Еца -> Анемија за време на бременост (18.5.2009 8:06:56)
|
Жената губи околу 500 мг железо со секоја бременост а околу 4-100мг со секој менструален циклус. За време на бремеността, мора да прима соодветна количина железо за да го надомести губитокот. Можни последици за фетусот кај анемична жена се зголемен ризик од ретардација во растот, недоносеност, интраутерина смрт, руптура на постелката и инфекција. Можни последици за мајката се кардиоваскуларни симптоми, намалена имунолошка способност, замор, како и зголемени потреби за трансфузии на крв во постпарталниот период. Дали за вашата бременост примавте желези и колку? Еве за сите кои имаат проблеми и се анемични : Железото го има во месо, изнутрици, цереалии, зелен зарзават... На следната листа се дадени количините железо содржани во 100 мг храна: - јагнешки џигер ..... 10 мг - пченкарни трошки ..... 7.5 мг - варен стек ..... 2.7 мг - леб од крупно мелено брашно ...2.7 мг - спанаќ (варен) ..... 1.7 мг - брокули (варени) ..... 1 мг Се препорачува да се конзумира храна богата со Ц-витамин заедно со извори на железо кои не потекнуваат од месо, затоа што витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото.
|
|
|
|