RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Дружби, случувања



Порака


Snowhite RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (14.12.2014 20:03:02)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR


Ај и јас со последниот воз

Најприсутен мод/админ: LoveableMe, Melanija, Felly
Најангажиран мод/админ: Melanija, Felly
Најсоветник мод/админ: sandriana
Најактивен форумџија: Defne90,
Најинтелегентен: blue_blue, Палешка, mamicki
Најдуховит : Lacrymosa, TanjaT7780, Палешка, vezilka
Најсериозен : kapina
Најтупач : caciana
Најпровоцирач: niki
Најкреативен : Палешка, TanjaT7780, Felly
Најстабилен во ставови: Mihaela2010, Felly, AnnaMolly
Најискрен: AnnaMolly, Bethany
Најприземен: Blu_blu, elena k,
Најдрзок:
Најдиректен: niki, Bethany, Blu_blu,
Најфин: Felly, Defne90
Најдосаден: Anet
Најинтересен машки член:
Најинтригантен форумција: Gоdess, niki
Најпаника: Палешка, miana, Dilina
Најнелитературен пишувач:
Најочекувано бебе: vezilka, sandriana
Најочекувана трудница: Hopeful, Gardenia,
Форумџија со најмногу прашања: DIlina,
Најдомакинка:miana, Deluxe, AnaMolly, Палшека, elena K, martins mam, Anelav
Најфалбаџија форумџија: mila mamicka
Форумџика која најмногу сакам да ја читам: Палешка, blue_blue, Hopeful, Lacrymosa, niki, TanjaT7780, mamicki
Најактивно неактивен форумџија: Yammy Mammy, Martin''s Mom,
Сегаш тука за совет/подршка: sandriana, Melanija, Defne90,LoveableMe, Felly
Најзаслужни за РР-трајни вредности: Палешка, Carry
најактивен нов член - Dilina
наjмногу фалат: Octavia, rina



AneLav ја заборавив во домаќинките да ја пишам




Палешка РР -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 9:58:00)

Драги наши

Гласањето за најдобар форумџија започна и може да гласате ТУКА





LoveableMe RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 10:29:57)

Јас веќе гласав, ајде женски фрлете се на работа со кликање![sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Bethany -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 10:41:14)

Листата воопшто нема да е меродавна... барем да направивте да може да се изберат три форумџики по принцип 3,2,1 глас.
Овака некои членки кои навистина сметам дека се квалитетни не можев никаде да ги сврстам, да им најдам место... или барем да не беше сврстано по категории, ама шта је ту је.
Гласано ама недогласано :)




lolla RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 10:41:15)

И јас гласав, иако не ги знам сите, си гласав за тие што најмногу ми оставија впечаток од како сум тука.




Mihaela 2010 -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 10:53:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Листата воопшто нема да е меродавна... барем да направивте да може да се изберат три форумџики по принцип 3,2,1 глас.
Овака некои членки кои навистина сметам дека се квалитетни не можев никаде да ги сврстам, да им најдам место... или барем да не беше сврстано по категории, ама шта је ту је.
Гласано ама недогласано :)

Se slozuvam,malku kategorii se staveni,a i trebalo da bide na princip nie da si piseme clen,a ne da bidat vekje dadeni




Melanija RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 12:35:44)

Mihaela 2010 дадените членови се тие кои се напишани токму во оваа тема[sm=smiley1.gif]

И јас гласав[sm=bravo.gif]




kapina -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 15:58:09)

I jas glasav ama mene nikade me nemate spomnato vo anketata za nisto




Hopeful RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 16:32:38)

Мене ми се гледа логична листата, затоа што сите наведени се претходно напишани од нас самите, а не од некој од страна. Секој се истакнал во одредена категорија и сега од позитивните категории правиме потесна селекција, без да гласаме за "негативните". Капина, наврати се да видиш во кои категории те спомнале рингерајките, па потоа коментирај [sm=smiley1.gif] Се е само забава, take it easy [sm=smiley1.gif]




kapina -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 16:39:27)

Abe nikade me nema spomnato vo taa anketa za glasanje mislev




Felly RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 16:48:06)

Kapina, те нема во анкетата бидејќи не си била номинирана во тие категории кои се ставени во анкетата. Еве и Хоупфул убаво го разбрала целиот концепт. Поентата беше да се стават во анкета оние категории кои биле некако најзначајни и оние во кои имаше најмногу номинирани. Значи да одбереме кој бил секогаш тука за совет на РР, кој оставил значаен белег на РР сите овие години, кој бил креативен и со тоа го размрдал форумот, кој се нашол за домаќински муабети и совети, трудница која цела бременост ја поминала со нашиот форум и сл.
Во тие категории што беа одбрани од РР тимот ги ставивме сите членови кои беа споменати во оваа тема. Значи пак предложени од членовите на РР.
И како што кажа Хоупфул, ова е сепак само забава, а доколку имате предлози секако пишете, па ќе ги земеме во предвид за наредната година. А секако и во темава може да продолжат номинации, само што нема да има можност д абидат вметнати во анкетата.




