сируп.Ама секако ти најдобро си го знаеш своето дете па според тоа знаеш дали ќе ја симне само така или има потреба и од некое сирупче или чепче.Поздрав и секое добро.Во секој случај ништо страшно.[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Температура кај децата (25.3.2015 13:30:02)

И ние вчера цел ден и цела ноќ се боревме со висока Т, и тоа прво почнавме со парацетамол чепчиња, но и по 2 саати од парацетамолот креваше Т 39.1, прими и систем и дури течеше се симна до 37.8 после пак над 39. Дури одкако дадовме Неофен (Ибупрофен) живна малку детево, инаку ништо не беше ни јадена ни пиена два дена. [sm=smiley19.gif] Ноќта со Неофенот, со ладни облоги, со чорапчиња со вински оцет успевавме некако да ја одржиме до 38.8, па денес малку повеќе има енергија и подобро јадеше. Се надевам ќе има подобрување, синоќа око не склопив, местев аларми на пола саат, ама не успеав ни да заспијам, а не пак аларм да ме разбуди. Дури во 4 сабајлето кога и измерив 37.3 ми олесна малку и дремнав еден саат.




Melanija RR -> RE: Температура кај децата (25.3.2015 13:43:34)

Felly RR тешка ноќ си имала , да остане на тоа. Тешко е сигурно ,и бремена да издржиш но жените сме силни[sm=smiley1.gif] со лесно да помине




Defne90 RR -> RE: Температура кај децата (26.3.2015 10:25:18)

Времево е такво,полно е со вирози и настинки.И ние постојано преку две недели сме со температура и антибиотици.Бел ден не видовме.Нека се оправи времето па да престанат тие настинки и вируси.Фели вам ви посакувам да оздравите поскоро,тебе не можам ни да замислам колку ти е тешко да го издржиш ова неспиење и грижа околу температурата на малата,ама има право меланија,ние жените сме силни и можеме да издржиме се.[sm=smiley1.gif]




mommy_angels RR -> RE: Температура кај децата (20.10.2015 8:35:32)

Еве ја и ќерка ми со 38.2 од вчера и воспалено грло [sm=hudicek1.gif].Добро е што ја симнува со сирупче,пие чајчиња и туширање.




jasmina81 -> RE: Температура кај децата (20.10.2015 14:43:48)

КЛИК
pogledbete doktorot mnogu ubavo objasnuva za tt na pocetok od emisija




lukajana RR -> RE: Температура кај децата (20.10.2015 17:05:27)

Mommy јас се расправам со температура две недели исто од грло .
Гради чисти ама грлото полно со секрет ,давам антибиотик и сируп за температура и капки со ампула Гарамицин .
До четврток ке испие второ шише Цефалексин и ако уште е тука секретот ке менуваме антибиотик.
Иначе мене ми е школо уште со Л дека фати ли грло одма крева температура




Felly RR -> RE: Температура кај децата (21.10.2015 17:01:42)

Мами, како сте, помина ли температурата?




MamaKiki -> RE: Температура кај децата (22.12.2015 17:05:15)

sega citam na internet za eferalgan deka odredeni serii bile povleceni od prodazba vo sosedna srbija i se skameniv serija 1767 so vaznost do januar 2018 jas sum ja iskoristila do kapka prethodniov period se maloto a taa e na lista kako kontaminirana serija so "poliuretanske čestice" ova ne znam ni sto e [sm=zmeden.gif]
nie sme vo faza na vadenje trojki i navecer koga ne mozi da spie mu davam po pola doza efferalgan za da mu ja smiri malku bolkata a prethoden mesec mi e kupeno koga beshe malovo so TT
ama sum nervozna bljak!
kakvo drugo sirupce ima na baza na paracetamol?
ubavo mi prati zolvami panamax za bebinja i jas i velam ne prajkaj pak ima i tuka [sm=hudicek1.gif]




marchi -> RE: Температура кај децата (22.12.2015 18:26:44)

nie daleron koristime od mali za takvi raboti.




Melanija RR -> RE: Температура кај децата (22.12.2015 19:44:17)

Страшно скоро сите кои го купиле сирупот е токму таа серија. Далерон е исто парацетамол.MamaKiki консултирај се дали и при вадење заби да даваш парацетамол.Инцидентно веројатно ок, но 3ки и 4ки растат и се оформуват 2-3 месеци па парацетамол, давање и не е решение




Страница: <<   < Претходна страница  40 41 42 [43] 44   Следна страница >   >>