RE: КафеРаја (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


mommy_angels RR -> RE: КафеРаја (1.8.2015 16:04:16)

Ете ме и мене,меѓу ретките р'мбачи што останавме во градот [sm=smiley36.gif] Значи ми треба одмор и промена на околина ненормално многу.Абе лето си е од Бога дадено за одмор,кој измисли да се работи сега [sm=jezicek.gif] .
[img]http://thumbs.dreamstime.com/z/waves-crash-against-bucket-ice-cold-beer-9357874.jpg[/img]




LoveableMe RR -> RE: КафеРаја (4.8.2015 10:39:13)

mommy, нема никој све отишло на плажа, ние допрва ќе одиме кога сите ќе се вратат[sm=smiley1.gif] Ај да влезам во филм и јас ќе ти пратам една фотка демек на плажа сум... а некој после нека части кафе, ме фатило мерак од друг направено да пијам[sm=smiley36.gif]

[img]http://www.harpethmarketing.com/wp-content/uploads/2013/07/girlfriends-getaway-beach-drink-2-300x187.jpg[/img]




lolla RR -> RE: КафеРаја (4.8.2015 11:01:37)

[img]http://www.cliparthut.com/clip-arts/1108/coffee-heart-1108870.jpg[/img]

Повели Ловабл.




LoveableMe RR -> RE: КафеРаја (4.8.2015 11:05:54)

Лолла, фала ти ова ептен со љубов варено, ќе се послужам, а за другите нема, не остана[sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif]




vanessa30 -> RE: КафеРаја (5.8.2015 15:24:33)

Абе женски едно прашање имаме ли тема за давање мекици за новороденче, чисто да размениме искуство правевте дома за роднините, во ресторан, во некој паб....???? Чисто да размениме искуства и мислењеа, барав ваква тема ама незнам дали имаме или да отвориме нова.
Во моментов имам задача се да си организирам пред порагај, мислам да си најдам место, мени и цена....




LoveableMe RR -> RE: КафеРаја (5.8.2015 15:44:41)

Ванесса30, имаме тема Мекици, но не знам за искуства со организирање надвор во темава нема баш многу. Гледам модава на мекици се оди во кафана со јадење, пиење, десерти и луѓето почнаа да носат подароци и потоа дома никој нема да ти доаѓа, а за места има многу, зависи од џебот[sm=smiley36.gif][sm=jezicek.gif]

Од мене денес кафенце, женскиве се ептен мрзливи и за муабет и за каде на одмор и за прочитана книга, никаде ги нема[sm=smiley36.gif]

[img]https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/ab/Coffee_Mascarpone_Cr%C3%A8me.jpg/401px-Coffee_Mascarpone_Cr%C3%A8me.jpg[/img]




Hopeful RR -> RE: КафеРаја (5.8.2015 16:27:40)

Ауууу Loveable Me, обично ме мрзи ама како си ме испровоцирала со фоткава... кафево со очи го пијам, посебно па зошто и не ни смеам поинаку [sm=smiley36.gif]

Еве да ве почастам сите со една слична фантазија...

[img]https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/236x/69/5d/3d/695d3d4b8a37005fd4c2eaf81bf5e0e3.jpg[/img]

За книги, одамна не сум прочитала нешто добро, ама отсекогаш вака прва препорака ми е Свила од Барико. Кој ја нема прочитано, одма! [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (5.8.2015 17:56:38)

Ајде давајте кафе [sm=smiley36.gif] ,е вака ја бива иначе некогаш имам чувство дека три четири жени сами си правиме сами си пиеме [sm=smiley36.gif] .
LoveableMe rr ептен ти се погодило кафето.
Hopeful rr и јас сонувам вака нозе во вис ама некако тешко остварливо сега за сега [sm=jezicek.gif]




LoveableMe RR -> RE: КафеРаја (6.8.2015 9:15:28)

Доаѓа кафенцето Лукајана, да се освежиш, не одите на одмор што викаш тешко? Јас и Хопефул сме на иста плажа[sm=smiley36.gif] на нетов[sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif]. Имајте убав ден[sm=smiley1.gif]

[img]https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/736x/d2/75/cc/d275cccde756d57613c9479646309fd8.jpg[/img]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (6.8.2015 11:43:34)

Браво женска за кафето таман освежување а и времево освежи малку убаво се дише [sm=smiley1.gif]
Не е тешко да одиме на плажа тешко е да кренам нозе и да уживам ,јас на плажа трчам по деца,големото сака во вода малото во песок а јас сакам да читам книга и пијам нешто освежително [sm=smiley36.gif] ама децата се приоритет така да и оваа година ке имаме одмор замор [sm=smiley36.gif]




Hopeful RR -> RE: КафеРаја (6.8.2015 12:32:06)

Ај добро утро од мене [sm=smiley1.gif]
Да не е кафето на гладно, еве и лесен доручек, да се доразбудиме! Ние на одмор може тек во септември, на неколку дена, ама здравје, ќе видиме како ќе биде со бебиња, се ми се чини тешко ваква слика да реализирам [sm=smiley36.gif]

[img]https://media.holidaycheck.com/data/urlaubsbilder/images/80/1167598968.jpg[/img]




LoveableMe RR -> RE: КафеРаја (6.8.2015 12:59:26)

Се собрале трите наречници и си прават муабет[sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif], ајде бре рингерајки не се срамете, скршете по некој лаф муабет на темава, што правите, каде сте, топло ли ви е, имате ли невреме кај вас, како се чувствувате и сл.

