RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Дружби, случувања



Порака


Kvisko -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 11:29:30)

Честитки до сите[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




elenak -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 12:33:47)

Честитки на сите, ептен најзаслужено! [sm=bravo.gif] Само така да продолжите и да ни бидете пример на сите!




Malecka23 -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 13:00:00)

Cestitki do sitee[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Melanija RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 13:34:35)

Навистина изненадена [sm=smiley1.gif]

Честито за сите најфорумции за 2014 год кои беа избрани,НО честитки на СИТЕ НАС РИНГЕРАЈКИ за успешна година за Рингераја .мк и Форумот , многу теми, многу дискусии, многу совети, дискусии, препирки, нови членови, и за помалку активните верни членови
[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




sandriana RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 14:08:43)

Благодарност и од мене драги РРајки [sm=smiley31.gif]
Пријатно изненадена, прекрасно е чувството за ова признание [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 14:46:31)

Честиткит до сите, женскиииииииииииииииии заслуженo со го добивте ова место, секоја чест! Браво за сите вас!!!!![sm=bravo.gif]




Bethany -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 15:07:16)

Cestitki do site [sm=bravo.gif]




miana -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 15:32:09)

Лелеее колку ме израдува оваа вест!!
Ви благодарам на сите што ме гласавте. Убаво е да се знае дека според некого си најдобар во нешто...
Им честитам и на преостанатите РР-ки нај форумџии [sm=smiley36.gif] [sm=bravo.gif]




Bethany -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 15:47:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Лелеее колку ме израдува оваа вест!!
Ви благодарам на сите што ме гласавте. Убаво е да се знае дека според некого си најдобар во нешто...
Им честитам и на преостанатите РР-ки нај форумџии [sm=smiley36.gif] [sm=bravo.gif]

Jas mislam Miana deka ti si najistaknato zasluzeno mesto vo kategorijata.
I mi e drago sto i oficijalno se zdobi so titulata najdomakinka [sm=bravo.gif]
Aj sega pocesti od tvoite pohuvani zdenki ili maslinki [sm=smiley36.gif]
Jas bi toa rado probala, ama ne da pravam jas, toa e umetnost za mene da pohuvam edno po edno maslince [sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 18:24:14)

Честитки до сите најфорумџии!!! Многу ми значи што и јас се најдов на листата, посебно што беше од гласовите на членовите. Благодарност и до сите членови на РР кои секојдневно се тука за да споделат совет, да дадат поддршка и да го направат ова место посебно - секој на свој начин. [sm=smiley27.gif]




Defne90 RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (30.12.2014 22:38:52)

Честитки за најфорумџиите,заслужено си го добивте ова место со секојдневниот труд и вложувања во рингераја.[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Палешка РР -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (31.12.2014 14:09:45)

Благодарност и од мене до СИТЕ кои гласаа!
Исто така огромна благодарност од името на Редакцијата за тоа што сте секогаш тука, за тоа што сте дел од ова големо он-лајн семејство.
Посакувам Рингераја да расте во секој поглед, а најмногу да се множат членовите на форумот, бидејќи се тие срцето и движечката сила на Рингераја.мк

Ова признание ми значи навистина многу! [sm=smiley31.gif][sm=smiley27.gif]




miana -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (31.12.2014 14:19:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Лелеее колку ме израдува оваа вест!!
Ви благодарам на сите што ме гласавте. Убаво е да се знае дека според некого си најдобар во нешто...
Им честитам и на преостанатите РР-ки нај форумџии [sm=smiley36.gif] [sm=bravo.gif]

Jas mislam Miana deka ti si najistaknato zasluzeno mesto vo kategorijata.
I mi e drago sto i oficijalno se zdobi so titulata najdomakinka [sm=bravo.gif]
Aj sega pocesti od tvoite pohuvani zdenki ili maslinki [sm=smiley36.gif]
Jas bi toa rado probala, ama ne da pravam jas, toa e umetnost za mene da pohuvam edno po edno maslince [sm=smiley36.gif]

Многу сум среќна што е тоа така :) И се надевам дека ке имам прилика и за вас да зготвам нешто па да се уверите во моите кулинарски вештини [sm=smiley36.gif]
Рингераја, фала на тебе и сите твои членови заради тоа што постоите...Постоите за да ни биде полесно на сите [sm=smiley36.gif]




Mila mamicka -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (8.1.2015 15:38:55)

Во последно време не ве дружев многу, па сега гледам што сум пропуштила. Оваа тема секогаш многу ме забавува, и идејата со анкетата што била поставена е навистина интересна. Наредната година сигурно и јас ќе гласам. Мојот ник го сретнав во две категории, и фала на некои од членките што ме одбрале за најснаа. Знам дека оваа тема е за забава и нема лутење, ама би сакала да ги прашам оние членки кои ме ставиле во категоријата најфалбаџија форумџија, зошто ме одбрале мене. Најискрено се зачудив, затоа што досега не сум пишувала ниту во една тема за купување или слични такви, па баш ме интересира да знам за што тоа сум се фалела. Навистина интересно.




