RE: КафеРаја (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


bucko mal -> RE: КафеРаја (21.4.2015 21:21:14)

Devojki da ve pochastam od mojata rodendenska torta.Pravev kinder torta,auuuuuu lepota torta.

[img]http://www4.slikomat.com/13/0421/rbz-untitl.png[/img]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (21.4.2015 23:18:33)

Е лепота е стварно,јас не знам да ја правам викаат многу време барала ама знам да ја јадам.[sm=smiley36.gif]
Ајде давај едно парче додека не се изела и среќен роденден уште еднаш




Neurotoxin RR -> RE: КафеРаја (23.4.2015 8:41:26)

Ај замислете си едно црно, јако кафе, толку јако што при првата голтка ги буди сите сетила, по втората буди насмевка, третата пушта музика во вашиот живот денес, музика весела, пролетна, а веќе на последната голтка, сте спремни со треперење во душата од некоја неопислива среќа, денес да уживате во денот. (Незнам да ставам слика, па ве препуштам на имагинацијата) Наздравје!




Snowhite RR -> RE: КафеРаја (23.4.2015 10:13:43)

Ех Neurotoxin го замислив и го испив се надевам дека навистина ќе уживам во денов.
А еве ОВДЕ да се научиш како се прави такво кафе и следниот пат да не почестиш
А сега еве од мене
[img]http://www.imgbase.info/images/safe-wallpapers/photography/food/38231_food_coffe_i_love_coffe.jpg[/img]
со љубов [sm=smiley27.gif]




LoveableMe RR -> RE: КафеРаја (23.4.2015 10:25:50)

Лелее Неуротоксин, еве од мене една фотка, се надевам доловив амбиентот, заедно со кафето на Сноу да поуживаме во убавините на Интернет [sm=smiley36.gif]

[img]http://ecologia.guidone.it/wp-content/uploads/2013/04/pic-nic-24-aprile.jpg[/img]




mommy_angels RR -> RE: КафеРаја (23.4.2015 10:34:50)

Аууууууууууу од глеткава почнав да завивам [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] .Лавабл ме значи ме погоди незнаеш како.Уживам и ти се придружувам,па ако можеш избркај ме [sm=smiley1.gif]
Убав ден драги мои




Snowhite RR -> RE: КафеРаја (23.4.2015 11:18:42)

Ауу овде пикник сте спремиле [sm=bravo.gif]
Се придржувам и јас чекајте ме, ќе баталам и работа и се и предвреме ќе си го почнам викендов ако треба




Neurotoxin RR -> RE: КафеРаја (23.4.2015 11:56:25)

за ваква среќа зборев, супер, ајде утре сбајле утринското го ставам на „маса“ :)




Melanija RR -> RE: КафеРаја (23.4.2015 13:32:05)

Ех стара желба за РР дружба и тоа баш на некое вакво место [sm=zz_spin.gif] Утре сабајле ќе наминам на утринско кафе, Neurotoxin да се потрудиш[sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (23.4.2015 13:33:49)

Во несвест се паѓа од ваква убавина,доаѓам и јас на кафе во природа ми треба едно убаво благо [sm=jezicek.gif] мерак кафе.
Жени јас сум во фрка се спремам за свадба[sm=smiley1.gif] кај на мм братучетка,досега бев таму да помогнам па дојдов да ја заспијам Ј а имам и за пеглање, да бањам деца,да одам на фризер да се фарбам и незнам уште што.Ама на тенане не се брзам има време уште не е пет до дванаесет[sm=smiley36.gif].
Поздрав женски имајте убав ден[sm=smiley1.gif]




Neurotoxin RR -> RE: КафеРаја (24.4.2015 7:58:22)

[img]http://assets.nydailynews.com/polopoly_fs/1.1509820!/img/httpImage/image.jpg_gen/derivatives/article_970/152097344.jpg[/img]



Еве едно утринско, зачинето со сончеви зраци. Нека ви е утрото посебно убаво, и цел ден нека ви биде таков. Најомилен дел од денот ми е, најполн со енергија, со можност за остварување на нови цели.
Наздравје [sm=smiley36.gif]




deluxe -> RE: КафеРаја (24.4.2015 8:03:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

[img]http://assets.nydailynews.com/polopoly_fs/1.1509820!/img/httpImage/image.jpg_gen/derivatives/article_970/152097344.jpg[/img]



Еве едно утринско, зачинето со сончеви зраци. Нека ви е утрото посебно убаво, и цел ден нека ви биде таков. Најомилен дел од денот ми е, најполн со енергија, со можност за остварување на нови цели.
Наздравје [sm=smiley36.gif]


Фала женска за кафенцето,баш сега мислев да си порачам едно[sm=smiley36.gif]Ама сончевиве зраци тука кај нас ги нема[sm=smiley13.gif]Небото некако матно ми изгледа,утрово иако рано сум разбудена изгрејсонце не видов[sm=smiley13.gif]Да се надеваме дека ќе имаме сончев ден[sm=bravo.gif]