MademoiselleNina -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 16:58:11)

И јас гласав [sm=bravo.gif][sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 17:15:56)

Јас разбрав како ја направивте листата, само категории ми се стеснети, не можев да изберам само по една членка од некоја категорија, макар да имаше гласање ко на евровизија [sm=smiley36.gif]
Ама како што кажавте ова е за забава, секако не влијае дали некого ќе продолжим да читам/е или не.




kapina -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 18:07:20)

neznam jas glasav ama nesto ne mi se dopadna bas ama ajde kako i da e. nema vrska




Felly RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 18:07:34)

Да, можеби ќе беше поубаво да можеше да се гласа за повеќемина, но не знам колку би било изводливо тоа да се направи - да не навлегувам во работата на програмерите - но сепак сигурно ќе беше покомплицирано и ќе беше поребно повеќе време за таква анкета, а ние сакавме анкетата да се реализира баш овие денови и годината да ја заокружиме со прогласување на најфорумџиите. Се надевам дека сепак и на овој начин ќе успееме најферски да ги избереме оние форумџии кои на некој начин ја обележаа 2014 година.




Felly RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 18:09:07)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

neznam jas glasav ama nesto ne mi se dopadna bas ama ajde kako i da e. nema vrska

А што конкретно не ти се допадна капина? Па да можеме тоа нареден пат да го направиме подобро.




Палешка РР -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (19.12.2014 21:02:24)

Јас ете сум среќна што Рингераја расте во секој поглед. До лани имавме само еден најфорумџија, а годинава ќе имаме седум, кои се истакнале во различни области.
Дај Боже да имаме уште повеќе категории и можеби најважната (за мене) да можеме да избереме најтатко или најфорумџија (од неколку) в година.

А вие добро знаете дека сите сте нешто посебно и скапоцено за Рингераја.мк [sm=smiley31.gif]




Defne90 RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (20.12.2014 0:29:04)

Штотуку гласав и јас.Супер што нашата рингераја расте и има се повеќе и повеќе членови кои се ангажираат околу тоа да биде се поинтересна,позабавна и секако полна со совети во секој поглед.[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] за рингераја и за сите што ја прават таква каква што е.[sm=smiley1.gif]




caciana -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (21.12.2014 13:11:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Abe nikade me nema spomnato vo taa anketa za glasanje mislev


A be uzivaj kapina , pa so ima vrska ako ne nema vo anketata, jas i ti si zedovme po edna titula hehe . Inaku jas veke glasav , i milo mi e sto ima vakva anketa. [sm=bravo.gif] za ringeraja i za nas ringerajki [sm=bravo.gif]




Felly RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (25.12.2014 9:43:49)

Рингерајки дали веќе гласавте на нашата анкета? Имаме уште еден ден, кој не гласал ајде трк [sm=kuza.gif] да ги одбереме нашите најфорумџии!!!




Melanija RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (26.12.2014 14:10:31)

Гласањето трае уште денес [sm=bravo.gif]
Од понеделник ќе видиме кои се форумџија во која дадена категорија е најзабележителен оваа 2014 год![sm=sloncek.gif]




Carrie RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 10:46:57)

Здраво девојки ... еве ја статијата со резултатите од анкетата - http://www.ringeraja.mk/statija/najdobrite-forumdzhii-za-2014-godina-na-ringerajamk_4518.html

Тоа се седумте форумџии кои спред вас ја одбележаа 2014та на свој начин. Мислам дека сите ќе се согласиме дека сосема си ги заслужија "титулите" [sm=bravo.gif]

Анкетата како нова активност помина супер, повеќе од 50 активни форумџии гласаа, а ние наредната година ветуваме дека ќе ја прошириме и ќе направиме СИТЕ оние кои даваат свој голем придонес за нашиот форум(a ве има многу) да понесат статуетка [sm=smiley1.gif]

За овогодинешниве оскаровци имаме изненадување, се потрудивме да бидеме креативни и да им дадеме нешто што ќе им остане за спомен [sm=smiley1.gif]

ЧЕСТИТКИ ЗА ПОБЕДНИЦИТЕ И ВИ БЛАГОДАРАМ И ВАМ И НА НОМИНИРАНИТЕ ШТО БЕЗРЕЗЕРВНО СЕ ТРУДИТЕ ДА ЈА НАПРАВИТЕ НАШАТА ЗАЕДНИЦА ПОСЕБНА!




AnnaMolly RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 10:48:07)

Честитки за СИТЕ. Заслужена победа на сите 7 рингерајки.
Јас лично ви благодарам што ја збогатувате нашата Рингераја со вашето присуство!




bucko mal -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 11:12:08)

Sosema zasluzeno,devojki za vas [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Hopeful RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 11:15:19)

Ооо, фала ви девојки! Баш убаво изненадување [sm=smiley36.gif]

Со ваша поддршка сигурна сум дека бременоста ќе ми биде полесна и позабавна [sm=smiley31.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>