|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Книга која не можев да ја дочитам
12.2.2015 12:38:05   
vezilka RR
Има и такви, хихихи.. Евена пример Снег од Орхан Памук. А ми ја изнафалија, бре, бре. Ама јас не можев да ја дочитам. Многу сувопарни описи, некако без емоција. Ми делуваше како и самиот писател да не верувал во тоа што го пишувал. Едноставно не ме понесе, и не успеав да ја дочитам. До душе и се породив у меѓувреме оти ја носев и у болница со мене, ама никогаш не и се вратив.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Книга која не можев да ја дочитам
12.2.2015 12:52:05   
niki
se obiduvam da se setam no mislam deka site dosega gi imam dokrajceno
no najmnogu gi gnjavev Sofijin Svet i Senka Vetra sigurno poveke od 3 godini gi fakaf gi ostavav i na kraj morav od pocetok da se vratam bidejki se mi se izmesa
i sto e najinteresno sega mislam deka se odlicni knigi i ne mi e jasno zosto tolku se izmaciv so niv, moze ne im bil momentot
taka i ti probaj za edno dve tri godini pak

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Книга која не можев да ја дочитам
12.2.2015 13:01:32   
vezilka RR
Абе што знам може. Има и други што не сум ги допрочитала. На пример Маргарита и мајсторот мислам дека пет пати ја имам фатено и остаено. И сега пред некоја недела една од Хенри Милер. Во оние делови од книгите какде има описи, на се и сешто, ако тоа не ме понесе емоционално, не можам да ја дочитам.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Книга која не можев да ја дочитам
12.2.2015 14:11:47   
niki
dodusa i jas ne sakam mnogu beskonecni opisi na se i sesto i taka koga ke mi zabegaat nekoi avtori citam so polovina vnimanie, no sekogas se fakam za nesto sto me kopka pa taka izdrzuvam do kraj neli da ja otkrijam misterijata
inaku imam i obicaj koga ke zaglavam negde vo nekoja kniga, da svrtam pri kraj pa da procitam dve tri strani i potoa da me zagolica pa da se vratam nazad i da prodolzam da citam, nekogas i nekolku pati vo stil ako ja potrefam stranata kaj sto e razvrskata da ne tepam vreme djabe, no ko kalimero nikogas ne potrefuvam bas kaj sto treba i sekogas mi se razbuduva zelba za citanje bidejki taka ke otkrijam nesto sto ne sum ocekuvala pa me interesira kako se doslo dotamu
i taka...

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Книга која не можев да ја дочитам
12.2.2015 15:58:33   
Mihaela 2010
Veronika resi da umre i Nadezna sopruga.so vtorava ama bas se iznamaciv za na kraj da krenam race.prvava site sto ja citale mi ja ispofalija ama ete ne uspeav da ja docitam, do pola nekade sum..si vetiv deka ke ja procitam samo neznam koj den ke bide toa.

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Книга која не можев да ја дочитам
2.3.2015 9:28:34   
Bethany
Исто така Снег од Орхан Памук, која ја читам еве трета година ќе фати, буквално се терав да ја прочитам и дојдов некаде повеќе од половина, ама ми е исто толку сувопарна и заради тоа треба концентрација , не ми се губи времето на неа. А не сакам недочитани книги user posted image

И еве уште една од Винка Саздова, исто до половина, Понекогаш доаѓа среќа, веќе ми стои со месеци, ќе морам да се натерам да ја прочитам.
Можеби во некој друг период од животот и би ми била интересна, ама во моментов ми е некако млака и не ми буди интересовање.

И плус еден куп странски книги за воспитување деца, брак итн., се до пола прочитане.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Книга која не можев да ја дочитам
2.3.2015 10:43:05   
Hopeful RR
Имам куп книги што не сум успеала да ги дочитам, едноставно не ме завозеле. Стално паралелно читам по неколку и нормално е некоја да не ме привлече. Не можам ни да допамтам кои се сум ги оставила user posted image Орхан Памук ни мене не ми остави некој впечаток, едвај и со маки ја дочитав Белата Тврдина, и ништо посебно, а си мислев којзнае што е, сите го фалат. Снег ја гледам на полица, ама не ме влече ни да ја отворам баш заради тоа, ама затоа па Краткиот чудесен живот на Оскар Вао од Хуно Дијаз ја прочитав во еден здив, ремек дело од книга. Во последно време го читам и препрочитувам Кундера, некако ептен ми одговара неговата меланхолија, а ми фали некој нов возбудлив автор, што нема да пишува патетични љубовни жалопојки и километарски описи.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Книга која не можев да ја дочитам
2.3.2015 14:48:17   
AneLav RR
Калуѓерот што го продаде своето ферари. Книгата е феноменална, но бев во таков период што толкавото идеализирање и поедноставување на работите ми беше во тој период несватливо. Едноставно се изнервирав и му се налутив на авторот. Ќе ја фатам пак,бидејќи не ја дочитав за 20-30-тина страни.user posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 8
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?