Боцко -> RE: однос кон хендикепираните (18.5.2009 21:00:24)
|
темата што ја покрена мами ме поттикна на ова место да кажам нешто повеќе за себе. јас сум роден со вроден хендикеп. рацете ми се пократки и свиткани навнатре а палците неразвиени. во детството многу се измачував поради тоа, но сега на тоа гледам многу поинаку. знам колку вредам и можам. тоа не само што не ми пречи, туку и се гордеам со себе. еве зошто: - во мое време немало ехо. благодарен сум што е така бидејќи сум жив. - мојот хендикеп не е генетски. од 3 деца само јас сум ваков, сестрите сосем ок. стефан е исто така нормален. - причина: во тек на развојот, папочната се замотала околу рацете и се спречило развивањето. - мајка ми ме одгледала како нормален, за што сум посебно благодарен. така, не користам никакви ортопедски помагала, пливам, играм пинг-понг, возам точак, куцам на компјутер, имам дозвола и возам веќе 15 години без преправки на автомобилот. ах, да, ќе заборавев, вежбам јога и дигам тег од 16 кила (стефан) секој ден по неколку пати. - природата земала, но и дала. па од малечко сум бил паметен (така викаат). - научив прво да се прифаќам а сега и да се сакам себеси. тоа ми даде ведрина, па лесно склопувам познанства и нови пријатели. имам многу пријатели и луѓе кои ме сакаат. - дипломирав на филолошки. таму ја запознав сопругата, сосем нормална. поради тоа многу ја почитувам и сакам. многу ризикуваше за мене, но многу и добивме заедно. стефан е закон. - животот е убав и треба да се живее со секој атом од духот и телото. еден е и не треба да се троши попусто. гледам напред, имам за што и кого да живеам и благодарен сум му на секој нов ден кога ќе се разбудам. - верувам во себе, па затоа имам пријатели од сите вери и националности. - порано ме сожалуваа но денес ме гледаат како рамноправен. ми помагаат многу и тоа знам да го ценам. - имам своја фирма и бележам успеси на деловен план. ве сакам и почитувам како свое семејство и поради тоа го напишав сето ова. искрено до крај.
|
|
|
|