Хопефул, фала за доручечево, ќе легне убаво на бутовиве [sm=smiley36.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (8.8.2015 10:26:09)

Добро утро [sm=smiley1.gif]
Можеби голем дел од вас се некаде на викенд ама за тие малку што сме дома денес од мене утринско кафе.
Малку касно ама сабота е дозволено е да се поспие.
Имајте убав ден

[img]https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/236x/cd/78/d3/cd78d30d99b029ce03804cfb2aadfeaf.jpg[/img]




Hopeful RR -> RE: КафеРаја (10.8.2015 21:37:52)

Кај сте бе, жени? Ве потепа топлово, никој ништо не постира [sm=smiley36.gif]

Еве јас уморна и поспана, ама коктел не одбивам [sm=smiley36.gif] Ве чекам на шанк, придружете ми се!
[img]http://wac.450f.edgecastcdn.net/80450F/wbsm.com/files/2013/06/cocktails-630x416.png[/img]




Melanija RR -> RE: КафеРаја (10.8.2015 22:29:16)

Еве сум за коктел [sm=zz_dance.gif]
Летово е напорно колку е топло, ама сите некоја ладовина или коше фативме [sm=smiley36.gif] ама еве го каде е септември па ќе бочнат силните ени во борба за [sm=duda.gif], па деца во градинка и школо па и се со тоа што оди[sm=smiley1.gif]

Кај мене ништо посебно освен што се спремаме за роденденот на М, и после изнагледани торти со недели денес порачавме [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (10.8.2015 23:41:17)

Еве ме и мене на вечерна дружба[sm=smiley1.gif].
Обожавам коктели ама само безалкохолни,мм ги вика сокчиња [sm=smiley36.gif] ама мене ми се убави.
Melanija rr браво за тортата ,уште малку М ке дува свекичка [sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: КафеРаја (11.8.2015 19:49:18)

Ај нема смисла само кафиња и пијачки, еве ве частам нешто благо, таман има за секоја по едно, или по две [sm=smiley36.gif]

[img]http://www.savourychef.com/wp-content/gallery/sweet-plates/raspberry_dessert.jpg[/img]




lolla RR -> RE: КафеРаја (11.8.2015 21:05:41)

[img]http://zena.blic.rs/data/images/2010-06-29/8391_sutlijas-stock-photo-rice-pudding-shutterstock_25974445.jpg[/img]

Од мене сутлијаш жени. Моево синче ги извади двата кеца доле веќе растат до пола се, и еден кец горе па частам. Ке си земам од на хоупфул десертчето ако останало чешто.

Браво за М за тортата, имаш ли Слика Меланија?




Melanija RR -> RE: КафеРаја (11.8.2015 22:37:56)

Оф оф од убаво поубаво благо.[sm=smiley1.gif]Lolla да му растат бели бисерчиња.
Штом за земеме тортата ќе сликнам [sm=smiley1.gif] се надевам ќе излезе ок,инаку ја порачавме од Канела Прима црвената




lukajana RR -> RE: КафеРаја (11.8.2015 23:25:37)

Lolla честитки за забчињата да растат бели бисерчиња , Hopeful rr и од твоево благо ќе каснам од утре на диета [sm=smiley36.gif] ама некое утре [sm=smiley36.gif]
Melanija rr добар избор на слаткарница сигурно ке биде многу убава тортата




lukajana RR -> RE: КафеРаја (13.8.2015 14:18:52)

Девојки каде сте ,што има ново?
Мене почна да ме фаќа паника ,ми порасна детето ке ми оди во школо уште малку и се паметот натака ме води.
А времето се ближи уште малку ке дојде први септември.
Ајде малку освежување од мене ,нешто овошно ,диетално[sm=smiley36.gif]

[img]http://a3145z1.americdn.com/wp-content/uploads/2012/11/fruit-and-vegetable-juices-healthy-food-house.jpg[/img]




miana -> RE: КафеРаја (13.8.2015 15:26:42)

Здраво на сите.. Еве ме мене вратена од одмор.. Конечно убав одмор, без никакви проблеми.. 17 дена истеравме на море...
7 дена во Сивири, онака хотелски а потоа уште 10 во камп во Грција.. Пребуаво си поминавме и сега се вративме тука во жештиниве..
Се спремаме за училиште и градинка..Колкава трема имам, керками ке појдево трето одделение, и почнуваат обврските..Мислам ддека потешко ми паѓа, отколку кога јас бев дете..Кога ке се сетам на сите обврски со училиштето [sm=zmeden.gif]
Што има ново, како сте ?




lukajana RR -> RE: КафеРаја (15.8.2015 9:31:22)

Ајде повелете [sm=smiley1.gif]
Може и ке се пофалите или пожалите нешто.
Јас ке се жалам [sm=smiley36.gif] станав во 6 [sm=smiley19.gif] нели е жално за во сабота ама испив две кафиња до сега ова со вас ке ми е трето

[img]http://cache.desktopnexus.com/thumbseg/586/586957-bigthumbnail.jpg[/img]




Hopeful RR -> RE: КафеРаја (15.8.2015 14:27:26)

За жалење е да станеш во четири, шест се трпи [sm=smiley36.gif] И јас сум од тогаш будна, да знаев ќе пиевме прво кафе заедно, ама еве ќе си земам од ова, добро изгледа се!
Важно стигнавме да се прошетаме на Водно, по топлото, па сега ќе одиме на гости на ручек, ама вечер ќе ве почастам нешто за опуштање [sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: КафеРаја (18.8.2015 23:13:03)

Hopeful RR мила јас дојдов по тоа за опуштање [sm=smiley36.gif] ми треба ептен се чуствувавм уморно,два дена би лежела ама само во сон[sm=smiley36.gif]

lukajana RR i Miana Спремајте се за тетратки,моливи и милион други тракатанци[sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  24 25 [26] 27 28   Следна страница >   >>