Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Има ли некој информации за постапките за посвојување на деца и со тоа да им помогне на родителите кои сакаат да посвојат дете и им се потребни тие информации?
Кои се установите или друштвата кои се работат на тоа?
Согласно Законот за семејството-Пречистен текст ( Службен весник на Р.Македонија бр. 83/04) посвоител по правило може да биде државјанин на Р. Македонија, а по исклучок како посвоител може да се јави и лице кое е странски државјанин.
Посвојувањето од странски државјани може да се заснова само со согласност на Комисијата за засновање на посвојување, а по предлог на Центарот за социјална работа. Оваа согласност ќе се издаде само ако детето не може да биде посвоено на територијата на Р.Македонија.
Согласно одредбите на Законот за семејството посвоител може да биде лице кое е деловно способно ,кое има лични својства за успешно вршење на родителските права и да не е постаро од 45 години.
Посвоиотел може да биде лице најмалку 18 години постаро од посвоеникот.
По исклучок, како посвоител може да се јави и лице кое е постаро од 45 години, но старосната граница меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години.
Брачни другари можат да се јават како посвоители ако еден од нив не ја надминува горната старосна граница.
Целокупната постапка околу посвојувањето ја води Комисијата за засновање на посвојување.
Лицето кое сака да посвои дете, поднесува барање до Комисијата за засновање на посвојување приМинистерствотозатрудисоцијалнаполитика.Конбарањетосеприложуваатследниведокументи:
државјанство - МВР; извод од матичната книга на родените - МВР; извод од матичната книга на венчаните - МВР; лекарско уверение за здравстваната и психофизичката состојба на двајцата брачни другари; уверение дека не се лишени од родителски права - Основен суд; уверение дека не се осудувани - Основен суд; уверение дека не ви е одземена деловната способност - Основен суд и Центар за социјални работи; уверение за материјалната состојба - Управа за јавни приходи; доказ за сопственост на стан; потврда за степен на образование-фотокопија заверена кај нотар; документ за месечните примања и други приходи со кои располагаат; и социјален извештај од надлежната служба во кој треба да биде содржана и согласноста на земјата, соодветните лица да можат да посвојат дете од нашата земја. Сите документи треба да се однесуваат на двата брачни другари и треба да бидат доставани во оригинал и со судски заверен превод.
Важноста на документите е една година.
По приемот на барањето со документите, Комисијата врши проверка на документите и откако ќе констатира дека се исполнети условите, копија на целокупниот предмет го доставува до центарот за социјална работа надлежен според местото на живеење на подносителите на барањето.
Центарот за социјална работа до кого е препратено барањето врши процена за подобноста на посвоителите и за мотивите на посвојувањето, преку континуирано следење на потенцијалните посвоители, најмалку 6 месеци но не повеќе од 1 година и врз основа на наодот и мислењето на стручниот тим изготвува предлог за упис во регистарот на можни посвоители.
Согласно Законот за семејството предвиден е задолжителен период на сместување на малолетното дете во семејството на можните посвоители во траење од 2 до 3 месеци.
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 13.3.2013 20:37:42 >
Агнес...браво, си ја ставила мојата статија што ми е објавена на википедија во врска со посвојувањето...не да одземаше време ова уредувањето, ставањето слики...и ете ми беше мило кога видов дека некој ја прочитал и ја дал како пример мојата статија преведена од англиски....поздрав
veke pet godini kako cekame da staneme posvoiteli.Od koga ni pristigna pismo od Skopje.Sega samo treba da se najde..nekoj da rodi..a ne da abortira.lele kolku se raduvam da mi zazvoni sega tel..da me vikant deka ima bebence.Aj..belki ke se usrekime.Pozzz
Постапка за посвојување Со посвојувањето се создаваат односи какви што настануваат со раѓањето (потполно посвојување) или само односи што постојат меѓу родители и деца (непотполно посвојување). Каков однос ќе се создаде со посвојувањето зависи од волјата на посвоителот, на родителите на детето кое се посвојува, односно на неговиот старател и на самото дете ако е постаро од дванаесет години.
Само малолетно лице може да биде посвоено. Посвојувањето може да се заснова само ако е во согласност со најдобриот интерес на малолетникот.Посвојувањето се засновува пред Комисијата. Комисијата е составеа од пет члена именувани од министерот за труд и социјална политика. Посвоител може да биде лице кое е деловно способно, кое има лични својства за успешно вршење на родителските права и да не е постаро од 45 години.Посвоител може да биде лице најмалку 18 години постаро од посвоеникот. По исклучок, како посвоител може да се јави и лице кое е постаро од 45 години, но старосната граница меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години. Брачни другари можат да се јават како посвоители ако еден од нив не ја надминува горната старосна граница. Не може да се посвои сродник во права линија ниту брат ниту сестра.
Лицето кое сака да посвои дете, поднесува барање потпишано од двата брачни другари до Комисијата за засновање на посвојување при Министерството за труд и социјална политика.
Кон барањето се приложуваат следниве документи:
државјанство;
извод од матичната книга на родените;
извод од матичната книга на венчаните;
лекарско уверение за здравстваната и психофизичката состојба на двајцата брачни другари;
уверение дека не се лишени од родителски права-од Суд;
уверение дека не се осудувани -од Суд;
уверение дека не ви е одземена деловната способност-од Суд;
уверение за материјалната состојба-од Управа за јавни приходи;
доказ за сопственост на стан;
потврда за степен на образование-фотокопија заверена кај нотар;
документ за месечните примања и други приходи со кои располагаат и
фотокопија на лична карта.
Доколку подносителите на барањето се странски државјани потребно е покрај овие документи да достават и социјален извештај од надлежната служба во кој треба да биде содржана и согласноста на земјата, соодветните лица да можат да посвојат дете од нашата земја.
Сите документи треба да се однесуваат на двата брачни другари и треба да бидат доставани во оригинал и со судски заверен превод.
Важноста на документите е една година.
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 13.3.2013 20:39:33 >
moja drugarka sakase da posvoi,gi ispolnuvase site uslovi ama deka nebila mazena padna sve vo voda.ne i dozvolija.sirota postara e do mene 8 godini odnosno ima 38.a sama.sramota e ova.ne sekoj ima sreka da se omazi.
e mi e jasna ovaa rabota. Imame dom za siracinja a velite deka e tesko da se dojde do dete i pokraj toa sto se ispolneti uslovite. Zolva mi saka da posvoi no i velat deka se cekalo 5-7 godini. Zosto e toa taka ne mi e jasno.
_____________________________
A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.
Затоа што има многу парови кои сакаат да посвојат а малку дечиња... Повеќето парови сакаат да посвојат што помало здраво дете и за околу 300-400 парови кои сакаат да посвојат дете има околу 70 тина мали здрави бебиња. Ретко кој сака да посвои болно беебе или дете кое е веќе потпораснато... барем јас така мислам
Baska pomal e brojot na makedoncinja a pogolem na romcinja pa taka potencijalnite posvoiteli be sakaat da zemat deca od druga nacionalnost pa zatoa se ceka tolku dolgo