Yummy Mammy -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (10.1.2015 11:09:44)

Sekoja godina ovaa tema mnogu me zabavuva, mnogu smeski posebno od onie sto se lutat! [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

Otvoriv za da se nasmeam, a gledam me nominirale. Ha! Milo mi e sto nekoj se uste me pamti, za onie sto ne me znaat, ovaa 2014ta god imav edvaj 4-5 posta. E pa to ti e! Ke nacukas staz so tri deca i posle se ti e vise poznato [sm=smiley36.gif]

Pozdrav do site, i prodolzete da se lutite zasto inace anketava nema da ima smisla [sm=jezicek.gif]




Snowhite RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (14.1.2015 8:53:44)

Женички најмили не стасав да ви честитам на сите што сте избрани за најфорумџии, а еве сега и за наградите ви честитам од се срце, а браво и за Редакцијата на РР за оваа идеја бидејќи навистина форумџиите се тие кои ја прават Рингераја.мк тие се срцето нејзино и нивниот труд треба да се награди, браво и за Палешка за текстот, кој навистина ме трогна.
Со награди или не, со номинации или не, ние треба и понатаму да се трудиме околу нашата мила рр, бидејќи тука научивме многу работи, тука се дружиме и се забавуваме, се тешиме, плачеме и се смееме, па така на рр и посакувам оваа година уште повеќе членови и уште повеќе постови
Ве сакам сите и ве [sm=smiley31.gif]





Snowhite RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (14.1.2015 8:58:26)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka

Во последно време не ве дружев многу, па сега гледам што сум пропуштила. Оваа тема секогаш многу ме забавува, и идејата со анкетата што била поставена е навистина интересна. Наредната година сигурно и јас ќе гласам. Мојот ник го сретнав во две категории, и фала на некои од членките што ме одбрале за најснаа. Знам дека оваа тема е за забава и нема лутење, ама би сакала да ги прашам оние членки кои ме ставиле во категоријата најфалбаџија форумџија, зошто ме одбрале мене. Најискрено се зачудив, затоа што досега не сум пишувала ниту во една тема за купување или слични такви, па баш ме интересира да знам за што тоа сум се фалела. Навистина интересно.


Мила мамичка еве јас ќе ти одговорам, мислам дека и јас те имав ставено во таа категорија. Значи фалење јас не го сфаќам само ако си купил нешто, туку ете за тебе таков впечаток ми остави дека повеќе пати те прочитав како кажуваш како имаш добар однос дома со свекрва со сопругот, имаш супер работа која те исполнува, како некако ти е се идеално и совршено. Значи кога ќе го прочитам твојот ник ме асоцира на совршенство и ми е мило за тоа, ти посакувам секогаш да си ја имаш таа хармонија и мир и успех на секое поле
Се надевам не се лутиш[sm=smiley31.gif]




Mila mamicka -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (14.1.2015 9:07:15)

Не, јас воопшто не се налутив што сум ставена во таа категорија, па нели ова е забавна тема, за сите да се насмееме и забавуваме. Само мене лично најфалбаџија форумџија ме асоцираше како некој што се фали постојано дека купил нешто (како една година што беше Пенелопа избрана во таа категорија). А сега, после твојот пост, јасно ми е дека се мислело и на нешто друго, и имаш право, можеби сум оставила таков впечаток, баш со тоа што го спомнуваш ти, за свекрвата, сопругот, работата (макар што за мене тоа не е фалење, туку е споделување на реалноста во која живеам, фала му на Бога). А искрено да ти кажам, и јас понекогаш, кога си размислувам за својот живот моментално, си помислувам - еј, баш си среќна коцка . Макар што понекогаш и се плашам дека ќе се случи нешто многу лошо, што ќе ме извади од колосек (недај Боже). Во секој случај, фала ти на убавите желби, и на сите рр-ки има посакувам да си живеат во хармонија и слога со своите семејства.




Felly RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (14.1.2015 9:20:10)

Палешке, мила, и мене ме трогна текстот. Колку добро ги познаваш и форумџиите и целиот форум, иако не пишуваш толку често колку што би сакала да те читам, ти си душата на форумот. Не за џабе си избрана за најзаслужна за трајни вредности.
Благодарност до РР, што секогаш знае да ни приреди вакви изненадувања. Сепак РР секојдневно ни дава нешто многу позначајно од било каков подарок - РР секојдневно ни дава нови пријателства, поддршка кога ни е потребна, место за споделување на нашите радости. Таа е нашето второ семејство.
Те сакам Рингераја!!!!! И ти благодарам што постоиш!!! Секоја година да бидеш побројна и порадосна!!! [sm=smiley27.gif]




LoveableMe RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (14.1.2015 9:50:34)

Честитки уште еднаш на сите што добија награди, сосема заслужени а за ТЕКСТОТ на Палешка немам збор, допре до нашите срца, секогаш мајстор на перото, секоја чест!

Браво за Рингераја - една и единствена !!




Mila mamicka -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (14.1.2015 9:55:11)

Текстовите на Палешка секогаш ме воодушевуваат, па така и сега. Тесктот ме трогна, им честитам на сите избрани форумџии за 2014, тоа се личностите чии постови секогаш ги читам со задоволство.




Hopeful RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (14.1.2015 11:16:39)

Кога ја видов наградата се стопив, ама тек кога го прочитав текстот на Палешка, сфатив дека тоа е вистинската награда! Навистина прекрасно, и ти благодарам [sm=smiley31.gif] За малце ќе се расплачев додека читав, и не само од хормоните! [sm=smiley36.gif]

Благодарност до РР, нека ни остане вака значаен дел од животите - инспирација, поддршка и пријателство!




vezilka RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (14.1.2015 11:54:40)

Ах, милите тие најфорумџики. Честитки до вас и се надевам се гордеете со оваа титула како јас што се гордеам со вас. И благодарност до СИТЕ форумџики дека постојат и ја чинат Рингераја тоа што е, најмилата моја пријателка во изминативе неколку години. [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




gina -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (14.1.2015 12:50:38)

cestitki do site [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Melanija RR -> RE: Форумџии кои ја одбележаа 2014 година !!! (14.1.2015 13:43:08)

Кога го прочитав тестот на Палешка РР се разнежнив [sm=smiley1.gif] а подароците се ГОЛЕМИ и најубави,вечни,засекогаш ..... како и моето друарување со Рингераја[sm=smiley1.gif]

Сите сме Рингераја.мк




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4] 5   Следна страница >   >>