Neurotoxin RR -> RE: КафеРаја (24.4.2015 8:09:03)

[img]http://cache.desktopnexus.com/thumbseg/1182/1182683-bigthumbnail.jpg[/img]

Јас отпосле видов дека има нарачка и за доручек, па решив еве да се собереме, доручекот не чека, кој е за? [sm=smiley36.gif]

Deluxe, има надеж за зрациве, се пробиваат некако, за енергија се доволно, ако не се појават, еве факт, петок е па така да се опуштиме [sm=smiley36.gif]




deluxe -> RE: КафеРаја (24.4.2015 8:15:23)

Јас иако појадував веќе,не можам да и одолеам на трпезава[sm=smiley36.gif]Ама и местенцето уффф Релакс[sm=smiley36.gif]Ај тука ќе седнам кафенцето да си го испијам и сокче едно ќе се почестам и ќе уживам во убавините на природата[sm=smiley2.gif]




Neurotoxin RR -> RE: КафеРаја (24.4.2015 8:22:21)

Ти ептен ранобудна си, за се си ме претркала [sm=smiley36.gif]

Ајде битно ќе се дружиме, кој со кафе, кој појадок, кој сокче, кој убав муабет




lukajana RR -> RE: КафеРаја (24.4.2015 8:26:50)

Neurotoxin нема поубава гледка од кафе и појадок што те чекаат да станеш,ама местово ти е прекрасно ,ке ти заседнеме ке треба и ручек да дадеш[sm=jezicek.gif].
Deluxe rr еве ти пуштам сонце ,доста беа облаци[sm=smiley36.gif].
Жени јас сум уште во кревет, ич не ми се станува ај може кафево ке ме расони.Мора да станувам имам обврски до плафон.
Поздрав женски имајте убав ден




Melanija RR -> RE: КафеРаја (24.4.2015 11:41:30)

Neurotoxin тука сум за доручек и кафе [sm=zz_bounce.gif] бев тука заминав ,ама сега уживам на софрата мммм[sm=smiley1.gif]




Cvekelencule -> RE: КафеРаја (24.4.2015 11:47:53)

Добар ден женички убав ден на сите да ви се пофалам денес мие годишнина од веридба правиме точно 11 години од брак .ама не сум расположена ми го уништија денот ни влегоја крадци дома и се ни зедоја од пари од злато и се беше хаос и уште не можам да се опоравам [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




Neurotoxin RR -> RE: КафеРаја (24.4.2015 12:19:11)

леле, страшно, знам дека си потресена. Се надевам добро ќе заврши и ќе ги најдат. Едно не можат да ви го украдат, никој не може, среќата и љубовта што ја делите 11 години. Нека ви станат 111 полни години љубов, дочекајте ги држејќи се за остарени и избрчакини раце, горди на вашите деца, внуци правнуци... [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Melanija RR -> RE: КафеРаја (24.4.2015 13:38:17)

Cvekelencule бидете среќни и заедно засекогаш, а денот е ден, зборот и прегратката меѓу вас за денес е доволна [sm=bravo.gif]




Cvekelencule -> RE: КафеРаја (24.4.2015 16:05:17)

Да Меланија се помирив со фактот дека така требало да биди оти сите луѓе не се како што сме ние некој живее само да наштети .Лесна нека му рака на се што зеде и само го молам Бога ние да сме здрави и прави а злато и пари се печалат сега можи ќе се понамачиме ама ќе биди со Господ напред .




LoveableMe RR -> RE: КафеРаја (24.4.2015 16:12:31)

Леле женски убаини сте понудиле денес, се ми се допаѓа, частете некое дебело кафе, мене пак ми се спие[sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif].

Цвекенцуле, да ви се множат годините и се најубаво, дај Боже да ги фатат кои се[sm=smiley13.gif]




Neurotoxin RR -> RE: КафеРаја (25.4.2015 8:31:43)

[img]https://andreeajugaru.files.wordpress.com/2014/01/danceintherain2.jpg[/img]


Малку оптимистички, едно кафе на дождов.
Без разочарувања за времето молам, пролет е, од дождот зеленото ќе биде позелено.




Melanija RR -> RE: КафеРаја (25.4.2015 12:18:14)

Замина дождот,дојде сонцето за добро утро и убаво кафе.Убав ден[sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (25.4.2015 16:42:29)

Кафето убаво малку се подоладило ама заврши работа.
Ама ова сонцево многу затопли,време е за нешто освежително
[img]http://cdn2.hubspot.net/hub/131366/file-18598155-jpg/images/cocktails.jpg[/img]
Ајде кој е за коктелче покрај вода,ако доаѓате побарајте ме на плажата ,си ги ладам нозете[sm=smiley2.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>